Сите Свети Тајни во православието, вклучувајќи ја и исповеста/покајанието, имаат своја заснованост во Новиот Завет, на точно одреден стих (кој веќе е изнесен на форумов). Така, паѓа во вода тврдењето дека православните нешто му „додале„ на изворното хрситијанство. Ништо не додале, туку засновале и практикуват онака како е одредено. Ако стиховите ги толкуваме изолирано (вон контекстот во кој се напишани) или ако ги толкуваме „скоковито„, незибежно ќе се најдеме во состојба да заклучиме дека Новиот Завет, или пак некои од Апостолте, си контрираат еден на друг. Неспорно е дека Христос е посрдникот помеѓу Него и Отецот, исто како што е неспорно дека токму Он им ја даде власта на Апсотлите да простуваат гревови, во Негово име. А дали гревот е „реално„ простен, не зависи толку од свештеникот, туку од Христа, лично. А веќе е пишувано за тоа како знаеме дали гревот веќе е простен од Христа или гревот и понатаму ќе „копка„ по умот човеков.