Исповед

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А по 300-тата престанала да важи, а? Кај ли отишла?
 
A

ateist

Гостин
А по 300-тата престанала да важи, а? Кај ли отишла?
Христијанската идеологија не отишла никаде .

Откако вие религиозните со поддршка на римските императори 300 години ги убивавте Христијаните идеалисти ....................лажно се претставивте дека сте христијани , го задржавте името за некој случајно да не му текне да се пријави под ист назив ..и се подразбира си измисливте религиозна бљувотина .

Сакаш доказ баш за темава ?

Повели !

Евреите 3 - ред 1..........."насочете ги вашите МИСЛИ КОН ИСУС , Апостолот и Врховниот свештеник на нашето ИСПОВЕДАЊЕ ...."


Значи никакви трети лица не се потребни.....
А за вистинската потреба на свештентво како јавнотајна полиција на Римските императори ....еве ти едно copy-paste


Божја...света тајна.....исповед . Непостои.

Ниту е Божја а никогаш и немало ништо свето во неа .

Потребата за измислување на една ваква манијалкална работа да се навлезе во интимата на луѓето се јавила со цел за масовна контрола на населението . И овааа работа е измислена после 300-тата година по нарачка на римските императори а како потреба на државата за едно тоталитарно владеење .
Имајќи предвид дека државата насила ја наметнала “христијанската”религија значи зад “верувањата” на црквата стоела вооружена сила која фино лепо без пардон ги ликвидирала “неверниците” што само по себе значело населението “доброволно” да се јавува кај свештенството кое во конкретниов случај дејствувало како јавно – тајна државна полиција – служба .Токму една ваква позиција на религијата со разноразните измислици за вечен живот, значи едно големо влијание над неписменото примитивно население плус подржано со вооружена сила од државата.....довело до тоа религијата да стане совладетел со државата .
И двете страни си го наоѓале интересот...државата си воспоставила тоталитарен режим со кој го контролирала секој поединец и неговата интима а црковниот сталеж како продолжена рака на државата како јавно – тајна полиција своето заслужено место си го наоѓала според класната поделба ...тие биле најголемите богаташи најголемите земјопоседници заедно со владетелот и владеачката феудална класа како крупни земјопоседници . Државата преку црквата можела да се пресмета со секој поединец поготово на удар била интелегенцијата и притоа да остане со “чисти раце”..оти “божјите луѓе” можеле да обвинат , да судат осудат и спроведат казна над секого кого си сакаат .. ..под усрани обвиненија дека е обземен од демони ѓаоли вештерки.....улавштии невидени ...ама луѓе мажи жени биле живи спалувани , брутално измачувани ...од таквите црковни будалаштии .Значи станува збор за еден перверзен метод со кој црквата си остварувала контрола над луѓетоа таа услуга дебело си ја наплатувала од владетелите , владеачките сталежи , класи , државата воопшто .
Па дури во некој случаи црквата превземала цели ингеренци од државата ...станала толку моќна што можела да си дозволи организирање на воени походи .

Ваквиот начин на исповед на гревови........нема никакво значење според библијата . Ниту тој на кого му ги кажуаш гревовите има право да ти ги прости . ако се направени кон трето лице.........мора да се платат . Кога Христ му отишол на Захеј дома ...не му ги простил парите што овој ги поткраднувал од трети лица....туку фино лепо си ги вратил крадените пари со 300 % камата . Христ вакви работи не простувал ..без разлика дали парите биле крадени од Евреи или други националности или вери .Нема милост нема прошка....краденото мора да се врати со соодветно обештетување .....Откако ќе се врати е после може проштавање а пред тоа никако . Тоа е обична црковна измислица ..лага .....дека некаков наводен божји човек бил овластен да простува гревови- кривични дела .

Исповед со покајание не проповедал Христ ( барем не бил прв ) туку ВНАТРЕШНИОТ СУДИЈА кај секој човек ...Илија – Јован – Крстителот огнениот сотирач Судија на Совесноста .Така што пораката е јасна ...секој сам себе да се преиспита во-со совесноста а никако пред некој себе реламиран наводно божји слуга .А ова тешко се прави пред 25-30 година од животот бидејќи млад човек колку и да му кажуваш ќе си ги направи еден куп грешки како и секој друг човек ...за да стекне позитивни и негативни животни искуства . Е после тоа може во себе исповед и покајание ноооооооо ако е направена штета кон трето лице мора да се надокнади .

А инаку ако некој неможе да си прости за некоја работа себеси тешко дека некаква си исповед ќе му помогне....сумњам .....
Или ако ти е тоа начин на душевно празнење како изговор.........тогаш дефинитивно ти пак ќе си го повториш делото ...само вака си нашол рамо за плакање .
Се на се ..........заостаната , забегана , неоправдана манијалкална работа......... Не се работи дека “исповед – покајание” е само еден жалосен остаток на најмрачниот период од “христијанаската” религија ( оти христијанството и не религија туку идеологија ) ...туку се работи за жалосен остаток од најмрачниот и најсрамниот период од човековата историја воопшто .

Ваквата пракса треба законски да се забрани

ХМММММММММММММм

Попрво кога би го превел зборот исповед на македонски

би се превел како ПОЛАГАЊЕ СМЕТКИ пред некој што те задолжил со нешто

а што и би одговарало на наведенит цитат од Евреите3-ред1
па и полагање сметки пред Илија -јован -Судијата на совесноста кој прв ПРОПОВЕДАЛ ...ИСПОВЕД на гревови дури и пред Христ
отколку кога би се превело како кажување интимности пред некое трето лице
па нека си биде колку сака самобедисано наречено свештеник кој не не задолжил со ништо...........а кој го овластил да простува кривични дела - гревови за кој и државата и библијата кажуваат дека престапникот задолжително мора да сноси санкции .
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Се утепа од пишување бе човек...
А не ги земаш во предвид сите претходни постови, кои укажуваат на Христовата заповед за простување. Постувани се и цитати, од кои е повеќе од очигледно дека сам Бог ја има одредено Стетата Тајна исповест и дека не е тоа нечија измислица. Но, ти , секако, сето тоа го прескокуваш и тераш некоја своја вистина, амбалажирана со „маса„ од непотребни зборови и лични ставови, кои не кореспондираат со верската вистина.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
Најдобра подготовка за исповед е самоиспитувањето со помош на Христовите зборови искажани во Беседата на гората. Овие неколку глави од Евангелието, кои почнуваат со набројување на блаженствата, го изразуваат собрано христијанскиот живот во неговите најважни моменти.

Пред сè, меѓутоа, треба себе си да си ги поставиме најосновните прашања, пред кои сето друго или паѓа или опстанува: дали навистина веруваме дека Христовото учење е практично применливо на нашиот живот и во светот? Дали навистина веруваме дека Светиот Дух во нас ги прави „сите нешта можни”, вклучувајќи го и држењето на Христовите заповеди? Зашто, ако не веруваме, нема зошто да одиме понатаму, било на исповед, било во Црква воопшто?

Блажени се оние кои плачат...
Дали плачам? Дали тагувам над човечките страдања? Дали жалам поради неволјите во Црквата и државата, во семејството и општеството? Дали страдам заедно со сите кои страдаат, во беда и нечистотија, во очајание и грев? Дали жалам поради болестите, заразите, несреќите и умирањата? Или сè едноставно прифаќам „така како што е”, преминувајќи преку сè и мислејќи дека е храброст тоа што е, всушност, скаменетост на срцето и недостаток на сочувствена грижа? Имам ли сочувство за простите, похотните, острастените, себичните, неволните, злите и грешните од овој свет без осуда? Дали туѓите гревови и беззаконија ме натажуваат? Или им се смеам, уживам радувајќи се на злото, ликувам во изопачено задоволство над она што вистинскиот христијанин, налик на Христа, го оплакува?
Блажени се кротките...
Дали сум кроток со кротоста Христова? Дали сум кроток, победувајќи го злото со доброто? Дали го прифаќам и живеам според фактот дека смирената љубов, вистината и храброста во доблеста се единствените прифатливи оружја во СЕКОЈА борба против гревот и грешните? Дали си умислувам дека владеам над другите, дома, на работа, во Црквата? Дали сакам и дури користам сила, брутално наредувајќи, управувајќи слепо, застрашувајќи, принудувајќи, за да постигнам тоа што сакам? Дали ги благословувам тие што ме пцујат, дали се молам за оние што ме малтретираат, дали им правам добро на оние што ме мразат, им служам на оние што ме злоупотребуваат, зборувам со оние што ме одбегнуваат? Дали ги сакам своите непријатели и им простувам на оние кои ме навредуваат? Дали верувам дека Христовата кротост е единствениот начин да се стигне до вистинската доблест?
Блажени се гладните и жедните
за правда...

Дали сум гладен и жеден за Бога? Дали сакам да бидам праведен? Дали настојувам да станам свет? Дали читам, проучувам или на кој било начин се трудам, непрестајно, за Љубовта, Вистината, Божјиот Дух? Дали се молам? Дали постам? Дали правам „духовни вежби” што ме утврдуваат во добрината? Дали одам во Црква? Дали учествувам во светите тајни? Дали се трудам да помогнам некому, да го поучам и услужам? Ги правам ли оние работи кои знам дека ја шират праведноста?
Блажени се милостивите...
Имам ли милост за другите? Дали им простувам на оние што ме навредуваат? Дали се трудам да ги разберам оние што се разликуваат од мене? Дали уживам да зборувам лошо за другиот и да осудувам? Дали зборувам за другите? Дали се забавувам оговарајќи? Дали зборувам нешта, иако можеби точни, што не би требало да ги зборуваме, зашто можат само да повредат? Дали се насладувам од неправдата? Дали сум јас еден од закониците, кој законот го сака повеќе од Животот? Дали се трудам да ги измазнам работите и ги кријам навредите, или ги бранувам работите со приговарање и осудување? Дали сум ситничав и тесноград? Дали ги клеветам и срамотам другите? Дали сум полн со предрасуди, осудувајќи и проценувајќи ги отпорано и веќе утврдените ставови без соодветни факти? Дали повеќе ги сакам острите осуди од нежното милосрдие?
Блажени се чистите по срце...
Ја сакам ли чистотата, едноставноста и светоста? Дали сум извалкан од нечисти помисли, зборови и дела? Дали е мојот ум извалкан од демонски рационализации и предрасуди? Или сум чист и отворен кон сè што е добро? Дали моето тело се потчинува на животинската сетилност и похотата? Дали се моите помисли и дела чисти, или зад нив секогаш стојат скриени намери и потреби? Дали може да ми се верува и вистинољубив сум во доследноста при остварувањето на целите и потполно чесен во сè? Или премолчувам, и залажувам, мамам и лажам? Дали сум лицемерен и претенциозен? Дали сум роб на некоја страст: на јадењето, пиењето, пушењето, работата, игрите, спиењето, или на нешто друго за што попрво може да се каже дека ме поседува мене, отколку обратно? Постои ли темнина и нечистотија која ме ослепува и оддалечува од слободата и светоста во Бога?
Блажени се миротворците...
Дали сакам и создавам мир? Дома, на работа, во Црква, во општеството, и во целиот свет? Дали сум гневен и нестрплив? Дали се впуштам во расправии и докажувања? Дали другите ги наведувам на гнев? Дали верувам во вистинитоста на зборовите „сврти го другиот образ”? Или возвраќам со физичка сила? Дали го сакам насилството? Дали ги ценам агресијата или моќта? Дали трагам по внатрешниот мир и тишина кои се основа на мирот во светот?
Блажени се прогонетите
заради правда...

Дали некогаш сум бил гонет заради правда? Дали сум подготвен да бидам? Дали сум подготвен да го дадам својот живот за вистината без желба за одмазда? Дали учествувам во нешто добро, што предизвикува осуда во мојата околина? Или одам по линија на помал отпор, без да се впуштам во работи од полза на луѓето, во рамките на семејството или работата, Црквата или општеството во целина? Дали премолчувам работи кои се лоши од страв, кукавичлук или мрзливост? Дали одбегнувам од oговорност? Дали ја сакам сигурноста? Дали го бранам својот сопствен ништожен живот без оглед на Божјата правда? Дали, всушност, се срамам од Христа?
Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата...
Дали мојата радост и веселба се во Бога или во овој свет, во неговите страсти, моќи, имоти и слави? Дали сум еден зловолен подлец, љубоморен и самоволен? Дали очајувам, дали сум без надеж? Дали сум песимист и сомничав? Дали се жалам и ширам мрак и неспокојство кај другите? Дали мојата вера има некакво влијание врз моите дела и ставови во врска со случувањата во животот? Дали навистина обрнувам внимание на доблестите и Му верувам на Бога и се радувам на таа доверба? Дали е моето богатство во Бога или во мене самиот? Дали е мојот живот „со Христа, во Бога, на небесата” или сум навистина човек на ова време, со телото, со умот и со душата? Дали верувам и навистина ги уживам „радостите на верата”?

*превземо од порталот на Премин
 
A

ateist

Гостин
ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
Најдобра подготовка за исповед е самоиспитувањето со помош на Христовите зборови искажани во Беседата на гората. Овие неколку глави од Евангелието, кои почнуваат со набројување на блаженствата, го изразуваат собрано христијанскиот живот во неговите најважни моменти.



Блажени се оние кои плачат...
.[/B][/I]
Дали сум кроток со кротоста Христова?
Блажени се гладните и жедните
за правда...

.[/I][/B]
Имам ли милост за другите?
Блажени се чистите по срце...

Блажени се миротворците...
Дали сакам и создавам мир?
Блажени се прогонетите
заради правда...

Дали некогаш сум бил гонет заради правда? Дали, всушност, се срамам од Христа?
Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата...
Дали верувам и навистина ги уживам „радостите на верата”?

*превземо од порталот на Премин
добро кажано...нее битно дали што е copy paste...
Кога ќе можам ќе искоментирам и тука иако мислам дека треба да ја поставиш и како главна тема за расправа...........стварно е добра темава
И секој би требало да даде свое видување што лично поима под тие работи како ги сваќа и како ги практикува........без разлика верник , атеист , оваа онаа вера............
Иако јас лично безброј пати ги прозвав верите да се произнесат што поимаат под Божја праведност а овие бегаат ли бегаат....Матеј 6-ред 33 ...Христ.."Туку барајте го најпрвин Божјото царство и Неговата праведност...."

Се утепа од пишување бе човек...
А не ги земаш во предвид сите претходни постови, кои укажуваат на Христовата заповед за простување. Постувани се и цитати, од кои е повеќе од очигледно дека сам Бог ја има одредено Стетата Тајна исповест и дека не е тоа нечија измислица. Но, ти , секако, сето тоа го прескокуваш и тераш некоја своја вистина, амбалажирана со „маса„ од непотребни зборови и лични ставови, кои не кореспондираат со верската вистина.
MIKI1...Света Тајна..непостои .......ова детално ти го објаснив да не се повторувам

Христовата заповед за простување.........Постои се подразбира и мора да ја има нооо
зависи за каков грев се работи според кој закон ....вие овие работи не сте ги разработиле , затоа мешате баби и жаби ,,,секој грев не се простува.......и ова детално ви го обаснив

Исповед се врши пред некој што те задолжил со нешто ...па во нов завет Исповед е пред божјиот судија Јован -Судиија на совесноста
и Павле вели исповед со мисли кон Христ -Судијата на безсуетноста
( не се спомнати ама тука се Мојсеевите Судии на пожртвуваноста )

Ќе проверам мислам дека буквално така и апостоли го преведуваат Исповедањето па користат термин ...(карикирано )..."Оној пред кого ќе полагаме сметки "......што е во согласност со Христово кажување....."кому му е дадено повеќе (сознанија , знаења , вештини ) од него ќе се бара уште повеќе" ....значи ќе мора да даде ОТЧЕТ да положи сметки како ги зло - употребил
Така да ...свештеник никаде нее потребен.......незнам зошто толку инсистирате , ама ваша работа си е .

Верска вистина.........која нее подложна критика . т.е неможе да издржи тест на аргументирана критика ..........неможе да биде вистина .
 
A

ateist

Гостин
ЕВЕ ЗА ИСВОВЕД

Исповед според новиот завет воопшто не подразбира кажување сторени кривични дела пред било кој смртник кој освен самобендисано што си зел право да проштава кривични дела ...никој не му дал такво право

Евреите 3 - ред 1 ........."....насочете ги вашите мисли кон Исус Апостолот и Врховен Свештеник на нашето ИСПОВЕДУВАЊЕ.......".

1 Петар 4 - ред 5........."...Но тие ќе Му дадат СМЕТКА на Оној кој Кој е готов да им суди не живите и на мртвите . "

И ова е согласно со Христовото....."кому му се дава повеќе ( дар , талент , вештина , знаење , спознание ) од таквиот ќе се бара уште повеќе.."...........ДА ДАДЕ ОТЧЕТ , ДА ПОЛОЖИ СМЕТКИ КАКО ГИ ЗЛО -УПОТРЕБИЛ

Значи под исповед се подразбира давање отчет ,полагање сметки пред некој што со нешто не задолжил .
Ниеден свештиник со ништо не не задолжил па да му полагаме сметки за нашите постапки.
Тоа е само еден сулуд обид на државата која порано користела вакви методи за тоталитарно владеење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom