Инвестициони фондови

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.487
Поени од реакции
7.978
Тешки фекалии се. Јас имав комбинација инвестициски фонд и животно осигурување. Испадна на крај дека во банка да ги даваш парите поише ќе ќариш и ќе ги имаш на располагање во секое време. Башка дека се инвестициски фонд имаат оправдание да ти ги изгубат дел од парите. Ако ти затребаат парите после 3 години можеш да повлечеш околу 35%. Истотака кога ќе треба да земеш пари од нив магично стануваат математичари левел предшколска возраст и ќе ти понудат 20%, ако помине помине ако не ќе се извинат.
На задната страна од полисата ти пишува кога колку можеш да повлечеш. Јас кога продавав животно осигурување тоа беше една од првите работи што им ги покажував на клиентите. На лош продавач си налетал, јбг.

@leg0las Како бизнис се одлично место за работа, нормално доколку го имаш драјвот сам да се поттикнуваш себе си да работиш.
И давај целосно инфо за продуктите, не криј податоци поради кои после ќе имаш незадоволни клиенти како Даниел92.
 
Член од
10 март 2022
Мислења
210
Поени од реакции
411

Реално легална измама е. На задната страна пишуваше можеш да си вратиш 90% од акумулираните средства со добивката демек од берза, а нигде не пишува дека 50% ти идат во инвестициски а другите 50% во животно. А акумулираните испадна биле само тие од инвестицискиот. Фактички да си вратиш помалку од пола, нормално со изговор дека пандемија е и криза морално е губење средства. Можам да замислам сега како се вадат дека рецесија е. Пак ќе кажам тешки фекалии. Да ги правдаш дека на задната страна ги пишува условите е доволен показател и за тебе.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
На задната страна од полисата ти пишува кога колку можеш да повлечеш. Јас кога продавав животно осигурување тоа беше една од првите работи што им ги покажував на клиентите. На лош продавач си налетал, јбг.

@leg0las Како бизнис се одлично место за работа, нормално доколку го имаш драјвот сам да се поттикнуваш себе си да работиш.
И давај целосно инфо за продуктите, не криј податоци поради кои после ќе имаш незадоволни клиенти како Даниел92.
Друже со чест на исклучоци, ама 90% од тие што се во ваквите глупости се спремни да ги заебат и домашните.
Мене ми го имаат нудено фондов неколку особи, дури и ме викнаа на некој zoom call со 200 души во него, каде што еден типац се расфрлаше со бројки. Ниту еден од тие што ми го нудеа не седна да ми ги објасни проблемите самиот.

Уште појако е што ваква работа продаваат луѓе кои немаат појма да си ги менаџираат ни своите финансии, само не ми е јасно дали се свесни дека ако заебат некој за голема сума може и да ги рокне.

Чисто од љубопитност, како оди заработката од ова, дали земаш процент на тоа што некој го инвестирал, или?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.487
Поени од реакции
7.978
Чисто од љубопитност, како оди заработката од ова, дали земаш процент на тоа што некој го инвестирал, или?
Како и во секој нормален продажен бизнис добиваш процент од продажба (процент од влезната провизија) и добиваш управувачка провизија на средствата кои твоите клиенти ги имаат во ВФП Премиум.

Кај животното осигурување има формула по која се пресметува колку ќе добиеш за секоја полиса која ќе ја продадеш.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
Тешки фекалии се. Јас имав комбинација инвестициски фонд и животно осигурување. Испадна на крај дека во банка да ги даваш парите поише ќе ќариш и ќе ги имаш на располагање во секое време. Башка дека се инвестициски фонд имаат оправдание да ти ги изгубат дел од парите. Ако ти затребаат парите после 3 години можеш да повлечеш околу 35%. Истотака кога ќе треба да земеш пари од нив магично стануваат математичари левел предшколска возраст и ќе ти понудат 20%, ако помине помине ако не ќе се извинат.
каква комбинација со осигурување? може повеќе инфо? јас знаев само за инвестицискиот фонд ... а од него ваљда можеш 100% да повлечеш средства ... :cautious:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.875
Поени од реакции
42.552
значи у овие инвестициски инвестираш и повеќе не ги глеаш парите
 
Член од
10 март 2022
Мислења
210
Поени од реакции
411
каква комбинација со осигурување? може повеќе инфо? јас знаев само за инвестицискиот фонд ... а од него ваљда можеш 100% да повлечеш средства ... :cautious:
Животно осигурување и инвестициски фонд заедно уплаќав. WFP life invest мислам дека се викаше пакетот. 3 години беа задолжителни да ги плаќаш за понатаму демек да ти бидат достапни сите во било кое време 100% + 10% годишна камата бидејќи демек вложуваат само во 50-те најдобри компании во светот и единствено тој е сигурниот начин на добивка. Така и пишуваше на полисата. По 3 исплатени години решив да ги тестирам да видам колку можам да извадам. Испадна дека можам да добијам само 40%. За истите чекав може и месец дена. Иначе агентот што ти ја продал полисата магично ќе снема време и за телефон да крене, иако пред да ставиш потпис е спремен и да ти го лапне еднаш(ќе те носи на ручек и сл.). Вади си кешот дур можеш и скрати си ја загубата. Обично некој познат вака те заебува. Откако не се согласував со исплатата ми извадија договор од низата документи што сум ги потпишувал кај нив кај што има цел амортизационен план(само за делот животно осигурување) ,и според тој план требаше буквално до истекот на полисата да вршам исплата за да само си ги вратам парите а полисата беше на 25 години. И кога земав до последна буква да ги читам сите тие документи кои што беа повеќе од 10 страни испадна дека немам ни животно осигурување бидејќи во случај смрт беа исклучени несреќни случаи, убиство, сообраќајка итн. Единствено ако се стекнеш со болест, рак или слично да ти важи, што во случај на млад човек е мала веројатност. Фактички они се обложуваат на скоро сигурно а со оглед и на повеќе такви полиси се 100% профит. За инвестицискиот фонд беа некои удели во прашање што ги сфатив како акции и нивната вредност ја има на страната нивна. Како и да е претпоставувам дека незнаеш кој е бројот на твои удели. Моја грешка беше што ми се јави копилето "пријател" дојди за потпис уште само 5 мин работа и не те задржувам, а ми дава материјал за читање пола саат и места за потпис преку 20. Требаше да ги земам само и да излезам а не одма да ги потпишам. Реално треба да се подобро законски регулирани бидејќи тоа што го пишува на полисата често не е во согласност со договорот. Понатаму сретнав и уште 5 6 луѓе со осигурувања и инвестициски фондови кај нив. Сите беа со исто искуство како мене освен еден кој што плаќал 30 евра месечно 10 години животно осигурување и ги исплатил комплетно за само да му ја вратат истата сума вложена а не премијата пошо не умрел ебате. Подалеку од винер за било што.
 
Ако разбрав добро, со парите од осигурувањето имаше проблем ... а инвестицискиот фонд? 50-50 поделбата на уплатата беше?
 
Член од
10 март 2022
Мислења
210
Поени од реакции
411
Ако разбрав добро, со парите од осигурувањето имаше проблем ... а инвестицискиот фонд? 50-50 поделбата на уплатата беше?
Не памтам али мислам дека варираше околу 50-50 поделбата али сакам да ти кажам дека уште полоша е оваа опција бидејќи буквално мислам се во позиција да те шибаат како сакаат. Корона било, војна имало, рецесија, инфлација итн. Бар сега во моментов мислам дека изборот за оправдание да ти ги изгубат патите им е врв. Пробај, јави се, види колку можеш да извадиш процентуално и пиши тука, баш ме интересира.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.487
Поени од реакции
7.978
На задната страна од секоја полиса за осигурување на живот има табела на која се напишани износите за откуп и капитализација.
Полиси за житовно осигурување во земјава се прават скоро 20 години ама ќе треба да поминат уште 20 за народот да ги сфати како функционираат.
 
Член од
18 август 2015
Мислења
181
Поени од реакции
95
Има ли некоја полиса за животно осигурување, добра?
Класично животно (подалеку од инвестициски)
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
Не памтам али мислам дека варираше околу 50-50 поделбата али сакам да ти кажам дека уште полоша е оваа опција бидејќи буквално мислам се во позиција да те шибаат како сакаат. Корона било, војна имало, рецесија, инфлација итн. Бар сега во моментов мислам дека изборот за оправдание да ти ги изгубат патите им е врв. Пробај, јави се, види колку можеш да извадиш процентуално и пиши тука, баш ме интересира.
за инвестициски имам прашано, неам пробано ... ќе си можел да подигниш колку сакаш во зависно од цената на уделот ... затоа ти побарав повеќе информации ... за осигурување не знам ...
 
Член од
10 март 2022
Мислења
210
Поени од реакции
411
за инвестициски имам прашано, неам пробано ... ќе си можел да подигниш колку сакаш во зависно од цената на уделот ... затоа ти побарав повеќе информации ... за осигурување не знам ...
Побарај договор разгледај го и размисли. Од мене реално веќе денар не гледаат . Дури ни за обично патнично осигурување од 150 денари, а најмалку пак за инвестиција. Тоа што се оградуваат од овој "брокеров" мене што ми ја продал полисата, демек он е надворешен(не бил вработен кај нив само на процент), ако он не ти пренел инфо како што треба, ние не сме криви, доволно ти кажува за нив. Дури имам слушнато но незнам колку е точно дека на луѓето со животно осигурување, во 2020 им го имаат изменето договорот (без нивна согласност) за да се вметне ставка дека нема исплата ако осигуреникот умре од заразни болести(ковид-19). Јас се заебав тогаш пред 8 9 години тазе излезен од факултет, првпат вработен и наивен дека чим постариве околу мене уплаќаат, сигурно е паметно и јас да уплаќам. Уште еден совет, било што ако правиш со нив, прашањата твои кои почнуваат со КОЛКУ секогаш дискутирај ги со актуар седнат на пц со апликација за пресметка во компанијата. "Брокериве" што дркаат на Џордан Белфорт, пробуваат да го "манифестираат" волкот од волстрит во нивниот живот, имаат слика на фб со пура и слични патологии одјебувај ги што повеќе. Реално и да нејќат да те измамат, тие калкулации со уделите се научна фантастика за нив. Замисли си ти колку треба да си без интелигенција, без вештини, без желба за работа и самоусовршување, да акаш по Скопје да молиш , да сс лигавиш и пушиш за некој да ти купи полиса. Само размисли...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Животното осигурување носи екстремно мали приноси и за млад човек е апсурдно да го купи. Под 45 години треба да инвестира во поризични инвестиции зошто ќе има повисоки приноси а волитилитетот ќе го поднесе лесно бидејќи не планира наскоро да оди во пензија. Животно осигурување е за постари лица инвестициски е за млади. Волитилитетот треба да научите да го трпите.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom