Они го земаа кредитот за да идат во експанзија. Неа беа во криза тогаш, нудеа луди пари за нови вработени од други фирми. Како што почна во Америка да летаат од работа, вајда и они изгубија многу клиенти и не им успеа планот. Се збореше дека имаат многу луѓе без проект, сега не знам како е.
Инаку овие до сега не верувам да се заебале, а наредните вајда ќе им биде потешко. Работата е што и при ваква криза, пак е 5 пати полесно да најдеш entry работа тука него во мој струка. А тек други позиции.
На темава пишував уште цела година пред да почнат отпуштањава во САД, уште тогаш УК почнаа со намалување на инвестиции и еден куп проекти беа или откажани, или ревидирани да се работи само тоа што е неопходно, ама тогаш си теравте сеир.
Европа тек сега почнуваат отпуштања како САД, ќе оди побавно, но ќе се најде начин, имав ставено линк дека се борат со регулативите, а голем дел од нашите фирми работат за европски пазар и ќе бидат засегнати.
Не се изненадување ако почнат големите корпорации да ги селат фирмите по Азија, затоа што унии/синдикати и социјалистичка филозофија, и нивните бизнис модели не одат заедно.
Ако сака ќе вработи 50 000 нови, и утре ќе ги избрка како во САД без око да му трепне, а не да се брка со синдикати небаре е добротворна организација.
Ако не се случи чудо, допрва иди веселба во оваа струка, ќе се наоѓа работа само за луѓе кои се добри, а платите (барем новите понуди) тешко да ги видат досегашните цифри.