Финансиски моќните компании и физички лица во државата, најверојатно наскоро ќе имаат алтернатива за инвестирање на своите пари. Друштвото за управување со фондови Илирика Фунд Менаџмент, забрзано работи на отворањето Златен фонд...
Извор: *Бизнис* (14,12,2010) http://biznis24.com.mk/node/11802
е сега ме збунува следното она што го знаеме, го пишува во *Бизнис*:
Спорен е член 67 од Законот за инвестициски фондови, според кој, фондовите не смеат да вложуваат во благородни метали или во хартии од вредност врз основа на благородни метали.
....И се ми се чини дека тоа не е класично инвестирање во *ЗЛАТНИ ФОНДОВИ* како што тоа се прави во во држави каде што има такава законска регулатива вклучувајки ја Словенија и од годинава Хрватска. Туку користејки ја еуфоријата *Златна треска*... фино, елегантно, да се приберат поголеми средства и да се инвестира во акции на компании сопственици на рудници со злато. И многу издржана и многу економски мудра изјава на претставникот на Илирика: Ќе го има златото, но ако го однесе во златара да го продаде, тоа губи од вредноста, што значи, не се оплодиле парите. Ова е мноогу јака и издржана бизнис анализа, нема збор, и големите инвестициски фондови од Европа и Светот златото го носат кај *Рамче* златарот .... за да понатаму истиот заклучи: Со инвестирање во златен фонд, каде што се инвестира во рудници со злато, компании, реално преку пораст на вредноста на златото, парите на инвеститорот се оплодуваат....
Се оплодуваат несомнено бидејки вредноста на златото расне, но според мене акции од рудник за злато, може но и немора да го следи растот на цената на златото!
Според мене ова не е златен фонд! Бидејки за таков и нема регулатива, како што гледаме и од изјавата на претставникот на Илирика!
Грешиш малце друже
Акциите во златни рудници се вредувнаат по тоа колку имплицитна вредност во злато вреди една акција (колку унци по акција). По правило иститие ја следат цената на златото. Е сега точно е дека со оперативни неефикасности сите придобивки од пораст на цената на златото можат да се загубат. Но кога се работи за диверзификивано портфолијо скоро секогаш ја следи цената на златото и тоа надпропоционално. Практично акциите во рудниците за злато нудат одреден ливериџ кога се инвестира во злато. Понатаму акциите се делат на јуниори (порспектање на злато) и сениори(веќе воспоставни со познати оперативни трошоци по унца и познати залихи на злато во рудниците).
Акциите во златните фондови за мене се подобра алтернатива од инвестирање во физичко злато под услов да се работи за диверзификувано портфолио. Подобра алтернатива се поради фактот што ги избегнуваш трошоците за складирање и осигурување, а пак исто добиваш дивиденди од златните рудници.
Ако илирика направи златен фонд одма ќе купам колку што можам удели.