Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
Stanale inertni,samobendisani i zatvoreni vo svojot svet.Samiot poim sreka nosi iljada prasalnici vo smisol na kriteriumite sto go cinat nasiot mentalen sklop po odredeni sostojbi na duhot.Vo taa nasoka,i za srekata kako takva...

Najgolemata nesreka na covekot vo moderniot vek ja pravat laznite standardi od tipot:LCD TV,ubava kola,tri kompjuteri po kuka itn itn.
Samiot smisol na srekata kako sostojba na duhot e izguben...
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
115
Поени од реакции
13
Со текот на времето сфаќаш што сакаш да имаш во животот. Ке дојдеш до заклучоци од типот, ако го правам тоа и тоа ќе бидам конечно среќен/на. Наскоро тоа нешто ти станува цел во животот и почнуваш да се стремиш кон неговото остварување.
Моите првобитни размислувања се водеа во оваа насока. Не велам дека не се во ред, но што кога целта ќе се достигне? Што кога ќе дојде моментот на среќа? Зар ќе може да се задржи во текот на целиот живот?
Можеби да, во некоја форма на задоволство. Но човек никогаш не може да биде целосно задоволен. Да сакаш се повеќе и повеќе....тоа е во нашата крв. Конечното задоволство би требало да значи крај на се, зашто едноставно би исчезнала причината и волјата за живот.
Да го земеме за пример Сизиф (... си жив, хах). Ние сме Сизиф. Во нас е вроден некој природен инстинкт за борба и упорност колку и да изгледа тоа апсурдно кога ќе се гледа од страна. Ками го разгледува Сизиф како среќен, во моментот кога е на врвот, кога се одмара од носењето на товарот.
И јас го гледам како среќен, но не во тие мигови, туку за време не туркањето на каменот(посебно кога е блиску до врвот:pipi: ). Борбата е таа која не прави вредни и му дава цел на нашето постоење. Таа треба да не исполни и направи среќни, затоа што тогаш мислите ни се насочени само кон победа и ништо друго. Задоволството кое се чувствува кога ќе дојдеме на врвот е краткотрајно. Тоа не може да се смета за среќа..
..и каменот повторно паѓа, повторно ни треба нов мотив за борба, нова цел...

Ниту еден живот не е само среќен или само несреќен. Сите поминуваме низ падови и успеси, сите одиме по патот со помали или поголеми ридчиња.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
5
Некои луѓе тешко ја наоѓаат среќата поради тоа што не знаат ни како изгледа,ниту пак што бараат од неа...
 

Blue Scarlet

Amazonka
Член од
21 март 2010
Мислења
45
Поени од реакции
6
Za da mozes da go najdes vistinskiot izvor na srekata treba da potones vo sebe , no toa e najtesko ...
 

Flash069

Flash
Член од
16 декември 2009
Мислења
16
Поени од реакции
0
затоа сто сме помни со негативни мисли и не правиме работи да ја придобиеме среката
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Понекогаш самите бегаме од неа(како повеќе да уживаме сонувајки), а понекогаш премногу сонувајки за неа, не забележуваме дека многу пати ни се пружила прилика да ја дофатиме. И многу пати бидејки некои од нас воопшто не знаат што претставува среќата...
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Затоа што не се среќни со себе си. Затоа што не можат да најдат една единствена причина длабоко во себе. Секогаш ќе останат празни, безразлика по што и да трчаат и што и да ги прави среќни моментално кога ќе помине и кога на крајот на денот ќе останат сами пак ќе бидат несреќни.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Затоа што трошат драгоцено време да ја уништат туѓата среќа...
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Среќен човек за мене е тој кој е во хармонија со себе и се околу него , кој се сака себеси , ги прифаќа луѓето онакви какви се и уште нешто ,тој кој има многу радост во себе ..
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Затоа што сме егоисти, ненаситни и вечно незадоволни од тоа што го имаме.
Веројатно премногу слепи за да ја видиме среќата која навистина не опкружува и секогаш сакаме уште и уште, необрнувајќи внимание и запоставувајќи ја фактичката среќа.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Чисто поради алчност. Никогаш не е доволно. Секогаш сакаме се повеќе и повеќе.
Додека не научиме да се радуваме на обичните ствари нема да бидеме радосни. Крај на приказната.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
заслепени сме од лажните вредности, слепи сме, а некои од нас и премногу се замараат и сами на себе не си дозволуваат да бидат среќни. дефинитивно.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
22
Поени од реакции
5
Prasaj se dali si sreken i...ke prestanes da bides:))
Koj go kazal ova, mnogu mudro covece e. Pa stvarno vise, segde slusame za taa pozitivna energija za toa da se bide pozitiven, za srekata... seto toa e mnogu ubavo, ama do odredena mera, pa covekot ne e robot, pa sekogas da bide sreken i nasmean, pa nekogas ni se place, nekogas sakame da se iskarame onaka so nekoj pa pak da se smirime i tn. pa i stresot e ponekogas dobar, malku da ne razmrda:)
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
Среќа ова среќа она.. Сето време се вртка истиот муабет за материјално, пари, хармонија тоа па тоа. Среќа е индивидуален поим и секој човек си го сфаќа онака како што сака. Среќата за мене е онаква каква што јас ке си ја претставам, јас определувам што е среќа, друг си определува што е за него среќа. Можеби мене ме прави среќна утринското кафе, а некој среќен го прави незнам.. повикот на мобилен од драгата особа. И тоа е тоа. Среќен си кога самиот мислиш дека си среќен. Ипак.. мислиш..:)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Доста контруктивни мислења има на темава :)

Се што е претходно кажано си има своја вистина со неколку исклучоци.
Но, главниот проблем мислам дека е маркетиншки. Да бидам поконкретен, луѓето среќата ја поврзуваат со работи кои што ги гледаат...на пример на реклама гледаш како насмеано семејство јаде корнфлекс и во нивната подсвест влегува тој податок дека доколку го купат тој корнфелкс тие ќе бидат чекор поблиску до среќата. За жал сето ова оди многу подлабоко, ако заработиш многу пари ќе имаш гламоурозен живот и ќе бидеш среќен, значи ако пратиш мода ќе бидеш среќен, новите фармерки одДолче и Габана без разлика дали ти се допаѓаат или не, новиот албум на Ријана без разлика дали не ти се допаѓа. Сето тоа е многу промислено и убаво спакувано за да не држи во тој круг, но ние што размислуваме различно не прават лудаци затоа што си имаме свое мислење :)

Значи среќата е вечно недостижн за обичните смртници :kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom