Прво: Браво за Минчо Макстил, како и повеќе пати до сега, покажа дека е голем подржувач на македонскиот спорт.
Второ: Гледам дека има многу нејаснотии околу картите и добитниците.
Јас бев регуларно извлечен, и ме исконтактираа преку e-mail. Во истиот тој mail, пишуваше да бидеме пред железничка станица во 4 саатот. Никој не им ги напика со сила моите податоци таму за да ме извлечат. Едноставно побараа податоци, им се дадоа, ме извлекоа, зошто да не одам, кога и онака посакував да отидам.
Трето: Бев пред железничка станица во 3:55. Значи сум стигнал на време, арно ама, кога дојдов, веќе имаше околу 400-500 луѓе, од кои од прилика половина влегоа.
Е сега за влегувањето. НА ГЛАВНАТА ВРАТА, стоеа полицајците кои НЕ ПРОВЕРУВАА ништо. Се пуштаа во групи од по неколку луѓе 5-6, откога тие пред нив, ќе ги провереа горе. Значи полцајците на главната врата само регулираа колкумина ќе влезат, не проверуваа ниту лична карта, ниту пасош ни ништо. Откога ќе те пуштеа полицајците, после тоа имало контрола, каде се проверувале добитниците. Дали на скалите за нагоре, дали пред скалите, во секој случај тоа било внатре.
Непобитен факт е дека намалку 100 добитници останавме надвор, И НИКОЈ од нив не е будала да доаѓа само затоа што си го видел името. Сите тие или добиле mail, или им се јавиле.
Четврто: Полицијата на крај НЕ тепаше никого, туку само туркаше, и не дозволуваа да се снима, а и тешко беше да се направи видео во таа гужва, кога почна турканицата со полицијата, возот веќе беше тргнат, и повеќето од разочараните си беа отидени.
Верувале или не, ваш проблем.
Навистина ми беше криво затоа што не отидов, но кога ги видов сите тие луѓе дојдени од сите страни на Македонија... едноставно... без коментар. Никој од нив не каснеше, сите беа на време, но очигледно внатре се пуштале луѓе уште од 2 саат.
Македонија над се