Идеја за сопствен бизнис

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Дечко, добро е ти што си почнал. Но без добра интернет страна (кога велам добра на скала од 1 до 10 - да биде барем 5) сериозен бизнис не се тера.
Дај инвестирај 10 евра за еден сериозен domain. Не се големи пари :)
И интернет страната треба да ти биде средена. Да имаш информации за тоа кои сте и што работите, од каде набавувате, колку провизија земате и слични работи.
е
Кога станува збор за купување преку интернет, веб страната ти претставува продавница во реалноста, во која јас не би влегла ако има 5 прсти прашина, искршен мебел и продавач/ка што гледа само како да ме избрка од дуќан. Како во Еуроазија:P

Патем, би одел да јадеш хамбургер во сендвичара во која има повеќе ѓубре отколку луѓе?
Де бе моме.., репа го направи, чоеков е класичен пример за инвентивен пристап за малку пари. Ако е чесен и чесно работи и ако доообро се запознал со сите заебанции кои можат да произлезат и да му ја урнисаат репутацијата..почетоков не е лош... :)
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Како што нагласив, ова го работам од порано а страната е само бонус. Така да сега засега сметам дека нема потреба од тоа. За потаму боже здравје.
За другите забелешки кои ги нагласи како за набавувањето и провизијата која ја земам ги има на страната и тоа прилично воочливи.
Гледаш ли ;)

Страната треба да ти привлече клиенти.
Си пишал ..

ЦЕНОВНИК

ПРОВИЗИЈАТА ЗА УСЛУГАТА КОЈА ЈА НАПЛАТУВАМЕ МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРЕСМЕТАТЕ ОД ТАБЕЛАТА
ЗА ПРОЗИВОДИ СО ЦЕНА
ОД 0 - 10 $ ПРОВИЗИЈА 99 ДЕНАРИ
ОД 10 - 20 $ ПРОВИЗИЈА 149 ДЕНАРИ
ОД 20 - 30 $ ПРОВИЗИЈА 199 ДЕНАРИ
ОД 30 - 40 $ ПРОВИЗИЈА 249 ДЕНАРИ
--------------
ОД 100 - 110 $ ПРОВИЗИЈА 599 ДЕНАРИ

СЕ НАД ТАА СУМА ОДИ СО ПРОВИЗИЈА
ОД 599 ДЕНАРИ

ЗА СУМА НА КОЈА СЕ ПРЕСМЕТУВА ПРОВИЗИЈА СЕ СМЕТА ЦЕЛОКУПНАТА СУМА НА ПРОЗИВОДОТ (ПРОИЗВОДОТ + ПОШТАРИНАТА АКО ЈА ИМА ).
АКО НАРАЧУВАТЕ ПОВЕЌЕ ПРОИЗВОДИ НАЕДНАШ ОД ИСТО МЕСТО ПРОВИЗИЈАТА СЕ ПРЕСМЕТУВА НА ЦЕЛОКУПНАТА СУМА, А АКО СЕ НАРАЧУВА ОД ПОСЕБНИ СТРАНИ ТАА СЕ ПРЕСМЕТУВА ЗА СЕКОЈА НАРАЧКА ПОСЕБНО!

Е ај сеа кажи ми ти мене зошто да се плаќа посебно? За да имаш повеќе заработка хмм..
Јас сакам на пример да порачам еден фустан од Macy, ајфон директно од страната на епл, камера од бестбај и двд од radioshack ... затоа што сето тоа ќе биде спакувано посебно, јас треба да ти платам ...
фустан од 100 долари .. провизија 600 ден
ајфон од 650 долари ... провизија од 600 ден
камера од 300 долари ... провизија 600 ден ...
двд од 150 долари .. провизија 600 ден ...
вкупно 2400 ...

Иако за вакви сериозни нарачки тешко дека некој би те побарал за посредник :)

А зошто не се информирани луѓето дека се плаќа царина на производите? Мислам дека ако е над 45 долари со вкучена достана и сите трошоци (значи вкупната наплатена сума) .. и колку бараа за лежарина?
И што доколку таа интернет страна не испорачува за Македонија? Не можам да нарачам...хммм... ете бест бај не испорачува :(

И да .. кога веќе цел сајт ти е на кирилица, дај смени ги оние ..главна, информации, контакт ... нека се на кирилица
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Младо моме....РЕПА го напраи човеков, ако добро го разбрав, тој бизнисот си го тера и без овој сајт.., сакал само да го поднапредне...да го стаи на semi-on-line бидејќи ова што тој го нуди е ПОСРЕДНИШТВО со сите ризици.....но од некаде мора да се почне... :) ...Ќе го користат можеби оние кои не знаат како или позгодно им е да плаќаат денарски овде дома.., на махерите не им треба таква услуга, па нема потреба да се жестиш..
Инаку легалната страна на се тоа, па царината итн. не е баш јасна , но веројатно бизнисов или ќе се угаси или ќе се развива . како треба... :) :)
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
@Алте есел дај јави се на скајп, идејата ја надградив и проширив, дури мислам дека сега е подоходовна и пoефтина него ли пред.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Ајде вака нека му даде на ВЛАДЕ некој понуда ПРИВАТНА ПОРАКА ЗАБРАНЕТО Е РЕКЛАМИРАЊЕ за изработка на вебсајт со некој си домејн што вие можете да го понудите и мислам дека за 10000денари че му завршите голема работа на човекот.Респект до Идејата на Владо.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
А зошто не се информирани луѓето дека се плаќа царина на производите? Мислам дека ако е над 45 долари со вкучена достана и сите трошоци (значи вкупната наплатена сума) .. и колку бараа за лежарина?
И што доколку таа интернет страна не испорачува за Македонија? Не можам да нарачам...хммм... ете бест бај не испорачува :(

И да .. кога веќе цел сајт ти е на кирилица, дај смени ги оние ..главна, информации, контакт ... нека се на кирилица
да ги информирам луѓето за нешто што ти пази сега МИСЛИШ:cuc:.
е па немој до толку да мислиш губиш на лепота а и мислењето гледам не ти е јака страна. Да мислеше ке заприметеше дека јас посредувам при плаќање, што значи дека јас не продавам , не наплаќам за лежарина и незнам кој сите глупости ги наброи.
Кога би си купувала сама со своја картичка сите тие работи кои тука ти пречат пак ке си ги платеше сакала или не. Ако сајтот не испорачува за македонија не испорачува, ако има царина има. Ако купуваш сама со своја картичка тогаш ке нема царина или ке испорачаат за македонија за тебе оти си многу лична!!! Не би рекол.
Ваше е да си проверите дали испорачува и дали има царина, мене ми е доволен само линкот од производот кој сакате да го купите за да платам со моја картичка од неможност вие да си го платите сами. Тоа се вика ПОСРЕДУВАЊЕ.
Или пак од што те сакаат многу ете од епл само за тебе ќе ти ги спаковаат заедно со другите производи. Така да не мешај баби и жаби. Јас посредувам при плаќање, не продавам.
ако веќе толку сакаш да си ги одмараш очите од убавината на страната оди на shoppingusa.mk. таму е се средно , направено од професионалци многу добро изгледа и ред други работи. Ама некој треба тоа и да го плати.
Ако ти имаш одповеќе за фрлање пари некој нема, и едноставно сака да си заврши работа.

п.с за зборовите кои се на латиница на страната уште кога е правев пробав да ги направам на кирилица ама ете неуспеав. можеби толку ми е знаењето јбг. ако знаеш слободно кажи ич не си ја стегај душата. или ете не мора ти тука е полно експерти кои се знаат па можеби ке сакаат да споделат. слободно нека пратат пп

А и да се надополнам. 90% од нарачките генерално без разлика дали доаѓаат од страната или од други начини се во границата од 0 - 20 долари така да како прво нема царина , поштарот дома ви ги носи и плаќате провизија 149 денари. Па ајде ви се молам тоа се нешто помалце од три макијата мали на широк сокак или две пива, како ви одговара повеќе.Стварно незнам што вие проблемот!!!????!!!
 
Па така кажи бе ..дечко..
Јас не губам на лепота, најубава на мајка сум си:cool:

Прво за да развиеш сопствен бизнис треба да имаш регистрирано фирма и за твојата добивка да плаќаш данок!
Тоа што ти посредуваш баш ме заболе мене. Јас знам дека според тоа што го напиша јас треба да ти платам на тебе, а ти да платиш со картичка на страната од која што се купува.
Кога ти на мене ќе ми земеш пари значи дека ти ми продаваш нешто .. или се лажам?
Да посредуваш би идело вака ... Јас сакам да порачам нешто од кај Петко, ама не знам како. Ти знаеш, ми кажуваш плати си на таа сметка 10000 денари (фино лепо ми објаснуваш) и на мене за посредништвото ќе ми платиш 200 денари. Ок плаќам јас, ти контактираш со Петко, разјаснувате што и како треба да се достави и ти на мене ми посредуваш.

Е сега .. ако јас сакам да порачам обични патики од 50 евра преку интернет законот вели:

Царинската стапка за патики согласно Царинската тарифа е 25% и ДДВ
18%. - податоков е изваден од интернет страната на Царинската Управа

А сеа ти мене кажи ми како може да посредуваш при некаква продажба а да не знаеш до колку евра пратката не подлежи на царински давачки? Дали знаеш колку денари е лежарина? М? Знаеш? Кажи ми кој ќе биде одговорен ако пратката не стигне? Од каде треба да барам рефундирање? Кој ќе ме обештети мене? Или пак не си ме известил ти мене како посредник дека за стока над XY евра треба да платам царина и ддв? Што ако немам? Ти треба сите законски регулативи да ги знаеш, ако си решил да посредуваш.

Фала. Пријатно
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
^^ Те читам и може само да кажам дека си патетика у боја.:tapp:
 
Добро де не се пали, не те фати тебе за гуша некој преку мене да си купиш патики адидас. купи си од продавница поевтини се!

Инаку по муабетот секој кој барем еднаш тука на форумот купил нешто било што преку нет биди сигурна дека ке свати дека досега или ниеднаш немаш ама баш ништо порачано преку интернет( слободно ако има некој тука што има пејпал нека ме исправи ако не е така) и да не речам си од оние типки кои се знааат и за се се експерти ама само теоретски или...или си ја браниш твојата прекрасна
страничка каде се е тип топ вклучувајки ги и цените.
Ќе да е ова второто пошто прво страната не ти била прегледна , не си можела да се снајдиш од каде се нарачува( инаку на прва страна се линковите очи ке ти истераат, освем секако ако имаш проблеми со видот или по некоја случајност ги игнорираше), потоа за начинот на нарачка и плаќање не ти беше јасно ( ова тие во информации на втора страна и намерно е со слики за пример како тоа изгледа) и одма под него имаш еден дел кој и не е со така мали букви каде се оградувам од одговорност за работи кои ти ги спомна погоре , така да ако не си типка која ризикува натаму не ни мора да продолжиш. После не ти беше јасен ценовникот и провизијата( тука стварно не сватив што не ти беше јасно, не ти оди таблица множење делење или есап бакалски , ама пак затоа има калкулатор десно за да си израчунаш колку тоа би те чинело), па за на крај немало информации кои сме што сме, па ајде си реков тука ти на форумот какви информации имаш споделено со нас и пази НЕМА НИШТО. Нема години, нема место на живеење нема ништо... хммм
И што очекуваеше во информации да ставам освем основни податоци за контакт, можеби матичен број , слика, адреса на живеење , брачна состојба и сметката од банка за да провериш какво ми е салдото или кредит можеби дали имам за исплаќање или сум жирант некаде пишан.
Па за на крај да завршиш дека не ти одговарала политиката на пресметување провизија!!!!!! бреј ај за тебе ке ја сменам, за да ти одговара. И капаче последно што ти засмета било дека некој дел од сајтот бил на латиница. Патетика жива.
Човек ке добие впечаток дека многу работи ти сметаат, јас да сум на твое место не би ја ни посетил страната а уште помалце би ја коментирал тука од петни жили, освем како што реков не браниш друг сајт со слична намена.
Така да во ред свативме дека не ти е по кеф, и дека од тука никогаш не би нарачала ништо и ред други работи, така да не мора уште да се мачиш и да ми реплицираши и да продолжиш да ја тупиш ( но морам да напоменам дека бројот на посети на страната нагло порасна за овие два дена од кога ме критикуваш и за тоа многу сум ти благодарен;)).
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Знаеш што? Ќе ти реплицирам колку сакам ;) да не ме спречиш некако хмм

Вака .. јас имам сигурно повеќе работи порачано преку интернет од тебе. Многу повеќе. Немам плаќано преку paypal затоа што не ми се допаѓа тој начин. Па после месециве поминати во Америка не можеш ти мене да ми кажеш дека немам порачано преку интернет :pos:
Последно нешто... си купив камера од бестбај и ми ја доставија до дома (адресата во америка), за достава немав трошоци си платив со Visa како и секогаш и толку беше.
Дури и прехрамбените продукти ги порачував преку интернет и си плаќав со картичка.
Патики си купив за цела година и тоа по доста поволна цена, а тоа што го напишав погоре е само еден пример.

Моја страничка немам, жалам. Ти како што гледам почна да си ги рекламираш и конкурентите од шопингуса.ком или како и да е.. како им била средена страната и ред други неважни глупости.

Јас не сум ситен посредник. И не ми требаат такви глупости. Ти ја прочитав цела страна, затоа и ти ги поставив прашањата. Нормално дека се оградуваш од било каква одговорност. Па не си будала да си платиш од свој џеб :) Ценовникот и провизијата ми се баш јасни, само не ми беше јасно зошто за секоја трансакција наплаќаш посебно. Па јас ако сум твој клиент се што ќе нарачам треба да биде платено на време во целост плус провизија процентуално на вкупната сума, а не на секоја онлајн нарачка од различна интернет страна посебно.
И дај ти се молам објасни ми зошто треба да споделам јас нешто со тебе на форумов? А? Секој си има право да биде анонимен. Јас не нудам услуги ниту производи. Уште помалку си го рекламирам сопствениот бизнис.
И да пак ќе кажам... не сум јас патетична ... патетична е твојата страна на бесплатен domain која изгледа крајно непрофесионално. И мислам дека мојата споредба со јадењето хамбургер во продавница полна со ѓубре, би ја изменила малку ... Ова смрди .. како да јаде човек во отпад :)

И .. идеја за сопствени бизниси има многу. И ќе има.
Се додека не се вложи некој денар во бизнисот, не знам како би имало добивка. Првиот впечаток е најважен, а зголемениот број на посети на твоето интернет страниче сигурно се должи на тоа дека луѓето сакаат да видат колку е лошо направена.
Успехот не се мери во број на посети на интернет страната (освен ако не е некој портал). Се мери во бројот на нарачките, продадените производи, склучените зделки (во зависност за каков бизнис говориме ;) )
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
Важи бе како што ке речиш, нема грешка само има еден мааааал проблем. Сега кога си се пофали дека многу си шетана или дека имаш или имаше адреса во америка и дека многу си шопингувала и се многу многу многу да не должам....... ајде просветлиги останатите на форумот кој ја немаат таа среќа да имаат адреса во америка или било каде надвор од македонија како тоа би купиле од некаде каде дозволуваат само плаќање со пејпал. Живо горам од желба да знам, а и другите претпоставувам.
Или можеби знам... према твојата дефиниција за посредување , на посредникот ке му дадете 200 денари и тој ќе контактира со интернет продавницата и ке им каже да очекуваат повик од некое лице на кој тој им ја дал нивната адреса за да им плати( ама со што). Така да што знам не би рекол дека твојата идеја би функционира во реалниот свет.
За цитирањето искрено ми одговара , а дали имам трансакции или немам или тие што дошле на сајтот дошле само да се ситат или порачале нешто сигурен сум дека не би те интересирало ама сепак да баш би сакала да продолжиш. Барем уште некој ден или ете ако си расположена месец.
За беспалетн домеин зошто да не, за тоа служат нели. Или некој смета дека бил на привремена работа во америка како собарка и го фатил господ за мадиња, го видел светот па сега ајде ти се молам бесплатен доемин.пфффффф
За рекламирањето колку што знам подфорумот се вика
Идеја за соопствен бизнис, никој не спомна пари, и за разлика од тебе јас барем дадов идеја и ја реализирав и тоа без пари. Некој можеби и ке ја искористи оваа идеја на безброј други начини. Ти освем цело време што негодуваш и критикуваш и се правиш паметна не забележав дека даде некоја паметна идеја, или дека придонесе нешто баш тука на овај дел од форумот.
Или да го промениме насловот на форумот во
Идеја како да ја критикуваме нечија идеја за бизнис ,
затоа што освем чесни исклучоци другите само тоа го прават без притоа да дадат некој корисен совет, поддршка или било што паметно.
МАКЕДОНСКА РАБОТА да му умри козата на комшијата:sick:
 
Хахахаха, ако ти си одел на времето да чистиш соби во Америка, јас работев канцелариска работа и тоа не привремено. Си ја средив визата за многу подолго од што можеш да претпоставиш ;). И не се фалев дека имам американска адреса, туку потенцирано ми беше тоа затоа што производите стигнуваа таму каде што живеев, а сите страни не испорачуваат во МК а уште помалку со бесплатнна достава! И да, бесплатниот domain не служи за ништо друго, туку за да помогне на таквите како тебе што немаат 10 евра да инвестираат :)

Секогаш каде што сум купувала на нет сите примале картички. Не купувам од непроверени страни, всушност на таквите најубаво им е да работат со paypal поради мн дупки низ кој се протнува. А ти наброј ми некои квалитетни страни на кои се плаќа само со paypal.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.577
Па јас имам идеја во сред Скопје ќе отворам Амам ( Турски бањи од старо време) и сега внатре сите облечени како турци девојкиве ко амамки ќе бидеме атракција и ќе донесем многу туристи па ќе си отворам еден ланец од 10 Амами
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
Добро сега ајде ќе мудруваме кој колку пари има и дали имам. Мислам дека не е тоа темата на форумот.
Туку ајде одоговри на ова твоја забелешка

Да посредуваш би идело вака ... Јас сакам да порачам нешто од кај Петко, ама не знам како. Ти знаеш, ми кажуваш плати си на таа сметка 10000 денари (фино лепо ми објаснуваш) и на мене за посредништвото ќе ми платиш 200 денари. Ок плаќам јас, ти контактираш со Петко, разјаснувате што и како треба да се достави и ти на мене ми посредуваш.

ајде те молам објасни овде како тоа би функционирало на ebay да речиме ете за пример само. Ти сакаш да порачаш нешто од кај петко , ама не знаеш како. Јас знам и ти велам само преку paypal ке си платиш 10 000 денари( фино лепо ти објаснувам како се отвора таква сметка ) и ти наплаќам 200 денари за услугата. До овде сме чисти. Е сега ти пробуваш да си отвориш таква сметка и нормално неуспешно. И после што???
Јас ти ги враќам твоите 200 денари ( или не )затоа што јас неможам да ти дозавршам работа не по моја вина( времето го изгубив а тоа за контактирањето со продавачот од ebay нема ни да го коментирам), ти го немаш производот кој го сакаш а си желна да платиш. И сите несреќни.
Мислам дека твојот начин е покомплициран башка невозомжен.
Не е подобро вака како што викам јас, само ете за пример нема да платиш 200 денари туку 599. За сума од 10 000 денари мислам дека не се ништо.
Само да напоменам дека и по некоја случајност и да имаш таква сметка сите оние процедури од кои толку се плашиш пак ке ги поминиш сакала нејкела( на царината мислам ).
п.с и ако сепак имаш paypal сметка воопшто нема да ти наплатам ни јас и мислам и никој друг на форумот за услугата или за советот како да нарачаш од било каде. Господ да чува па тука на форумот има објаснување како оди постапката.
Не е цела финта да се инаетиме тука без потреба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom