http://tabu.me/content.php/266-РЕКОРДНИ-ИНВЕСТИЦИИ-ВО-2011-ГОДИНАРЕКОРДНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО 2011 ГОДИНА
Published on 02-28-2012 02:55 PM
Се најавува и изградба на турска фабрика за експлоатација на мермер во околината на Прилеп
Компанијата „Џеваир“ најави инвестиција од 150 милиони евра за изградба на четири 40-катници, а се најавува и изградба на турска фабрика за експлоатација на мермер во околината на Прилеп Над 51 милион евра турски инвестиции влегле во земјава во периодот јануари-септември 2011 година, што е повеќе отколку сите досегашни инвестиции од Турција кај нас. Според податоците на Народна банка, од 1997 до 2010 година во Македонија имало 48 милиони евра турски инвестиции, што е 1,43 отсто од вкупните странски инвестиции во земјава во овој период. Најголем турски инвеститор во Македонија е компанијата ТАВ, која е концесионер на аеродромскиот систем и се очекува да инвестира над 150 милиони евра. Турската компанија веќе ги осовремени скопскиот аеродром „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а според концесискиот договор во иднина ТАВ треба да изгради и нов карго-аеродром во Штип.
Инвеститори од Турција се присутни во трговијата, градежништвото, здравството и други дејности. Поголеми инвестиции од оваа земја се првиот затворен трговски центар во државава „Рамстор“, очната болница „Европа“ во Скопје и фабриката за производство на лепила „Белене“ во Берово што беше во рамките на „Охис“. Компанијата „Џеваир“ најави инвестиција од 150 милиони евра за изградба на четири 40-катници во општината Аеродром, се најавува и изградба на турска фабрика за експлоатација на мермер во околината на Прилеп, како и изградба на цементарница и на фабрика за производство на храна и прехранбени продукти. Најнова турска инвестиција во земјава е онаа на компанијата „Лимак“, која во минатата недела купи две парцели кај старата железничка станица во Скопје. „Лимак“ за двете парцели плати безмалку 4 милиони евра, а освен објекти за привремено сместување, мали комерцијални и деловни единици, големи трговски единици, деловни простории на оваа локација треба да изгради и подземна сообраќајница.
Битен елемент во економската соработка меѓу двете земји е трговската размена. Турција е една од земјите со кои Македонија има најголем обем трговија. Во минатата година вкупната трговска размена меѓу двете земји била околу 417 милиони долари. Македонија лани во Турција извезла стоки во вредност од околу 73 милиони долари, а вредноста на увозот изнесувала околу 343 милиони долари, што укажува дека имаме дефицит во размената со оваа земја.
Незнам дали се сеќавате на оној прварантот од Бучим ...кој им ветуваше отварање на МекДоналд..во рудникот??? Е овде изгледа имаме работа со ист таков глумец, сеа, како и тогаш соработка со некого у влада ...После 22 години во општина Богданци почна реализацијата на првата странска инвестиција. Германската компанија ,,Таурус Фармс,, ја започна изградбата на новиот откупно дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук,проект за кој во првата фаза ке бидат вложени 2,5 милиони евра и плус 15 милиони евра во втората фаза.
,,И покрај тоа што нашата фирма стои на почетокот и денеска нема многу што да видиме, дозволете да ве информирам дека од моја страна се запонаени и други инвеститори на кои им соопштив за добрата политичка клима во Македонија и ангажманот на владата. Тие се подготвени да инвестираат во Македонија и тоа двоцифрени суми во евра,, рече Томас Шварц - сопственик на Таурус Фармс.
За заменик министерот за земјоделие,овој проект само ги потврдува ангажманите на владата за создавање подобри услови во земједолеието.
,,Тие едноставно ја увидоа програмата на владата,ги видоа намерите,видоа колку се инвестираше во земјоделието пред пет до шест години,а колку се инвестира денес и тука ја препознаа шансата за нивната инвестиција.,,рече Зоран Коњановски - заменик министер за земјоделие
,,Најголемиот дел од лугето дефинитивно ке го најдат својот интерес во едни вакви објекти.,, рече Ристо Ичков - градоначалник на општина Богданци.
Покрај октупно дистрибутивниот центар кој треба да има капацитет од околу 5000 тони на овошје и зеленчук, германскиот инвеститор во блиска иднина најавува и изградба на фабрика за готов помфрит во која е планирано да бида вложени околу 35 милиони евра.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/zemjodelski-otkupen-centar-vo-bogdanci
Ај да видиме што ќе биде и од оваа инвестиција.Се надевам на отварање, и на добра работа за цел регион околу Богданци.
Но лично ме нервира што секад најавуват и следна фаза во која ќе бидат вложени многу поголеми суми.Зашто еднаш прво не ги вложат тие големи суми,па следната фаза да биде ситнишот. Можеби бараме и ние сега преку леб-погача,ама стварно не ми е јасна таа работа.Како и да е очекувам и тука до крајот на летото сечење лента.