Инвестициони фондови

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Си ги фрлате парите за џабе во Генерали, WVP. Пола од парите ви ги земаат

Ама кога не разбирате што да ви правам.
Сака да ти каже дека ти земаат дел од ќарот, ако го има. Во принцип ризикот со нашите фондови е ист како и да стаиш во Вангард, а сепак они ќе ти земаат провизија за услугата. Некогаш таа провизија е разликата од ќар или загуба.

Значи немаш никаква корист од наш фонд освен ако апла не се разбираш, ама ако не се разбираш, не е баш паметно да си играш со инвестирање.
Ве разбирам што сакате да и кажете, само што проблемот е ако нема голем кеш за играње, Вангард од Македонија нема смисла.
Најдобро инвестирање во Вангард е константно, секој месец, или пак секои 3-4 месеци, така да некогаш ќе фатиш скапо, некогаш ефтино, ама на долг рок ќе бидеш таман (Dollar-Cost Averaging).
Проблемот од Македонија е што секоја трансакција кон странските фондови си бара и екстра банкарски трошоци (СВИФТ и тн). Така да ако не инвестираш на секое барем 1000 евра, не се исплати да фрлаш по 20-30 евра за секоја трансакција.

Ај подобајсни '' пола од парите ви ги зимаат''.
Мене до сега не ми ги земале и никогаш не сум паднала под влогот.
Ако не разбираш берза, и акции, она што се обидуваат да ти го кажат е дека е најисплатливо да играш со индекс фондови, а не менаџирани фондови како овој.
Примери за такви индекс фондови, со многу мали оперативни трошоци: Vanguard S&P 500 (VOO), SPDR S&P 500 ETF Trust (SPY), Fidelity 500 Index Fund (FXAIX) и тн.
За да инвестираш во овие фондови, ќе треба да регистрираш акаунт на некоја од странските брокери од типот на: Interactive Brokers, eToro, RobinHood и тн.
Јас ги користам Интерактив Брокерс, имаат прилично мали трошоци и се гигант, генерално средствата ти се сигурни.

Еве ти видеа да разбереш што е dollar cost averaging:

И еве да видеш што е интерактив брокерс:

За во банка ќе ти требаат следните документи:

Разгледај ја темата за тргување со Тргување со странски хартии од вредност и недвижности и Македонска берза (можеби инвестирање во МБИ 10 ти е подобра опција, за тоа не ти треба ИБ туку локален брокер), но за ова ќе ги прашаш дечките во темата, јас немам искуство со Македонија, не инвестирам воопшто на тамошната берза.
Македонска берза

Целата филозофија за купување надвор од мкд е што ќе треба да платиш поскапи трошоци за трансакција, ако можеш да собереш по 1000 евра на секои 3 месеци за инвестиција, тогаш веројатно нема да имаш проблем. Но, за префрлање на пример на 200-300 евра нема никаква логика да платиш 20-30 евра за трансакција, си го изгубила ќарот уште на старт.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.388
Имаш право за свитот, ама имаше некој на темата ставено друга опција со неколку долари провивизија. А и реално ти може да стаиш над 1000 евра на интерактив и потоа да уплаќаш периодично во вангард. На тој начин ќе ја тераш истата стратегија а еднаш ќе платиш за свифт.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Имаш право за свитот, ама имаше некој на темата ставено друга опција со неколку долари провивизија. А и реално ти може да стаиш над 1000 евра на интерактив и потоа да уплаќаш периодично во вангард. На тој начин ќе ја тераш истата стратегија а еднаш ќе платиш за свифт.
Ако добро се сеќавам ја спомнаа wise или некоја слична, но Интерактив се прилично зезнати кога станува збор за методот на плаќање, и не би ризикувал да си играм со такви финти.
Во минатото имав заглавено пари по странски кладилници со неттелер и скрил, страната поради некои ограничувања ги тргна како метод на плаќање, па со недели се објаснував со customer support да ми одобрат да ги извадам преку друг метод, триста верификации ми побараа.

Инаку да, ти може да ги префрлиш па да си вложуваш постепено, и тоа држи вода.
 
Тек да видиш интерактив каков супорт има. Не дај боже да ти затреба :D
Али останува втората опција за суми над 1000 евра. За испод тоа, нема ни што да бараш на берза.
 
Член од
18 август 2015
Мислења
181
Поени од реакции
95
Ако добро се сеќавам ја спомнаа wise или некоја слична, но Интерактив се прилично зезнати кога станува збор за методот на плаќање, и не би ризикувал да си играм со такви финти.
Во минатото имав заглавено пари по странски кладилници со неттелер и скрил, страната поради некои ограничувања ги тргна како метод на плаќање, па со недели се објаснував со customer support да ми одобрат да ги извадам преку друг метод, триста верификации ми побараа.

Инаку да, ти може да ги префрлиш па да си вложуваш постепено, и тоа држи вода.
Да, може со Wise, најефтин метод (најмали провизии)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Zasega samo deposit na Interactive, ama go koristam Wise postojano za vagjanje, imam izvadeno kartichka.
Дали Wise те прашува за која намена ги пушташ парите?
Дали од банка те имаат замарено за каква намена се трансакциите?
Бидејќи со ова излегува дека многу лесно може и да избегнеш даноци.

Она што мене ме плаши со ваквите методи е дали во иднина интерактив ќе бараат да ги вадиш преку истата метода со која си пуштал пари, пример некои обложувалници го тупат на тој начин.
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
550
Поени од реакции
738
Dali neko rabotel, raboti ili znae nešto poveke za WVP Fondovi vo Makedonija? Kolku se legit, dali vredi da se raboti za niv itn!

Imaat slična organizacija kako Lyoness no ipak mislam deka se po-seriozni, zatoa rešiv da prašuvam dali nekoj ima nekoe soznanie za niv!

Ako sum grešil tema, molam nekoj moderator da premesti kade treba. Barav vo "search", no, ne mi izleze ništo za niv.

Odnapred vi se zablagodaruvam za sekoja informacija.
 
Ne, standardna procedura za pustanje na pari, neli prethodno na interactive treba nekoja najava da se napravi deka ke pravish deposit.
A za vadenje da, i jas imam strav deka ke treba istiot metod da se koristi.
Ovoj tutorial mi pomogna:
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Процедурално dollar cost averaging не е дефиниран на кој период. Можеш секоја недела, можеш секој месец, можеш секоја година.

IBKR ми е малку ризично. Сепак Комерцијална е банка каде пак имам некаков ентитет тукашен на кој можам да се повикам не дај Боже.

Е ама 600 денари месечно, е ама провизија околу 40-50 евра по трансакција
 
За помали суми не се исплати. На 1000 еврс тоа ти е поише од 10 посто.. За вангард и тн нема логика.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.130
Поени од реакции
2.236
Како може да се инвестира кај нас индивидуално без банки и брокери?

Дали крипто дали друго, може преку апликации како еТоро и Binance?

Можам 500е одма и секој месец од 2 до 4 илјади.
 
Член од
28 јануари 2008
Мислења
298
Поени од реакции
68
Како може да се инвестира кај нас индивидуално без банки и брокери?

Дали крипто дали друго, може преку апликации како еТоро и Binance?

Можам 500е одма и секој месец од 2 до 4 илјади.
Можеш со binance, cexio, kucoin или trustwallet да купуваш крипто (имаш и други, овие јас ги имам користено. Сепак binance e најдобрата опција, имаш најголем избор на stacking)
Можеш преку interactive brokers да купуваш акции

На binance минимум мислам беше 50$ (max немаш проблем :) ), можеш и да си поставиш секој месец да купуваш за одредена сума итн

п.с сега е 15$ - 20000$
 
Последно уредено:
Член од
10 март 2022
Мислења
210
Поени од реакции
411
Dali neko rabotel, raboti ili znae nešto poveke za WVP Fondovi vo Makedonija? Kolku se legit, dali vredi da se raboti za niv itn!

Imaat slična organizacija kako Lyoness no ipak mislam deka se po-seriozni, zatoa rešiv da prašuvam dali nekoj ima nekoe soznanie za niv!

Ako sum grešil tema, molam nekoj moderator da premesti kade treba. Barav vo "search", no, ne mi izleze ništo za niv.

Odnapred vi se zablagodaruvam za sekoja informacija.
Тешки фекалии се. Јас имав комбинација инвестициски фонд и животно осигурување. Испадна на крај дека во банка да ги даваш парите поише ќе ќариш и ќе ги имаш на располагање во секое време. Башка дека се инвестициски фонд имаат оправдание да ти ги изгубат дел од парите. Ако ти затребаат парите после 3 години можеш да повлечеш околу 35%. Истотака кога ќе треба да земеш пари од нив магично стануваат математичари левел предшколска возраст и ќе ти понудат 20%, ако помине помине ако не ќе се извинат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom