Инвестициските фондови

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Але луја брадр... цело време се обидувам тоа да го докажам. Го реков и предходно (во минатата година) во еден пост дека со почетокот на оваа година ќе падне вредноста на РАСТЕЧКИТЕ, бидејки уделот го *напумпаа* буквално пред Нова Г, за да прикажат подобри резултати те подобар процент од банкарските камати....ама некои не ми веруваа! Но и јас не верував дека падот ќе биде толкав. Без никакви економски логики, без никакви причини уделот на РАСТЕЧКИТЕ ептен *тапа*... Во оваа година скоро минус 5%!!! Со ланските +13 ... резултатот е повеќе од очаен - 8 никакви проценти!... Нека пуштаат на нивниот сајт спамови: Во 2009 приносите на фондовите се 39% (иако кријат за 2008 дека се во минус од повеќе од 40%) .... никој не пушта пара, особено не сега кога су *ПАРЕ СКУПЕ* :)))
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
49
Поени од реакции
0
pa neka mi go napumpaat i 2011 so 15-20 posto...pa pak neka padne vo 2012 na pocetok...abe druze, ova so padnaa sega e radi egipet...

daj im malce vreme neka disnat...odma so kritiki...da ti kazam iskreno kako go iskoristiv ova sto padnaa povtorno na 60....

eden den koga ke dostignat 200-300 den, ke te potsetam na ovoj post...
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Ха-хаха-ха, добар виц... те два! Првиот е дека уделот еден ден ќе биде 200-300... Ова е реторика на Александар, позната ми е. Блумберг така рекол, ха-ха-хахаха!.... Вториот виц е дека за падот на уделот на *Растечки* за 2011 од 5% е кризата во Египет? Ако е така зошто тогаш има раст другиот фонд од цели 3% ЈИЕ (Југоисточна Европа?) лани за цела година имаа едвај 2,9%, за да годинава само за месец ипол забележат раст од 3,5%!.... Што тука Египет има влијание, ама обратно-пропорционално! Југоисточнава Европа демек, со демонстрантите е, а Кина со Мубарак!?:pos2:..... Не оди пријателе, не оди! Како да ја вртиш се во место....Не оди!!! Смрди нешто многу јако смрди во фондовиве. Ни ред ни крај неможеш да им фатиш... Да не се повторувам за Кина, кажаа на ТВ втора економија во светот, многу голема економска експанзија, Ќорав да бидеш ке погодиш компанија во Кина или Индија, Бразил со раст од 10-15% годишно! Ако се потрудиш ќе одиш и со 20% како што одеа впрочем индексите на БРИК фондовите во Хрватска Словенија, Србија... овде САМО 13% за 2011-та!!! Провери го тоа, имаш на Аница Зна!.... Види, *пумпање* од 15 до 20% нема, тоа веројатно ти е јасно, но има 3-4% и тоа траеше неполн месец. Го следиш уделот и факт е дека пред НГ експресно порасна вредноста на уделот за 3-4%! Реков тогаш дека ќе компензираат во Јануари, што и се случи. Тоа беше повеќе од јасно.... НО НАВИСТИНА НЕ МИ Е ЈАСНО (И ОТТУКА КРИТИКИ ОД МОЈА СТРАНА) ЗОШТО КОГА КИНЕСКОТО ИНДИСКОТО И БРАЗИЛСКОТО СТОПАНСТВО ГИ РУШАТ СИТЕ РЕКОРДИ, УДЕЛОТ ОТИДЕ ДО -5,5 ЗА МЕСЕЦ И ПОЛОВИНА.... ЗОШТО? Не е поради Египет, ниту поради поплавите во Австралија, ниту поради јаката зима овде .... нешто друго е во прашање.
И да ме потсетиш еден ден, не кога ќе отиде уделот на 200-300 Денари, туку кога ќе си дојде *на свое* те на вредноста од пред 3 ипол години.... Тогаш беше нешто малку над 100.- Ден. Колку е денес? 60-61-62!?.... пад од 40% страшна работа друже, страшна! Кога ќе се врати на свое, да ми кажеш на 100.... веројатно тогаш ќе бидеме ние двајца прилично стари! :toe:
И не кажа како го искористи ова што повторно паднава на 60!? Си купил удели по таа цена? Ако е така честитки!
Ако ме прашаш мене лично би ме радувало уделот на ЈИЕ да има реален раст, да се врати на нивото од 100 па и повеќе да оди.... Да мрдне малку овој дел на Европа... Ама пуста желба, реалноста е сурова: Грција се распродава по багатела, Бугарија исто така (станот падна до 300Еур во некои делови на Софија)... За нас да не ти раскажувам - знаеш! Србија е тажна приказна, Хрватска уште потажна.... А оно уделот на ЈИЕ рипаааа! Интересно, многу интересно! Лотарија на македонија е ова со инвестициските, барем кај нас! Има само среќа, нема економски закони, економски категории! Нема правила!
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Абе фондовите само го следат пазарот... Ништо повеќе... замисли се да си менаџер на инв. фонд.. И наоѓаш нешто многу потценето и го купуваш.. Таа година средството расти само 2% додека општо пазарот враќа 10%... Ти си автоматски отпуштен од работа, иако можеби инвестицијата што си ја направил е вредна и ќе врати три-четири пати повеќе од пазарот наредната година..се што е битно е годишниот профит.. Односно тешко можиш да најдиш менаџер на инв. фонд што се интересира само за вредност и долгорочни профити.. Повеќето се принудени да го следат пазарот. Одтаму ако решиш да инвестираш можеби подобра варијанта е сам да си донесиш одлуки за тоа што ќе купиш со помош на консултант.. И не верувам во купување индекс-фонд оти и нема некоја смисла... Нема логика дека има вредност во сите акции...

Инаку ако се одвива сценариото на reverse decoupling односно со тоа што растечките пазари се први приндуени да ја запрат ликвидноста и инфлацијата, додека западот ја маскира, можиме да очекуваме многу лоши резултати на фондовите за растечки пазари (со исклучок можеби на Русија).. Секако се е подобро од македонската најпопуларна форма на штедење - недвижнина.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Сега засега, воопшто не е добро инвестирање во ИФ. Говорам за последниве 3-4 години колку постојат овдека. Ќе повторам во дебели минуси се - над 35% од пред 3 години. Мафтаат со успешната 2009, на сајтот спам; ВО 2009 ГОДИНА ПРИНОСИТЕ НА ИЛИРИКА толку и толку.... и усте колку години ке оди тој спам? А реалноста е друга.... Еве и краткорочно не се добри воопшто; за 3 месеци (-1,5%) за 6 месеци (+6,32).... за 9 месеци (+4,3)... за 12 месеци (6,8%).....податоците може да се проверат на оваа страна:
http://www.anicazna.com/Fondovi.aspx?ID_Drzave=MKD
кога на овие приноси ќе се одземат влезно - излезни провизии, кои BTW се најголеми во регионот и кога ќе се плати данок на добивка, што ќе остане? Само приказните.
Инаку се сложувам дека и инвестирање во недвижнини е многу лоша инвестиција..... Останува како најдобри опции: златото или инвестирање во сопствен бизнис.
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
49
Поени од реакции
0
uf lele...ama ke prikupam udeli denovive...pod 60 dojdoa...kako kec na desetka...sega e momentot
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Купувај куме, можеби на 30 ке отидат! Купваааааај!:pos2: ..... што е ова, што се случува? Вчера и денес паднава уделите на *растечките* за 3,3 те 2%..... вкупно -8,6% годинава, што прават овие мајмуни од Илирика!? Ти рече дека одат накај 300, јас би рекол дека одат накај 30! Човек навистина неможе да се изначуди.... кога економиите на Кина, Бразил, Индија.... па и Русија бележат огромни растови на економијата и ги рушат сите рекорди..... Купувај куме, купувај сега, јасно е дека ке печалиш, ама прашањето е колку сега имаш *сила*да купиш онолку колку си купил во Октомври (рече дека си влегл во игра во Октомври)!.... Во Ноември и Декември уделот имаше фантастичен раст од 5-6 или 7 проценти.... ама биди искрен и кажи сега колку изгуби со овие минус 8,5% во 2011-та! Нема ништо од овие преваранти во отворените фондови....излези од кај тие преваранти и дојди тука да напраиме затворен инвестициски фонд. Идејата ја има tomsaso..... и ми изгледа многу реална и ОК.... многу е битно да одлучуваш каде да се вложува, битно е да бидеш господар на сопствените финансии. Тоа го овозможува приватниот те затворен инвестициски фонд. Овие отворените се тешки превари, работат надвор од сите економски закони.... Кој им е сега виновен? Гадафи и поскапувањето на нафтата? Земјотресот во Нов Зеланд? Штрајкот на стечајците овде или можеби тутунарите!? .... Пушти ги тие измамници! Повеќе му верувам на незавршен студент на Економски со големи познавања на материјата... кој би ги следел големите светски инвеститори. кој би вложувал во рудници на благородни метали, .... отколку на преварантите наречени отворени ИФ....
Знам јас што прават овие од отворените ИФ.... прават сензација! Сега мотивирани од намалувањето на каматите на штедните влогови, сакаат да привлечат многумина од штедачите.... но затоа им треба сензација! Реално со растот на економиите на брзо-растечките пазари би требало да расне и уделот во фондовите (растечки и БРИК).... реално би требало да бидат +7 до 8 а не (минус) -8 проценти! И сега за два-три месеци: ооооп ќе порасне уделот за десетина проценти и ќе излезат од инвестициските фондови со реклами да го *палат* народот како некои кои купиле во Февруари при што уделот бил 58, сега во Мај е 10% поголем и изнесува 64%! Ееееј за 2-3 месеци раст од 10%!!! А всушност за половина од 2011 уделот ќе биде САМО со раст од +2%!!! (сега е минус 8,5%).... Затоа куме можеби си во право, можеби треба да се купува (и ти им влезе во психологијата)..... МОЖЕБИ, реков можеби играат на оваа карта!? Ќе видиме.
За почетокот на годинава погодив (во Декември), незнам дали и за ова имам право....времето ќе покаже!
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
49
Поени од реакции
0
pa kupiv vise...

ako pripadnat denovive planiram da prikupam..i onaka od sega pa nataka mi e bez vlezna provizija...
ke krenat posle krizive niz afrika...ke vidis
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Од овој ли зависат РАСТЕЧКИТЕ? еееее тешко на развојот на економијата и прогресот во светот: шибер, шибер....бет, бет.... дар, дар..... зенга зенга..... фард фард :pos2:
(што реков?)
Ама што правиме полковникот победува сега во Џамахирија. Ги бомбардирал позициите на бунтовниците со сите два (пилоти) авиона што му останаа.
Да, да.... реков и погоре, го делам твоето мислење дека ке раснат. Би ме радувало и ЈИЕ да раснат.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Некој е овде луд! Или овие:
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137163
или оние кои се надеваат и им веруваат и вложуваат:
http://www.anicazna.com/Fond.aspx?ID_Portfelja=ILIRGLB-DFN
од Мај 2010 до Мај 2011 (-11,5%)
за 90 дена (-9,13%)
за 30 дена (-9,61%)
Моментално уделот е 56,- Денари, за потсетување пред 3-4 години стартуваше со вредност 100 Денари (тоа може да се види на нивниот сајт).... Значи уделот е блиску до половина вредност од оснивањето на фондот. Е сега се прашувам: како тоа се зголемил имотот под управување на фондот!? Кој тоа инвестирал во резултати -44% за 4 години (по минус 10 за секоја!) .... да не инвестирале од матичната куќа во Словенија? Или сеуште има овдека.....
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Eve gledam deka mnogu od Vas komentiraat za investicionite fondovi , pa bi sakal da prasm koj od Vas oma kupeno udeli vo nekoj fond,dali zarabotil ili izgubil pari ili samo taka povrsno si davate na znaenje deka se razbirate od investiranje. Pravilo vo svetot potocno vo Evropa i Amerika e investiranje vo penziski fondovi, potoa Investicioni fondovi, potoa akcii , pa na kraj depoziti vo banka. Nedvizninata ja ostavame nastrana.
Јас имам купено уддели во КД Фондови. Свесен сум дека влезните провизии им се нешто поголеми и од Илирика, но сега засега статистиките покажуваат дека се релативно поуспешни од останатите фондови низ Македонија. Свесен сум и дека последнава година вредноста на удделот е во генерално надолна линија, но токму овој кризен период е и идеален за инвестиции, така да штом начекам нагол пад на удделот, инвестирам. Штом помине 2012, полесно ќе се дише :)

Сепак, доколку целта ви е долгорочна (10-15-20 години), тогаш и покрај кризните периоди во инвестициските фондови излегува дека штедниот влог најмногу расте. Значи на краток рок ваквиот начин на шедење е ризичен, но на долг рок е одличен.

Ајде да не излегува дека промовирам штедење во инвестициски фондови, само си кажувам мој личен став. Сепак доколку би имал можност, нормално би купил и некое грамче злато/сребро, али пуста држава, не ни дава.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Јас имам купено уддели во КД Фондови. Свесен сум дека влезните провизии им се нешто поголеми и од Илирика, но сега засега статистиките покажуваат дека се релативно поуспешни од останатите фондови низ Македонија. Свесен сум и дека последнава година вредноста на удделот е во генерално надолна линија, но токму овој кризен период е и идеален за инвестиции, така да штом начекам нагол пад на удделот, инвестирам. Штом помине 2012, полесно ќе се дише :)

Сепак, доколку целта ви е долгорочна (10-15-20 години), тогаш и покрај кризните периоди во инвестициските фондови излегува дека штедниот влог најмногу расте. Значи на краток рок ваквиот начин на шедење е ризичен, но на долг рок е одличен.

Ајде да не излегува дека промовирам штедење во инвестициски фондови, само си кажувам мој личен став. Сепак доколку би имал можност, нормално би купил и некое грамче злато/сребро, али пуста држава, не ни дава.
КД Брик ??

Пази се тука... Лошо ќе биди.. Да имаше можност да се shorta Кина/Бразил можеби тоа ќе беше подобра варијанта... Финтанта е што кинеската берза има луди П/Е рацио од 25+ индикативно за балон... Кина затегнува моментално а тоа се гледа во тоа што берзата е надолу... Инаку провизиите се просто невероватни.. 2.5% на депозитна основа ??? 5% влезна провизија ??? .. Лошо...

Прашање е да ли dollar-carry моделот има напумпано балони во Емеџинг маркетс... Руските берзи треба да се потценети дефинитнвно... Кина да за валутата ако имаш депозит во банка ама не и берза на 25 П/е ... Бразил е жежок компир како и Индија.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
И во двете инвестирав, значи "КД Брик" и "КД Нова ЕУ". Иако втората делува релативно понесигурна, сега засега вади нешто подобри резултати од КД Брик. Се надевам овој кризен период ќе помине негде до крајот на годинава. Размислував дали КФ Фондови или Илирика, и излегува дека иако Илирика работи со поголем имот на фондот, првите имаат подобри портфолио менаџери и статистиките сега-засега кажуваат дека се поуспешни.

Инаку провизиите можат да бидат и помали, во зависност од сумата која се вложува. На пример јас платив 3.9%. Освен оваа влезна провизија има и управувачка провизија која е од %0.35 па надоле, повторно во зависност од вложената сума, која е инхерентно пресметана во вредноста на удделот, па инвеститорите не ја ни плаќаат дополнително. Други провизии нема. Незнам каква е ова депозитна основа?

А што е тоа "П/Е рацио" и "dollar-carry модел"? Изгледа ќе треба уште многу да читам :)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Свесен сум и дека последнава година вредноста на удделот е во генерално надолна линија, но токму овој кризен период е и идеален за инвестиции, така да штом начекам нагол пад на удделот, инвестирам. Штом помине 2012, полесно ќе се дише :)
Сепак, доколку целта ви е долгорочна (10-15-20 години), тогаш и покрај кризните периоди во инвестициските фондови излегува дека штедниот влог најмногу расте. Значи на краток рок ваквиот начин на шедење е ризичен, но на долг рок е одличен.




Незнам како, но слушајки ве тебе и останатите што инвестирате во ИФ....сепак успеваат овие од фондовите да ви го усадат ова во глава, бидејки го слушам по којзнае кој пат. Но никако не сум убеден во тоа. Сосема обратно го покажува времето. За 4 години Растечките на Илирика изгубија 44% (почнаа со цена од 100, сега се 56 Денари)... уделот на добар пат е да отиде и на половина! Тука некаде се и ЈИЕ (Југоисточна Европа).... Само во првата кризна година 2007 изгубива 32-33% од вредноста.... Таа година КД Фондови не работева, те почнава со работа следната.... инаку ќе ја доживееа истата судбина - погледни ја архивата на КД - БРИК Хрватска или Сковенија....таа година се со огромни падови, те загуби!
Најпрвин кога се појавија ИФ зборуваа за добивки по 3-4-5 години.... пред година две агитираа дека приходите се очекуваат за 6-7-8 години.... Ти сега велиш (а не ме чуди и овие од фондовите да го велат истото) за 10-15-20 години!.... Па добро, те прашувам: кој сериозно би инвестирал сега, за да има некаква добивка по 10 или 15 години? На крајот од краиштата кој го гарантира тоа, дека по 15 години ќе има добивка? НИКОЈ! И да се случи такво нешто по 15 години.... кој знае колку ќе изнесува реалната добивка тогаш?..... Ќе постои ли Европа, ќе постои ли Еврото по 15 или 20 години? Колку ќе вреди, те. колкава куповна моќ ќе има по 15 години? Претпоставувам знаеш дека и Еврото не е имуно на губење на вредноста!? Подложно е на инфлација и на губење на вредноста - во однос на храната, нафтата, енергенсите, ресурсите, водата, особено према златото, среброто, Јуанот, Доларот.... и тоа обратно пропорционално овие поскапуваат Еврото поевтинува.... Еве и под предпоставка на ЕУ да не и се појават во наредниот период; некоја нова Грција (еве гледаме повторно Грција), Ирска, Португалија.... и тн. и тн. и да претпоставиме дека Еврото ќе губи вредност како во своето *златно доба* цца 2-3% годишно! Ако просечно Еврото губи по 2,5% годишно тогаш за 15 години пријателе твоите (хипотетички) 10,000 Евра во КД Фондови станат 15,000, те 50% во плус, ти ќе бидеш само на свое! Земи дигитрон и сам провери:
1,025 Х 10,000 и удри 15 пати на рамно! И тоа во најдоброто сценарио! Јас би бил среќен кога со Еврото би било така долгорочно, бидејки нашиот Денар и економија се врзани за него.
Едно си во право: КД Фондови БРИК има многу подобри портофолио менаџери! Илирика се тотални лузери, почнувајки од Але.... па натаму до Ив.... дилетанти!
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
И во двете инвестирав, значи "КД Брик" и "КД Нова ЕУ". Иако втората делува релативно понесигурна, сега засега вади нешто подобри резултати од КД Брик. Се надевам овој кризен период ќе помине негде до крајот на годинава. Размислував дали КФ Фондови или Илирика, и излегува дека иако Илирика работи со поголем имот на фондот, првите имаат подобри портфолио менаџери и статистиките сега-засега кажуваат дека се поуспешни.

Инаку провизиите можат да бидат и помали, во зависност од сумата која се вложува. На пример јас платив 3.9%. Освен оваа влезна провизија има и управувачка провизија која е од %0.35 па надоле, повторно во зависност од вложената сума, која е инхерентно пресметана во вредноста на удделот, па инвеститорите не ја ни плаќаат дополнително. Други провизии нема. Незнам каква е ова депозитна основа?

А што е тоа "П/Е рацио" и "dollar-carry модел"? Изгледа ќе треба уште многу да читам :)
П/е ти е Price-to-earnings ratio.. т.е ти кажува колку денари даваш за секој денар добивка на компанијата.. тоа е однос на цената на акцијата во однос на нето добивката... од минатата година, проектирана од следната година или пак просечна од минантите 3, 5 , 10 години.. зависи до тоа кој го пресметуваа.. Колку е повисоко толку повеќе плаќаш за секој денар добивка на фирмата.. Во време на оптимизам П/Е е високо 15-40... Додека пак во време на песимизам е ниско 2-10.... Најдобро е да се спорди со пазарот или со слични фирми во индустријата.. Но треба да се гледа и апсолутната големина на П/Е..

Долар кери ти е мега финансиски инстиуции позајмуваат долари по 0% камата и пумпаат балони низ берзите на Кина, Индија итн.. исто се дешава да пумпаат и валути со високи камати.. пример AUDUSD има доста carry trade.. т.е се позајмуваат долари амерички и се купуваат австралиски и се заработува разликата во камата што не е мала 0-4.75=4.75%
т.е во недостаток на вистински камати и приноси, доларите пливаат низ светот и влегуваат таму каде што има приноси.. Ама ова е енормно секако оти количната на долари е енеромна.. а башка на 0% камата нема што многу да изгубиш...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom