Избор за песна за Евровизија 2010

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Три дена национален Евросонг!

Изборот на македонски претставник за Евросонг 2010 во Норвешка ќе се одржи во втората половина на февруари. Фестивалот ќе има три вечери, а ќе бидат изведени 28 песни. За победникот еднакво ќе решава телевоутингот и жирито од шест члена. Се задржува истата форма на избирање на нашиот претставник како за Евросонг 2009, зашто се покажала како успешна и ефикасна – јави Дневник.

По одржувањето на минатиот избор добивме позитивни критики од сите учесници, автори и пејачи. Затоа и го задржавме истиот формат. Посакувам националниот Евросонг пак да биде убаво доживување за сите што ќе бидеме дел од него, но и за тие што ќе го следат на малите екрани. Верувам дека оваа манифестација ќе ја добие поддршката од сите и ќе биде сфатена како настан за промоција на македонската музика - открива за Дневник Гордана Андрашевска, шефицата на македонската делегација.

Во двете полуфинални вечери на националниот избор ќе се изведат по 14 композиции. По осум од двете полуфиналиња ќе обезбедат пласман во финалето, а за нив еднакво ќе решава телевоутингот и жирито. Телевоутингот ќе има од почетокот на манифестацијата и ќе трае 15 минути по завршувањето на последната песна.

Како уметнички директор посакувам, пред се, овој избор да понуди богата и квалитетна музичка нумера. Конкурсот почнува на 10 ноември и ќе трае до 20 декември. Прво, би упатила покана до сите постари и докажани автори да ги закопаат воените секири и да испратат песни до фестивалот.

Апелирам и до младите автори да се пријават на конкурсот, во интерес на убавата песна и квалитетната музика, бидејќи победникот ќе ја претставува Македонија, а не нас, јавниот сервис, кој е само организатор. Конкурсот ќе биде од јавен карактер, но нема да биде пресудно името на авторот, туку убавината и квалитетот на песната
- истакнува Љупчо Мирковски од Македонската телевизија.

Тимот што годинава беше задолжен за манифестацијата останува исти. Покрај Андрашевска и Мирковски, го сочинуваат Мери Попова, помошник на шефот на делегацијата, продуцентот Гоце Саздановски, режисерот Миле Гроздановски и соработничката Александра Јовановска. Таа ќе биде ангажирана во емисиите посветени на изборот, кои ќе почнат да се реализираат идниот месец.

Тимот постојано ги следи случувањата и промените околу манифестацијата на европско ниво, а истовремено ги почна и активностите околу организацијата на националниот избор, кој веројатно ќе се одржи во Салонот на МОБ.

Новина на Евровизија е промената на системот на гласање. Како што е познато на изминатите два избора, за првите девет земји што влегуваа во финалето решаваа гласовите од телевоутингот, а за десеттата тие на жирито. Систем, кој за нас се покажа како лош бидејќи двапати бевме десетти според телевоутинг и не исфрлаше жирито. На следниот избор за виза во финале ќе решаваат еднакво гласовите од жири и од телевоутинг
- завршува Андрашевска.
Преземено од Дневник
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Македонски национален избор на песна за Евросонг 2010-та година

Познати песните за националниот Евросонг 2010

Македонска Музичка Мрежа ги дознава имињата на композиторите и насловите на песните кои се избрани за националниот Евросонг 2010. На конкурсот пристигнаа вкупно 126 песни, а селекционото седумчлено жири одбираше во два елиминациони круга.

За МММ, Гордана Андрашевска, која е координатор на проектот, изјави дека внимателно беа преслушувани сите пристигнати песни, со цел да биде запазен квалитетот, стилската шареноликост и сите останати параметри кои ја чинат една песна добра. На крај, несомнено повторно ќе имаме респектиран Избор. За сите останати детали, дополнително ќе бидете известени.

Стручното жири за селекција на композициите добиени на конкурсот за Фестивалот Скопје 2010, во состав:

1. Гордана Андрашевска, Координатор на проектот

2. Љупчо Мирковски, Уметнички директор

3. Мери Попова, Уредник во Забавна редакција во МТВ

4. Радица Митиќ, Уредник-водител во Македонско Радио, Радио 2

5. Аритон Крлиу, Уредник водител во Македонско Радио, Радио 2

6. Зоран Мирчевски, Извршен уредник во Македонско Радио, Радио 2

7. Александра Јовановска, новинар водител во Забавна редакција на МТВ,

на 30 декември 2009 ги избра следните 28 композиции за фестивалот Скопје 2010 - Национален Избор за Евросонг:

Композиција Автор

1. Чорбаџија Димче Китрозоски

2. Најмила Бертан Аслани

3. Бог го има секој клуч Сашо Ливрински

4. Џипси Денс Симеон Атанасов

5. Север и југ Стојанче Аврамов

6. Заборави на се Зоран Алексиќ

7. Се што чекаме Јова Радевска

8. Мразам Горан Мицов

9. Болест зараза Душко Темелковски

10. Ти си киси феномен Сашо Паркет

11. Браво Дамир Имери

12. Денес како си Владимир Дојчиновски

13. Немој да си себичен Григор Копров

14. Никој на овој свет Ванчо Димитров

15. Малечка Бобан Апостолов Џани

16. Солза Ристо Апостолов

17. Фама Александар Масевски

18. Акција реакција Александар Масевски

19. Бели коњи Ана Мојсовска

20. Ангели Раде Врчаковски

21. Сни Даниел Митревски

22. Лаги Лазар Цветкоски

23. Летам кон тебе Лазар Цветкоски

24. Љубовна песна Валентино Скендеровски

25. Јас ја имам силата Кристијан Габроски

26. Забораваш Мартин Вучиќ

27. Таа има се Мартин Вучиќ

28. Остани Симон Трпчески

Напомена:

Изведувачите на композициите ќе бидат објавени дополнително.

Насловите на композициите се работни, и можно е да дојде до нивна промена.

Извор
 
Е

експерт

Гостин
9. Болест зараза Душко
Темелковски - sigurno mislele na svinskiot grip :)
"Bolest zaraza -
" - it's a compelling and heart
felt ballad about the global
H1N1 pandemic, with just a little bit of tubofolk thrown in for
good measure!

1. Чорбаџија Димче
Китрозоски - a pak ova apla makedonski narodni prikazni
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ќе гледаме пак циркузи :kickbox:

Како и да е, уште од сега мислам дека песната на Хрчакот ќе победи, зошто имам чувство дека некој од неговите пријателчиња (ЈЈ, МекиЧ) ќе ја изведе со што ќе имаме навлажнети тинејџерки со смс-и и така :)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ќе гледаме пак циркузи :kickbox:

Како и да е, уште од сега мислам дека песната на Хрчакот ќе победи, зошто имам чувство дека некој од неговите пријателчиња (ЈЈ, МекиЧ) ќе ја изведе со што ќе имаме навлажнети тинејџерки со смс-и и така :)
Абе дај последен ден од годинава е немој вака да кобиш:)

Од овие 28 песни, сигурно 15 ако не и повеќе ќе ги изведат некои анонимни фаци што секако тешко дека може да победат и се ќе се сведе пак на 5 - 6 во моментов најпознати души.

Уште ако бидат Слаткар и Тони Зен во некое дуо, тогаш ги имаме новите преставници. :pos:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Ќе гледаме пак циркузи :kickbox:

Како и да е, уште од сега мислам дека песната на Хрчакот ќе победи, зошто имам чувство дека некој од неговите пријателчиња (ЈЈ, МекиЧ) ќе ја изведе со што ќе имаме навлажнети тинејџерки со смс-и и така :)
ЈЈ и МекиЧ не се во иста продукција со Врчак и не се баш во најдобри односи. Повеќе мисалм дека ДНК и Врчак ќе ја изведат нумерата Ангели...:smir::smir:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.907
Поени од реакции
7.577
9. Болест зараза Душко
Темелковски - sigurno mislele na svinskiot grip :)
"Bolest zaraza -
" - it's a compelling and heart
felt ballad about the global
H1N1 pandemic, with just a little bit of tubofolk thrown in for
good measure!

1. Чорбаџија Димче
Китрозоски - a pak ova apla makedonski narodni prikazni
живи глупости имињава на песниве :tapp:
 
Член од
3 јули 2008
Мислења
245
Поени од реакции
9
Од сигурни извори(бар за повеќето песни) вака ќе биде:

Ти си киси феномен - Паркети
Ангели - Елена Ристеска
Таа има се - Мартин Вучиќ
Лаги - Дарко Илиевски
Летам кон тебе - Влатко Лозаноски
Јас ја имам силата - Ноне Неделковска
Забораваш - Браво Бенд
Фама - Даниел Стојмановски
Акција Реакција - Џемини
Немој да си себичен - Наде Талевска
Никој на овој свет - Кристијан Јованов
Солза - Ристо Апостолов
Најмила - Бертан Алсани
Летам кон тебе - Кристијан
Се што чекаме - Јова Радевска
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
28. Остани Симон Трпчески

Симон ? Што му текнало на таков генијалец да се пријави на ваков кич избор за евровизија ?
Па добро , конечно музичар на изборов.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
28. Остани Симон Трпчески

Симон ? Што му текнало на таков генијалец да се пријави на ваков кич избор за евровизија ?
Па добро , конечно музичар на изборов.
Он и претходно има искуство, му ја напиша Љубена на Тоше кога беше конкурсот кога одеше Тоше. :)

Инаку според имињата на песниве. :icon_eek: Се надевам дека барем некој ќе се издвои и ќе биде мааалце повеќе оригинален.
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Он и претходно има искуство, му ја напиша Љубена на Тоше кога беше конкурсот кога одеше Тоше. :)

Инаку според имињата на песниве. :icon_eek: Се надевам дека барем некој ќе се издвои и ќе биде мааалце повеќе оригинален.
И лани имаше песна - Девојко, ја изведуваа Браво бенд
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom