Идеја за сопствен бизнис

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Види Владо факт е дека твојата работа посредништво е работа како и секоја друга ама тешко дека ќе можиш да му продадеш услуга во Македонија на секого,

Еве статистички тие што сакаат да порачаат нешто од Америка идат или живеат таму можеби имаат роднини,значи бројот на корисници во МК ќе биде ограничен.

Делинда е опасна зарем она сака да му плаќа на некој само да и посредува .

Поентата што сака да ти ја каже дека со сув газ риби не се ловат.

Ако сакаш информираната smart ass Делинда да направи услуга ПРЕКУ ТЕБЕ мора да понудиш повеќе од тоа значи да организираш транспорт или посредуваш во ЦАРИНА за да услугата биде НЕПОБЕДЛИВА Економски термин.

Нормално дека можеш да успееш ако се трудиш и организираш во секој бизнис е така.

Не се плаши нема да умре ниту комшијата ниту козата ако си ги чуваш како треба .
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
Јас не ни очекувам како ја нарече smart ass Делинда да нарача преку мене, пу пу скраја да е не ни сакам.
И страната не е направена за тие што имаат или знаат туку за тие што немаат или не знаат. Овие првите секако најчесто и немаат потреба да купуваат преку нет.
нормално секогаш се најдува по некој кој бара влакно во јајцето и кој има чичко во америка или има друг начин да ги набави тие работи. Но да бидеме реални колкав е нивниот број стварно.
Друга работа е што цело време по форумите едни те исти цело време шалтаат како тоа требало големи средства за да почнеш бизнис, па неможело па требале врски и ред други срања. Ете не требало можело и со ичпари. Е сега немала Делинда или таквите како неа да порачале од кај мене затоа што ај не е битно. Голема работа, има уште ден куп други кои сакаат верувале или не. Да се разбериме ова мене не ми е примарен бизнис и никој не очекува а најмалце јас дека со ова ке се збогатам, ќе станам милионер и за кратко време ќе створам огромен капитал, ама со оглед колкав е влогот секоја добивка е добивка.
Цела идеја во бизнисот ( било кој ) е да ја искористиш приликата, што јас и го направив со оглед дека ја затворија дупката за пејпал во македонија. За тие што имаат таква сметка или некој друг начин на купување од нет сигурно не им требам јас ни било кој друг, ама да бидеме реални многу ја немаат. Впрочем и јас ја извадив пред многу време сигурно не од бес, ми требала. Ете се погоди да немам роднини и адреса во странство. Тоа е што да се прави, мора од некаде.
Не ми одговори !!!
прв те прашав
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Добро ама треба да знаеш дека парите мора да се оданочат исто важи и за провизија.

Нормално кај тебе можеби не мора бидејчи имаш сметка во странска банка ама како и да е ова е сепак нелегално затоа што немаш фирма ако те фатат од даночна инспекција ќе биде малце зафркнато да им објасниш како правиш пари.

знаеш какви сме ние македонците од пиле бараме млеко,некој ќе те пријави.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Ако тука некој зима провизија тоа се банките они се СМАРТ Ass и тоа ќе те одерат ,види неможеш вака да работиш мора да имаш фирма ,знам ќе ми речеш дека ова е ситна боранија ама погрешно размислуваш ќе видиш дека може подобро да работиш ПЛАТИ си за Бизнис ПЛАН некој да ти сработи и шибај.

Не те демотивирам ако сакаш работи и на црно како пријател ти кажувам на некои сопки.

ајде поздрав

Еве едно песниче од FOOL and Horses пошто си од моја генерација ќе ти текне на двајцата преваранти добра комедија беше

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
Серијата е евергриин, ме врати малце во младоста:).
За другите работи ке спомнам дека сепак ова не го работам од вчера иако страната е нова, и да се имам распрашано уште поодамна за тие работи. Да не навлегувам во детали фала за советот ама економски гледано би било самоубиство сето тоа да го направам од неколку причини.
Погоре предложи и да си купам доемин или готова страна за 10 000 денари, па бизнис план и на крај фирма. Сето тоа би било во ред ама .....
за страната конкретно 10 000 ајде ти се молам. Прво зошто би платил толку пари за нешто што го имам и за безпари. За на некој префриган кој сака да си ги одмара очите на сајтот да му биди убава, а и покрај се нема да нарача затоа што бла бла бла секогаш ке најде нешто. Побезвезе фрлени пари амин од тоа. Кажими искрено ти ама искрено дали би платил 50 денари не 10 000 за нешто кое можеш да го добиеш и за 0 денари. Сега одма ке се затрчате како имала непрофесионален изглед. И американците мислеле така во виетнам со нивната М16 наспроти калашникот ама гадно се заебале. Да стварно м16 беше модерна , лична убаво изгледаше со модерени материјали и за к.р не ја биваше. Едноставно не ја бркаше работата за која беше наменета, за разлика од неа калашникот ( кој ако си мое годиште сигурно го имаш зачекано во војска) беше грубо направен, грд и тн.. ама сосем добро го работеше за она што беше дизајнирана и ден денес го работи по цели 60 години. Се надевам ја гледаш тука корелацијата во врска со страната. Моежеби е вака груба , непрофесионална ама си ја брка работата за која е наменета, и да не спомнувам по незнам кој пат дека сосем добро работев и без неа само на локално ниво.
И така со страна која кошта 10000 +, бизнис план , и фирма ( кој никој не спомна дали имам или не) , ќе добијам само еден многу убав интернет сајт и долгови преку глава, затоа што тогаш провизијата нема да почнува со 99 денари туку 899 , нормално никој нема да нарачува пошто ќе биде премногу неисплатливо.
И еве ти рецепт како да заглавиш!!! Сите добиваат само јас губам( програмерот си зема 10000 , државата данок, дечкото со бизнис планот и тн).
Ne jas prva te prasav

Koi se tie strani (normalni strani, a ne nekoi tretoklasni) koi ne dozvoluvaat plakanje so Visa, Master, American, Maestro i slicni na niv??

Danokot e obligacija. Obvrska e na sekoj da go plaka. Makar i 2000 denari da ima dobivka!
Јас ете не сум толку префриган , мене ибеј сосем добро ми одоговара и има се што ми треба, сега за тебе незнам.
Баш напротив страните кои не дозволуваат плаќање преку пајпал обично треба да се запрашаш зошто( по мое искуство).
Сите тие страни кои доволуваат плаќање директно со картичка сите го имаат пејпал како опција, освем сумливите секако и баш
пејпал постои ради такви работи. Сега ако имаш ти други информации споделиги тука. Сите сакаме да чуеме.
Данокот да е обврска и сите мораат да го платат , но има едно но кое ете како прошетано и високообразовано чупе би требало да го знаеш!!! Исто важи и за царината кога сме кај тоа веќе.
И да не се инаетиме кој кого прв прашал прочитај си подетално наназад некоја страна за да се увериш сама, мада сметам дека ете јас ти одговорив на твоето прашање па повели одговри сега ти.
Мала помош јас те прашав овде , а ти одма после тоа( веќе кога цепидлачиш за се).
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Пред да контактирам со осигурителни компании, сакам да прашам дали некој знае повеќе за тоа кои се задачите и работните обврски кои треба да ги врши еден Надворешен осигурителен агент во осигурителна компанија?

Слушнав дека не било константно вработување, дека работиш по твое работно време, налик твој бизнис.

Некој?
 
Член од
9 мај 2011
Мислења
84
Поени од реакции
35

Значи твоја задача и обврска е да најдиш луге кои ќе сакаат да се осигураат и доколку биде остварено тоа тогаш добиваш процент во зависност од висита на осигурената премија.Доколку сакаш попрофесионално да се занимаваш со оваа работа има и некои тестови кои се полагаат на државно ниво.Треба само да имаш доволно слободно време и нерви за да им објаснуваш што е како.
Но да те предупредам дека во мојот случај наидов на доста потешкотии па се откажав.
Едноставно македонскиов народ сеуште нема сватено што всушност значи осигурувањето .
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пред да контактирам со осигурителни компании, сакам да прашам дали некој знае повеќе за тоа кои се задачите и работните обврски кои треба да ги врши еден Надворешен осигурителен агент во осигурителна компанија?

Слушнав дека не било константно вработување, дека работиш по твое работно време, налик твој бизнис.

Некој?
Задачата ти е невозможна мисија. Нема да извадиш ни за сладолед. Дечково над мене убаво ти објасни. И јас го работев тоа порано нема пари во тоа пријателе.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Значи твоја задача и обврска е да најдиш луге кои ќе сакаат да се осигураат и доколку биде остварено тоа тогаш добиваш процент во зависност од висита на осигурената премија.Доколку сакаш попрофесионално да се занимаваш со оваа работа има и некои тестови кои се полагаат на државно ниво.Треба само да имаш доволно слободно време и нерви за да им објаснуваш што е како.
Но да те предупредам дека во мојот случај наидов на доста потешкотии па се откажав.
Едноставно македонскиов народ сеуште нема сватено што всушност значи осигурувањето .
Ќе парафразирам извадок од една серија:
„Осигурањеее? То ти е данок за имбецили!“

Еее сега, неморате да почнувате и да ми ги објаснувате предностите на осигурањето доволно добро ги знам (ва воља на вистината Америка трча само на осигурање)

Проблеми кај нас: НЕЧЕСНОСТ. Сум имал доволно прилики да се расправам (а и да слушам осигурителни приказни ) со стоки од осигурање да помислам дека фразата шо ја цитирав ептен држи вода кај нас. Додека осигурителните компании како Вардар (морам да ги кажам) и слично не се научат дека нивна задача е и да дадат пари во случаи кои ги опишале во договорите наместо да цепидлачат тогаш ситуацијата ќе биди како шо опиша. Македонскиот надод има научено што значи „осугурување ВО Македонија“, значи не ваша задача (вие сте пиунчиња во приказната) туку на осигурителните компании е да работат сериозно, наместо да лешинарат само на законски обврзувачките осигурувања.
 
Токму затоа што македонскиов народ не го има сфатено значењето на поимот осигурување, затоа осигурителните компании се зафркаваат и си прават што сакаат. Еден прост пример ќе ти кажам: одам на еден господин да му ги објаснам предностите од животното осигурување, тоа дека парите не ги губи и ако ги доживее годините парите му се враќаат со камата, адоколку недајбоже умре тоггаш парите одат на наследниците.И пази реакциава цитирам"ти сакаш јас да умрам и да ми ги лапните парите?"!?!?!?!?!?!?!?
Исто така и ако некој со многу пари се одлучи да вложи ти вика не ми егајле мене шо ќе правите со парите не сакам ни извештаии ни ништо, само си ги сакам парите дуплирани!?!?!?!?!
Според мене за да имаме правилно осигурување најпрво треба да се укинат задолжителните плаќања на вработените по однос на пензиско и инвалидско осигурување кои одат директно во џебот на државата па после кај сегашните пензионери.И втора работа е зголемена ревизија и контрола врз осигирутелните компании.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Пред да контактирам со осигурителни компании, сакам да прашам дали некој знае повеќе за тоа кои се задачите и работните обврски кои треба да ги врши еден Надворешен осигурителен агент во осигурителна компанија?

Слушнав дека не било константно вработување, дека работиш по твое работно време, налик твој бизнис.

Некој?
Ova e dobro ako imas ducan da otvoris za osiguruvanje pa strankite da doadjaat kaj tebe vo sprotivno e gubenje vreme ( moe mislenje ) ti da ides da trazis hmm
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Така некако ми изгледа и мене- ем губење време, ем неможност да се најдат саглам луѓе за да ти платат на пр. да се склучат осигурување на сопствен живот или стан. Во право е членот што вика дека на луѓево наши не можеш да им објасниш што е всушност е осигурувањето, сите ќе мислат дека сакаш да ги зае*еш :).
 
Последниот Мохиканец

Командат -ај лав ју
Член од
3 февруари 2007
Мислења
294
Поени од реакции
61
Па џабе не викаат:Убавиот збор на 10 луѓе,Лошиот на 100:) кај нас кога се овозможи приватното осигурување многу од агентите(тогашна ПРВА БОРБЕНА ЛИНИЈА) многу луѓе изиграја така да тешко се поправа лошиот имиџ,чест на исклучоците .И бтњ во последно време гледам многу фирми и организации кои со агресивни реклами мислат дека ќе има некаков ефект мада јас тешко сумљам.Перат мозоци за џабе трошат пари од фирмата ,наместо да понудат подобри и поквалитетни за оние најбитните потрошувачите":).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom