Илјада билети и бесплатен превоз со воз за Македонија-Полска

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Јас бев во саботата на натпреварот со Данска и поштено си платив, 4000 денари (карта и автобуски превоз) преку Игуана турс, иако на картата пишуваше цена:750 динари што во превод му доаѓа помалку од 500 денари. јбг се дешава :tapp:

Вчера вечерта ми се јави другар и ми кажа дека го извлекле, на почеток се почуствував глупо, пошто јас сум платил 4 илјадарки, а он ќе иде гага, али кога видов денес што се случувало на железничка и не ми е жал.

Од сабајле се раширија многу различни приказни и искрено ми се сумљиви, па затоа ќе почекам да се вратат тие што биле таму да кажат или пак некое клипче ако излезе што алфите со осмолетка не успеале да го избришат.

До тогаш, оладете со политика и да навиваме ЗА МАКЕДОНИЈА \o/ :vozbud:
 
Отидовме на железничка,возовите беа пуни,си се качија луѓе без карта,извлечените останаа надвор(некој дел од нив)Имаше околу 200-300 луѓе извлечени што си останаа во Скопје.
Сеа и другар ми потврди, го глеам на фејс онлајн, го прашав зашто е уште во СК ми го дава линкот од Скај.мк и плусинфо, се што пишувало таму на лице место видел, ми вика да не ти објаснувам тука се некој друг објаснил.

Значи не е ова пуштено инфо за да се плука на акцијава туку стварно бајаги луѓе не отишле во Белград а биле на списокот, според некои 500, според некои 300, другаров сеа ми вика накај 200, у секој случај никој не се нафатил да брои во вакви моменти, инфото од плусинфо дека ги буткале и слично е точно.

Срамота.
 
Дал воопшто некој некаде има загледано клип со дешавките од ноќеска ? Просто ми е неверојатно дека никој не успеал нешто ако снимил да не врати, или да не го скрил... Жалам ако навистина некои извлечени и покрај трошоците до железничка не успеале да се качат но сепак ова е интернет, кој бар засега колку толку е слободен кај нас, нешто бар како слика мора да поминало ...
 
Ај ако може некој на кратко да ми објасни што уствари се десило..да не читам 666 страни наназад..фала .
 
Ај ако може некој на кратко да ми објасни што уствари се десило..да не читам 666 страни наназад..фала .
како бе незнаеш? па у позадина има слика од тебе како го возиш возот чоече не се прај сеа будала тука дека незнаеш :D

башка тоа и леандра лајк ти стајла на сликана кај шо го управљаш експреснион првокласен авионски воз. ај скорлај малце поназад едно 3 4 страни!
 
Ова од Точка е не знам колку е веродостојно!
Револтирани граѓани кои вчера биле извлечени за бесплатно патување на натпреварот Македонија – Полска во Белград велат дека откако поради непознати причини не успеале да се качат на возот за Белград, полицијата насилно ги истуркала од Железничката станица.

Стефан Рајчиновски од Скопје, кој бил еден од добитниците на бесплатното патување во мејл испратен до нашата редакција пишува дека на железничката станица пристигнал уште во четири часот како што му било кажано, но и по околу два часа чекање на успеал да се качи во возот.

“Надвор бевме накај 500 луѓе, помина веќе 40 минути од закажаното време, а од народов помнаа некои 200 луѓе. Негде накај 5:30 часот редот престана да се движи, надвор останавме накај 100 луѓе, сите со личните карти во раце, спремни да не проверат на список. Почна да се ствара револт кај сите, бидејќи стоевме веќе 30 минути во место. Луѓе изреволтирани почнаа полека да си одат, луѓето викаа кој ќе им ја плати нафтата за патот што дошле до Скопје“, пишува Рајчиновски.

Кратко време потоа слушнале како возот тргнува без нив. Рајчиновски вели дека му се јавил на другар кој успеал да се качи во возот и тој му рекол дека во возот за Белград имало околу 200 лица без карти.

“После ова, полицајците наеднаш сите излегоа од железничката и не истуркаа напред, викајки да си одиме, однесувајќи се грубо кон нас, ние на место извинување, за малце ќе добиевме ќотек, не дојде никој одговорен да ни појасни како е ситуацијата. Јас почнав да ја снимам ситуацијата бидејќи настана голема труканица, полицајците се однесуваа спрема нас како ние да сме направиле нешто лошо“, пишува во писмото скопјанецот.

Тој тврди дека неколкумина полицајци почнале да му се закануваат поради снимањето на настанот, поради што бил принуден да ја избрише снимката.

“Ова е настан кој никогаш нема да го заборавам, ова е голем срам за владата“, вели на крајот Рајчиновски.

Владата синоќа за 1.000 граѓани додели бесплатно патување и карти за натпреварот Македонија – Полска на Европското ракометно првенство во Белград, Србија.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски во изјава за Канал 5 вели дека “одговорно тврди дека стотината што не успеал да се качат во возот не биле добитници на лотаријата, бидејќи направиле три контроли“.
 
Што поминало кај нас во најдобар ред па и ова да помине ?
Глупости и срамота само тоа можам да кажам.
 
Ај ако може некој на кратко да ми објасни што уствари се десило..да не читам 666 страни наназад..фала .
Го има списокот на извлечени и на едно место пишува leandra <3 citro :D
 
како бе незнаеш? па у позадина има слика од тебе како го возиш возот чоече не се прај сеа будала тука дека незнаеш :D

башка тоа и леандра лајк ти стајла на сликана кај шо го управљаш експреснион првокласен авионски воз. ај скорлај малце поназад едно 3 4 страни!

Ја сум машиновоџата да :D Уште што нема да ме прогласите дека сум,од вмровец,до шпиун на Грујо па на крај и машиновоџа :P

Мене не ме извлекоа,а сега гледам некои нереди, а 200 верзии што како било..
 
И.Р janko 200km od bitola naprajv za da stignami me vrakaat nema mesto mi vikaat ne e ziv sram

М.С интегрално ви ја пренесуам пораката од едн пријател у возот.......kalakurnica bese no imase lugje bez da gi ima na spisok nekoi dobile dve karta imase i lugje bez licna karta sepak jas vlegov iako Vasko e vo drugiot vagon ke se najdime.poz

Од кај Јанко што коментирале.
Мене не ме извлекоа,а сега гледам некои нереди, а 200 верзии што како било..
Верзијата е една единствена, само се варира со бројките кои во сите муабети се големи, над 100 сигурно не влегле, а тоа е најмалку битно.
Муабетот од различни страни кој доаѓа а е од луѓе кои биле присутни таму е тоа дека иако имале карта, ги вратиле зашто немало место, и имало туракници и се тоа што е и нормално во една ваква ситуација, тебе нема сеедно да ти е од друг град на времево да патуваш да мрзнеш у СК и да те вратат со такво образложение а имаш карта, нормално дека ќе има некоја инцидентна ситуација.

Подобро ќе беше ова воопшто да не се организираше, никој немаше да замери, ене кај е Белград, кој сака може во сопствена режија без проблем да оди или преку некоја агенција, вака ова 5 до 12 беше организирано, очекувано е во една ваква ситуација да излезат вакви проблеми, бајаги се избрукаа.
 
Дали во овие 1000 бесплатни влезници се предвидени и местата на пола АМС и новинарите ?
--- надополнето: 23 јануари 2012 во 16:06 ---
Комшика која не доби карта вчера, ја видов сеа во Белград со тие "добитниците". :tapp:
Се телепортирала :pos: Не те извлекоа и тебе или грешка сум ?
 
Се телепортирала :pos: Не те извлекоа и тебе или грешка сум ?

Грешка си. Се телепортирала со другата комшика што доби карта. Ете како влегле плус луѓе на друг начин. Самоил сигурно си заземал сепаре у воз со плус 6 луѓе негови.
 
Ја сум машиновоџата да :D Уште што нема да ме прогласите дека сум,од вмровец,до шпиун на Грујо па на крај и машиновоџа :P

Мене не ме извлекоа,а сега гледам некои нереди, а 200 верзии што како било..

наградно прашање за 1000 влезници:

Цитро е:
а. машиновоџата
б. вмровец
в. шпиун на грујо
г. кајганџија
д. ништо од горенаведеното
ѓ. се од горенаведеното

точниот одговор ке го кажеме на форумот на кајгана а честа точниот одговор да го соопшти ке ја има модераторката на подфорумот љубов и секс - Леандра.
За повеќе информации www.forum.kajgana.com -
извор: Кајгана - Информации од прва рака!

абе цитро цитро.... не те напраив ја машиновозач бе брат погледни наназад низ постовите ја не те напднав воопшто незнам зашо се лутиш. :) а гледам бајаги функции имаш у нашава држава ( според одредени членови) како ли само постигнуваш да ја обавиш секоја функција алал ти вера. а и платата сигурно кога ке ја собереш од 5 6 места искаќа едно 80 000 а ?
 
за овоа околу организацијата со картите само ќе речам...ТРАЖИЛИ СТЕ ГЛЕДАЈТЕ!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom