Јас не мислам дека модерната жена се плаши од брак...туку се плаши да не закачи некој кој секој ден ќе и го прави неподнослив, бидејќи за жал во последно време има се повеќе такви мажи.
Жената отсекогаш сакала да биде почитувана, разбрана, соодветно третирана и инспирирана од човекот со кого одлучила да живее. Е сега реално, колку од мажите навистина можат да го пружат сето ова. Јас мислам дека можат, ама не сакаат
Ја можи простичок сум ама барем кога давате некои “аргументи“ тестирајте ги логички дали соодејствуваат со она што го пишувате.
Станува збор за
страв од брак на темава, а не за некои феминистички предрасуди.
Доколку има недостиг на почит меѓу двете страни тогаш незнам како би можела таква врска да премине во брак.
Се работи за компатибилност на двајца, колку таа ќе биде изразена зависи индивидуално од секој човек посебно, а не од полот.
Никогаш нема да најдете совршенство и оној што си идеализира некои филмски приказни наместо да ја побара вината во себе секогаш ќе очекува туку така како на филм да се појави некој/а кој/а совршено ќе се адаптира на улогата која самите сме му ја зацртале во нашиот живот и тоа без приговори.
Мислам дека денеска премногу се дава акцент на кариерата и полека се однесуваме како стаорци на трка, кој ќе се дограби до некоја поплатена работа/позиција.
Преовладува став да првин кариера, а после врска. Меѓутоа ние не ја контролираме судбината за да имаме удел во тоа кога одредени луѓе да се појават во нашиот живот туку си доаѓаат спонтанично.
Кариеристите (самољубите) откако ќе го пропуштат возот, на крајот имаат проблем со наоѓање на партнер и ќе се впуштат со релативно којидае подобар повторно себично од грижа дека... животот го потрошиле во работа, а сепак не сакаат да останат сами и без да основаат семејство.
Ваквите луѓе тогаш обично реагираат исто како и во градењето на кариерата, помалце се водат од љубов и емоции, а поважен им е интересот.
Ова важи за двата пола.
А жената во намерата да се изедначи или надмине со мажот од секој аспект, на крајот ќе престане да биде...жена.
Исто како што мажот кој нема доволно силен карактер постепено ја губи својата стереотипна улога на маж во општеството и се претвара во еден самосожалувачки паразит.