Балкан | 12. ноември 2013 - 15:56
„Џихад на Косово“: Косовската полиција ќе се соочи со ужасни и болни напади
Организацијата, која себеси се нарекива „Џихад на Косово“, денеска и се закани на косовската полиција дека ќе се соочи со „ужасни напади“, доколку веднаш не ги ослободи шестте лица упасени поради сомнеж за подготовка на терористички напади и поради врски со терористичката организација Ал Нусра, огранок на мрежата на Ал Каеда во Сирија.
- Косовската полиција ќе се соочи со ужасни и болни напади. Без сомнение ние имаме мажи, кои повеќе ја сакаат смртта, отколку вие животот на овој свет. Тоа е војската на Господ, која ќе победи, се наведува во пораката, која е испратена од имејл адресата
dzemat-dzihad@hotmail.com, јавуваат косовските медиуми.
Косовската полиција, според медиумите, со најголем степен на сериозност го анализира добиеното соопштение.
Полицијата вчера во операцијата „Ураган“ уапси шест лица меѓу кои и Генц С., познат како Ебу Хафс Ал Албани, за кого, како што наведува косовските весници, постои сомнеж дека е дел од мрежата на Ал Каеда на Балканот.
Ал Каеда наскоро пристига на Балканот и во Македонија, во стилот на филмските најави така и Косовецот
Генц Селими преку Фејсбук го најавува доаѓањето на терористичката мрежа на овие простори.
За четворица од останатите пет лица уапсени при полициската акција во Приштина и во Гњилане, постојат сомнежи дека се поврзани со терористички активности, додека едно е осомничено за ширење на верска омраза.
Припдниците на Одделот за истрата и злосторства на полицијата по повеќемесечната истрага во координираната операција „Ураган“ пронајде и поголемо количество оружје.
Фејсбук профилот кажуе дека, коа не каменуваат некоја црква или не кољат кафирчиња за Велигден, нашите мали балкански бинладенчиња играат Papa Pear Saga (за развивање на моторика и логика).