ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Здраво!

Сакав да знам дали некој може да ми помогне со следниов проблем? И доколку има познавања од АПИ сервиси.

Треба да ги извлечам податоците температура за сите градови (градовите имаат ID, и преку тоа треба да се повика сервисот). Пробав секако да го повикам, но не можам да најдам решение за да ги добијам сите градови наместо одделно.

https://openweathermap.org/api - ова е линкот.

Пробував со q parameter да извлечам податоци, но ништо.

Доколку би помогнал некој, би била многу благодарна бидејќи сега ги учам и јас овие работи и не знам кај грешам.
Вакви задачи се поставуваат пред учениците и специјалистите во апликации за табеларни прикази како MS Excel, LibreOffice, Google Sheets и скоро сите бази на податоци илјада пати секој ден- има табела којашто претставува генерална популација од која ти треба да извлечеш примерок според критериумите 1, 2 и/или 3. Најелегантното решение го има Excel, во Power Query ќе ја исчешлаш општата популација според дадените критериуми, колоните што не ти требаат фино ќе ги избришеш и готова работа.
Се работи за концепт од теоријата на множества: пресеци, унии, лев и десен пресек кој нашол примена кај базите на податоци: left join, right join, inner join, outer join. Така третирај ги таквите проблеми: се бара пресек според даден критериум.
 
Член од
26 август 2018
Мислења
79
Поени од реакции
33
Здраво луѓе, дали работите со некој којшто постојано (цело работно време) зборува и вика, под зборување не мислам за зборување за работа, туку секојдневни муабети ко за на чешма од старите приказни. Ако не зборува, пее, ако не пее, тогаш свирка. Неколку пати од другите колеги од канцеларијата му е укажано дека смета и аргументите му се од типот на: „стајте си слушалки“, „дајте ми статистики дека работите повеќе јас ко ќе не зборувам“, „прилагодете се на мене“ итн. Обичен девелопер е којшто нема никаков авторитет за да се однесува така. Како се справувате со ваквите луѓе (ако сте наишле) без никаква свест за своите постапки?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314

Јас не, али моите колеги во тимот работат со еден таков. Ќе ги прашам баш за совет.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Здраво луѓе, дали работите со некој којшто постојано (цело работно време) зборува и вика, под зборување не мислам за зборување за работа, туку секојдневни муабети ко за на чешма од старите приказни. Ако не зборува, пее, ако не пее, тогаш свирка. Неколку пати од другите колеги од канцеларијата му е укажано дека смета и аргументите му се од типот на: „стајте си слушалки“, „дајте ми статистики дека работите повеќе јас ко ќе не зборувам“, „прилагодете се на мене“ итн. Обичен девелопер е којшто нема никаков авторитет за да се однесува така. Како се справувате со ваквите луѓе (ако сте наишле) без никаква свест за своите постапки?
Шефот/кадрово ако не може да го средат, вие уште помалку.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Шефот/кадрово ако не може да го средат, вие уште помалку.
Ова е многу добар совет. Ако не ти се свиѓа претставата, не оди кај кловнот да се жалиш, оди кај газдата на циркусот.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Во изминатиов период поради зголемениот обем на работа, службено поради потреба од нови вработени кои ги повикувавме на разговор, често се среќавав со индивидуи од ИТ секторот кои целиот свој работен стаж го поминале работејќи од дома.

Бидејќи кај нас во компанија не се практикува работа од дома, овие луѓе требаше да започнат да работат во нашата компанија нормално со физичко присуство на работа, нели во канцеларија заедно со други колеги, во работно време од-до. И знаете колку од нив влегоа во потесниот круг? Ниту еден.
Во тимот кои вршевме интервју на кандидатите, присуствуваше и психолог што е пракса на компанијата со цел да се изврши брза и ефикасна проценка на карактерот на кандидатот.

Мојот дојам, како и на моите колеги додека ги интервјуиравме овие кандидати беше фасцинатен во негативна смисла.

Претежно се изолирани и осамени особи, бидејќи нели луѓето се социјални суштества кои својот работен ден треба да го поминат физички заедно со други луѓе, поточно колеги.

Во текот на интервјуто, при подолг разговор со нив, заклучокот беше дека тие особи се невидено егоцентрични, самобендисани, нарцисоидни како и емоционално нестабилни личности постојано под притисок.
Апсолутно неспособни да се вклопат во тимската работа, нели физички и психички да работат лице во лице заедно со колегите.
На еден начин, добиваш дојам дека овие луѓе живеат во некој свој свет, различен од нормалниот,
за што апсолутно самите не се свесни.
Психологот кои внимателно ги следеше нивните физички движења (говорот на телото) и секако го пратеше текот на целиот разговор првенствено заклучи дека сите од нив се со влошено ментално здравје, проследено со доза на анксиозност, како и блага депресија. Со благо нарушена рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот.

Едноставно тие особи се без социјални интеракции, не сметајќи ги оние кои ги имаат преку интернет со онлајн состаноци и целосна оналјн комуникација. Тимската работа и тимскиот дух не можат да се развиваат преку веб состаноци. Дел од истите се преопседнати со работата, што дури и се забораваат себе си на сметка на работата, едноставно забегуваат.

Оние кои работат од дома, да, точно флексибилни се во однос на работно време, не се изложуваат на трошок за превоз итн.
Но што ќе каже нивната психа? Страшно за тие луѓе. Искрено се разочарав и ми падна мака за тие луѓе.
Не ви се криви тие луѓе, туку вие што не знаете да си дефинирате што точно ви треба.
Вие барате некој што ќе разбира технологии/код/и ќе решава проблеми, или ви требаат оратори/забавувачи/продавачи на магла?

Наместо да изигравате душевна болница, седнете и научете како да извадите максимум од таков тип на особи, и прилагодете си ги интерните процеси.
 
Член од
26 август 2018
Мислења
79
Поени од реакции
33
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Никој не сака да си ги расипе односите со него. Затоа ни се качува на глава.
Јебига, некогаш мора да се расипат. Ќе си стаиш рачун што ти е побитно или ќе се жалиш или ќе се прилагодиш :)
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Не ви се криви тие луѓе, туку вие што не знаете да си дефинирате што точно ви треба.
Вие барате некој што ќе разбира технологии/код/и ќе решава проблеми, или ви требаат оратори/забавувачи/продавачи на магла?

Наместо да изигравате душевна болница, седнете и научете како да извадите максимум од таков тип на особи, и прилагодете си ги интерните процеси.
Другар, те почитувам како човек и на кратко ќе се обидам да ти објаснам.
Овдека во ИТ компаниите огромно е значењето првенствено за каков профил (според категорија) на ИТ компанија (голем % од софтверот што се изработува е за цели на државата) станува збор, што си носи одредени дополнителни прописи.

Во однос на работа од дома, Германските закони за работни односи се поинакви на пример од оние кои веќе се применуваат во соседството, како пр. во Холандија итн.
Поимот работа од дома (за прв пат одобрено поради Ковид) овдека заврши на 19ти март 2022. Постојат многу нацрт-закони за работа од дома, кои сеуште не се официјално одобрени. Не зборам за фриленс (кои може да се регулираат како Arbeitnehmerüberlassung), туку за регулар вработени на полно работно време (што е категорично дефинирано за оваа компанија).

Инаку еве само еден мал и краток дел од овие нацрт-закони за работа од дома.
Работодавачот е должен да се грижи за да се почитуваат прописите како за заштита при работа, заштита на податоци, пропишано работно време итн за да се избегнат казни.

Законот за работно време (ArbZG) вели работно време од-до, пауза и период за одмор, забрана за работа во недела и државни празници.

Законот за заштита од осигурување од незгода (§ 8 SGB VII) со што мора да гарантира дека вработениот ќе работи со безбедна и проверена опрема, односно ако е дома и го дрмне струја, падне (се сопне од принтерот јбг) заради пример икс работа ќе го јадеш на големо.

Заштита на податоци. Страшно нешто што доколку би бил изгласан овој закон овдека за работа од дома, што све треба да му овозможиш на работникот (со средства на работодавачот) во неговата домашна канцеларија. Сето тоа чини огромни дополнителни трошоци. Додатно вработениот треба да биде во својата домашна канцеларија сам, без членови на семејство или трети лица. Илузорно, но така вели последниот нацрт-закон.

И да не должам понатаму со законските регулативи во Германија и работа од дома. Многу покомплексно е него ли што наликува на прв поглед.

Дополнително општо самите сопственици на компаниите овдека се против работа од дома. Друга страна е што политиката на оваа компанија е поинаква во овој поглед, поради оправдани причини (се работи со високо сензитивни податоци). Работа исклучиво со физичко присуство и секако, со луѓе кои се способни да функционираат во тој систем.

Биди ми поздравен и уживај во летото кај тебе. :)
 
Благодарам за објаснувањето, горе-доле е слично и тука во АУС, целосно од дома речиси и да не постојат фирми, а хибрид има.
И тука е строго пред се поради осигурувањето, и сериозните корпорации не ти даваат да користиш било каква опрема, туку мораш специфични столици/бироа/монитори и тн. (за да не ги тужиш ако испадне да се искривиш во рбет, оштетиш слух и слично. Пример ако не е столот предвиден од производител за мин. 8 часови нема шанса да ти дозволат да го користиш).

Финтата е што јас не те цитирав поради работата од дома, туку поради што ги коментираше дека се „нестабилни“, „со фрустрации“, дека не се тимски играчи и тн.
Најголем дел од „брилијантните луѓе“ кои сум ги сретнал, имале некакви проблеми со социјална интеракција, или пак се специфични табиети. Ваквите луѓе знаат да бидат одлично дополнение во фирмата, и да помогнат да се решат зезнати проблеми, НО, ќе мора околината да се прилагоди на нив.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.920
Поени од реакции
12.411
Здраво луѓе, дали работите со некој којшто постојано (цело работно време) зборува и вика, под зборување не мислам за зборување за работа, туку секојдневни муабети ко за на чешма од старите приказни. Ако не зборува, пее, ако не пее, тогаш свирка. Неколку пати од другите колеги од канцеларијата му е укажано дека смета и аргументите му се од типот на: „стајте си слушалки“, „дајте ми статистики дека работите повеќе јас ко ќе не зборувам“, „прилагодете се на мене“ итн. Обичен девелопер е којшто нема никаков авторитет за да се однесува така. Како се справувате со ваквите луѓе (ако сте наишле) без никаква свест за своите постапки?
Дали те нервира тебе конкретно или на сите останати? :D
Во секој случај ХР се должни да интервенираат во таков случај, нема зошо ти да се замараш да го опоменуваш.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
@TrendS

Многу е потешко за екстроверт да замисли како му е на интровертот отколку vice-versa.
Нема везе, и мене ми е скроз незгодно кога сум on the spot, се сечам, не можам како другите да ја рогнам првата помсила што ми дојде во глава бидејќи едноставно не сум сигурен дека тоа е тоа што е проблем/решение или whatever. Екстровертните особи немаат криза, јазикот многу почесто им е побрз од мозокот.
Интровертните особи се по-одмерени и по-пресметливи во тој поглед. Ако не се 102.3% сигурни во тоа што го зборат, нема да го зборат и цело време интерно во себе ќе се прашуваат дали тоа е така или не. Тоа е во исто време благослов и проклетство на некој начин.

Она што помага на овие луѓе е директна, искрена и отворена комуникација, а не да се чита меѓу редови и да се интерпретира "што говорителот сака да каже уствари". Тоа во 99.9% од фирмите е огромен проблем.
Ако ти во офис работиш во полна пареа покрај луѓе, разговарате за решавање на проблеми и тн... интровертите најдобро работат кога ни дигитално нема да имаат контакт со останатите.
Верувам дека и на другите интроверти овде, еден состанок на кој што ќе треба да презентирам нешто или да споделам, прашам, мене ми цеди многу повеќе енергија отколку самото фикснување на проблемот или имплементирањето на фичрот.

Едноставно не сум јас јас кога сум ставен on the spot и потребно е поприлично работа на себе тоа да се поправи.

И баш мислам дека токму во тоа е проблемот, што во твојот пост има неколку точни стереотипи и еден куп (повеќето) неточни и ептен judgemental стереотипи. Голем дел од луѓето кои имаат доминантно екстровертни особини се баш вакви.

Наместо да ги "жалиш", пробај истражи на темата, прашај ги за нивната интроверзија и for the love of god, пробај да ги разбереш.
Колку повеќе ги "жалиш" и на некој начин етикетираш како нердови и дигнати, толку повеќе се продлабочуваат радикалностите меѓу вас, обострано :)
Испиј едно пиво, пријди им ти и ќе видиш дека воопшто не се такви како што ги мислиш.

И следен пат, прашај го психологот објективно што мисли за тебе и за твоите колеги... Секако пошто твојата фирма го плаќа, ќе каже дека сите сте срцки, ама гарантирам дека помеѓу вас има и постојат (екстровертни) луѓе кои се x10 по-егоцентрични и нарцисоидни него оние што ги интервјуирате.

Анксиозноста бај д веј, многу пати е баш поради тој недодстаток на здраво присуство на его и нарцисоидност/самобендисаност, пошто по дефиниција, анскиозноста е byproduct на ниска самодоверба.
Сигурен си дека тој бил психолог или некој фенси шменси HR executive со поминат некој wellbeing и psychology семинар? :)
Мислам дека прав психолог нема шанси да даде адекватен психолошки статус на човек после само 30 минути разговор. За тоа се потребни часови и часови разговор на разни (мошне длабоки и лични) теми пред ти со сигурност да кажеш дека некој има било какво пореметување на психа и психолошка состојба :)
 
Лично немам ништо против интровертни особи.
Генијални умови постојат како кај екстровертни, така и кај интровертни личности. Тука нема дискусија.

Генерално проблемот лежи што претежно интровертните личности одбиваат да се држат по работни правила, од аспект на пропишано работно време, пауза, секојдневно физичко присуство на работа, како и редовна лице во лице комуникација со претпоставените.
Едноставно отворено кажуваат -јас така не можам.

Ние велиме океј, уште еднаш длабоко процени се себе си и кажи. Можеш да работиш на класичен начин со физичко присуство на работа или не. Кандидатот инстантно ти одговара НЕ. Тука завршува интервјуто, очигледно дошол на погрешно место. Му посакуваме среќа да си пронајде поуспешна работа во фриленс светот.

Генерално тоа е и причината што длабоко затворените личности претежно работат фриленс, бидејќи се сами пред дисплеј, не присуствуваат физички на работа, никој не им пречи околу нив, немаат ограничувања во однос на работно време, немаат службени разговори лице во лице итн. со што го постигнуваат својот максимум на деловен план на свој начин, во својот свет.

Кај нас од никого не се бара да изиграва кловн. Се бара да се работи, да си ја извршува зададената работна задача во определениот временски рок, да комуницира отворено со тимот во однос на службениот дел, да репортира редовно моментален статус на претпоставениот.
Секако, секојдневно присутен на работа во точно определеното работно време. Муабети надвор од службениот дел во текот на работното време нема. Дисциплината во Германија е на високо ниво, така да за тоа нема збор.

Да се работеше за поинаков профил на ИТ компанија, зошто да не. Ќе примавме и фриленсери на определено време. Па нека се колку сака интровертни, само нека си ја извршуваат задачата.
Но кај нас е поинаков случај, гледано од тој аспект.

Во однос на психилогот. Да, дипломиран психолог е од високорангиран универзитет со долгогодишно работно искуство. Чисто за информација, психологот разговара на само со кандидатите подолг период од 30 мин. со што донесува точна основна проценка за истите, досега нема погрешено. Тоа е политика на многу компании овдека.

Мислам дека доволно разјаснување беше од моја страна, со што ја напуштам дискусијата. Се извинувам доколку некој се почувствува навреден на било кој начин.
Пријатна вечер на сите :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom