Не знам зошто, и од која причина, после не знам колку години задолжително гледање на Евровизија, вчера, баш на изборот, бев излезен, и не видов ништо.
Веројатно сум се заситил од циркузот на кој бев просутен во живо, во втората полуфинална вечер.
Максимално разочаран од стручноста на МТВ при организирањето на вакви избори.
И самиот се залагам за ваков начин на избор(2полуфиналиња +1 финале), и истото и го пренесов тоа минатата година на Гордана Андрашевска(шеф на македонската делегација).
Сцената горе-доле и ке помине некако.Не беше толку мизерна, во споредба со тоа каква знае да биде(за потсетување Скопски фестивал 2005 и 2006)
И се чудам само како успеаа да влезат одредени композиции на натпревавров.Од музички гледан аспект, испаѓа дека Македонија се на се им 3-4 асални аранжери.
Ако е стварно така, тогаш сме за жалење сериозно.Зарем не ги научил нив некој дека музиката треба да биде потивка во однос на текстот, за да се разбере што се пее?На 70 , па и повеќе проценти од песните не можев да им го разберам текстот, ниту да слушнам за што пеат.
Дали е до озвочувањето во Универзална, или пак изведувачите немаат доволно квалитетни музички способности не знам, мегутоа најголем дел од пејачите за мене мумлаа додека пееа, и наеднаш ќе се раздереа, и ќе ја преминеа секоја граница.
Водителкине, троа приглупички ни беа.Кај не можеле да го научат, тоа што сценаристите им го напишале, барем да знаеа да го прочитаат правилно и асално.Ни тоа не го видовме.И се прашувам до кога вакви фестивали ќе бидат водени од страна на ниско-буџетни-приглупички-нешколовани водителки.Па каде се Игор Џамбазов?Тони Михајловски?Весна Петрушевска?Живкица Ѓуркиновска и остала стара гарда реномирани водители?
До кога во жири ќе гледаме сопстевници на модни студија,професори од медицински, технолошки, ветеринарен факултет?До кога во жири ќе гледаме гениколози, уролози, кардиохирурзи?До кога во жири ќе гледаме емитатори, пропаднати естрадни ѕвезди? И до кога нивните гласови ќе бидат пресудни, и поважни во однос на илјадниците гласови кои стигнале по пат на телевоутинг?
Гарантирам, и со две раце потпишувам дека на одговорните од МТВ не им текнало дека може да се случи некој да е со ист број на поени, па некој довикнал дека од жири се поважни поените, и на тој начин сме го добиле победникот.
Песната како песна на Ѓоко Таневски е просек.Би била одличен радиски хит, ама за Евровизија во никој случај.Веројатно тоа е и главниот проблем на нашето секогаш ‘многуценето‘ жири.Бираат песна за на радио, а не за на Евровизија.
Ќе ми се направеше ќејфот да отидеа Есма‘с бенд.Интересни и впечатливи.Девојката може фалширала, ама до Мај ќе ја извежбаше песната одлично, и ќе беше се во ред.
Вака останува да почекаме до Мај, и да видиме што ќе направи Ѓоко.
Затоа што до некаде знам, кој терет ќе го носи на себе, и затоа што исто така знам како е кога пола нација полука по тебе, и не очекува ништо од тебе, единствено што можам да направам е да му посакам среќа во Осло.Сепак е Македонец, и јас навивам за Македонија.