ИТ фирми и пракси во Скопје

Дискусија во форумот 'Програмирање и програмски јазици' започната од StaticStupid, 1 јуни 2013.

  1. AndroidDev

    AndroidDev

    Член од:
    21 јуни 2018
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали некој знае како е со побарувачка за native android девелопери во Скопје? гледам по огласиве некако килаво е слабо се бара.
     
  2. blanco

    blanco

    Член од:
    18 мај 2008
    Мислења:
    4.436
    Допаѓања:
    7.266
    Не знам дали те протолкував добро, сакаш да кажеш дека само една година се задржа на факс и се вработи?
    Баш ме интересира нечиво искуство во врска со ова, пошто сум моментално во двоумица. Имам запишано факс вондредно, прва година сум, имам некоја замисла да ми е како дополнителна заработка ова, но на факултет освен тие 2 предмета програмирање Ц и Ц++ другото е губење време. Не за друго ми го одземаат цело време, да бев редовен ај, ама вака се мислам дали вреди да се продолжи и да се земе диплома или да барам друго чаре. Што би ме советувал ти околу ова?
     
  3. asdasd5645

    asdasd5645

    Член од:
    23 септември 2015
    Мислења:
    167
    Допаѓања:
    24
    Научи html,css,javascript,bootstrap,php и кажи дека си студент(koлку да те примаат) па пробај доби ја работата и откачи го факсот :D
    ПС.На кој факс си
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Спојлер

    Спојлер

    Член од:
    12 декември 2007
    Мислења:
    3.605
    Допаѓања:
    4.631
    Не, земав Bachelor диплома. Истото беше и кај мене, првите 2 години ти се 90% теорија. Осетив дека web development повеќе ми лежи па потрошив повеќе време и труд за тој предмет и подоцна после дипломирањето одлучив да пробам да изградам кариера во овој смер. Незнам на кој факс си, ама пошто е МК можам да замислам дека е губење време околу вештини и знаење, едноставно премногу теорија, премалку пракса, застарени ствари итн. Во ИТ дипломата не е пресудна, но сигурно е добродојдена. Многу полесно ќе дојдеш до интервју со диплома, едноставно е must have кај најмалку 70% огласи и позиции. Јас дипломирав со 9.80 и до ден денес никој не погледна во тие оценки, ама ете...бараат да имаш degree ако сакаш да аплицираш. Јас би продолжил понатаму да бев на твое место.
     
    На Dimitar171 и blanco им се допаѓа ова.
  5. Löwe

    Löwe

    Член од:
    14 јули 2010
    Мислења:
    6.902
    Допаѓања:
    7.859
    Mislenje za 5appz?
     
  6. Гард

    Гард

    Член од:
    27 септември 2010
    Мислења:
    3.472
    Допаѓања:
    4.724
    Мислење за Кара5?
     
  7. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.689
    Допаѓања:
    8.171
    Како ги наоѓате овие фирми?
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Гард

    Гард

    Член од:
    27 септември 2010
    Мислења:
    3.472
    Допаѓања:
    4.724
    Фејсбук група за ИТ Фирми и огласи
     
    На Ron Burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hurin

    Hurin Pokerface bastard

    Член од:
    3 јуни 2009
    Мислења:
    7.675
    Допаѓања:
    11.988
    Фидбек за AITONIX?
     
  10. wot

    wot њ

    Член од:
    20 мај 2008
    Мислења:
    16.901
    Допаѓања:
    25.541
    pred nekolku dena sedev so kire i jordanco, super se deckite i pretstavuvanjeto kako firma im e profi
    dostapni, fleksibilni, sve odlicno
    ne znam kako e da rabotis tamu, skoro smenija ime i stanaa aitonix a voedno preminaa i vo akcionersko drustvo pa mozno e da ima promena u polisi na funkcioniranje, pred toa bilo ok, samo pofalni zborovi, od vtora raka muabeti i spekulacii tolku :D
     
    На Hurin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vlado_@@@

    vlado_@@@

    Член од:
    13 октомври 2018
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    1
    Мала помош/совет од поискусните...
    Не сум баш почетник со Java програмирањето/ооп,али и далкеу од сениор.На ниво некое сум каде што решавам медиум алгоритми на hackerRank и слични страни за вежбање.Имам познавање исто medium со бази,работа со сервери(Request/Response/Api/Json) итн..
    Во дилема сум на каде да продолжам...на андроид или веб ?
    Од веб имам ептен basic искѕуство со Spring(креирање beans,работа со анотации итн) додека со Андроидов се занимавам по дома неколку месеци и горе доле имам повеќе познавање(Sqlite,Butterknife,MVP,Picaso,Volley итн..).
    Во дилема сум затоа што читам коментари во стилот андроид е во подем,се бараат девелопери додека за WEB има многу подобри јазици од Java(ФАКТ !!) а од друга страна по огласиве горе доле што ги пратам,и на финки и на фб групиве за ИТ од 20 огласи за јава девелопери 19 се за WEB.
    Малтене скоро секоја втора фирма има потреба од Јава WEB,скоро се информирав за да се пробам на интервју во Мусала Софт како Junior Android,добив одговор..."немаме потреба од Андроид,а во моментов имаме слободни места за 20 Senior WEB Java,доколку знаеш,повели на интервју/тестирање...".
    Ако може мислење/совет од поискусните на што да се определам...

    пс.ги читам претходниве постови и ќе замолам да нема реплики у стил... "зошто јава,си требал JavaScript/NodeJS,Php итн.."
    Сум се определил за Јава и тоа е..сум читал и сум свесен за сите мани и какви предвидувања општо даваат за Јава пред да почнам да го учам но исто така знам дека со добро стекнато искуство во еден јазик(во случајов Java или кој било друг ООП програмски јазик) можеш преку ноќ што се вика да почнеш со Python,Ryby,C++,Kotlin итн...
     
    Последно уредено: 13 октомври 2018
  12. Amaterasu

    Amaterasu 123123113

    Член од:
    17 април 2012
    Мислења:
    1.062
    Допаѓања:
    917
    Значи си направил добра анализа, зошто едноставно не одлучиш што повеќе сакаш ?
    Ниту WEB ниту android програмирањето нема да исчезнат во блиска иднина, ниту едно од нив нема да биде "мртва" технологија.
    Една работа што треба да ја разбереш е дека ниедна одлука што ќе ја направиш сега не е финална. Ќе се вработиш и ќе работиш WEB. Не ти се свиѓа ? Префрли се на android. Барем во нашата струка имаш можност едноставно и брзо да се префрлиш од една платформа на друга, или од еден јазик на друг.
    Мислам дека е битно да се разбере дека програмски јазик се учи за 1 недела. Нормално, под учи подразбирам да знаеш како да ги искуцаш работите што ти требаат а не да правиш шифтање на битови за да не користиш + или *.

    Од друга страна, начинот на кој фунционира целата клиент-сервер архитектура, концептите, дизајнирањето на архитектурата на апликацијата, пишувањето на reusable, clean и understandable код е нешто кое е потешко да се научи и разбере, но затоа е нешто што е language agnostic и ќе ти користи во било која сфера од софтверската индустрија.

    Затоа, мојот совет е следниов:
    Одлучи што сакаш и вработи се во таа струка. Мораш да почнеш од некаде. А после тоа, ако не ти се свиѓа, префрли се.

    Иначе, јас работам како spring developer повеќе од 2 години, па ако имаш прашања за framework-от, бараш некакви материјали за учење или слично, слободно прашај и ќе се потрудам да помогнам :)
     
    На stipsburg, Krstev и Емкаа им се допаѓа ова.
  13. Löwe

    Löwe

    Член од:
    14 јули 2010
    Мислења:
    6.902
    Допаѓања:
    7.859
    Пуштими мене во пп
     
  14. Amaterasu

    Amaterasu 123123113

    Член од:
    17 април 2012
    Мислења:
    1.062
    Допаѓања:
    917
    Хм, не можам да ти пратам порака, можеби ја имаш disable-увано таа опција.

    1. За почеток, мислам дека поради тоа што се работи ви java, а must read e Effective Java.
    Книгава не е директно поврзана со spring, но бидејќи голем дел од кодот во spring е чист java код (POJO), a практиките кои се објаснети во оваа книга ќе ти бидат од големо значење.

    2. Spring Boot in Action или Pro Spring Boot
    И двата типа на книга се одлични за учење spring. Втората знае да биде и малце по-хардкор, со повеќе код итн.
    Тука има уште две книги "Spring in Action" и "Pro Spring".
    Според мене книгите за Spring Boot се подобри затоа што Spring Boot е всушност преконфигуриран Spring модул, со кој многу лесно се почнува учењето и правењето апликации. Мислам и дека сите фирми кај нас веќе се префрлени на Spring Boot, бидејќи обичниот Spring има потреба од многу конфигурација (која според мене е непотребна, а во spring boot има дефаултна која во 99% од случаите ќе ти биде сосема доволно, а за тие 1% секогаш можеш да искуцаш своја).
    Исто би било убаво да се читаат последните едиции на книгите, затоа што последната верзија на Spring (5 за spring, 2 за spring boot) донесоа доста промени во framework-от и некои од работите во претходните верзии не се компатибилни со новите.
     
    На Гард, Löwe и vlado_@@@ им се допаѓа ова.
  15. vlado_@@@

    vlado_@@@

    Член од:
    13 октомври 2018
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    1
    Фала за материјалите...од пред некое време почнав да ја читам Effective Java,дефинитивно една од подобрите книги.

    Јасно ми дека мора да се почне од некаде и дека преку пракса/работа се учи најмногу и одлуката ја донесов за Андроид,само малце демотивациски е што многу тешко ми иде со наоѓањето на оглас за Junior Android веќе некое време,секаде каде што го пратив CV или имав шанса за интервју преку познаник или пријател добивав одговор дека им треба WEB а не андроид.Затоа и прашав тука,дали реалната состојба во моментов е таква или јас немам среќа со фирмиве.
    Доколку во некое догледно време не добијам шанса за андроид,дефинитвно ќе се префрлам и ќе фаќам книга за Spring/Hybernate и други технологии за WEB...само што немам 20 години,29 имам и искрено сам на себе си правам притисок дека времето лета а јас шетам по платформи а и имам такво чуство дека никој не сака во фирма да вработи Junior на стари години..
    Може и грешам...
     
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: