Инвестициските фондови

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Точно си разбрал, Гаде.
Разгледав ИЛИРИКА ЈИЕ
во оснвоа е Македонија. Комерцијана Банка, Топлификација, Скопски Пазар, Алкалоид итн. Ништо посебно може и сами да ги купите тие акции. Плус имаат доста депозити.
http://www.ilirika.com.mk/fileadmin/user_upload/fond/kvartalni_izvestai/JIE/2011/Kvartalen_izvestaj_ILIRIKA_JIE_30.09.2011.pdf
--- надополнето: Oct 29, 2011 9:19 PM ---
Да, токму тоа е диверзификација, разводнување на капиталот, те распределба на ризикот (као кинеската лови риба во повеќе реки, или нашата ставај ги јајцата во повеќе кошнички) - вложуваат во високоризични инвестиции (берзи на БРИК, рудници... бла,бла....) , вложуваат во сигурни инвестиции како хартии од вредност , депозити.... и ооооп ‘‘бруто за нето‘‘ минус 15-20% годишно! Јака диверзификација!!! Сигурност? НЕМА!!! тоа е сигурно... диверзификација не е сигурност, туку смалување на ризикот, или по нашки би рекле лешперење! :)
Ако некој влегол во 2009 и 2010. Направил повеќе пари од колку депозити. Диверификација е баш намалување на ризикот од големи падови. А немале депозити во 2008 ќе бидле во минус 50-80%. Но има цена нема голем раст. Се има и добри и лоши страни.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Уште едно noob прашање и доста е.Дали може граѓанин на РМ, то ест јас, да вложи во странски акции? Например, во Amazon?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Значи ако фондовите остваруваат раст помал од каматата која ја добивам во банките, какви се тие фондови? (Може ви го разводнав муабетов,sry.)
Фондовите оваа година, те од 14-ти Јануари кога го достигнава максимумот од 66,4, имаат континуиран пад и така денес имааат вредност од само 51,7.... тоа е пад од 22% но така не се анализира, реков погоре за 6 месеци се во минус 13,8% , за 9 мес загуба од 16,5, а за тековната календарска во минус од 18,5.... Е сега е едноставно да се пресмета: Доколку 10,000 Евра во Декември лани или на почеток на годинава ги сошила баба ти под душекот од креветот.... денеска имаш повторно 10,000,- (ако не ти ги украл некој! :)) Доколку исто толку во Јануари си инвестирал во ‘‘растечкиот фонд‘‘ на Илирика тогаш пред 6 месеци вредноста на уделите би изнесувала 8,600 (загуба од 1,300 Евра)... додека денес нивната вредност би изнесувала 8,150,- Евра (загуба од 1850 Евра!).... башка што и од фондот како влезни такси ќе ти земева цца 300-400 Евра!!! Додај ги на 1,850 и отиде ти со преку 20% загуба!.... Доколку пак толкав износ, крајот на минатата или почетокот на оваа, вложеше во Еуростандард Банка, за два месеци ќе добиеше камата (9,4%) од 920 Евра те. ќе имаше 10,920 Евра!
Значи Фондовите, не само што не обезбедуваат (ГОДИНАВА) па би рекол и 3 години наназад подобри приноси од банките (лани беше нерешено со банките), туку реков годинава остварива загуба. Колкава е ќе видиме уште два месеци, но сепак мислам дека ќе биде двоцифрена....
Ова беше статистика и анализа на досегашното движење на уделите и вложување во ИФ...
Сега моето мислење: Некаде таму во Светот или во некои подобри времиња, вложување во фондови е за инвеститорите исплатлива инвестиција, а се разбира и движечка сила за економиите на тие земји.... Овдека ИФ се многу лош избор за инвестирање, штедење... за да ти биде НАЈЈАСНО уделот пред 4-5 години кога почнава да работат изнесуваше 100 Денари, додека сега е на половина (51 Ден) - значи пад од 50%.....полоша дури и од ‘сламарицата‘ (душекот) на некоја баба, далеку полоша од она што си го одбрал ти штедењето, кое (иако годинава паднава каматите) една деценија се движат од 8 до 11%!.... За нето приход од 10% некои дури и крупни капиталисти од Европа, последниве 4 години се спремни да убијат!!!....
Е сега некои како Кристијан Стојчевски на Алфа ТВ, за акциите ќе речат: ‘‘Сега е моментот да се купат кога се евтини! Можеби се во право, а можеби и не се! Велам можеби и не се, бидејки истото го зборева кога од 100 паднава на 70... ‘‘Купете бидејки ќе одат на 150-160, е сега кога се обезвреднети му е шансата, само 70 Денари. Навали народе!‘‘.... Меѓутоа од 70 паднава на 60, па на 50 денес.... Види вака, од 51 најверојатно пред НГ кога пристигаат каматите па и по НГ кога стигаат дивидентите, можеби и ќе одат на 60 па и на 65 можеби.... но во скоро време па и долгорочно да одат на ‘свое‘ или на 150-160 како што очекуваа големите оптимисти (обично брокери или тесно поврзани со фондовите)...НЕМА ШАНСИ!....
Ќе оди горе уделот, но до 150, кад она ствар каже ку-ку!
Шо сте се фатиле за акции кај нас нема фирма како Гоогле па да инвестирате во нив ,тие во МК се тотално несигурна работа затоа бегајте од акции како од жив ѓаол.
Љупчо, овдека зборуваме за ИФ.... но ти си делумно во право за инвестирањето на берзата, важат истите правила. Што да кажам... треба да си ептен ‘ташаклија‘ да инвестираш сега кога се евтини и да продадеш на пролет или почеток на годината ко ќе поскапат. Но дали ќе биде така?... Тоа е привилегија на малкумина кои што на крајот на краиштата и ризикуваат! Некаде 4-5% од инвеститорите... Дека се навистина малку тие што ризикуваат, го кажува и берзата. Во период од месец два, прометот беше смешно мал. Семкарница ‘Зуко‘‘ правеше повеќе промет! Значи кога индексот на МБИ беше под 2,000 или Алкалоид 3800 или Макпетрол блиску до 20,000..... купива многу малку! Е сега хипотетички кога индексот ко ќе оди на 2,500, Алк на 4500-5000, а МП на 28 - 30,000.... само на Кајгана ќе има милион инвеститори кои купиле ‘бадава‘ (во Октомври 2011)! Да се нашалам малку и да им газам по живците на тукашните инвеститори на берзата.... сето тоа е хипотетички, нo нe e и неможно!.... Меѓутоа хазардерската храброст ја имаат малкумина! Велат на ризик се познава шизик!
Ризик коцка, рулет.... и ништо друго! Никакви економски логики нема тука, Корпоративните добивки воопшто не влијаат на висината на акциите. На пример КБ има огромна добивка, акцијата им отиде у пизду материну даун, Алкалоид исто така голема добивка, а акцијата од 4,000 им ојде на 3,000 Исто е и со МП, од 38,000 падна на близу 20,000, а втора компанија во РМ по отстварен приход!.... Значи движењето на акциитете зависи само од некои глобални движења во економијата (видовме сега со грчката криза паднава со простувањето на долговите пораснава) тие (индексите) го следат растот и падот на ЕУ и УСА берзите, и највеќе зависат од тоа дали ќе им се сони на странските инвеститори да дојдат и да ја раздвижат берзата ( и да ја измолзат), при што ќе почне да расне... при што и внатрешните инвеститори ќе брцнат во џеб и ќе купуваат, што ќе влиае акциите ќе пораснат, при широките народни маси ќе купат скапи акции од странските инвеститори кои во момент на растот ќе ги продаваат евтино купените акции!..тогаш кога ќе оценат дека ги ‘‘навлекле‘‘ домашните инвеститори на купување, ќе продаваат при што пак акциите ќе отидат вртоглаво надолу, при што оние што купиле, малку поскапо (домицилните инвеститори) ќе претрпат огромни загуби... и тн и тн.... (еееј јеби га многу ‘‘при што‘‘ ама сметам дека сум јасен!?)
Некогаш во дамнешни времиња, странските богати инвеститори на граѓаните на некои ‘‘банана држави‘‘ им продавале огледалца и газиени лампи во замена за нивните рудници, нафтени полиња... и сл. Денес дупат на друг начин! Не само што ти го бришат името....туку и го креираат индексот на берзата! Ќе ни го купат Алкалоид за 3800-4000, а Макпетрол за 20,000 по акција.... а ко ќе потпораснат малку најголемиот број овдешни инвеститори ќе купат Алк по 5000-6000 а МП по 30-35000 и ќе кружат приказни како Алк ќе биде 200 Евра ко ќе го купи Плива, а МП ќе биде 1000 Евра ко ќе го купи Шел.... и кога странците ќе излезат продавајки по 100 Евра првата и 500 втората.... повторно акциите вртоглаво ќе си дојдат на денашнава вредност! Странците ќе си отидат со десетина милиони ќар, некои локални каубоји исто ќе ушиќарат нешто, а ние до бесвест ќе расправаме.... дека беразата е добра инвестиција!.... За некои ретки, доколку реков си ташаклија и умееш да го намирисаш тоа и најважно тајмингот... ти ќе бидеш во тие 5-6% што ќе профитираат и тоа дебело! Останатите 95%.... мое сочуство!
Тоа е моето мислење.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Mozi da mi kazi nekoj vo prosek kolku bil rastot ili padot vo poslednite 3 godini na dvata investiciskite fondovi osnovani od KB i NLB ???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom