Инвестициските фондови

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Финансиски моќните компании и физички лица во државата, најверојатно наскоро ќе имаат алтернатива за инвестирање на своите пари. Друштвото за управување со фондови Илирика Фунд Менаџмент, забрзано работи на отворањето Златен фонд...
Извор: *Бизнис* (14,12,2010) http://biznis24.com.mk/node/11802

е сега ме збунува следното она што го знаеме, го пишува во *Бизнис*:
Спорен е член 67 од Законот за инвестициски фондови, според кој, фондовите не смеат да вложуваат во благородни метали или во хартии од вредност врз основа на благородни метали.
....И се ми се чини дека тоа не е класично инвестирање во *ЗЛАТНИ ФОНДОВИ* како што тоа се прави во во држави каде што има такава законска регулатива вклучувајки ја Словенија и од годинава Хрватска. Туку користејки ја еуфоријата *Златна треска*... фино, елегантно, да се приберат поголеми средства и да се инвестира во акции на компании сопственици на рудници со злато. И многу издржана и многу економски мудра изјава на претставникот на Илирика: Ќе го има златото, но ако го однесе во златара да го продаде, тоа губи од вредноста, што значи, не се оплодиле парите. Ова е мноогу јака и издржана бизнис анализа, нема збор, и големите инвестициски фондови од Европа и Светот златото го носат кај *Рамче* златарот .... за да понатаму истиот заклучи: Со инвестирање во златен фонд, каде што се инвестира во рудници со злато, компании, реално преку пораст на вредноста на златото, парите на инвеститорот се оплодуваат....
Се оплодуваат несомнено бидејки вредноста на златото расне, но според мене акции од рудник за злато, може но и немора да го следи растот на цената на златото!
Според мене ова не е златен фонд! Бидејки за таков и нема регулатива, како што гледаме и од изјавата на претставникот на Илирика!

Грешиш малце друже

Акциите во златни рудници се вредувнаат по тоа колку имплицитна вредност во злато вреди една акција (колку унци по акција). По правило иститие ја следат цената на златото. Е сега точно е дека со оперативни неефикасности сите придобивки од пораст на цената на златото можат да се загубат. Но кога се работи за диверзификивано портфолијо скоро секогаш ја следи цената на златото и тоа надпропоционално. Практично акциите во рудниците за злато нудат одреден ливериџ кога се инвестира во злато. Понатаму акциите се делат на јуниори (порспектање на злато) и сениори(веќе воспоставни со познати оперативни трошоци по унца и познати залихи на злато во рудниците).

Акциите во златните фондови за мене се подобра алтернатива од инвестирање во физичко злато под услов да се работи за диверзификувано портфолио. Подобра алтернатива се поради фактот што ги избегнуваш трошоците за складирање и осигурување, а пак исто добиваш дивиденди од златните рудници.

Ако илирика направи златен фонд одма ќе купам колку што можам удели.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
КД Фондови работат многу попрофесионално од конкуренцијата, но да нема забуни исто како и Илирика се словенски инвестициски фонд.... тоа значи дека во бордот од 5 директори 3-ца се Словенци и воглавно тие одлучуваат каде ке се вложуваат парите на инвеститорите, те. ја следат политиката на инвестирање на централата во Словенија.... така е со сите ИФ на КД Фондови на Балканот: и во Србија, Хрватска, Босна.... и тн. Затоа индексите со помалку-повеќе процентуална разлика растат или паѓаат.... значи скоро секаде подеднакво! Тоа е сосема разумно, бидејки централата ја води политиката на вложување....
НА почетокот од постот реков дека работат по-професионално од Илирика, но тоа не значи дека имаат многу подобри резултати! Илирика ја анализираме 3 години, при што првата, во годината на светската економска криза имаа огромен пад на уделот од 40-тина проценти, за да втората направат раст од 27%... и оваа (трета) деновиве е некаде на 12-13% годишен принос. Веројатно со толку ке заврши годинава!?
КД Брик се поуспешни лани, имаа 38% зголемување на уделот... годинава се многу послаби, почнава со 139 а завршуваат со 156, значи тука некаде со Илирика + 12% .... Реков со мали нијанси истите резултати КБ ги постигна и во останатите свои претставништва ширум Балканот!... Но за да се има потполна слика, мора да се спомне и следното.... Како што им беа многу успешни години 2009 и оваа... толку речиси им беше неуспешна 2008, годината на депресијата!.... Е тогаш секаде, буквално секаде: и во Србија БИХ, Хрватска и во базата Словенија... Приходите им се преполовија! Паднаа за нешто над 50%.... значи инвеститорите БУЛА од 50%... Тоа значело ако некој инвеститор вложил 1000 Евра во 2008.... следната би имал удели кои вредат *само* 500!!!.... Доказ графиконот на КД БРИК - Хрватска, погледнете:
http://www.moj-fond.hr/fond/otvoreni_investicijski_fond_mp-bric-hr/hr-94.html
значи од графиконот можеме да видиме дека уделот кој на 03,03,2008 (почетокот на фондот) вредел над 400 Куни, во Декември неговата вредност е 202! Пад од 50%!!!.... Натаму гледаме дека слично како и во КД Брик - Македонија.... бележи раст од 200 на 366 за цееели 83,3%!
Што убаво звучи ова раст од 83,3% (од 200 + 83,3% = 366)... ама само за неук, или особено убаво звучи за брокер во ИФ.... инаку за инвеститор како може да звучи убаво: Изгубил 50%, а добил 83,3% - вложил 400 а сега има 366!... Немам намера сега некого да учам процентна сметка од и над сто, ниту што е *agio* или *disagio* .... Намерата ми е на еден потенцијален инвеститор, му укажам некои информации кои мора да ги знае.
За анализа за успешност на еден бизнис или Инвестициски фонд, не се зема само една или две години.... и само регионално овде што се случува, се зема малку поопсежна анализа. Сепак се работи за наши пари и наша одлука каде и како ќе се инвестира.

--- надополнето ---

Грешиш малце друже

Акциите во златни рудници се вредувнаат по тоа колку имплицитна вредност во злато вреди една акција (колку унци по акција). По правило иститие ја следат цената на златото. Е сега точно е дека со оперативни неефикасности сите придобивки од пораст на цената на златото можат да се загубат. Но кога се работи за диверзификивано портфолијо скоро секогаш ја следи цената на златото и тоа надпропоционално. Практично акциите во рудниците за злато нудат одреден ливериџ кога се инвестира во злато. Понатаму акциите се делат на јуниори (порспектање на злато) и сениори(веќе воспоставни со познати оперативни трошоци по унца и познати залихи на злато во рудниците).

Акциите во златните фондови за мене се подобра алтернатива од инвестирање во физичко злато под услов да се работи за диверзификувано портфолио. Подобра алтернатива се поради фактот што ги избегнуваш трошоците за складирање и осигурување, а пак исто добиваш дивиденди од златните рудници.

Ако илирика направи златен фонд одма ќе купам колку што можам удели.


Се сложувам со тебе воглавно.... но токму од она што го напиша (јас го болдирав) и би додал НЕТРАНСПАРЕНТНОСТА НА ИЛИРИКА ВО ВРСКА СО ИЗВЕШТАИТЕ...(за што ми се чини и ти пишуваше) јас сепак би сакал повеќе да вложам баш во онаков класичен *златен фонд* каков има во другите земји, кој што ќе го следи само.... и само растот на златото! Тука не ќе може Илирика или утре КБ, да не секса со изјави: Избил штрајк во рудник во Јужноафричка, сопреле робовите со работа, па акциите паднале, стрпете се ама само што не почнале да растат!.... туку едноставно си го следиш растот или падот на унцата... пример нагаѓам: лани беше 1,200 денес е 1,400 Долари... Чиста работа - знаеш колку си заработил!
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
49
Поени од реакции
0
ako rabotat kd poprofesionalno,togas zosto ilirika e duplo pobogat so paricina? toa me cudi...
 
Член од
20 март 2007
Мислења
28
Поени од реакции
0
dvata KD Fondovi imaat okolu 50 000 000 den . vo udeli , a Ilirika so dvata fondovi ima oklu 65 000 000 den. Toa znaci deka imaat priblizno isto .
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Не разбрав баш што е прашањето? Зошто Илирика е дупло побогата со паричинја?... Пари таа повеќе има во фондовите од КД? Дупло не би рекол, Илирика во двата фонда 66 мил Ден, КД - 50... Па еве да речеме подолго е на пазарот.... Колку е Илирика овде 3 години? 4 години? КД Публикум се 2 години!

Mislam deka i globalno Ilirika e pogolem fond.... no toa, kako i pobogatiot fond so koj raspolaga vo sporedba so KD nikako ne gi pravat pouspesni, bidejki toa ne se! Za uspesnost se pobitni nekoi drugi faktori otkolku debelinata na portfolioto.... NA PRIMER PRIHODITE OD UDELI.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
28
Поени од реакции
0
KB Publikum nema 50 000 000 den tuku 22 000 000 den , i ma eden fond Balansiracki toa znaci deka koga pod pretpostavka bi imal uste eden bi bile tuka negde priblizno site, i osnovan e 2009 g znaci godina ipol., i e razlicen fond od Ilirika i od KD Fondovi, za da bide jasno mora pojasnuvanje.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Не разбрав баш што е прашањето? Зошто Илирика е дупло побогата со паричинја?... Пари таа повеќе има во фондовите од КД? Дупло не би рекол, Илирика во двата фонда 66 мил Ден, КД - 50... Па еве да речеме подолго е на пазарот.... Колку е Илирика овде 3 години? 4 години? КД Публикум се 2 години!

Lapsus Calami, pardon! Mislev na *KD Group* .... toa od predhodniot text e verojatno jasno za koj fond zboruvam!?
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Кој е за да напрајме фонд за акции во рудници за злато/сребро ? 50.000 евра требаат само... Во врска со изброот нема што многу да му ја мислиме, можи да се следи индекс, а можи и да се оди на портфолијо избор на докажани странски брокерски куќи... Да отвориш ваков фонд прв е најпрофитабилен бизнис во македонија моментално.
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
49
Поени од реакции
0
site investiciski fondovi vejce ostvarija 1-2% prinos za samo nekolku dena vo 2011...osven inovo
na sto li se dolzi toa
 

fenomen

Сезнајко
Член од
17 јули 2008
Мислења
387
Поени од реакции
51
site investiciski fondovi vejce ostvarija 1-2% prinos za samo nekolku dena vo 2011...osven inovo
na sto li se dolzi toa
Баш би сакал да знам! Кажи твое мислење. - На што се должи тоа? :)
П.С.(сериозен сум)
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
49
Поени од реакции
0
Баш би сакал да знам! Кажи твое мислење. - На што се должи тоа? :)
П.С.(сериозен сум)
U.S. Services Expand at Fastest Pace Since 2006
U.S. Companies Added 297,000 Jobs in December, ADP Says
Goldman Invest-and-Advise Model Thrives With Facebook Deal
Strong US jobs data help stocks cut losses


FT has grown in every major readership survey in 2010


Nigerian State to Borrow 865 Billion Naira This Year
AIG offered up to $3bn for Taiwan unit





ne znam,no ova sto go pratam denovive na bloomberg,ft,yahoo finance,guardian i drugite svetski sajtovi me raduva dosta...
toa pogore se copy paste od denesnite naslovni storiii na pogorespomenatite sajtovi...pokazateli za svetskata ekonomija i predviduvanjata za 2011...
po priroda sum optimista pa pokraj sto stedam vo ilirika denes pocnav da kupuvam i akcii za prv pat vo zivotot...pa belkim za godina dve ke se isplati investiranjevo...a sto vikas
 

fenomen

Сезнајко
Член од
17 јули 2008
Мислења
387
Поени од реакции
51
U.S. Services Expand at Fastest Pace Since 2006
U.S. Companies Added 297,000 Jobs in December, ADP Says
Goldman Invest-and-Advise Model Thrives With Facebook Deal
Strong US jobs data help stocks cut losses


FT has grown in every major readership survey in 2010


Nigerian State to Borrow 865 Billion Naira This Year
AIG offered up to $3bn for Taiwan unit





ne znam,no ova sto go pratam denovive na bloomberg,ft,yahoo finance,guardian i drugite svetski sajtovi me raduva dosta...
toa pogore se copy paste od denesnite naslovni storiii na pogorespomenatite sajtovi...pokazateli za svetskata ekonomija i predviduvanjata za 2011...
po priroda sum optimista pa pokraj sto stedam vo ilirika denes pocnav da kupuvam i akcii za prv pat vo zivotot...pa belkim za godina dve ke se isplati investiranjevo...a sto vikas
Ти посакувам успешна година, и наредните секако.
А што акции купуваш во илирика. Може одговор по ПП!
поздрав.:smir:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Јас навистина во ниеден од овие текстови не видов причина за пораст на уделот на *БРИК* на КД или на *Растечките* Илирика! Тоа што го читаш на Блумберг, тоа е знак дека заздравува американското стопанство: Каде и колку ќе вложува Голдман Сакс или колку работни места се отворени на американскиот пазар.... (натаму не прочитав, можеби нешто сум пропуштил!?). но ова ама воопшто не влијае битно индексот на БРИК или на РАСТЕЧКИТЕ! Нели тие вложуваат на пазарите на Бразил, Русија, Индија и Кина (БРИК) тоа е скратеница на фондот на КД.... е сега растежот на американското стопанство може, но и немора да влијае на поголемиот раст на акциите во фирмите на земјите со растечки пазари (БРИК).... зошто велам НЕМОРА (да влијае) затоа што видовме дека при огромен пад на економиите на западните земји, особено на САД (во последнава економска криза)... економиите на БРИК повторно остваруваа одлични резултати: Кина со 9% раст, Индија и Бразил тука некаде....
Ти се прашуваш: На што се должи растот на уделите на растечките те. БРИК од 1,5% за неполна недела... и ги даваш анализите на Блумберг како една од причините за растот... Но јас ќе прашам по 10-ти пат: Зошто (ако не инвестираат во Словенечкото стопанство), *растечките* во времето на кризата (2008) потонаа за 30-тина проценти? Зошто од 100 паднаа на 60... денес на 64??? Нели вложуваат во растечките пазари на Индија, Кина, Бразил....економии кои и покрај светската криза И ВО 2008 ОТСТВАРУВАА ИЗВОНРЕДНИ РЕЗУЛТАТИ!!!??? Зошто таа година падна уделот на Илирика (во фондот растечки)?.... За воља на вистината КД Фондови не работеа овде таа година инаку ќе ги снајдеше иста судбина.... Погодете какви резултати имаше КД (Словенија) КД (Хрватска).... исто така ОЧАЈНИ!!! (-30-32%)
ЗОШТО? Прашувам зошто? Нешто тука не штима!!!
Што се однесува до оптимизмот... и јас сум непоправлив оптимист! Особено сега околу Нова Г, кога ми исплатива 9,2% камата... Ќе повторам: каматите за депозити последниве години се движева од 8,5 до 10,5%....што пак придонесе за 7 години штедачот да го дуплира капиталот!.... Нека ме убедуваат квази економски стручњаци дека сега 20,000 Евра вредат помалку те може помалку да се купи отколку пред 7 или 8 години со 10,000.- ... смешки невидени! Вредноста на Еврото паѓа, ама дај да не бидеме смешни, па неможе таа инфлација да е 50% за 7-8 години!
За Инвестициските фондови.... инвестирајте но ОПРЕЗНО!!! Ама ептен вишок пара ако имате.... И само во златен фонд, таму барем никој неможе да ве подјебава! Го следиш растот или падот на златото или среброто... А вака, во *растечки* ќе се чудиш од каде е растот, а уште повеќе ќе те чуди падот на уделот!
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Еве ќе продолжам со последната реченица од предходниот пост. Навистина неможам да се начудам ниту пак можам да најдам никаква логика за движењето на уделите во двата фонда на Илирика да речеме.... НИКАКВА ЕКОНОМСКА ЛОГИКА, НИКАКВИ ЕКОНОМСКИ ЗАКОНИТОСТИ ИЛИ КАТЕГОРИИ... Деновиве сведоци сме на извештаи за економското чудо на Индија и особено Кина која отствари двоцифрен раст на БНД (Индија со процент-два помалку).... знаеме дека истата таа Кина инвестира неколку трилиони Долари во американската економија, со што поседува добар дел од истата. Исто така на почетоков на годинава дознавме дека Кина ке купува и дел од Европската економија, купувајки хартии од вредност, обврзници и долгови на некои земји кои што влегова во *дип шит*, познато е - поради огромни надворешни долгови и исти така огромни буџетски дефицити и тн и тн.... Балканот е посебна приказна! Во кризава од 2008 сите одред со падови на Бруто нац. приходи.... Грција веќе пред банкрот, паѓаат цените на акциите, недвижностите особено обезвреднуваат!... Сироти по скоро 7 децении немајки што друго да прават, на Германија ќе и бараале воени репарации, за злосторствата што ги направија овие во Втората Св. војна окупирајки ја и Грција.... за сите тројца убиени Грци!... Бугарија е исто така со големи проблеми, како да не им беше *школа* хипотекарната криза во УСА.... тие продолжива да градат, највеќе да инвестираат во недвижнини - бизнис кој почна таму пред десетина и повеќе години, како доста профитабилен особено во туристичките места и Софија... за да сега во кризата истите тие недвижнини изгубат скоро половина од вредноста! Немаат веќе купувачи од странство.... и така сега на нивното море може да се пазари недвижнина о-хо-хоооо поевтина отколку во нашиот Охрид, или во Банско да речеме поред тоа што станува најголем скијачки центар во Јужна Европа, цените на становите се од 300 до 500 Евра/м2... и тн и тн...
Да се вратам сега на двата инвестициски фонда на Илирика. Лани за цела година РАСТЕЧКИТЕ ПАЗАРИ отстварива раст од 13% додека фондот ЈИЕ (југоисточна Европа) за цела 2010 не отстварива ни 3% раст! ЗА ДА ГОДИНАВА ЗА САМО 10 ДЕНА ДОСТИГНЕ НЕВЕРОЈАТНИ 5,5% РАСТ (СЕГА Е НА НИВО ОД 3,75%)..... ДОДЕКА РАСТЕЧКИТЕ ПАЗАРИ СЕ ЗАМИСЛЕТЕ ВО МИНУС ОД СКОРО 2%..... СОСЕМА НЕЛОГИЧНО СО ЕКОНОМСКИТЕ СЛУЧУВАЊА! Сега се прашувам: ДАЛИ НАВИСТИНА ПАРИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ СЕ ВЛОЖУВААТ ВО РАСТЕЧКИТЕ ПАЗАРИ НА КИНА ИНДИЈА БРАЗИЛ? ..... Ова се со инвестициските фондови ми изгледа како обичен рулет и ништо друго!
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Оваа 2011, како што ми се гледа, не им баш најсреќна на растечките и на брик фондовите??? дали вештачки ја пумпаа цената на уделот пред нова година само да ја завршат годината со повисок раст или друго нешто, ама маф им е есапот:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom