Z
zmej gorjanin
Гостин
Не е точно. Еве ја сум тежок интроверт, потежок тешко дека ќе сретнеш, ако едно нешто ме возбудува е работа, и ако со било кој за било што можам да разговарам е код. Тоа што ти го опишуваш се мрзливи луѓе и нема врска дали се интроверти или екстроверти. Не знам само зошто умеша ремоут работа, пола работно време ми е состаноци и комуникација со други луѓе. Она што интроверти не го сакаат е она што америте го нарекуваат small talk, да не ја ширам што и како е тоа. Ама еве ја тежок интроверт почињам пак нова работа од Февруари (по богзнае кој пат) и се бара од мене да бидам физички присутен у канцеларија, ја сум искрено среќен, среќен сум да упознавам нови колеги и све тоа поврзано со работа. Цела среќа на интервју не ми викнаа психолог да ме анализира пошто ќе мислев нешто не е у реду со фирмата.Лично немам ништо против интровертни особи.
Генијални умови постојат како кај екстровертни, така и кај интровертни личности. Тука нема дискусија.
Генерално проблемот лежи што претежно интровертните личности одбиваат да се држат по работни правила, од аспект на пропишано работно време, пауза, секојдневно физичко присуство на работа, како и редовна лице во лице комуникација со претпоставените.
Едноставно отворено кажуваат -јас така не можам.
Ние велиме океј, уште еднаш длабоко процени се себе си и кажи. Можеш да работиш на класичен начин со физичко присуство на работа или не. Кандидатот инстантно ти одговара НЕ. Тука завршува интервјуто, очигледно дошол на погрешно место. Му посакуваме среќа да си пронајде поуспешна работа во фриленс светот.
Генерално тоа е и причината што длабоко затворените личности претежно работат фриленс, бидејќи се сами пред дисплеј, не присуствуваат физички на работа, никој не им пречи околу нив, немаат ограничувања во однос на работно време, немаат службени разговори лице во лице итн. со што го постигнуваат својот максимум на деловен план на свој начин, во својот свет.
Кај нас од никого не се бара да изиграва кловн. Се бара да се работи, да си ја извршува зададената работна задача во определениот временски рок, да комуницира отворено со тимот во однос на службениот дел, да репортира редовно моментален статус на претпоставениот.
Секако, секојдневно присутен на работа во точно определеното работно време. Муабети надвор од службениот дел во текот на работното време нема. Дисциплината во Германија е на високо ниво, така да за тоа нема збор.