- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.427
- Поени од реакции
- 18.595
Ако е ова условот за вработување и го најде решението, тогаш и заслужува да ја вработатОна сака некој да и го реши проектот за пред интервју.

Ако е ова условот за вработување и го најде решението, тогаш и заслужува да ја вработатОна сака некој да и го реши проектот за пред интервју.
Вакви задачи се поставуваат пред учениците и специјалистите во апликации за табеларни прикази како MS Excel, LibreOffice, Google Sheets и скоро сите бази на податоци илјада пати секој ден- има табела којашто претставува генерална популација од која ти треба да извлечеш примерок според критериумите 1, 2 и/или 3. Најелегантното решение го има Excel, во Power Query ќе ја исчешлаш општата популација според дадените критериуми, колоните што не ти требаат фино ќе ги избришеш и готова работа.Здраво!
Сакав да знам дали некој може да ми помогне со следниов проблем? И доколку има познавања од АПИ сервиси.
Треба да ги извлечам податоците температура за сите градови (градовите имаат ID, и преку тоа треба да се повика сервисот). Пробав секако да го повикам, но не можам да најдам решение за да ги добијам сите градови наместо одделно.
https://openweathermap.org/api - ова е линкот.
Пробував со q parameter да извлечам податоци, но ништо.
Доколку би помогнал некој, би била многу благодарна бидејќи сега ги учам и јас овие работи и не знам кај грешам.
Јас не, али моите колеги во тимот работат со еден таков. Ќе ги прашам баш за совет.Здраво луѓе, дали работите со некој којшто постојано (цело работно време) зборува и вика, под зборување не мислам за зборување за работа, туку секојдневни муабети ко за на чешма од старите приказни. Ако не зборува, пее, ако не пее, тогаш свирка. Неколку пати од другите колеги од канцеларијата му е укажано дека смета и аргументите му се од типот на: „стајте си слушалки“, „дајте ми статистики дека работите повеќе јас ко ќе не зборувам“, „прилагодете се на мене“ итн. Обичен девелопер е којшто нема никаков авторитет за да се однесува така. Како се справувате со ваквите луѓе (ако сте наишле) без никаква свест за своите постапки?
Шефот/кадрово ако не може да го средат, вие уште помалку.Здраво луѓе, дали работите со некој којшто постојано (цело работно време) зборува и вика, под зборување не мислам за зборување за работа, туку секојдневни муабети ко за на чешма од старите приказни. Ако не зборува, пее, ако не пее, тогаш свирка. Неколку пати од другите колеги од канцеларијата му е укажано дека смета и аргументите му се од типот на: „стајте си слушалки“, „дајте ми статистики дека работите повеќе јас ко ќе не зборувам“, „прилагодете се на мене“ итн. Обичен девелопер е којшто нема никаков авторитет за да се однесува така. Како се справувате со ваквите луѓе (ако сте наишле) без никаква свест за своите постапки?
Ова е многу добар совет. Ако не ти се свиѓа претставата, не оди кај кловнот да се жалиш, оди кај газдата на циркусот.Шефот/кадрово ако не може да го средат, вие уште помалку.
Не ви се криви тие луѓе, туку вие што не знаете да си дефинирате што точно ви треба.Во изминатиов период поради зголемениот обем на работа, службено поради потреба од нови вработени кои ги повикувавме на разговор, често се среќавав со индивидуи од ИТ секторот кои целиот свој работен стаж го поминале работејќи од дома.
Бидејќи кај нас во компанија не се практикува работа од дома, овие луѓе требаше да започнат да работат во нашата компанија нормално со физичко присуство на работа, нели во канцеларија заедно со други колеги, во работно време од-до. И знаете колку од нив влегоа во потесниот круг? Ниту еден.
Во тимот кои вршевме интервју на кандидатите, присуствуваше и психолог што е пракса на компанијата со цел да се изврши брза и ефикасна проценка на карактерот на кандидатот.
Мојот дојам, како и на моите колеги додека ги интервјуиравме овие кандидати беше фасцинатен во негативна смисла.
Претежно се изолирани и осамени особи, бидејќи нели луѓето се социјални суштества кои својот работен ден треба да го поминат физички заедно со други луѓе, поточно колеги.
Во текот на интервјуто, при подолг разговор со нив, заклучокот беше дека тие особи се невидено егоцентрични, самобендисани, нарцисоидни како и емоционално нестабилни личности постојано под притисок.
Апсолутно неспособни да се вклопат во тимската работа, нели физички и психички да работат лице во лице заедно со колегите.
На еден начин, добиваш дојам дека овие луѓе живеат во некој свој свет, различен од нормалниот,
за што апсолутно самите не се свесни.
Психологот кои внимателно ги следеше нивните физички движења (говорот на телото) и секако го пратеше текот на целиот разговор првенствено заклучи дека сите од нив се со влошено ментално здравје, проследено со доза на анксиозност, како и блага депресија. Со благо нарушена рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот.
Едноставно тие особи се без социјални интеракции, не сметајќи ги оние кои ги имаат преку интернет со онлајн состаноци и целосна оналјн комуникација. Тимската работа и тимскиот дух не можат да се развиваат преку веб состаноци. Дел од истите се преопседнати со работата, што дури и се забораваат себе си на сметка на работата, едноставно забегуваат.
Оние кои работат од дома, да, точно флексибилни се во однос на работно време, не се изложуваат на трошок за превоз итн.
Но што ќе каже нивната психа? Страшно за тие луѓе. Искрено се разочарав и ми падна мака за тие луѓе.
Никој не сака да си ги расипе односите со него. Затоа ни се качува на глава.Ова е многу добар совет. Ако не ти се свиѓа претставата, не оди кај кловнот да се жалиш, оди кај газдата на циркусот.
Јебига, некогаш мора да се расипат. Ќе си стаиш рачун што ти е побитно или ќе се жалиш или ќе се прилагодишНикој не сака да си ги расипе односите со него. Затоа ни се качува на глава.
Другар, те почитувам како човек и на кратко ќе се обидам да ти објаснам.Не ви се криви тие луѓе, туку вие што не знаете да си дефинирате што точно ви треба.
Вие барате некој што ќе разбира технологии/код/и ќе решава проблеми, или ви требаат оратори/забавувачи/продавачи на магла?
Наместо да изигравате душевна болница, седнете и научете како да извадите максимум од таков тип на особи, и прилагодете си ги интерните процеси.
Благодарам за објаснувањето, горе-доле е слично и тука во АУС, целосно од дома речиси и да не постојат фирми, а хибрид има.Другар, те почитувам како човек и на кратко ќе се обидам да ти објаснам.
Овдека во ИТ компаниите огромно е значењето првенствено за каков профил (според категорија) на ИТ компанија (голем % од софтверот што се изработува е за цели на државата) станува збор, што си носи одредени дополнителни прописи.
Во однос на работа од дома, Германските закони за работни односи се поинакви на пример од оние кои веќе се применуваат во соседството, како пр. во Холандија итн.
Поимот работа од дома (за прв пат одобрено поради Ковид) овдека заврши на 19ти март 2022. Постојат многу нацрт-закони за работа од дома, кои сеуште не се официјално одобрени. Не зборам за фриленс (кои може да се регулираат како Arbeitnehmerüberlassung), туку за регулар вработени на полно работно време (што е категорично дефинирано за оваа компанија).
Инаку еве само еден мал и краток дел од овие нацрт-закони за работа од дома.
Работодавачот е должен да се грижи за да се почитуваат прописите како за заштита при работа, заштита на податоци, пропишано работно време итн за да се избегнат казни.
Законот за работно време (ArbZG) вели работно време од-до, пауза и период за одмор, забрана за работа во недела и државни празници.
Законот за заштита од осигурување од незгода (§ 8 SGB VII) со што мора да гарантира дека вработениот ќе работи со безбедна и проверена опрема, односно ако е дома и го дрмне струја, падне (се сопне од принтерот јбг) заради пример икс работа ќе го јадеш на големо.
Заштита на податоци. Страшно нешто што доколку би бил изгласан овој закон овдека за работа од дома, што све треба да му овозможиш на работникот (со средства на работодавачот) во неговата домашна канцеларија. Сето тоа чини огромни дополнителни трошоци. Додатно вработениот треба да биде во својата домашна канцеларија сам, без членови на семејство или трети лица. Илузорно, но така вели последниот нацрт-закон.
И да не должам понатаму со законските регулативи во Германија и работа од дома. Многу покомплексно е него ли што наликува на прв поглед.
Дополнително општо самите сопственици на компаниите овдека се против работа од дома. Друга страна е што политиката на оваа компанија е поинаква во овој поглед, поради оправдани причини (се работи со високо сензитивни податоци). Работа исклучиво со физичко присуство и секако, со луѓе кои се способни да функционираат во тој систем.
Биди ми поздравен и уживај во летото кај тебе.![]()
Дали те нервира тебе конкретно или на сите останати?Здраво луѓе, дали работите со некој којшто постојано (цело работно време) зборува и вика, под зборување не мислам за зборување за работа, туку секојдневни муабети ко за на чешма од старите приказни. Ако не зборува, пее, ако не пее, тогаш свирка. Неколку пати од другите колеги од канцеларијата му е укажано дека смета и аргументите му се од типот на: „стајте си слушалки“, „дајте ми статистики дека работите повеќе јас ко ќе не зборувам“, „прилагодете се на мене“ итн. Обичен девелопер е којшто нема никаков авторитет за да се однесува така. Како се справувате со ваквите луѓе (ако сте наишле) без никаква свест за своите постапки?
Лично немам ништо против интровертни особи.@TrendS
Многу е потешко за екстроверт да замисли како му е на интровертот отколку vice-versa.
Нема везе, и мене ми е скроз незгодно кога сум on the spot, се сечам, не можам како другите да ја рогнам првата помсила што ми дојде во глава бидејќи едноставно не сум сигурен дека тоа е тоа што е проблем/решение или whatever. Екстровертните особи немаат криза, јазикот многу почесто им е побрз од мозокот.
Интровертните особи се по-одмерени и по-пресметливи во тој поглед. Ако не се 102.3% сигурни во тоа што го зборат, нема да го зборат и цело време интерно во себе ќе се прашуваат дали тоа е така или не. Тоа е во исто време благослов и проклетство на некој начин.
Она што помага на овие луѓе е директна, искрена и отворена комуникација, а не да се чита меѓу редови и да се интерпретира "што говорителот сака да каже уствари". Тоа во 99.9% од фирмите е огромен проблем.
Ако ти во офис работиш во полна пареа покрај луѓе, разговарате за решавање на проблеми и тн... интровертите најдобро работат кога ни дигитално нема да имаат контакт со останатите.
Верувам дека и на другите интроверти овде, еден состанок на кој што ќе треба да презентирам нешто или да споделам, прашам, мене ми цеди многу повеќе енергија отколку самото фикснување на проблемот или имплементирањето на фичрот.
Едноставно не сум јас јас кога сум ставен on the spot и потребно е поприлично работа на себе тоа да се поправи.
И баш мислам дека токму во тоа е проблемот, што во твојот пост има неколку точни стереотипи и еден куп (повеќето) неточни и ептен judgemental стереотипи. Голем дел од луѓето кои имаат доминантно екстровертни особини се баш вакви.
Наместо да ги "жалиш", пробај истражи на темата, прашај ги за нивната интроверзија и for the love of god, пробај да ги разбереш.
Колку повеќе ги "жалиш" и на некој начин етикетираш како нердови и дигнати, толку повеќе се продлабочуваат радикалностите меѓу вас, обострано
Испиј едно пиво, пријди им ти и ќе видиш дека воопшто не се такви како што ги мислиш.
И следен пат, прашај го психологот објективно што мисли за тебе и за твоите колеги... Секако пошто твојата фирма го плаќа, ќе каже дека сите сте срцки, ама гарантирам дека помеѓу вас има и постојат (екстровертни) луѓе кои се x10 по-егоцентрични и нарцисоидни него оние што ги интервјуирате.
Анксиозноста бај д веј, многу пати е баш поради тој недодстаток на здраво присуство на его и нарцисоидност/самобендисаност, пошто по дефиниција, анскиозноста е byproduct на ниска самодоверба.
Сигурен си дека тој бил психолог или некој фенси шменси HR executive со поминат некој wellbeing и psychology семинар?
Мислам дека прав психолог нема шанси да даде адекватен психолошки статус на човек после само 30 минути разговор. За тоа се потребни часови и часови разговор на разни (мошне длабоки и лични) теми пред ти со сигурност да кажеш дека некој има било какво пореметување на психа и психолошка состојба![]()