Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Среќата е апстрактен поим, во недостиг на нејзино толкување ... секогаш мислиме дека не сме среќни зошто не веруваме дека ова е вистинското чувство.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Среќата е апстрактен поим, во недостиг на нејзино толкување ... секогаш мислиме дека не сме среќни зошто не веруваме дека ова е вистинското чувство.
Не е апстрактен поим среќата, тоа е состојба на ум :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Не е апстрактен поим среќата, тоа е состојба на ум :)
Зарем состојбата на умот не е апстракција? Може да го покажеш, да го видиш со голо око, да го напипаш?

Не умот, туку неговата состојба. :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Зарем состојбата на умот не е апстракција? Може да го покажеш, да го видиш со голо око, да го напипаш?

Не умот, туку неговата состојба. :)
Да, така е :)
Но под апстрактно се подразбира нешто што e тешко да се објасни поради недостаток на асоцијации во материјалната реалност. А среќата е многу јасно чуство тоест сензација што луѓето ја доживуваат. Чуството само по себе не е допирливо, но знаеме што е затоа што ни е "убаво", за да стане абстракт треба да е мистерија според мене.
Луѓето користат многу зборови за да опишат два вида на емоции, добри и лоши. Среќата е во добрите, и двете знаеме кои се, не се апстрактни затоа што ги знаеме....lol по трет пат истово го кажвав :))
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Да, така е :)
Но под апстрактно се подразбира нешто што e тешко да се објасни поради недостаток на асоцијации во материјалната реалност. А среќата е многу јасно чуство тоест сензација што луѓето ја доживуваат. Чуството само по себе не е допирливо, но знаеме што е затоа што ни е "убаво", за да стане абстракт треба да е мистерија според мене.
Луѓето користат многу зборови за да опишат два вида на емоции, добри и лоши. Среќата е во добрите, и двете знаеме кои се, не се апстрактни затоа што ги знаеме....lol по трет пат истово го кажвав :))
:)

Среќата е состојба на умот, чувства ... среќата е променлива, релативна апстрактна категорија. Во потрага за нејзино материјализирање, секогаш се наоѓаме затечени како збунети трагачи за нешто што не е дофатиливо и описливо. Тоа е делот кој го приближува апстракцијата како таква.

Знаеме како да го преточиме тоа чувство. Денес сакаме да се шетаме по некоја осамена улица, ние и среќата, чувството кое не задоволува во секој нареден чекор. Времето минува, посакуваме тој чекор да го направиме со Другиот. Наредната слика тој веќе е до нас и заедно чекориме ... момент после тоа посакуваме да е пролет за да ги осетиме заедно мирисите на среќата ... наредно дофатување на среќата мислиме дека тоа може да е во есен, да си играме заедно со лисјата. Се затекнуваме како посакуваме да не држи за рака, како Другиот треба да се претопи со нашата слика. Го знаеме чувството и ја знаеме состојбата на умот која ја доближуваме преку слика, но никогаш не застануваме.

Делот со апстракцијата е токму овде, категорија во која сме секогаш чекор наназад, секогаш позади неа и секогаш во постојано откривање и доближување до нас . И да, среќата не треба да се опишува таа треба да се доживува, како реално или апстрактно чувство - треба да се доживее без потреба од таквото да се стави во категорија која треба да е точно утвредена. Точно утврдени се описните, материјалните, личните именки ... среќата не е таква именка.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Преку седум ридови и седум мориња таму далеку некогаш живеел еден мудар човел по име Имануел Кант. Е тој мудар човек некогаш рекол:
“Некаде во светот, па дури ни надвор од него ништо конкретно неможе да се сфати како добро, освен добрата човечка воља. Човечкиот разум, духовност, пресудување или било кој друг духовен тален како срдечност, одлучност, истрајност без сомнеж се добри и потребни елементи на човечкиот карактер, меѓутоа тие можат да бидат и штетни и лоши, ако волјата на човекот што треба да ги искористи тие благодети не е добра. Моќта, богатството, здравјето, благосостојбата па дури и задоволството кое создава самодоверба ако не постои таа добра воља да да ги претвара и прави сите овие работи благотворни за човекот и за општеството, тогаш е безвредно. Од ова следи дека добрата воља e суштински предуслов за човечката среќа... “

Ние сме креатори и само од нас зависи, од нашата воља колку ќе бидеме среќни...наздравје :)
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?
Затоа што среќата не може да се дофати .
Колку повеќе пробуваш толку си подалеку.
LIKE THE EMPTY SKY IT HAS NO BOUNDARIES, YET IT IS RIGHT IN THIS PLACE, EVER PROFOUND
AND CLEAR. WHEN YOU SEEK TO KNOW IT, YOU CANNOT SEE IT, YOU CANNOT TAKE HOLD OF IT,
BUT YOU CANNOT LOSE IT. IN NOT BEING ABLE TO GET IT YOU GET IT. WHEN YOU ARE SILENT IT
SPEAKS; WHEN YOU SPEAK, IT IS SILENT. THE GREAT GATE IS WIDE OPEN TO BESTOW ALMS, AND
NO CROWD IS BLOCKING THE WAY.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
"Среќата со пари не се купува, љубовта без пари век не векувааа":icon_lol: од која народњачка песна беше лирикава не ми текнува, љубовта на човекот не можеш да ја купиш со пари никогаш, дури и оние спонзоруши не се тоа што беа некогаш и тие веќе не се продаваат доколку не им се допаѓа човекот на кого ќе се продадат, а без пари пак ништо нема "бродот кога тоне и глувците бегаат од него" истото е и со луѓето, човекот кога тоне финансиски сите бегаат од него, Еве како Ферхунде што ќе го остави Шефкет зашто се им прокоцка........................................................... а го сакаше............................
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Среќата зависи од самите нас.Среќата може да биде долготрајна и краткотрајна.Преку краткотрајната се постигнува долготрајната која е многу е поважна.Среќа е кога ќе станеш свесен дека вредиш нешто,кога те ценат.Среќа е кога ќе ги исполниш своите соништа.Среќата е да научиш да си среќен и во пораз и во успех.И на крај СРЕЌАТА е ВЕШТИНА која треба да се стекне со многу труд и упорност.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Затоа што ја бараат на погрешно место,а не се свесни дека е во нив.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Среќата е збор кој кај секој човек, поединечно, се јавува различна слика (замисла) со која човекот го поистоветува зборот,а сликата потекнува од желбата на човекот.
На пример за некој кој што немал во животот пари, неможел секој месец да троши по 200-300 евра на гардероба, по 200-300 евра по кафани и дискотеки, немал Мерцедес од 50 000 евра, немал милион спонзоруши во животот кои му служеле за една вечер и после да ги шутне како да се тие статуетки, имал една и вредна ама и на таа немал што да и даде освен љубов, и има 20ина години а во исто време сето тоа го посакува. Во моментот кога сето тоа ке му се оствари тој е најсрекниот човек на целиот свет.
Ете тоа е само еден пример за среќа.
Инаку зборувам за себе, значи ова е мојот пример, се имам, само едно не, и би бил најсреќен ако тоа го имам.
Вие можете да си збориете вака така, ослободете се не мислете на пари ама така може да се збори до сто и една и назад и сепак мојата желба ке остане непроменета, иста.
Сакате осудете ја сакате не, тоа мене ми фали, и ме прави помалку среќен.
Ете, еден искрен пример ви давам.

Некој пак среќата ја наоѓа во нешто друго, не во парите. Некој можеби има пари ама нема здравје, и тој би го дал целото материјално богатство за да има здравје. Доколку тоа е можно тој би бил најсреќниот човек на светот.
Фала му на Господ јас не сум тој, не ни сакам да бидам.
 
Член од
11 ноември 2010
Мислења
10
Поени од реакции
1
Зашто е толку тешко? Затоа што ретко кој знае што е тоа среќа.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Znaes zasto e tesko? Zatoa sto za da se stigne do srekata treba pat do srekata no nema pat? I toa. A drugo zavisi sto podrazbiras pod sreka posto ko sto rece eden pogore toa e apstrakten poim, po kupovna mok si siroma po soznajna mok duhoven aristokrat i toa, zavisi kao gleas.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

http://kajgana.com/zivot/otkrieno-shto-gi-pravi-lugjeto-nesrekni


^Myth busted..
Човековиот ум е талкачки ум, а талкачкиот ум е несреќен ум..
Хахах па јас би требало по оваа логика да бидам најсреќниот човек.
Као што рекол Лао Це немаш среќа без несреќа.
Па сега бирај , или двете или ни едното .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom