Избор за песна за Евровизија 2010

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Едит2: Дајманоски вреди само у песнава
Ами вреди вреди. Но џабе ќе се појавува таму кога според правилата сите инструментални делови треба да бидат преснимени на матрица, и само вокалите треба да се слушаат во живо.

Инаку пред неколку месеци на сурат-тефтер се појави петиција која се бори тоа правило да биде укинато така што и инструментите да може да се слушаат во живо, како и евентуално да се врати оркестарот.

Ако некому му значи нешто тоа, повелеле овде:

http://www.facebook.com/group.php?v=wall&gid=94867019352
http://www.esclivemusic.com/
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Не знам зошто, и од која причина, после не знам колку години задолжително гледање на Евровизија, вчера, баш на изборот, бев излезен, и не видов ништо.
Веројатно сум се заситил од циркузот на кој бев просутен во живо, во втората полуфинална вечер.
Максимално разочаран од стручноста на МТВ при организирањето на вакви избори.
И самиот се залагам за ваков начин на избор(2полуфиналиња +1 финале), и истото и го пренесов тоа минатата година на Гордана Андрашевска(шеф на македонската делегација).
Сцената горе-доле и ке помине некако.Не беше толку мизерна, во споредба со тоа каква знае да биде(за потсетување Скопски фестивал 2005 и 2006)
И се чудам само како успеаа да влезат одредени композиции на натпревавров.Од музички гледан аспект, испаѓа дека Македонија се на се им 3-4 асални аранжери.
Ако е стварно така, тогаш сме за жалење сериозно.Зарем не ги научил нив некој дека музиката треба да биде потивка во однос на текстот, за да се разбере што се пее?На 70 , па и повеќе проценти од песните не можев да им го разберам текстот, ниту да слушнам за што пеат.
Дали е до озвочувањето во Универзална, или пак изведувачите немаат доволно квалитетни музички способности не знам, мегутоа најголем дел од пејачите за мене мумлаа додека пееа, и наеднаш ќе се раздереа, и ќе ја преминеа секоја граница.
Водителкине, троа приглупички ни беа.Кај не можеле да го научат, тоа што сценаристите им го напишале, барем да знаеа да го прочитаат правилно и асално.Ни тоа не го видовме.И се прашувам до кога вакви фестивали ќе бидат водени од страна на ниско-буџетни-приглупички-нешколовани водителки.Па каде се Игор Џамбазов?Тони Михајловски?Весна Петрушевска?Живкица Ѓуркиновска и остала стара гарда реномирани водители?
До кога во жири ќе гледаме сопстевници на модни студија,професори од медицински, технолошки, ветеринарен факултет?До кога во жири ќе гледаме гениколози, уролози, кардиохирурзи?До кога во жири ќе гледаме емитатори, пропаднати естрадни ѕвезди? И до кога нивните гласови ќе бидат пресудни, и поважни во однос на илјадниците гласови кои стигнале по пат на телевоутинг?
Гарантирам, и со две раце потпишувам дека на одговорните од МТВ не им текнало дека може да се случи некој да е со ист број на поени, па некој довикнал дека од жири се поважни поените, и на тој начин сме го добиле победникот.
Песната како песна на Ѓоко Таневски е просек.Би била одличен радиски хит, ама за Евровизија во никој случај.Веројатно тоа е и главниот проблем на нашето секогаш ‘многуценето‘ жири.Бираат песна за на радио, а не за на Евровизија.
Ќе ми се направеше ќејфот да отидеа Есма‘с бенд.Интересни и впечатливи.Девојката може фалширала, ама до Мај ќе ја извежбаше песната одлично, и ќе беше се во ред.
Вака останува да почекаме до Мај, и да видиме што ќе направи Ѓоко.
Затоа што до некаде знам, кој терет ќе го носи на себе, и затоа што исто така знам како е кога пола нација полука по тебе, и не очекува ништо од тебе, единствено што можам да направам е да му посакам среќа во Осло.Сепак е Македонец, и јас навивам за Македонија.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
И Господ да се симне да запее за Македонија пак ќе си бидеме меѓу последните.:toe:
 
В

Вори

Гостин
Ѓоко Танески!
:tapp::tapp::tapp:

До кога ќе се брукаме,стварно не знам.

Песната ја слушнав двапати и можам слободно да кажам дека е тиња.
Плус делот со раперот кога се убацуа,уште посрање.

Единствено добро нешто во песнава е солото на Дамјан Пејчиноски(се прашувам зошто прифатил тој да учествува во поп-рап-рок песна).

Разочаран сум од изборов.Не дека имаше којзнае колку подобри песни,но боље Влатко да одеше него овој.Антипатичен ми е!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.375
Поени од реакции
25.140
Не знам шо сте се нафрлиле толку на Ѓоко. Да не сакавте Есмас бенд да победи? Или Влатко Илиески чија песна од кај све не е крадена, од музиката до сценскиот настап.
Јас не гледам подобра песна од онаа на Ѓоко.

А дур го имате вие онај синдром на тоа да не ја сакате секоја песна што се одбира за Евровизија, тогаш ваш проблем. Јас заради Џоле ќе гледам првпат Евровизија после многу години.

Пак уште се замарате кој какви коментари напишал на некоја...шознамјас која страна.
Одамна победата на Евровизија не е мерило за квалитетот на песната. А Џоле имат уба песна, и е квалитетен, далеку повеќе од некои личности кои ги гурате.
Само колку што читам на темава, жал ми е што некои членови упорно зборуваат против него а сигурен сум дека не присуствувале на ниедна негова свирка.
 
В

Вори

Гостин
Охриѓанец е бе Џими.
Каков и да е ќе го браниш,Фала Богу!

И,Ареа да беше на Евровизија јас ќе ги бранев,па колку и да не чинеле.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Давор, јас не сум охриѓанец па пак ќе речам со право победи.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
251

Плакни очи:pos2:


Иначе глеам на некои и ѓупцине им беа фаворити:tapp::tapp::tapp:
и јас глеам
али ЖИРИТО!
има ли смисла тошо малерот да го ставаат у жири.
Ова е сериозна работа. Треба да бидеме претставителни на евросонг! :toe:
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Не знам шо сте се нафрлиле толку на Ѓоко. Да не сакавте Есмас бенд да победи? Или Влатко Илиески чија песна од кај све не е крадена, од музиката до сценскиот настап.
Јас не гледам подобра песна од онаа на Ѓоко.

А дур го имате вие онај синдром на тоа да не ја сакате секоја песна што се одбира за Евровизија, тогаш ваш проблем. Јас заради Џоле ќе гледам првпат Евровизија после многу години.

Пак уште се замарате кој какви коментари напишал на некоја...шознамјас која страна.
Одамна победата на Евровизија не е мерило за квалитетот на песната. А Џоле имат уба песна, и е квалитетен, далеку повеќе од некои личности кои ги гурате.
Само колку што читам на темава, жал ми е што некои членови упорно зборуваат против него а сигурен сум дека не присуствувале на ниедна негова свирка.
se slozuvam so se, osobeno so boldiranoto,tipot znae da pee,pesnata e dobra ,imase li podobri ,mozebi imase ,ama toa sigurno ne bese na Vlatko Ilievski ,scenski nastap imal dobar:uvo: ,mene ne mi bese nesto posebno ,veke videno ,tancerkite ne mozese da gi iskoristi vo Oslo ako odese ,bidejki e ogranicen brojot na luge na scena ,ke mu trebaa pridruzni vokali, a ne tancerki:toe:
 
В

Вори

Гостин
Давор, јас не сум охриѓанец па пак ќе речам со право победи.
Абе добро.Ипак е ствар на вкус.
Пази!
Песната не е лоша,освен делот со раперот.Можеби се издвојуваше од другите,ама не е за Евровизија.

Боље да ги пратевме тие Есмас,како се викаа,нека се глупираат таму.
И така веќе Евровизија е циркус,и ретко победува квалитетна песна,изведба и изведувач.
Кој ќе успее највеќе да се исциркузира тој ќе победи.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не, не. Вака бар до некаде пред самите нас си покажуваме дека колку-толку, сепак знаеме да го избереме најдоброто од понуденото. Не викам дека не можеше подобро, ама Ѓоко е дефинитивно единственото нешто кое ми се допадна. Слушнете ја песната уште 2-3 пати да видите како влага во уво. Певлива е, лесна е, брза е, модерна е. Со еден збор, таман си е:)
 
В

Вори

Гостин
Ја слушам од прееска.
Ама пак делот кај што искача раперот не ми дозволува да кажам дека песната е добра.
Не знам зошто,морало да излезе тој Били Звер мислам дека се вика и да ја усере песната,а после него излегува Дамјан и растура со солото.
Некако не ми се поклопува тоа.
После рапување,иде добар рок дел..

Како и да е,и оваа година пак не поминуваме прва полуфинална вечер..
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
добро де луѓе уште ли се палите на Евровизија:toe:
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Не знам шо сте се нафрлиле толку на Ѓоко. Да не сакавте Есмас бенд да победи? Или Влатко Илиески чија песна од кај све не е крадена, од музиката до сценскиот настап.
Јас не гледам подобра песна од онаа на Ѓоко.

А дур го имате вие онај синдром на тоа да не ја сакате секоја песна што се одбира за Евровизија, тогаш ваш проблем. Јас заради Џоле ќе гледам првпат Евровизија после многу години.

Пак уште се замарате кој какви коментари напишал на некоја...шознамјас која страна.
Одамна победата на Евровизија не е мерило за квалитетот на песната. А Џоле имат уба песна, и е квалитетен, далеку повеќе од некои личности кои ги гурате.
Само колку што читам на темава, жал ми е што некои членови упорно зборуваат против него а сигурен сум дека не присуствувале на ниедна негова свирка.
ti sigurno si od ohrid :tapp:
komentarite od ostanatite zemji za nasiot izbor na oficijalnata strana na evrosong http://www.eurovision.tv/page/news?id=9363&_t=Gjoko+Taneski+takes+the+FYR+Macedonia+ticket+to+Oslo
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.909
Поени од реакции
1.551
Многу сте напнати пријатели.
Јака штикла ако отишол Ѓоко Танески со превари курац - палац. Мене ме боли половиов орган кој ќе си се престави самиот себе. Пошто неверувам дека некој би се сложил дека тие што идат на Евровизија ја преставуваат Македонија, бар ја не сметам дека он мене ме преставува и затоа ич не ме боли мадето што ќе напраи и дали ќе влезе у финале или не. Демек да отидеше некој друг подобро ќе си поминевме? Па редно е више да се откажеме од ова квази музичко шоу со политички примеси и да се занимаваме со нешто поозбилно. И онака се знае дека и Мадона да ја преставува Македонија нема да победи. Пошто тамо не се гледа вокалот и сценски настап туку само политика. Ајде останете ми поздравени и оладете малце со хистерични напади за глупостиве наречени „Евровизија“.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom