8-годишно момче од Косово војува во Сирија!
Среда, 27 Август 2014 10:31
Вклучувањето на Косоварите на боиштата во Сирија се повеќе загрижува. Пранвера Абази 30-годишна жена од Косово вели дека нејзиниот сопруг Арбен, кој во Сирија заминал пред неколку седмици, без нејзино одобрување со себе го зел и нивниот 8-годишен син.
Детето е фотографирано во друштво на борците на ИСИС во Сирија. Неговата мајка очајно бара некој да го врати нејзиниот син назад, пренесува КТВ.
Таа во изјавата за КТВ се сеќава кога последен пат го видела синот, тогаш нејзиниот сопруг и рекол дека на неколку дена со синот ќе отидат на село. По една недела добила порака од сопругот, во која пишувало дека заедно со синот е во Сирија.
Во Сирија убиен уште еден Косовец
Среда, 27 Август 2014 09:23
Уште еден млад Косовец загинал на боиштата во Сирија,како припадник на џихадистите.
Станува збор 25 годишно момче од Скендерај (поранешна Србица), со што бројот на загинатите Косовци, се искачи на 38, иако се верува дека бројката е поголема.
Пред два дена косовската полиција на приштинскиот аеродром не му доволила да замине за Турција на Грамос Шабани од Милошево кај Обилиќ, поради основан сомнеж дека крајната дестинација на Косовецот со белгиско државјанство била Сирија за да се приклучи на терористичките групи на ИДИЛ.
Тој со себе имал материјали во кои се искажува симпатија кон ИДИЛ. Веднаш му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.