Инвестициони фондови

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
повеќе информации, нешто конкретно за процедурата?
Отвораш сметка на ИБРК може и Илирика.си И правиш ИБАН и тргуваш на кратко кажано има посебна тема за ова.
 
Член од
5 јануари 2016
Мислења
3
Поени од реакции
4
Како и други овде, еве имам некој вишак пари и барам чаре за нив. Наместо помош се изначитав тон глупости на поединци кои само ја матат водата и гледам дека ретко кој овдека има познавање на материјата. Темата ви е инвестициски фондови- тоа значи прилично комплексна материја но ако треба да се поедностави се се сведува на очекување и степен на ризик кој сте спремни да го трпите. Провизиите оставете ги на страна и никогаш не ги мерите затоа што ако фондот прави пари, вие тоа го гледате на нето основа и камо среќа да прави доволно, онда нема да ве занима провизијата. На крајот на денот експертизата чини пари.

Од аспект на принос, мерете баби со баби и жаби со жаби, т.е акциски со акциски, паричен со паричен, мешан со мешан.Тоа е домашна задача број еден за секој инвеститор која и не е толку тешка и прилично лесно се завршува. Нијанса понапредно ниво е да расчачкате волатилност во рамки на фонд кога ги споредувате и тоа е тоа. После се се сведува на она што вие го очекувате и колку поднесувате ризик, бидејќи овде треба да се размислува подолгорочно.

За акции и странски берзи нема да зборувам пошто не познавам човек што инвестирал сам таму и излегол победник. Значи да инвестира, а не да се коцка. Поздрав!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482

Ти дојде овде да бараш или да делиш совети?
 
Член од
5 јануари 2016
Мислења
3
Поени од реакции
4
Ти дојде овде да бараш или да делиш совети?
прво барав онлајн некои информации, па налетав на форумов, па прочитав "совети", па викам ај да споделам искуство, пошто нели една од функциите на форумите е тоа. ок е сега? :)
 
D

Deleted member 95595

Гостин

Шо те интересират најмногу прашај, јас ќе ти кажам
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Летово барав и читав за фондови и на крај се одлучив за генерали во акцискиот топ бреднови.
Август направив прва уплата и месецов пак, ги ставив на дологорочен план минимум 3год.
Сега се мислам за генерали кеш депозит дали да ставам.

Ако има некој што вложил кај нив или има некакво искуство нека пише.
 
Sho ke ti e kesh depozit?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.345
Поени од реакции
7.466
Кеш Фонд преку ВФП нема влезна ниту излезна провизија. Мислам дека и кај конкуренцијата е слично.
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Кеш Фонд преку ВФП нема влезна ниту излезна провизија. Мислам дека и кај конкуренцијата е слично.
Не знам за овие може да немаат ама Генералии имаат јас кај нив вложив.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Си ги фрлате парите за џабе во Генерали, WVP. Пола од парите ви ги земаат

Ама кога не разбирате што да ви правам.
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Си ги фрлате парите за џабе во Генерали, WVP. Пола од парите ви ги земаат

Ама кога не разбирате што да ви правам.
Ај подобајсни '' пола од парите ви ги зимаат''.
Мене до сега не ми ги земале и никогаш не сум паднала под влогот.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Ај подобајсни '' пола од парите ви ги зимаат''.
Мене до сега не ми ги земале и никогаш не сум паднала под влогот.
Сака да ти каже дека ти земаат дел од ќарот, ако го има. Во принцип ризикот со нашите фондови е ист како и да стаиш во Вангард, а сепак они ќе ти земаат провизија за услугата. Некогаш таа провизија е разликата од ќар или загуба.

Значи немаш никаква корист од наш фонд освен ако апла не се разбираш, ама ако не се разбираш, не е баш паметно да си играш со инвестирање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom