- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.462
- Поени од реакции
- 5.881
ВМРО-ДПМНЕ - ЃОРГЕ ИВАНОВ ИМА 106.286, А ФРЧКОСКИ 63.645 ГЛАСОВИ
Претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов има повеќе од двојно гласови во однос на второпласираниот кандидат, покажуваат првичните податоци на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти вечерва на прес-конференција Влатко Ѓорчев, член на извршниот комитет на партијата.
Ѓорчев рече дека се уште точно не се знае кој е второпласиран во претседателската трка.
Презентирајќи ги резултатите од гласањето по општини, тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ги освои градоначалничките места во Прилеп, Битола, Новаци, Пробиштип, Градско, Свети Николе, Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Илинден, Кичево, Другово, Вевчани, Валандово, Ѓорче Петров и Бутел.
- Граѓаните покажаа дека Македонија е демократска држава што има капацитет да организира фер и демократски избори. Македонија се буди и им ја дава довербата на оние што сакаат да ја отргнат од транзицијата, на оние што ја намалуваат сиромаштијата, на оние што сакаат да ја видат евроатлантски ориентирана и интегрирана. Македонија навистина се буди зашто ја отфрла транзициската политика на оние што спроведоа приватизација и создадоа олигархија. Македонија се буди зашто силно ги поддржува политичарите кои ќе го задржат идентитетот и нема да го сменат нејзиното име, рече Ѓорчев.
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов, според досега обработените податоци од партискиот аналитички центар, има 106.286 гласови, а Љубомир Фрчкоски од СДСМ 63.645.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на вечерашната прес-конференци ги демантира тврдењата на СДСМ дека воделе на локалните избори во општина Аеродром.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски освои 13.606, а Тихомир Илиевски од СДСМ 8.209 гласови, посочи Ѓорчев.
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=724E838EFD9DEA4FA59B40F2B46C41E8

![](http://www.sitel.com.mk/WBStorage/Articles/6FF959C8BFD8F340AAADD2B71315357F.jpg)