ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
12 декември 2007
Мислења
4.730
Поени од реакции
9.770
Дечки, заинтересиран сум за промена во кариера. Сакам да бидам програмер, во моментов работам како професор по програмски јазици. Но искрено не знам од каде да почнам. Имам познавања од ЈАВА ООП, Spring boot mvc , HTML, CSS, Bootstrap. Се обидувам да склопам дома некој проект како би имал поголеми шанси за да ме примат на пракса но тешко ми оди сам. Дополнително едниственото слободно време ми е преку лето за пракса.

Имате ли некоја идеја како најбезболно да се префрлам во овај сектор. Се мислев за семос кариерен центар да видам што ќе ме советуваат.
Во најдобар случај би ми била да ми се најде менторска програма после која би следело вработуање.

Има ли надеж за мене или да одам келнер на Малта :D?
o_O

Работиш како професор по програмски јазици, а не си програмер и тешко ти оди склопување проект? Да не мешам случајно поими и професор по програмски јазици не е она што јас мислам дека е?
 
K

Kiko

Гостин

Заглавувам на проект и нема кој да ми покаже. Програмските јазици кои ги предавам се паскал и ц++ во процедурална форма. Далеку од real time апликација. Имаш некој совет за мене или ќе ме осудуваш?
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Заглавувам на проект и нема кој да ми покаже. Програмските јазици кои ги предавам се паскал и ц++ во процедурална форма. Далеку од real time апликација. Имаш некој совет за мене или ќе ме осудуваш?
Така се почнува, на добар пат си, само треба да имаш повеќе трпение и да бидеш упорен. Имај на ум дека не се научива за брзо време, тоа е процес на учење кој никогаш не завршува.
Мора да се снаоѓаш некако, барај на гугл, прашај по форумии ќе најдеш решение за проблемот, со секој решен проблем имаш знаење плус.
Финтата е да си правиш проектчиња и да вежбаш постојано.
Ако успееше некаде да се бутнеш на пракса тоа ќе ти биде од голема корист.
 
Фала ти пријателе се трудам од петни жили, барам и пракса за летово , инаку зедов неколку курсеви на udemy за ЈАВА и Spring boot MVC. Сега ги разбирам концептите и знам да направам едноставна програма. Но ми треба реален проект како продавница а не можам да најдам ниеден добар туторијал. Има еден на udemy изгледа тој ќе го пробам, нешто помеѓу школски проект или на малку повисоко ниво.

Сега гледам огласиве све нешто .нет и се нервирам да не ја згрешив насоката.

Дали можеби е добра опција курсот од семос за ангулар? Дали откако ќе го завршиш те праќаат во фирма за пракса со можност за вработување. Со други зборови дали се испалќа да одиш на семос курсевите?
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767

Не знам конкретно за Angular курсот, ама имам позитивно искуство со Семос. Пред две години посетував кај нив летна школа која се состоеше од официјални Microsoft курсеви за HTML/CSS/JavaScript, C# и ASP.NET MVC. Пред да одам на курсевите дома седнав и научив некои основни работи, зашто факултетот што го имав завршено нема никаква допирна точка со ова. За време на курсевите ни беше обезбедена пракса во компанија, каде што имавме можност да работиме на реални проекти. Од компанијата цело време праќаа фидбек во Семос за тоа како ни оди. По завршувањето на праксата, Семос ме препорачаа во една дуга фирма, каде што се вработив.

Што се однесува до Angular, ако знаеш добро JavaScript, можеш да седнеш и сам да го научиш од онлајн курсеви.
 
Ова е одличен одговор. Фала ти многу пријателе! Ако не е тајна колку те чинеше сето тоа?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.083
Фала ти пријателе се трудам од петни жили, барам и пракса за летово , инаку зедов неколку курсеви на udemy за ЈАВА и Spring boot MVC. Сега ги разбирам концептите и знам да направам едноставна програма. Но ми треба реален проект како продавница а не можам да најдам ниеден добар туторијал. Има еден на udemy изгледа тој ќе го пробам, нешто помеѓу школски проект или на малку повисоко ниво.

Сега гледам огласиве све нешто .нет и се нервирам да не ја згрешив насоката.

Дали можеби е добра опција курсот од семос за ангулар? Дали откако ќе го завршиш те праќаат во фирма за пракса со можност за вработување. Со други зборови дали се испалќа да одиш на семос курсевите?
Имаш тони материјал и за Јаваскрипт и за Ангулар и за Риeкт на нет. Можеш да најдеш пракса, иако и таму ќе те стават на проект, некој си fictional, и ќе работиш во тим и со рокови. Ако те биде ќе те земат, ако не, ништо. Ако мислиш дека некој ќе седи до тебе и ќе ти објаснува, тешко тоа се наоѓа.

Ја на пример, пошто немам технички факултет, едно две години се посветив на учење и правење на мои апликации во PHP фрејмворци + јаваскрипт, и не отидов на пракса него диркетно се вработив, ко џуниор нормално.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408
Заглавувам на проект и нема кој да ми покаже. Програмските јазици кои ги предавам се паскал и ц++ во процедурална форма. Далеку од real time апликација. Имаш некој совет за мене или ќе ме осудуваш?
Тешко и на пракса дека ако заглавиш некој ќе седне и ќе се замара толку со тебе да ти го реши проблемот. Прво ќе те остават сам да пробаш да си го решиш. Општо мислам најесенцијален скил треба да ти биде пребарување по интернет за такви проблеми :D
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.730
Поени од реакции
9.770
Заглавувам на проект и нема кој да ми покаже. Програмските јазици кои ги предавам се паскал и ц++ во процедурална форма. Далеку од real time апликација. Имаш некој совет за мене или ќе ме осудуваш?
Не те осудувам, чудно ми падна. Совети од сопствено искуство - како студент учев C++ во прв и втор семестар (ООП). Тоа ми беа познавањата, се додека не седнав и изработив глупа PHP апликација од нула до завршен продукт за месец дена, со туторијали и stackoverflow. За скоро секое прашање ќе најдеш одговор на Интернет, освен ако сакаш да програмираш нешто што никој досега го нема програмирано.

Да сум на твое место најпрво би одлучил дали сакам да бидам web/desktop/mobile, frontend/backend/full stack итн. Во моментов доста се барани Angular и React. Јас како што реков почнав посериозно со PHP/SQL/JS/HTML/CSS, научив по некој framework/library како Bootstrap за responsive design или jQuery за JS. Понатаму се надополнуваат работите, доколку знаеш JS и ООП концепт, Angular се учи за месец два од книга и туторијали. Не сум во МК, првото работно искуство ми беше пракса во странство, покажав желба за учење и добри резултати и после 2 месеци ме вработија стално. Напуштив сам после 3 ипол години затоа што да останев ќе си останев на тоа што го знаев и научив таму, без нови технологии. Мора да си во чекор со времето, премногу динамична е професијава. Кој користеше Javascript како server side до пред неколку години? Сега имаш Angular (Typescript), React, Node.js итн. Учењето не престанува во професијава, треба едноставно да имаш концепт и замисла како тоа најефикасно ќе го правиш. Мене од книга + Интернет ми е најдобро, со сопствени мали практични проекти како tic-tac-toe, книжарница, фитнес прогрес апликација итн.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Ова е одличен одговор. Фала ти многу пријателе! Ако не е тајна колку те чинеше сето тоа?
Вкупната цена на курсевите е 1605 евра, со тоа што јас имав 30% стипендија после организирано тестирање од нивна страна, каде што даваа една целосна и 10 делумни стипендии. Тестирањето беше со прашања за MTA: Software Development Fundamentals, за кој на нет можат да се најдат доста материјали за спремање. Лани не знам дали имало пак вакво нешто, можеш да почекаш до мај-јуни да видиш дали ќе има оваа година.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.083
Има некој што работи или има искуство со Мусала ? Поточно ме интересира за начинот на организација на фирмата, проектите кои се работат, квалитетот на луѓето кои се вработени, квалитетот на софтверот кој се прави и слично.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
Како се движат платите у ит секторов?
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Како се движат платите у ит секторов?
Зависи како ке се договориш. Спремај добро портфолио, и не попуштај.
Искуство од 2 колеги од факс, двајцата без искуство.
Едниот почна со 20к плата (frontend), другиот со 60к денари(mobile,хибридни апликации). Ако добро се спремаш за интервјуата и аплицираш во поголема фирма, би требало да можеш 50к+ за почетна плата.
И секако, внимавај во кои фирми ке аплицираш, некои замараат основи, некои се посветуваат на практични прашања. Добро е однапред да знаеш што ке те чека на интервју.
 
50K - 60K без искуство?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom