Идеја од Вашингтон, Ангажман на Турција = (Балканска унија!)

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
ИДЕЈА ОД ВАШИНГТОН, АНГАЖМАН НА ТУРЦИЈА

Почна создавањето на економската Балканска унија!

23 февруари 2011

Седумте држави на Балканот што не се во ЕУ ќе се обединат во Балканска унија, пишува "Сан" повикувајќи се на свои извори во меѓународната заедница, кои тврдат дека целата идеја потекнува од Вашингтон, која наиде на одобрување во Европа, а Европската унија е подготвена да ја реализира, секако со цврст и силен ангажман на САД

Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Македонија, Хрватска и Црна Гора, практично земјите од Балканот коишто не се во Европската унија, ќе се обединат во Балканска унија и тоа е единствениот начин да се стабилизира овој дел на Европа. Како што пишува "Сан" повикувајќи се на свои извори во меѓународната заедница, во рамки на тој план треба да се гледаат и зачестените средби и разговори на лидерите на БиХ, Србија, Црна Гора и Хрватска, но и исклучително ефективниот ангажман на Турција во средувањето на состојбата на Балканот. Според некои информации на "Сан", целата идеја потекнува од Вашингтон, која наиде на одобрување во Европа, а Европската унија е подготвена да ја реализира, секако со цврст и силен ангажман на САД.
05641BAD3B764D409EB1CDD4B57D9D36.jpg
Засега на операцијата за Балканска унија нема реакции од државите на кои таа се однесува, иако од некои кругови на меѓународната заедница велат дека тоа не е точно. Но, сепак, работите се поинакви. Земјите од поранешна Југославија се повеќе ја интензивираат економската соработка и размислуваат за создавање на заеднички компании. Во насока на тоа е што од октомври минатата година почна со работа здруженото претпријатие на железниците на Словенија, Србија и Хрватска чиј воз "Карго 10" татни по пругите на поранешната СФРЈ, а наскоро ќе се приклучат и "Македонски железници". Поголемите компании од регионот купуваат помали фирми од соседството, најавена е и заедничка лотарија. Таа соработка веќе не се одвива во рамките на републиките од поранешна Југославија, туку во рамките на новите самостојни држави.

СПОРТОТ ГО ОПИПУВА ПУЛСОТ
Како пример дека седумте балкански држави одат кон здружување, од "Сан" го наведуваат неодамнешниот состанок на претседателите на Србија и Хрватска, Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ и нивната иницијатива да се основа регионална фудбалска лига. Тоа се оценува како уште еден чекор на патот до конечно основање на Балканска унија. Истовремено, се појави идејата БиХ, Хрватска и Србија заедно да се кандидираат за организација на Европското првенство во фудбал во 2020 година. Не треба да се заборави дека од следната сезона почнува и ракометната лига во која ќе учествуваат 16 екипи од 6 поранешни југословенски републики. Поради тоа се смета дека токму на спортското поле може да се опипа и пулсот на балканската јавност.

ПО ПРИМЕРОТ НА БЕНЕЛУКС
Во практична смисла, што значи основањето на Балканска унија? Накусо, не се работи за основање на некоја нова Југославија, ниту сојуз на држави, туку тоа би била економска унија по примерот на Бенелукс. Тоа подразбира апсолутна соработка на државите-членки во областа на економијата со поврзување на компании, потоа соработка во областа на безбедноста, борбата против криминалот, изградба на патни коридори, патување со лична карта... Има и иницијатива да се воспостави и единствен царински систем.
Градежниците од поранешните ју-републики прават напори за заедничко учество на големи инфраструктурни проекти во Либија, Алжир, Иран, Русија и поранешните советски републики. Тоа се големи инвестициски проекти што ќе бидат градени во наредните 10 до 15 години. Вредноста на тие работи ќе бидат и до неколку милијарди долари, а реализацијата ќе почне во првата половина од оваа година.
Авиокомпаниите од посочените држави поради кризата се соочуваат со финансиски проблеми, па се почесто се јавуваат идеи за нивна поблиска соработка што значи намалување на цените на билетите, заеднички летови, а се со цел создавање на регионална авиоалијанса. Неодамна министерот без портфолио во владата на Србија, Сулејман Угљанин, по враќањето од посетата на Турција изјави дека турскиот национален авиопревозник "Туркиш ерлајнс" е подготвен од 1 март да влезе во ангажман со "ЈАТ ервејс" со цел формирање на балканска авиокомпанија која би се викала "Балкан ервејс" и кон која потоа би можеле да се приклучат и авиокомпании од другите балкански земји.
Репортерот за Балкан на списанието "Економист", Тим Јуда, прв го воведе терминот Југосфера со објаснување: вие веќе живеете во Југосферата, само што ја нарекувате Југоисточна Европа. Во својата студија, меѓу другото, тој неодамна забележа:
-Јасно е дека со секој изминат месец, се повеќе се обновуваат економските врски кои во деведесеттите години беа прекинати - вели Јуда.
Дека економските врски се обновуваат покажуваат и статистичките податоци. Најголемите пазари за БиХ се Хрватска со 17,2 отсто од вкупниот извоз и Србија со 14 отсто. За Македонија главен пазар за извоз е Србија со 23,5 отсто, како и за Црна Гора со 29,9 отсто. Главните пропорции за косовската трговија се исто така со Србија и Македонија. Во периодот од 2000 до 2007 година, Словенија е шести по ред најголем инвеститор во Србија. Србија и Хрватска направија една милијарда од бизнис во 2008 година. Исто така треба да се истакне колку супермаркети во Хрватска, Словенија и Србија, во сопственост на "Конзум", "Делта" и "Меркатор", отвораат свои претставништва во регионот.

ОД КАДЕ И ЗОШТО БАЛКАНСКА УНИЈА?
Не е тешко да се открие одговорот - поради глобалната економска криза, но и од потресите и неслогите внатре во Европската унија, јасно е дека на одредено време примањето на нови членки ќе биде стопирано. Се оценува дека успешното функционирање на Балканската унија би било најдобра препорака за прием на сите нејзини членки во ЕУ, за пет до шест години.
Целата оваа иницијатива е поткрепена со многу аргументи. Со формирање на Балканска унија конечно БиХ ќе стане функционална држава, ќе се намалат политичките тензии и ќе се спречи секоја можност за отцепување на Република Српска, Србија би ги решила внатрешните работи и односите со Косово, Црна Гора би го решила српското прашање кое се уште е отворено, во Македонија ќе се подобри квалитетот на животот, Албанија ќе отвори големи економски можности, а Косово во балкански рамки конечно ќе се стабилизира. Кога се работи за Хрватска, која објективно е најблиску до прием во Европската унија, од "Сан" оценуваат дека таа исто така би влегла во Балканската унија и до приемот во ЕУ ќе има статус на "главен мотор".
Како што дознава "Сан", се се сведува на намерата Западен Балкан да се уреди по примерот на Европската унија, со што ќе се постигне и политички и економски поим, а не исклучиво географски поим како сега.
-На чело на Балканската унија би бил Совет на министри, а претседателот би се менувал на секои шест месеци и би бил од друга држава-членка. Советот на министри на Балканската унија би имал исти задачи кои ги има Советот на министри за надворешни работи на државите-членки на Европската унија - пишува "Сан".


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AD037B5067B771488A3DF731FF046FF2

--- надополнето ---

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=134644
 
Еjj, eдна и иста идеja веке 20 години. Неколко пати се сруши,сега старата песен со нов глас.
 
:tapp:kolku vreme im trebase da im tekne :)otomanska imperija is back:)


Турција ја започна стратегијата на „мека сила“ на Балканот

15/02/2011


На крајот од минатиот месец, министерот за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, присуствуваше на неформалниот состанок на Југоисточниот процес на соработка (СЕЕЦП), на кој присуствуваа 12 регионални клучни актери во Будва, Црна Гора.
Во дискусиите беше вклучена и целта на Турција за решавање на балканските проблеми и подобра соработка со регионот, според Давутоглу.
„Многу важни настани се случија изминатава година и најсериозните процеси ќе се одвиваат во иднина“, рече Давутоглу за време на својата посета на Будва. По состанокот, министерот за надворешни работи продолжи за Босна и Херцеговина (БиХ), каде што се состана со српските и хрватските водачи.
„Турција ќе биде среќна само ако придонесе повеќе и посредува во билатералните разговори меѓу балканските земји“, рече за SETimes Гејбула Рамазаноглу, советник на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
„Ние имаме сериозна стратегија за Балканот“, рече Рамазаноглу. „Овој регион е главен приоритет на нашата надворешна политика.“
Иако вклученоста на Турција во регионот е поздравено во поголем дел од Балканот, дипломатите од Анкара се обидуваат да ја анализираат следната балканска стратегија на Турција.
„Сакаме да ја прошириме нашата политика на целиот Балкан, како политички, така и економски“, вели амбасадорот-ветеран Али Енгин Оба, кој служеше во поранешна Југославија, опишувајќи ја мисијата на Турција како „мека сила“.
„Турција немаше влијание [какво што има сега] кога се распадна Југославија, но со вклученоста на Давутоглу, ние повторно почнавме со ефективна политика на Балканот“, рече Оба за SETimes.
„Економските врски, зачувувањето на различностите и безбедност за сите“, се балканските дипломатски цели на Анкара, според Гуркан Зенгин, автор на книгата ХОКА [Учител] што упатува на влијанието на Давутоглу на турската надворешна политика.
Зенгин смета дека Турција е подготвена да придонесе во регионалните земји со своите избалансирани иницијативи и посредување.


ALAKBARphoto.jpg



Душан Рељиќ, германски аналитичар за меѓународни односи и безбедност, исто така, се согласи дека ако Анкара поттикнува повеќе турски инвеститори на Западен Балкан, тогаш Турција може трајно да се позиционира во регионот.

http://www.setimes.com/cocoon/setime.../15/feature-03


George Friedman predicts Ottoman Empire rises again:

Otomanski Balkan


:vozbud:


 
Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Македонија, Хрватска и Црна Гора, практично земјите од Балканот коишто не се во Европската унија, ќе се обединат во Балканска унија и тоа е единствениот начин да се стабилизира овој дел на Европа.

1296460201441.jpg

С'н е таблоид и преднамерено т'рси сензационни новини, но това тук е такава глупост каквато не с'м чел скоро.
Нај-малкото 4-5 от горенаведените д'ржави чакат за покана за ЕУ.
 
Па боље бе со Турците него со Русите.
Што бара словенскиот балкан да соработува со Русите ?
Русите се православни, кирилско писмо имаат, немаат ресурси, ружни се, за разлика од труците кои 500 години арно ни праиле, русине не делеле, не парчеле.
Да живее отоманската империја.
 
Колку и да звуи убаво мислам дека овоа никогаш нема да функционира.Ај ние овци сме си ке прифанеме се,ама Србите со Хрватите не ми се верува и уште некој такви јебозовни парови.
 
Малку без врска. Зашто не се засилат врските со горните земји? Имаме голем дефицит и мала размена со русите, а крајот на 80-тите главен извоз се правеше во СССР (градби, чевли, цигари, облека). Каде се Полска, Украина...
Економска унија и безбедност...некако не одат заедно. Ружно, едино ако им е целта друга...
 
Извинете вака за :oftopic: ама шо е финтава со мапава ?

05641BAD3B764D409EB1CDD4B57D9D36.jpg
 
Малку без врска. Зашто не се засилат врските со горните земји? Имаме голем дефицит и мала размена со русите, а крајот на 80-тите главен извоз се правеше во СССР (градби, чевли, цигари, облека). Каде се Полска, Украина...
Економска унија и безбедност...некако не одат заедно. Ружно, едино ако им е целта друга...
Руснаците веке не сакат производи без квалитет. Уште повеке пазара е отворен,а не како едно време да немаш избор от други производи само от тези на източниот блок. Сега мора да си конкурентен на западните производи.
 
Значи официјално е :)
хехехе ...
Немаат пари дечките :)
Префрлање контролата на вазалите према друг пријателски расположена земја која може и е спремна да троши пари за да ги држи владите живи и здрави се со цел да се заштедат пари :)
Од еден глобален свет се претвораме во мултиполарен :)
 
Колку и да изгледа розово сепак ќе испадне како нашето има БЈРМ кое требаше само малку да се користи како преодна фаза за влез во ЕУ. ЕУ очигледно не не сакала, а и нема да не посакува никогаш. Вака и е подобро, ќе и бидеме тампон зона со Турција. А на Турците пак со ова САД им компензираат за непримањето во ЕУ давајќи и го Балканот како утешително колаче , а во исто време ја зацврстуваат својата позиција. Се на се на Балканот сеуште лисјата паѓаат, а во долината на волците се слуша плачот на виолината пренесувајќи звук кој и понатаму дава на знаење дека поткосуривање продолжува без намера за некакво трајно решение... Не е ни чудо за краток временски период Балканот да го прогласат за нов континент за да на тој начин јасно покажат дека ние не сме европјани и така да ни ги скратат илузиите кои ни ги даваат со бесконечниот број на услови што ни ги поставуваат за да не примаат во нивното семејство...
 
Па боље бе со Турците него со Русите.
Што бара словенскиот балкан да соработува со Русите ?
Русите се православни, кирилско писмо имаат, немаат ресурси, ружни се, за разлика од труците кои 500 години арно ни праиле, русине не делеле, не парчеле.
Да живее отоманската империја.

Ako nekogo go smetam za bratski narod toa se turcite , bidejki go imam oseteno toa na svoja koza i toa nekolku pati , jas sum pravoslaven a vo Turcija sum bil sluzen i precekuvan kako car , tie ne se fundamentalisti brat , tie se principielni lugje blagodarenie na Mustafa Kemal koj e roden vo Makedonija i samata mladoturska revolucija i samiot Mustafa KEmal bea protiv sultanot i ja napravija denesna Turcija , taka da nekoj koj iskreno moze da ni pomogne i da ne razvie toa e Turcija , a od Rusija ne ocekuvajte nisto se dodeka ne se vrati carot , bidejki i Putin i Medvedev se so evrejski t.e gavolski koreni !
 
Ova e edna obicna igra od strana na SAD, se so cel Turskoto vlianie povtorno da se vrati na balkanot... istoto se spremi i za bliskiot istok,samo rabotata e sto tamu Izrael ke igra uloga, a vamu na balkanot Turcija, zaklucok, SAD preku Turcija ke gi kontrolira zemjite na balkanot, a bliskiot istok ke se kontrolira preku Izrael... Turcija za balkanot, Izrael za bliskiot istok, znaci vrti suci, SAD na takticki nacin ke bide pobednik i vamu i tamu...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom