- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
ИДЕЈА ОД ВАШИНГТОН, АНГАЖМАН НА ТУРЦИЈА
Почна создавањето на економската Балканска унија!
23 февруари 2011
Седумте држави на Балканот што не се во ЕУ ќе се обединат во Балканска унија, пишува "Сан" повикувајќи се на свои извори во меѓународната заедница, кои тврдат дека целата идеја потекнува од Вашингтон, која наиде на одобрување во Европа, а Европската унија е подготвена да ја реализира, секако со цврст и силен ангажман на САД
Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Македонија, Хрватска и Црна Гора, практично земјите од Балканот коишто не се во Европската унија, ќе се обединат во Балканска унија и тоа е единствениот начин да се стабилизира овој дел на Европа. Како што пишува "Сан" повикувајќи се на свои извори во меѓународната заедница, во рамки на тој план треба да се гледаат и зачестените средби и разговори на лидерите на БиХ, Србија, Црна Гора и Хрватска, но и исклучително ефективниот ангажман на Турција во средувањето на состојбата на Балканот. Според некои информации на "Сан", целата идеја потекнува од Вашингтон, која наиде на одобрување во Европа, а Европската унија е подготвена да ја реализира, секако со цврст и силен ангажман на САД.
Засега на операцијата за Балканска унија нема реакции од државите на кои таа се однесува, иако од некои кругови на меѓународната заедница велат дека тоа не е точно. Но, сепак, работите се поинакви. Земјите од поранешна Југославија се повеќе ја интензивираат економската соработка и размислуваат за создавање на заеднички компании. Во насока на тоа е што од октомври минатата година почна со работа здруженото претпријатие на железниците на Словенија, Србија и Хрватска чиј воз "Карго 10" татни по пругите на поранешната СФРЈ, а наскоро ќе се приклучат и "Македонски железници". Поголемите компании од регионот купуваат помали фирми од соседството, најавена е и заедничка лотарија. Таа соработка веќе не се одвива во рамките на републиките од поранешна Југославија, туку во рамките на новите самостојни држави.
СПОРТОТ ГО ОПИПУВА ПУЛСОТ
Како пример дека седумте балкански држави одат кон здружување, од "Сан" го наведуваат неодамнешниот состанок на претседателите на Србија и Хрватска, Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ и нивната иницијатива да се основа регионална фудбалска лига. Тоа се оценува како уште еден чекор на патот до конечно основање на Балканска унија. Истовремено, се појави идејата БиХ, Хрватска и Србија заедно да се кандидираат за организација на Европското првенство во фудбал во 2020 година. Не треба да се заборави дека од следната сезона почнува и ракометната лига во која ќе учествуваат 16 екипи од 6 поранешни југословенски републики. Поради тоа се смета дека токму на спортското поле може да се опипа и пулсот на балканската јавност.
ПО ПРИМЕРОТ НА БЕНЕЛУКС
Во практична смисла, што значи основањето на Балканска унија? Накусо, не се работи за основање на некоја нова Југославија, ниту сојуз на држави, туку тоа би била економска унија по примерот на Бенелукс. Тоа подразбира апсолутна соработка на државите-членки во областа на економијата со поврзување на компании, потоа соработка во областа на безбедноста, борбата против криминалот, изградба на патни коридори, патување со лична карта... Има и иницијатива да се воспостави и единствен царински систем.
Градежниците од поранешните ју-републики прават напори за заедничко учество на големи инфраструктурни проекти во Либија, Алжир, Иран, Русија и поранешните советски републики. Тоа се големи инвестициски проекти што ќе бидат градени во наредните 10 до 15 години. Вредноста на тие работи ќе бидат и до неколку милијарди долари, а реализацијата ќе почне во првата половина од оваа година.
Авиокомпаниите од посочените држави поради кризата се соочуваат со финансиски проблеми, па се почесто се јавуваат идеи за нивна поблиска соработка што значи намалување на цените на билетите, заеднички летови, а се со цел создавање на регионална авиоалијанса. Неодамна министерот без портфолио во владата на Србија, Сулејман Угљанин, по враќањето од посетата на Турција изјави дека турскиот национален авиопревозник "Туркиш ерлајнс" е подготвен од 1 март да влезе во ангажман со "ЈАТ ервејс" со цел формирање на балканска авиокомпанија која би се викала "Балкан ервејс" и кон која потоа би можеле да се приклучат и авиокомпании од другите балкански земји.
Репортерот за Балкан на списанието "Економист", Тим Јуда, прв го воведе терминот Југосфера со објаснување: вие веќе живеете во Југосферата, само што ја нарекувате Југоисточна Европа. Во својата студија, меѓу другото, тој неодамна забележа:
-Јасно е дека со секој изминат месец, се повеќе се обновуваат економските врски кои во деведесеттите години беа прекинати - вели Јуда.
Дека економските врски се обновуваат покажуваат и статистичките податоци. Најголемите пазари за БиХ се Хрватска со 17,2 отсто од вкупниот извоз и Србија со 14 отсто. За Македонија главен пазар за извоз е Србија со 23,5 отсто, како и за Црна Гора со 29,9 отсто. Главните пропорции за косовската трговија се исто така со Србија и Македонија. Во периодот од 2000 до 2007 година, Словенија е шести по ред најголем инвеститор во Србија. Србија и Хрватска направија една милијарда од бизнис во 2008 година. Исто така треба да се истакне колку супермаркети во Хрватска, Словенија и Србија, во сопственост на "Конзум", "Делта" и "Меркатор", отвораат свои претставништва во регионот.
ОД КАДЕ И ЗОШТО БАЛКАНСКА УНИЈА?
Не е тешко да се открие одговорот - поради глобалната економска криза, но и од потресите и неслогите внатре во Европската унија, јасно е дека на одредено време примањето на нови членки ќе биде стопирано. Се оценува дека успешното функционирање на Балканската унија би било најдобра препорака за прием на сите нејзини членки во ЕУ, за пет до шест години.
Целата оваа иницијатива е поткрепена со многу аргументи. Со формирање на Балканска унија конечно БиХ ќе стане функционална држава, ќе се намалат политичките тензии и ќе се спречи секоја можност за отцепување на Република Српска, Србија би ги решила внатрешните работи и односите со Косово, Црна Гора би го решила српското прашање кое се уште е отворено, во Македонија ќе се подобри квалитетот на животот, Албанија ќе отвори големи економски можности, а Косово во балкански рамки конечно ќе се стабилизира. Кога се работи за Хрватска, која објективно е најблиску до прием во Европската унија, од "Сан" оценуваат дека таа исто така би влегла во Балканската унија и до приемот во ЕУ ќе има статус на "главен мотор".
Како што дознава "Сан", се се сведува на намерата Западен Балкан да се уреди по примерот на Европската унија, со што ќе се постигне и политички и економски поим, а не исклучиво географски поим како сега.
-На чело на Балканската унија би бил Совет на министри, а претседателот би се менувал на секои шест месеци и би бил од друга држава-членка. Советот на министри на Балканската унија би имал исти задачи кои ги има Советот на министри за надворешни работи на државите-членки на Европската унија - пишува "Сан".
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AD037B5067B771488A3DF731FF046FF2
--- надополнето ---
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=134644