Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?

Член од
20 август 2010
Мислења
167
Поени од реакции
24
Хахах па јас би требало по оваа логика да бидам најсреќниот човек.
Као што рекол Лао Це немаш среќа без несреќа.
Па сега бирај , или двете или ни едното .
Точно така, нема среќа без несреќа. Луѓето не се среќни постојано. Анализата покажала дека талкањето со мислите е по правило причина, а не последица на несреќата на луѓето. Зашто е тоа така?! Затоа што луѓето се отсутни од стварноста најголемиот дел од времето. Луѓето минуваат 46,9 проценти од будните часови размислувајќи за нештата што немаат врска со она што моментално го работат и гледаат. Размислуваат за тоа што би било ако би било, размислуваат за минатото. Се концентрираат на работите кои што ги немаат, а не на работите кои што ги имаат. Размислуваат за подобри денови, едноставно кажано мечтаат. Враќајќи се во реалноста си продолжуваат со моменталната активност, некогаш мотивирани - некогаш демотивирани. Да мислите и тоа колку влијаат на нашето расположение.

Мотивирани или демотивирани под влијание на мислата така и дејствуваме и така и се чувствуваме. Кога сме опкружени со проблеми, и со негативни мисли секако дека тоа ке се одрази на нашето расположение и на нашите чувства. Се чувствуваме помалку среќни. А еден подолг период поминат со такви мисли испреплетени со песимизам, добиваме претстава дека сме несреќни луѓе. Што не значи дека со овие чувства ќе останеме засекогаш. Секогаш и кај секој човек постои една мала доза на оптимизам, и се надева на подобри денови. Денови исполнети со среќа.

Затоа се препорачува да го живееме моментот. Да се преиспитаме себеси што имаме а што можеме. Да не размислуваме премногу за иднината, таа и онака брзо ке дојде. Единствен начин да ја изградиме иднината е да бидеме колку што можеме поприсутни во сегашноста. Никогаш нема да можеме да ги промениме ниту вчера, ниту утре, затоа сите напори треба да ни се насочени кон денес. Тоа е единственото време врз кое имаме влијание, зашто тоа е единственото време кое постои.:salut:
 
Член од
17 март 2009
Мислења
194
Поени од реакции
22
Mozebi premnogu ocekuvame od zivotot i odposle svakame deka ne sme ja dostignale zamislenata cel pa zatoa se razocaruvame od zivotot i mislime deka srekata ni BEGA.
Vo zivotto se slucuvaat najrazlicni ubavi-prijatni migovi i neprijatni(koi mora da gi ima)ako uspeeme da pomineme niz preprekite i da se nasmevneme i da gi prifatiem rabotite takvi kakvi sto se moze ke srekata ke ni dojde sama po sebe.....
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Затоа што цело време си ја поместуваат границата ради алчност. Такви сме, такви ќе бидеме.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Теорија 1 упростена, за онаа маса за која и е наменета ..

Логично кажано:


Имаме една права на среќата и на неа 3 варијабли.
Некој човек моментално е среќен и лишен од сите малограѓанички догми и се наоѓа на скала 70. Бидејќи истата персона не ја градел својата среќа сам, напротив истата му била понудена од страна на неговото семејство и окружувањето, доаѓаат тешки времиња и среќата се врти против него и тој доаѓа на некое замислено скалило 20. Тој е несреќен. Во меѓувреме, некој човек(варијабла) доаѓа до сознание и станува свесен за она што го има во животот и добива троа повеќе што истиот се искачува на скалило 20. Тука истиот е двојно посреќен во споредба што бил претходно, и воедно се задоволува со својот статус на среќа.

Која е поентата?

Тој човек што бил на 10 или 20 не е битно... Доаѓа до некој пресврт и судбината му ја отвара вратата кон духовната сатисфакција и тој човек доаѓа до скалило 70 што го прави x7 од она што бил. Сега тој ги цени судбоносните пресврти, многу е постабилен психички и неговата среќа да се врати на 20 повторно ќе биде пресреќен затоа што знае како било на 10 и ќе го цени истото.

Доаѓаме до заклучок дека најсреќен е оној човек што е на скалило 0 во општеството, тој ќе ги цени сите работи, нема што да загуби и секоја искра среќа ќе ја граби со почит и ќе знае да ужива во неа.


Теорија 2

Несакам да заборавам па ќе ги ставам на прво место табуата кои се наметнати од страна на колективната "помоќната" страна на човековиот разум и делување во одредени ситуации. Градејќи ја личноста во одредени сегменти на животот наидуваме на мешање на поимот среќа со она "што е правилно". Секогаш онаа малку чудна и футуристичка и извитоперена(според големата уста) мисла и идеја е негирана при што како рампа стои измеѓу духовната и психичка сатисфакција која воедно е и главен причинител за чуството среќа.
Втора работа е живеењето и доживувањето на моментот, или едноставно свестост за реалноста и сегашноста. Многу од луѓето живеат во минатото и чекаат репетиција на некои случки или пак мечтаат за она што се нема случено се со цел нормално, да се поттикне лачењето на ендорфин што е можно на подолг рок и во поголеми количини.
И како трет причинител би ја ставил наметнатата состојба на меланхолија, која нормално се гради во малиот мозок и потсвесно влијае врз среќата и се наметнува како фактор што знае да те турка во безгранични простори надолу градејќи ѕидови од комплекси и негативни самокритики.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Сметам дека колку и да се трудиме идеална среќа никогаш нема да постигнеме,никогаш неможе да ни биде се онака како што сакаме.Можеби сум суеверена кога е во прашање среќата,но дали на некој му се има случено кога ќе почуствува во некој момент дека е навистина среќен,дека ништо не му фали,да се случи нешто што ќе ја растури среќата.Дали тоа е производ на нашата психа или пак навистина е така?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.902
Zatoa sto ocekuvaat mnogu od sekoja sitnica i zatoa sto ne gi prifakjaat rabotite vo zivotot potocno nemaat dovolno znaenje. Se sto ni se slucuva vo zivotot ni e dadeno od povisoka instanca i dokolku ne go prifatime imame ili ke imame seriozen problem.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Доза на среќа е релативна работа. Некој е среќен со 100 денари исто колку некој друг со 100 милиони.
Според мене среќа е да најдиш начин да си психички задоволен од тоа што го имаш. Е сега апетити имаме сите, ама човек во принцип знае колку може да си ги пушти нозете.
Најчесто несреќни се оние што се споредуваат со други, и копнеат за туѓи животи.
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Затоа што не се сакаме себеси, живеме во минатото или иднината и често оставаме среќата да ни зависи од некој друг, пробуваме да им удоволиме на другите и очекуваме да ни вратат со иста мера, но секогаш доаѓа разочарувачки одговор. Се што треба е да не се замараш да прифатиш таков каков што си и да си обрнуваш внимание на себеси, гледај секој момент да ти биде исполнет, да не мислиш што ќе биде зашто колку и да се замараш ако требало да биде ќе биде. Прифати ја реланоста!
 
Член од
9 октомври 2014
Мислења
39
Поени од реакции
80
Среќа бре. Уште чашиве, постериве од фејсбук не ви ја опишаа?
Ако радост е состојба на умот и задоволување со одредена работа во одредено време која за тоа време ти става розеви наочари, среќа е нешто со кое се раѓаш. Или ја имаш или ја немаш. Или умираш од падната саксија по глава, или сто пати саксијата ти паѓа пред нозе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom