Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Заебете инвестиции,него да бараме нафта само тоа ако не спаси,иначе ќе се вратиме на коњски коли и магариња со самари..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.770
Поени од реакции
12.233
Со цениве како тргнало и ќе се вратиме на магаренца
Драстичен скок на цената на бензините- граѓаните во шок

27.02.2012, 13:03
Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 84 денари за литар. Новата цена на Еуросуперот БС – 98 ќе изнесува 85, 50 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизелот исто така се зголемува за три денари за литар и ќе изнесува 74, 50 денари за литар.


Нема инвестиции, нема вработувања кај што треба, нема никакви права на работно место, нема бришење на ставката за улично светло пошто немаше овој месец ни улично светло, нема ова нема она...битно е да си ги задоволат фирмите каде имаат акции и од каде се полни буџет
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Aвстралиски, германско-грчка и инвеститори купија парцели во „Жабени“

И на Хунзите (мислам) им даваа парцела некаде кај Гевгелија беше??? Па Александар Македонски нема да воскресне:D
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
После 22 години во општина Богданци почна реализацијата на првата странска инвестиција. Германската компанија ,,Таурус Фармс,, ја започна изградбата на новиот откупно дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук,проект за кој во првата фаза ке бидат вложени 2,5 милиони евра и плус 15 милиони евра во втората фаза.
,,И покрај тоа што нашата фирма стои на почетокот и денеска нема многу што да видиме, дозволете да ве информирам дека од моја страна се запонаени и други инвеститори на кои им соопштив за добрата политичка клима во Македонија и ангажманот на владата. Тие се подготвени да инвестираат во Македонија и тоа двоцифрени суми во евра,, рече Томас Шварц - сопственик на Таурус Фармс.
За заменик министерот за земјоделие,овој проект само ги потврдува ангажманите на владата за создавање подобри услови во земједолеието.
,,Тие едноставно ја увидоа програмата на владата,ги видоа намерите,видоа колку се инвестираше во земјоделието пред пет до шест години,а колку се инвестира денес и тука ја препознаа шансата за нивната инвестиција.,,рече Зоран Коњановски - заменик министер за земјоделие
,,Најголемиот дел од лугето дефинитивно ке го најдат својот интерес во едни вакви објекти.,, рече Ристо Ичков - градоначалник на општина Богданци.
Покрај октупно дистрибутивниот центар кој треба да има капацитет од околу 5000 тони на овошје и зеленчук, германскиот инвеститор во блиска иднина најавува и изградба на фабрика за готов помфрит во која е планирано да бида вложени околу 35 милиони евра.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/zemjodelski-otkupen-centar-vo-bogdanci
Ај да видиме што ќе биде и од оваа инвестиција.Се надевам на отварање, и на добра работа за цел регион околу Богданци.
Но лично ме нервира што секад најавуват и следна фаза во која ќе бидат вложени многу поголеми суми.Зашто еднаш прво не ги вложат тие големи суми,па следната фаза да биде ситнишот. Можеби бараме и ние сега преку леб-погача,ама стварно не ми е јасна таа работа.Како и да е очекувам и тука до крајот на летото сечење лента.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
РЕКОРДНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО 2011 ГОДИНА


Published on 02-28-2012 02:55 PM

Се најавува и изградба на турска фабрика за експлоатација на мермер во околината на Прилеп


Компанијата „Џеваир“ најави инвестиција од 150 милиони евра за изградба на четири 40-катници, а се најавува и изградба на турска фабрика за експлоатација на мермер во околината на Прилеп Над 51 милион евра турски инвестиции влегле во земјава во периодот јануари-септември 2011 година, што е повеќе отколку сите досегашни инвестиции од Турција кај нас. Според податоците на Народна банка, од 1997 до 2010 година во Македонија имало 48 милиони евра турски инвестиции, што е 1,43 отсто од вкупните странски инвестиции во земјава во овој период. Најголем турски инвеститор во Македонија е компанијата ТАВ, која е концесионер на аеродромскиот систем и се очекува да инвестира над 150 милиони евра. Турската компанија веќе ги осовремени скопскиот аеродром „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а според концесискиот договор во иднина ТАВ треба да изгради и нов карго-аеродром во Штип.

Инвеститори од Турција се присутни во трговијата, градежништвото, здравството и други дејности. Поголеми инвестиции од оваа земја се првиот затворен трговски центар во државава „Рамстор“, очната болница „Европа“ во Скопје и фабриката за производство на лепила „Белене“ во Берово што беше во рамките на „Охис“. Компанијата „Џеваир“ најави инвестиција од 150 милиони евра за изградба на четири 40-катници во општината Аеродром, се најавува и изградба на турска фабрика за експлоатација на мермер во околината на Прилеп, како и изградба на цементарница и на фабрика за производство на храна и прехранбени продукти. Најнова турска инвестиција во земјава е онаа на компанијата „Лимак“, која во минатата недела купи две парцели кај старата железничка станица во Скопје. „Лимак“ за двете парцели плати безмалку 4 милиони евра, а освен објекти за привремено сместување, мали комерцијални и деловни единици, големи трговски единици, деловни простории на оваа локација треба да изгради и подземна сообраќајница.

Битен елемент во економската соработка меѓу двете земји е трговската размена. Турција е една од земјите со кои Македонија има најголем обем трговија. Во минатата година вкупната трговска размена меѓу двете земји била околу 417 милиони долари. Македонија лани во Турција извезла стоки во вредност од околу 73 милиони долари, а вредноста на увозот изнесувала околу 343 милиони долари, што укажува дека имаме дефицит во размената со оваа земја.
http://tabu.me/content.php/266-РЕКОРДНИ-ИНВЕСТИЦИИ-ВО-2011-ГОДИНА
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Ako gleame spored sitel u makedonija se gradat 10tina fabriki godisni. zimi takvoto ko u svajcarija da ziveeme spored sitel iame standard
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
После 22 години во општина Богданци почна реализацијата на првата странска инвестиција. Германската компанија ,,Таурус Фармс,, ја започна изградбата на новиот откупно дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук,проект за кој во првата фаза ке бидат вложени 2,5 милиони евра и плус 15 милиони евра во втората фаза.
,,И покрај тоа што нашата фирма стои на почетокот и денеска нема многу што да видиме, дозволете да ве информирам дека од моја страна се запонаени и други инвеститори на кои им соопштив за добрата политичка клима во Македонија и ангажманот на владата. Тие се подготвени да инвестираат во Македонија и тоа двоцифрени суми во евра,, рече Томас Шварц - сопственик на Таурус Фармс.
За заменик министерот за земјоделие,овој проект само ги потврдува ангажманите на владата за создавање подобри услови во земједолеието.
,,Тие едноставно ја увидоа програмата на владата,ги видоа намерите,видоа колку се инвестираше во земјоделието пред пет до шест години,а колку се инвестира денес и тука ја препознаа шансата за нивната инвестиција.,,рече Зоран Коњановски - заменик министер за земјоделие
,,Најголемиот дел од лугето дефинитивно ке го најдат својот интерес во едни вакви објекти.,, рече Ристо Ичков - градоначалник на општина Богданци.
Покрај октупно дистрибутивниот центар кој треба да има капацитет од околу 5000 тони на овошје и зеленчук, германскиот инвеститор во блиска иднина најавува и изградба на фабрика за готов помфрит во која е планирано да бида вложени околу 35 милиони евра.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/zemjodelski-otkupen-centar-vo-bogdanci
Ај да видиме што ќе биде и од оваа инвестиција.Се надевам на отварање, и на добра работа за цел регион околу Богданци.
Но лично ме нервира што секад најавуват и следна фаза во која ќе бидат вложени многу поголеми суми.Зашто еднаш прво не ги вложат тие големи суми,па следната фаза да биде ситнишот. Можеби бараме и ние сега преку леб-погача,ама стварно не ми е јасна таа работа.Како и да е очекувам и тука до крајот на летото сечење лента.
Незнам дали се сеќавате на оној прварантот од Бучим ...кој им ветуваше отварање на МекДоналд..во рудникот??? Е овде изгледа имаме работа со ист таков глумец, сеа, како и тогаш соработка со некого у влада ...:)
"
,,И покрај тоа што нашата фирма стои на почетокот и денеска нема многу што да видиме, дозволете да ве информирам дека од моја страна се запонаени и други инвеститори на кои им соопштив за добрата политичка клима во Македонија и ангажманот на владата. Тие се подготвени да инвестираат во Македонија и тоа двоцифрени суми во евра,, рече Томас Шварц - сопственик на Таурус Фармс."
Изгледа уште не работат ко бавча и со добар принос за бавчаванџиите...:)
Од кај знам???...е тоа е врвна деловна тајна.....;)
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Луѓе да не знаете што се отвара спроти Супер Тинекс кај Годел, поточно на местото каде беше старата царинска зграда?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Голдмак АД преземен од страна на британската компанија Borderless Europe

Британската компанијата Borderless Europe ја презеде фирмата Голдмак АД од Радовиш. Зделката е резултат на посетата на Принцот Мајкл од Кент кој предводеше британска бизнинис делегација во Македонија во рамките на која беа и претставници од Borderless Europe.
Голдмак АД веќе 20 години произведува накит од злато и сребро, а во минатото била во релација со рудникот за злато и бакар-Бучим.
Од Borderless Europe најавуваат проширување на капацитет на Голдмак АД со цел да се зголеми услужната дејност на компанијата, која ќе соодветствува со барањата на странските клиенти за преработка и трговија. Новиот бизнис модел ќе има потреба од производство на рачно изработен накит за европските продавачи и ќе го стимулира локалното население, воедно подобрувајќи го имиџот на Македонија како земја со стручна и квалификувана работна сила за бизниси од сите индустрии.
- Голдмак е класичен пример на компанија каква што се бара од страна на потенцијален инвеститор. Компанијата може да се процени на транспарентен начин, и да се инвестира во сите нејзини погони, технологија и стручност со цел да се зголеми нејзината конкурентност и извозниот потенцијал на европските пазари, изјави Рај Пауер, претседател на Британската Бизнис Групација.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида посочи дека Радовиш има долгогодишна традиција на изработка на накит и изобилува со работна сила која оди во прилог на британската инвестиција од која се очекува отворање на нови работни места.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/goldmak-ad-prezemen-od-strana-na-britanskata-kompanija-borderless-europe
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Прилеп наскоро со прва индустриска зона кај фабриката „Металец“

Од МРТВ
02 Март 2012


Во Прилеп се подготвува првата индустриска зона со 21 парцела за изградба на капацитети.
За 20-ина дена ќе биде отворен тендерот за продажба на државното градежно земјиште, соопшти денеска градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, воедно и претседател на Локалниот економски совет по денешната седница на ова тело.

Парцелите на вкупно 160.000 метри квадратни се во склоп на фабриката за челични конструкции „Металец“.

Според Ристо Најдоски, извршен директор на Регионалната стопанска комора, Прилеп прв пат по 30 денари за метар квадратен ќе се продава државно градежно земјиште со почетна цена од едно евро.

- Деталниот урбанистички план е готов уште пред 10 години, а веќе пристигнаа писма со намери од 12 фирми. Така, конфекцијата „Конфи ангел“ е заинтересирана да купи 18.000 метри квадратни, прехранбената фирма „Дониа“ 10.000, фирмата „Малтекс“ 5.000, печатницата „Гинис“ е заинтересирана за 4.000, а скопската фирма „Електрометал“ сака да купи 6.000 метри квадратни за нов капацитет, рече Најдоски.

Тендерот, додаде, ќе се распише за 20-ина дена.

- Најавата е цените да достигнат колку да се изгради инфраструктурата во зоната, а другото да им остане на стопанските субјекти за инвестирање и вработување нови лица, потенцира Најдоски.

Ова значи многу за локалниот економски развој, согласни се сите субјекти, членови на Економскиот совет на Прилеп.

За потребите на стопанството ќе се изготват Детални урбанистички планови за уште две индустриски зони, кај Сточното пазариште и кај фабриката „Жито Прилеп“.
Извор: МТВ
 

LMC

Член од
26 август 2011
Мислења
147
Поени од реакции
46
Македонија е економски тигар на Балканот. Само до 2-3 години ќе биде нај богатата земја во регионот. :pipi:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Bitola
ВЕСТ ОД 01 СЕПТЕМВРИ 2011 13:58h
Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ денеска доби одобрение за градба на фабрика за автомобилска опрема која ќе биде лоцирана во индустриската зона „Жабени“- Битола.Од консултантската фирма „Иванов“-Битола потврдија дека магацинскиот дел и просторот за производство на кабли ќе биде изграден до март 2012, а административниот објект и партерот ќе бидат завршени кон крајот на мај 2012 година.
BitolaКај е фабриката изградена или треба да си ја замислиме??? Дали некој има информации што се случува?


Like
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Турски Суташ отвори млекарница во Македонија. Ќе го купи ли Сведмилк?

Турската компанија Суташ, за која се шпекулираше дека е заинтересирана да ги купи производствените погони на млекарницата Сведмилк, отвори фирма во Македонија. Според податоците од Централниот регистар, млекарницата којашто турската компанија ја основаше во Македонија се вика Балканска млекара, а е основана со паричен влог од седум милиони евра. Според податоците од Регистарот, основач е Акционерското друштво Суташ сут урунлери аноним ширкети од Бурса, а на македонскиот пазар планира да произведува млеко и сирење.
Управители на млекарницата во Македонија ќе бидат Хусеин Мустафа Чевик, Мухарем Јилмаз, Хајдар Јилмаз, Ајкут Билбај и Али Мусфик Созер. „Капитал“ неколку пати пишуваше за интересот на Суташ за Сведмилк и дека преговорите со НЛБ Тутунска банка, која е најголем доверител на пропаднатата млекарница, се веќе при крај. Менаџерскиот тим на Суташ повеќе од половина година ја скенираше состојбата на производствените погони на Сведмилк и на македонскиот пазар.
Пред осум месеци НЛБ Тутунска банка ги нудеше на продажба земјиштето и фабричката хала во која се одвиваше производниот процес на Сведмилк, како и дел од опремата за 7,5 милиони евра, но продажбата беше неуспешна. На јавното наддавање не се јави ниту една заинтересирана компанија. Иако втор оглас беше најавен за еден месец, подоцна рокот неколкупати беше пробиен, а од банката изјавија дека оглас за продажба нема да биде објавен с$ додека не се договорат со некој конкретен купувач.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/81121/turski_sutash_otvori_mlekarnica_vo_makedonija__kje_go_kupi_li_svedmilk_.aspx
 

Kajgana Shop

На врв Bottom