Исламски тероризам на Косово

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Косовската полиција уапси шест лица за тероризам. Шестмината (плус еден јатак) биле под присмотра и (наводно) планирале напади.

Потекнуваат од Приштина и Гњилане. За еден од нив -- Генц С. -- се знае дека се борел на страната на терористите во Сирија.

Според "Koha Ditore", покрај запленетите коли, пари и лично оружје, полицијата запленила и експлозив наместен до/во мобилни телефони кои биле спремни за употреба.

Таканаречената "Xhemati i Teuhidit dhe Xhihadit në Kosove" (Косовски џихад) испратила порака дека доколку шестмината не бидат ослободени, ќе следуваат напади.

И покрај неброени екстремистички и терористички организации, групи и индивидуи на Косово, некако нереално ми делува овој потег. Или Косовската влада одработува некоја наредба од Запад/САД откако се изјалови планот за директна војна во Сирија, или почнала да игра на картата тероризам за да му се додвори на Западот.
 
Член од
16 април 2013
Мислења
81
Поени од реакции
55
Убаво кажа во последната реченица се е тоа политика и игра на косовската влада
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Убаво кажа во последната реченица се е тоа политика и игра на косовската влада
Иначе на косово сите се мирни и поштени и си го гледаат парчето леб , ова е мит и измислица на косовската влада дека има тероризам и вахабисти таму .:)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Што има тука толку чудно? Се знае од непријателот што може да се очекува.
Само неможам да сфатам како ние Косово го признавме за држава. :facepalm:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Де ве молам, немојте со муабети од типот "можеби Косовската влада игра со нова тактика".

3начи, како прво, Косовската влада не игра ништо пошто е спонтан абортус, недоразвиен фетус, односно на некој начин лабараториски експеримент.

Кога можеа Америте новата претседателка од плико да им ја извадат и да им речат "еве оваа ќе ви биде претседател, нека ви е со среќа," па за друго мислам дека е срамота воопшто да разговараме.:coffee:
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
Значи борциве за човекови права го кркаја во Сирија, па сега се враќаат на Балканов да лечат комплекси.

Абе шо не си останаја кај Башар убо ни беше без нив.(n)
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Не е смешно. Може да се случат циркуси и кај нас. Преку 600 лица од овој дел од балканот беа на специјализација во Ал-Нурса.

http://www.vesti.rs/Sirija/Al-Kaida-preti-Kosovu-2.html

А на фб и нас не спомнал.
.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
Може да се случат циркуси и кај нас.
Може, викаш, и кај нас да заигра мечка, а?

Мислиш на нешто од типот на убивање на деца за најголем христијански празник, од страна на алахови робови кои се бореле против кафири на Блиски Исток?

Или мислиш на палење цркви и потоа оневозможување на пожарникарите да дојдат да гасат, а кога ќе стигнат на место да ги дочека хор, кој пее: "Ubi Kaura" дур гаснат?

Да не мислиш на каменување на црква од надвор со верници внатре кои не смеат да излезат?
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Мислам на напишаното во текстот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
Мислам на напишаното во текстот.
Па токму тоа веќе и се случи кај нас.
Повратници од џихад убија деца на најголем празник, а нивните соверници, побрзаа да ги бранат (преку насилни протести). Дури и самиот текст укажува дека сакале да бидат copycats на нашиве. Значи, констатацијата: "не се смејте, затоа што може тоа да се деси и кај нас", би можел да ја даде само некој кој нема допир подолго време со настаните кај нас.

Кај нас веќе се случи тој циркус, за кој збориш и се случува постојано.
Едниствена разлика е што косовската полиција го спречи тоа, а кај нас не и што ги уапси, а кај нас не.

Значи, циркусот кој наводно можел и кај нас да се деси, веќе се дешава цело време, и тоа не е циркус него карневал.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Можеби се екстремен во искажувањата , но точно е се што говориш.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
Балкан | 12. ноември 2013 - 15:56
„Џихад на Косово“: Косовската полиција ќе се соочи со ужасни и болни напади


Организацијата, која себеси се нарекива „Џихад на Косово“, денеска и се закани на косовската полиција дека ќе се соочи со „ужасни напади“, доколку веднаш не ги ослободи шестте лица упасени поради сомнеж за подготовка на терористички напади и поради врски со терористичката организација Ал Нусра, огранок на мрежата на Ал Каеда во Сирија.
- Косовската полиција ќе се соочи со ужасни и болни напади. Без сомнение ние имаме мажи, кои повеќе ја сакаат смртта, отколку вие животот на овој свет. Тоа е војската на Господ, која ќе победи, се наведува во пораката, која е испратена од имејл адресата dzemat-dzihad@hotmail.com, јавуваат косовските медиуми.
Косовската полиција, според медиумите, со најголем степен на сериозност го анализира добиеното соопштение.
Полицијата вчера во операцијата „Ураган“ уапси шест лица меѓу кои и Генц С., познат како Ебу Хафс Ал Албани, за кого, како што наведува косовските весници, постои сомнеж дека е дел од мрежата на Ал Каеда на Балканот.
Ал Каеда наскоро пристига на Балканот и во Македонија, во стилот на филмските најави така и Косовецот Генц Селими преку Фејсбук го најавува доаѓањето на терористичката мрежа на овие простори.
За четворица од останатите пет лица уапсени при полициската акција во Приштина и во Гњилане, постојат сомнежи дека се поврзани со терористички активности, додека едно е осомничено за ширење на верска омраза.
Припдниците на Одделот за истрата и злосторства на полицијата по повеќемесечната истрага во координираната операција „Ураган“ пронајде и поголемо количество оружје.



Фејсбук профилот кажуе дека, коа не каменуваат некоја црква или не кољат кафирчиња за Велигден, нашите мали балкански бинладенчиња играат Papa Pear Saga (за развивање на моторика и логика).
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
http://www.time.mk/c/a53555c5bd/na-kosovo-uapseni-grupa-albanci-povrzani-so-al-kaeda.html

ништо ново
--- надополнето: 12 ноември 2013 во 19:43 ---
БАЛКАН | 12. НОЕМВРИ 2013 - 11:15
На Косово уапсена група поврзана со Ал Каеда, планирала маскар како оној на Смилковско езеро?

Шестчлена група косовски Албанци е уапсена на Косово под сомнение дека подготвувала терористички напад во Гњилане и на езерото Грмија во Приштина. Полицијата верува дека се поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда.
Еден од уапсените војувал во Сирија. Во нивните куќи е пронајден арсенал оружје. Неколку месеци е прислушуван телефон на осомничените за планирање терористички напади. Оваа група од шест Албанци, од кои еден бил вратен од Сирија, е составена од млади од Приштина и Гњилане, пренесува весникот "Зери".
Минатата недела некои од нив се состанале во близина на езерото Грмија каде, како што се сомнева. Подготвувале терористички напад. Исто така се сомничат за напад врз двајца американски државјани кои го извршиле двајца од нив претходниот ден.
Со прислушување се дознало за планот, а следела и полициска акција и апсење. Не биле сите поврзани со Грмија, па дел од акцијата се одвивала во Гњилане.
Во овие два градови се уапсени шест припадници на групата: В. Шаља. Г. Селими, М.Хусени, Н.Сулејмани, А.Мехмети и Б. Муљољи, додека еден и натаму е во бегство.
Истрагата треба да покаже што точно планирале да направат на езерото Грмија дали можеби масакр сличен на оној на Смилковското езеро кај Скопје кога четири момчиња и еден рибар беа убиени. Дел од обвинетите за масакрот кај Смилковци, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во затвор во Приштина и чекаат екстрадиција во Македонија. Македонската полиција ги осомничи за тероризам и поврзаност со Ал Каеда.
“Коха диторе” пишува дека Г.(Генц) Селими е повратник од Сирија. Неговиот војнички прекар е "Ебу Хафс Ал АЛбани" и тврдел дека го следи патот на Ал Каеда на Балканот и најавува нејзино скоро доаѓање.
"Ал Албани" некое време бил во Сирија како војник од Косово заедно со останатите Албанци.
Полицијата при претресот кај нив пронашла оружје и поголемо количество експлозив поврзан со мобилни телефони, подготвени за детонација.
За разлика од повеќето уапсени, кои се осомничени за тероризам, уапсениот Беким М. е осомничен само за тежок физички напад. Уапсен е само заради минатонеделниот напад на двајца американски државјани во Приштина, припадници на верска организација која на Косово делела верски летоци.
--- надополнето: 12 ноември 2013 во 19:44 ---
Косовци планирале масакр ист како на Смилковското Езеро

http://www.press24.mk/kosovci-planirale-masakr-ist-kako-na-smilkovskoto-ezero
 

Kajgana Shop

На врв Bottom