Со текот на времето сфаќаш што сакаш да имаш во животот. Ке дојдеш до заклучоци од типот, ако го правам тоа и тоа ќе бидам конечно среќен/на. Наскоро тоа нешто ти станува цел во животот и почнуваш да се стремиш кон неговото остварување.
Моите првобитни размислувања се водеа во оваа насока. Не велам дека не се во ред, но што кога целта ќе се достигне? Што кога ќе дојде моментот на среќа? Зар ќе може да се задржи во текот на целиот живот?
Можеби да, во некоја форма на задоволство. Но човек никогаш не може да биде целосно задоволен. Да сакаш се повеќе и повеќе....тоа е во нашата крв. Конечното задоволство би требало да значи крај на се, зашто едноставно би исчезнала причината и волјата за живот.
Да го земеме за пример Сизиф (... си жив, хах). Ние сме Сизиф. Во нас е вроден некој природен инстинкт за борба и упорност колку и да изгледа тоа апсурдно кога ќе се гледа од страна. Ками го разгледува Сизиф како среќен, во моментот кога е на врвот, кога се одмара од носењето на товарот.
И јас го гледам како среќен, но не во тие мигови, туку за време не туркањето на каменот(посебно кога е блиску до врвот
). Борбата е таа која не прави вредни и му дава цел на нашето постоење. Таа треба да не исполни и направи среќни, затоа што тогаш мислите ни се насочени само кон победа и ништо друго. Задоволството кое се чувствува кога ќе дојдеме на врвот е краткотрајно. Тоа не може да се смета за среќа..
..и каменот повторно паѓа, повторно ни треба нов мотив за борба, нова цел...
Ниту еден живот не е само среќен или само несреќен. Сите поминуваме низ падови и успеси, сите одиме по патот со помали или поголеми ридчиња.