Илјада билети и бесплатен превоз со воз за Македонија-Полска

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Дали се согласуваме дека повеќе не треба да има бесплатни карти-превоз за спортски натпревари? :)

Se soglasuvame deka vladata i organizatorot se za nigde i samo pravat vakvi zulumi za da se izreklamira i prosverca partiski vojnici, niso poveke.
 
Ова од Точка е не знам колку е веродостојно!
Револтирани граѓани кои вчера биле извлечени за бесплатно патување на натпреварот Македонија – Полска во Белград велат дека откако поради непознати причини не успеале да се качат на возот за Белград, полицијата насилно ги истуркала од Железничката станица.

Стефан Рајчиновски од Скопје, кој бил еден од добитниците на бесплатното патување во мејл испратен до нашата редакција пишува дека на железничката станица пристигнал уште во четири часот како што му било кажано, но и по околу два часа чекање на успеал да се качи во возот.
“Надвор бевме накај 500 луѓе, помина веќе 40 минути од закажаното време, а од народов помнаа некои 200 луѓе. Негде накај 5:30 часот редот престана да се движи, надвор останавме накај 100 луѓе, сите со личните карти во раце, спремни да не проверат на список. Почна да се ствара револт кај сите, бидејќи стоевме веќе 30 минути во место. Луѓе изреволтирани почнаа полека да си одат, луѓето викаа кој ќе им ја плати нафтата за патот што дошле до Скопје“, пишува Рајчиновски.

И овој, како и тој Марко Трајковски што им пишал на plusinfo не се на списокот за идење. И сеа?
 
Тие што се жалат по сајтовите дека не влегле ги нема на список...што мајка барале да идат кога не ги извкеле !? Само ќотек бее...па нека јадат гомна после колку сакаат...малку им е туркање на нив..
и тие што ве читам што пишувате плакатолепачи отидоа вакви отидоа..по штабови се делеа картите...да бидете сигурни дека е така..ебаве глупаците..до кога со тоа размислување ? јасно е дека неколку карти се сигурно поделени по пријатели,роднини ова она..ама дека Партиски се делеле картите не е точно..
 
Прво: Браво за Минчо Макстил, како и повеќе пати до сега, покажа дека е голем подржувач на македонскиот спорт.
Второ: Гледам дека има многу нејаснотии околу картите и добитниците.
Јас бев регуларно извлечен, и ме исконтактираа преку e-mail. Во истиот тој mail, пишуваше да бидеме пред железничка станица во 4 саатот. Никој не им ги напика со сила моите податоци таму за да ме извлечат. Едноставно побараа податоци, им се дадоа, ме извлекоа, зошто да не одам, кога и онака посакував да отидам.
Трето: Бев пред железничка станица во 3:55. Значи сум стигнал на време, арно ама, кога дојдов, веќе имаше околу 400-500 луѓе, од кои од прилика половина влегоа.
Е сега за влегувањето. НА ГЛАВНАТА ВРАТА, стоеа полицајците кои НЕ ПРОВЕРУВАА ништо. Се пуштаа во групи од по неколку луѓе 5-6, откога тие пред нив, ќе ги провереа горе. Значи полцајците на главната врата само регулираа колкумина ќе влезат, не проверуваа ниту лична карта, ниту пасош ни ништо. Откога ќе те пуштеа полицајците, после тоа имало контрола, каде се проверувале добитниците. Дали на скалите за нагоре, дали пред скалите, во секој случај тоа било внатре.
Непобитен факт е дека намалку 100 добитници останавме надвор, И НИКОЈ од нив не е будала да доаѓа само затоа што си го видел името. Сите тие или добиле mail, или им се јавиле.
Четврто: Полицијата на крај НЕ тепаше никого, туку само туркаше, и не дозволуваа да се снима, а и тешко беше да се направи видео во таа гужва, кога почна турканицата со полицијата, возот веќе беше тргнат, и повеќето од разочараните си беа отидени.
Верувале или не, ваш проблем.

Навистина ми беше криво затоа што не отидов, но кога ги видов сите тие луѓе дојдени од сите страни на Македонија... едноставно... без коментар. Никој од нив не каснеше, сите беа на време, но очигледно внатре се пуштале луѓе уште од 2 саат.

Македонија над се :)
 
Какви плакатолепачи, кој ви е курац, мислите дека некој ќе доаѓа од Охрид или од Гевгелија или од Куманово или од пичкематерине за да си ја проба среќата во 4 сабајле! Еве јас ти кажувам, неутрален сум, ако не ми веруваш провери дека на неколку избори не сум го исполнил гласачкото право, ама ова е катастрофа! Зарем луѓето се криви ако нема организација??? Замисли ја ситуацијата да патуваш 4 часа до Скопје и на крај некои униформирани да те допрат и да гледаш како возот си заминува!!! Да ти го скршат филмот и денот што уште не почнал, а ти дале истите тие лажна надеж?
И зошто да се затвора тема??? Не ви одговара муабетов или што ви е проблемот?? Стана навика во македонија да се крие се што не одговара, нели? Пушти ги луѓето нека се информираат, комунисти сакате да стануваме или што????
 
И овој, како и тој Марко Трајковски што им пишал на plusinfo не се на списокот за идење. И сеа?

Сега прочитај го постот на Syn и сам заклучи дали со право се жалбите од граѓаните.Смешни сте со ова што се обидувате да го одбраните виновникот...демек некој од Охрид,Битола,Струмица,Гевгелија итн. без да биде извлечен ќе тргне за Скопје во ниедно време колку да си ја проба среќата дали ќе успее да влезе или не.
 
По информациите дека граѓани кои биле извлечени во лотаријата за следење на мечот помеѓу Македонија и Полска, а утрово не успеале да заминат за Белград од причина што биле спречени, стигна реакција од Агенцијата за млади и спорт која ви ја пренесуваме во целост:
reakcija-na-agencijata-za-mladi-i-sport-vo-vrska-so-incidentot-na-zheleznichkata-stanica-71626.jpg

„Агенцијата за млади и спорт ја информира јавноста дека видео снимките кои беа емитувани на некои медиуми, а кои се снимени рано изутринава на Железничката станица во Скопје, не ја одразуваат реалната состојба и се уште еден обид за манипулирање со вистинската слика и со јавното мислење.
Имено, службени лица од Агенцијата за млади и спорт прегледаа некои од видео материјалите кои се снимени изутринава од кои после анализата и споредбата беше утврдено присуство на лица кои воопшто не се наоѓале на листата на добитници објавена во текот на вчерашниот ден (22.01.2012 недела).
Би сакале да истакнеме дека тие лица се провокатори на организираниот настан од веќе добро познати причини, тие немале намера да влезат во возот, туку да направат неред, како епизода што следи после анти-навивачката колумна во петочниот број објавена во еден весник.
Изразуваме жалење што некои граѓани кои се најдоа на листата на добитниците изутринава не успеаја да бидат дел од навивачката група која замина за Белград бидејќи нивните места ги зазеле други лица успевајќи да се провлечат низ контролата, токму поради организираните провокации и нередот создаден од лицата кои имаа единствена цел тоа да го направат .
Воедно ја користиме оваа можност да им ја честитаме денешната победа и бескомпромисна и пожртвувана игра на македонските ракометари во натпреварот против Полска и да им посакаме успешна игра и во следните натпревари“, се вели во соопштението на Агенцијата за млади и спорт.

www.kajgana.com
 
Најголем дел од луѓево што се пожалија дека не отишле не јани спомнаа ни владава ни ништо поврзано со политика, ама очигледно тие што ги обвинуваат нив дека се плакатолепачи уствари они се вистински плакатолепачи па си ја најдоа мувата во шеширот!!!
 
Изразуваме жалење што некои граѓани кои се најдоа на листата на добитниците изутринава не успеаја да бидат дел од навивачката група која замина за Белград бидејќи нивните места ги зазеле други лица успевајќи да се провлечат низ контролата, токму поради организираните провокации и нередот создаден од лицата кои имаа единствена цел тоа да го направат .

Ова поминува само во Македонија. Браво :cuc:
 
Изразуваме жалење што некои граѓани кои се најдоа на листата на добитниците изутринава не успеаја да бидат дел од навивачката група која замина за Белград бидејќи нивните места ги зазеле други лица успевајќи да се провлечат низ контролата, токму поради организираните провокации и нередот создаден од лицата кои имаа единствена цел тоа да го направат .
Не ми се верува.
 
Сега прочитај го постот на Syn и сам заклучи дали со право се жалбите од граѓаните.Смешни сте со ова што се обидувате да го одбраните виновникот...демек некој од Охрид,Битола,Струмица,Гевгелија итн. без да биде извлечен ќе тргне за Скопје во ниедно време колку да си ја проба среќата дали ќе успее да влезе или не.
Може они нема, ама некој што е од Скопје би дошол. А така и се десило. Не за џабе вчера многу луѓе прашуваа дали бил безпари возот до Белград.

Факт е дека се десија фрките кога некои што не биле на список отишле таму со намера да се гагаат. И им успеало, и заради нив некои што биле извлечени не отишле. Ете тоа е целата приказна. Е сега дали тие биле пратени од сдсм да прават гужва и скандал, или биле обични луѓе што сакале да ќарат гага возење - не знам. Може ќе дознаеме деновиве, може нема.
 
Проблемот е што имало дојдено луѓе и од тие градови па си останале со таквото во раце на железничка.
Болдот не е приказна туку неспособност на организаторот.
 
Мене највеќе во целава работа ме загрижува бришењето на снимените клипови од страна на џандарите..Па "Где плови овај брод" бе мме ???
А колку и да се обидуваат да спинуваат и да ствараат виртуелна реалност повеќе од јасно е што се случило.
Малку акал да имаат воа партискиве војничиња што тролаат ќе одат во тоа штабот кај шо им го перат мозокот и ќе бараат на тој директорот на агенцијата за млади и спорт и компанијата околу него, да им се шибне по една клоца и да им се забрани да се приближат до било која владина институција.
Само такви како што ги дал господ, многу поверојатно е да се очекува да се соберат да протестираат против сдс :sick:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom