Зошто модерната жена се плаши од брак?

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
А оние жени викаш кои што имаат авторитетни мажи се имуни на трач муабети и шпански серии?
Да не им е одземен телевизорот? :)
Немаат телевизори во ќелиите. :) Се зезам. Не знам дали воопшто не гледаат, ама мислам дека повеќе време трошат на прошетки со сопрузите, отколку на тв. А на трачеви малку знам што се имуни. Уште нема вакцина измислено, колку што сум информиран. :)
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
дечки беееее не ми се верува....
:nesvest:
уствари сите истиот муабет го праите на различни начини и си се карате....
значи да даеме заклучок: за све се криви мажите! :vozbud: :pos2:
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Брееееее, добри саат ипол вкупно ми требаше да ги прочитам муабетиве. Е сега сумарум:
Според се до сега кажано, (особено од машки припадници) јас сум ви една недомаќинка тешка! Значи не само што незнам да готвам, туку стварно несакам, немам желба и тоа е. И читајќи ве сфатив дека никој нема да ме земе за жена?! Онака, ептен сте стереотипни, без да се вреѓате. А особено па смешни се очигледно мали девојчиња, кои мајка им ги убедила (или whoever) дека мора да готват по дома да бидат „добри“ сопруги. Абре ако несакам да готвам, несакам, и кој и да ми е маж ќе го знае тоа однапред, нема што да се чуди во брак ко ќе бидеме, simple as that.
Free your mind!
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Чистењето, готвењето и перењето одат заедно со шминкањето, фризирањето и другите ситници кога немаш маж и деца.
Не познавам жена која што ги прави сите овие работи, односно изгледа постојано средено, куќата и мириса на прекрасен ручек, исчистено, испеглано, среќен маж, уште посреќни деца и на сето тоа заработува. Ти познаваш? Можеби ако сите овие работи ги најдеш во различни жени.
Не зборувај напамет. Со добар договор и разбирање се’ се постигнува.
Нормално е партнерите да имаат многу повеќе обврски и помалце слободно време кога имаат дечиња, но тоа така и треба да биде бидејќи веќе не се нивните родители тука да исчистат, исперат, зготват, заработаат, туку сите тие обврски сега паѓаат на нив... а и така треба да биде. Неможе да очекуваш да имаш ист живот во брак со деца, и кога си соло.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Сексилишс не е се во надворешниот изглед има нешто и од внатре што е многу поважно, и има работи кои се многи поважни од изгледот и кариерата, на пример фамилијата.
Но тоа е твое мислење, а мое мислење е дека твоето мислење не е правилно ,убаво е да бидеш чист и дотеран, но тоа не е на прво место. Премногу материјалистично, себично, и одбивно ладно. Нема љубов во тоа што го збориш., а кога станува збор за живеење на правилен живот љубовта е на прво место, шминките и берберот се далеку под љубовта и благодетите кои произлегуваат од неа.
За јадењата, колку и да имам пари и да можам да си дозволам ручек во најдобриот ресторан, за мене секогаш ке биде повкусен ручекот на мојата мајка, баба, или жена, затоа што знам дека тој ручек не е направен од интерес(за да биде платен) туку од љубов, зошто некој мислел на тебе, дека си работел и дека си гладен и сакал да ти помогне, кога веке си уморен и гладен барем глад да не чувствуваш.
Не важи ова само за жените, јас истото би го правел ако мојата жена е заморна и гладна. Не се вкусува само јадењето додека се јаде се вкусува и мислата со која било тоа јадење направено, и тој вкус е далеку поубав.
Eте како се согласуваме. Јас немам љубов ни према кујната за да можам љубовна емоција да му пренесам на ручекот. Мислам дека секој маж, освен вегетеријанскиот, длабоко ќе биде разочаран кога ќе стигне дома и јас како вредна домаќника, по пат случајно со по некој закачен идеал, му сервирам салата за ручек, онака, марула, со кромидче. Баш добро рече, меракот е некој да се грижи за тебе. Затоа јас кога знам дека типов мој цел ден ќе рмба, станувам пред него му правам кафе и му купувам бурек. Проста работа. А се грижам и те како за него, све испеглан ми е како манекен. Ама да готвам - нема. Не сакам. Тој готви и за двајцата. Зошто љубов вложува во храната. Посебно во шопската салата.

--- надополнето ---

Жива среќа што жените што имале свекрва како Џеври и маж како Таксин (мамина маза и вол) родиле синови и ги воспитале да и помагаат на жената и да ја прават среќна. Еве на пример мојата (идна се надевам ) свекрва стално вика: Синко, ако жена ти ти пере, ти чисти по цеееел ден, ако праи ручеци и се грижи околку децата, ако е папсана и уморна и ти не и помогнеш, мајка не чекај вечер секс... ич не ни помислувај! ете затоа драги мој дами ќе си најдете таков некој како мојот што ме пречекува од работа со јадење, што не сака да се дрндам по автобуси па ме носи со кола секаде, некој што знае да те изненади од чиста мира со убав поклон...знам многу од машкиве на форумот, ќе си речат папучар, ама денес таков маж е реткост.....и богатство! :smir:
Синдромот на балкански маже опасна работа драги, затоа бегајте од такви !
Јас си имам еден таков, фала богу :) Ништо не му е тешко да направи, иако до душа он ни е главен кујнски мајстор (од готвење до миење) ама јас во ВЦ па сум доминантна ма од перење до пеглање :) И му викаат бил папучар, ама тој е посреќен истовремено да си завршиме со обврските и да си имаме време за позабавни работи :) Можда дете немаме, ама имаме куче, па и околу него си делиме обврски :)

--- надополнето ---

Avtoritetot ne go izmisliv jas, prirodata go ima izmisleno, ne go ubivajte glasnikot. Baba mi i dedo mi se odamna pocinati, ne se sekavam kako funkcionirale.

Od kade ti e cudnata ideja deka postoi napredok vo odnosite pomegu polovite? Laga e toa, maskirana pod prevezot na New Age. Jas moite razmisluvanja im gi kazuvam na sovremenite zeni, ovie od temata, i najcudno od se e sto ne se slagaat so mene, a sakale da se mazat za mene. Uste edna kontradikcija...

Lele taa opsednatosta so sluguvanjeto, aman. Eden den sama ke sakas da se grizis za nekogo, pa ke ti stane jasno deka ne se raboti za sluguvanje. Do togas, pozdravi go svalerot...
Во природата, имаме прилика да видиме животни кои не еволуирале, и се исти такви уште од времето на дедо Ное. А ако веќе зборуваме за таа природа, првиот облик на семејства бил матријархат. Подоцна дошол патријархатот.
Природата мене ми кажува да се грижам за дечко ми, и за сестра ми, и за кучето, но никако да ми биде обврска да ги најадам, облечам, испеглам, исперам.... Односно, сето тоа што можат сами (со исклучок на кучето). Грижа е кога е болен да му дадам апче, кога е во болница да седам до него, да зборувам со него за се што го мачи, и секако, ако имам желба, и да му зготвам итн. Истото важи и за него. Сосема истото.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.403
Поени од реакции
6.024
Сумирано :
Од обврски.

и добро бе кој ве доеше вас ? Тато ?
Имајте бре малце мајчинство во вас и нека не ве плашат со тоа дека само сме пиеле и сме гледале фудбал.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Колку не си ме сфатила...

Ти кажав духовно, а не телесно, како да знаев дека ќе залеташ на тоа.

Споредбата за татко ти ја дадов во друга конотација. Вие дома татко ти не го третирате како животно, не му се дерете, не го терате во 300, туку комуницирате најнормално, се надевам. Комуникацијата во бракот ќе биде како твојата комуникација со сите нормални луѓе, само со разлика што нема да живееш со твоите или сама, туку ќе си живееш со сопругот (оној со кого си потпишала пред матичат, не е темава за невенчано живеење). Брак е заедница помеќу луѓе кои се сакаат, БРАКОТ НЕ Е ЗАТВОР.

Тебе за курвање не ти требаат години, ти треба само некој.

П.С. Ама се браните од мажење к`о на колење да ќе ве носи некој. Кога ќе најдеш некој со кого искрено се сакаш и со кого ќе сакаш да го поминеш животот нема да мислиш на ручеци и на глупи работи кои траат 1 саат ќе мислиш на иднина која ќе биде месеци и години.

П.П.С. БРАКОТ НЕ Е ПРАВЕЊЕ МАНЏИ И САЛАТИ ИЛИ ЗАБРАНА ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ СО ДРУГАРКИ, БРАКОТ Е ДЕЛЕЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ СО НЕКОЈ КОЈ ГО САКАТЕ. Во превод, бракот е исто она што го имаат вашите родители.

КОЈ ДЕЛ НЕ МЕ РАЗБИРАТЕ???
Јас многу добро те разбирам и те поздравувам. Само не ги напаѓај толку оние кои не мислат како тебе. Секоја чест што имаш мерак да готвиш, ама ете некој нема. Јас не сакам да готвам, па не значи дека се плашам од брак. Многу пати потенцирав дека себеси се гледам во брак, за некои 10тина години од сега. Значи нешто постара од тебе. Јас не сум во брак, но живеам во еден вид на предбрачна заедница, иако е глупаво да ја наречам така, зошто за 10 години можеби и нема да бидам со овој дечко што ми е сега. Сепак, ситуацијата и на двајцата ни наложува да се грижиме еден за друг. Јас само кажувам дека има огромна разлика меѓу добра мајка, добар татко, добра сопруга и добар сопруг. Ако се, да речеме двајца сопружници, на почетокот без деца, никој од никого не треба да очекува нешто што овој другиов не сака. Како на пример, дечкото мој што не очекува дека ќе добие ручек од мене. За нашите годишнини (една јас, една тој) тој мене ми готви ми прави вечери итн.. Ама затоа што тоа го сака. Иако јас повеќе би сакала на концерт да ме однесе. Сепак, тој така си ја искажува љубовта нели? Кога ми е мене ред, јас го носам на вечера. Нема потреба да глумам нешто што не сум. Можеби и тој сака јас да зготвам нешто, да направам некаква атмосфера. Но знае дека тоа не сум јас. Си имаме поделено обврски и добро функционираме. И се согласувам со тебе дека е многу поважно на каков пат ќе си ги истераш децата. Не е секој за родител. И јас и дечко ми, зошто сме долго заедно, се согласуваме околу тој дел, сепак, планираме заедно да останеме, и сум пресреќна што го имам, зошто колку и да сме различни, во поглед на домот и семејството, имаме многу слични сфаќања. Односно, свесен е дека ако во 4 заедно се враќаме од работа, тој да ми рече ,,жено, ај направи некакво јадење,, големи се шансите да му речам ,,уморна сум, ај ќе намачкаме нешто,,. Но ако во 4 се вратиме од работа, и моето дете дојде до мене и ми рече ,,мамо, гладен сум,, јас да умирам ќе му направам нешто за јадење, или ќе го замолам него, ако сум многу уморна.
Денес, тој работи, јас студирам. Во деновите кога тој работи, а јас сум дома, кога се враќа од работа има јадење (ако има месо, купено е јадењето, јас не готвам месо), а често се случува да добие и вегетеријанска вкусна храна. Исто така, му правам и кафе, му пуштам бојлер да се избања, а ако е зима, му ги греам и тренерките на парно за да бидат топли. Но тоа е кога јас сум слободна и сум дома. А ако сум и јас цел ден на факс, кога ќе дојдам, јадам прво што ми се фаќа, и се буфнувам во кревет зошто сум уморна, сум станала пред него, и често, се враќам не повеќе од 1 саат после него. Исто така, во деновите кога е тој дома, а јас на факс, кога се враќам имам спремено храна, пуштен бојлер, прошетано куче. Ама тоа се вика компромис. Него не му е тешко да се грижи за мене, ниту мене за него. Си имаме поделени обврски. Затоа, само кажувам, не е вистина дека една жена ако не знае да готви, не ја бива. Исто е, можеби знае да готви, ама не знае 1 кошула да испегла. Пак не ја бива? Или ако маж ми не знае да искоси трева, ајде да не се мажам со него? Тоа е глупаво. Сите сме ние различни, и како и да е, мораме да најдеме компромис. Ниту мене ќе ми падне круната ако избришам прашина, ниту него ќе му се скрши егото ако го направи истото. Малкумина мажи се такви, како мојов, и малку жени се искрени со мажите. Јас каква и да сум, тој секогаш знае што мислам. Не му глумам пожртвувана цел ден сум трчала за него, а вечер, кога ќе посака на крајот да ме гушне, да ми зборува, да имаме секс, да му речам ,,уморна сум, остај ме,,. Тоа не ни се случило. Затоа се надевам и дека ќе останам со него, зошто не би можела ниту да замислам подобар маж за мене, а ниту подобар татко за моите деца. Зошто, кога го чуваме внук му, обично јас му спремам кашички, ама тој му мења пелени, го бања итн. Ништо не е проблем. Ако можат двајцата да се разберат.
Проблем е кога тој очекува од неа да биде Џејмс Оливер, а таа уствари не сака. Таа сака тој да биде Хендимен, ама тој уствари не би.
Како што кажа, само себичноста, и на мажите, и на жените, е клучот за неуспех. Себичната жена уво ја боли ако седела цел ден дома, дали кога ќе дојде тој, има некаква храна, или вода да се истушира. Себичниот маж, уво не го боли дали таа цел ден работела, дошла дома, спремила јадење, го прошетала кучето... Важно му е да се наспие. За среќа, ниту јас, ниту мојов, не сме себични еден према друг.

--- надополнето ---

Кој е дете на среќно мажена двојка која се сака нека дигне два прста.
Или што имаат базична комуникација .
Ете јас. Моите не паметам кога се скарале. Или кога некој бил нешто посебно потресен зошто немало ручек. Пошто кај мене татко ми е готвач, мајка ми не паѓа во несвест ако не направил ручек. А пошто мајка ми е чистачката, татко ми не е длабоко повреден зошто место во сабота, во недела избришала прашина.
А и двајцата взаемно, не се притресени ако не можат баш зелената маица да ја носат, оти сум била на факс и не сум ја испеглала.

Фала богу, се надевам дека ќе бидам пола жена од мајка ми, а мојот сопруг, пола од тоа што е татко ми. Ептен среќни ќе бидеме.

--- надополнето ---

вие бракот го гледате како парламент или бојно поле ??
ако е како парламент за да функционира треба да има просто мнозинство пример од 61 пратеник. ако нема тогаш паѓа владата во случајот бракот.значи се се сведува на компромис но со една гоолема битна работа. сепак треба да има некој последен збор, и тоа е тоа. ако тоа го нема ке стане бојно поле, а на бојно поле има само еден генерал и тој кажува.ако има двајца ке се изгуби војната тоест бракот.значи пак компромис.и да не ме сватите погрешно не нагласив дека последниот збор треба да го има мажот но во поголем број случаи барем кај нас го има.сега зошто е тоа така и дали е исправно незнам но знам дека порано не така оддамна се знаеше кој е кој во кукјата и браковите траеја до смрт
И сега е така срцка :) Мажот го има последниот збор .... ,, да драга!,, ...
И сега да не испаднам ептен феминистка, отворено си кажувам дека дури ми е жал за денешниве мажи. Нашите предходнички, ја оправиле работата, та газите како на јајца да не ни шушнете додека си го дуваме лакот. Да не се разбереме погрешно, јас си ги учам другариве да имаат поголемо его и повеќе свое јас. Сите мажи, што ги познавам, се постари од мене, и играат како што им свири девојката.. :) Па какви све глупости имаат простувано, абе муабет не ми се прави.
Се согласувам дека за се треба да има доминантен. Ама не значи дека едниот мора да биде доминантен во се. Затоа се делат обврски. И сите се среќни.

--- надополнето ---

И да дополнам, поточно да прашам за ваше стручно возрасно мислење.
Кога на мојот фраер на гости му доаѓаат другари, јас им правам кафе, им носам пиво, им правам пуканки итн.
Кога мене ми доаѓаат другарки, тој ни прави кафе, ни носи пиво, ни прави пуканки.
Истовремено, кога излегува тој јас не припаѓам во несвест каде е и до кога ќе се задржи. Ниту тој се потресува јас кога ќе излезам.
Дали навистина толку лошо сме си ги сфатиле улогите?
Чудно, другарите на мојов, повеќето оженети, со жени домаќинлук стотка, му завидуваат дека ,,сум се грижела за него и сум го разбирала,,. Е како сега, јас ваква недомаќинка, можам да се рамнам или надминам домаќинка некоја? Не ми е јасно. Ич.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
дечки беееее не ми се верува....
:nesvest:
уствари сите истиот муабет го праите на различни начини и си се карате....
значи да даеме заклучок: за све се криви мажите! :vozbud: :pos2:
Ја мајката зош сеа ние за се криви ?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Не зборувај напамет. Со добар договор и разбирање се’ се постигнува.
Нормално е партнерите да имаат многу повеќе обврски и помалце слободно време кога имаат дечиња, но тоа така и треба да биде бидејќи веќе не се нивните родители тука да исчистат, исперат, зготват, заработаат, туку сите тие обврски сега паѓаат на нив... а и така треба да биде. Неможе да очекуваш да имаш ист живот во брак со деца, и кога си соло.
Никој не очекува. Но и нема совршен живот, односно се, без разлика колкаво е разбирањето.
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
епа или си женет или наскоро ќе бидеш ондак
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.202
--- надополнето ---

И сега е така срцка :) Мажот го има последниот збор .... ,, да драга!,, ...
И сега да не испаднам ептен феминистка, отворено си кажувам дека дури ми е жал за денешниве мажи. Нашите предходнички, ја оправиле работата, та газите како на јајца да не ни шушнете додека си го дуваме лакот. Да не се разбереме погрешно, јас си ги учам другариве да имаат поголемо его и повеќе свое јас. Сите мажи, што ги познавам, се постари од мене, и играат како што им свири девојката.. :) Па какви све глупости имаат простувано, абе муабет не ми се прави.
Се согласувам дека за се треба да има доминантен. Ама не значи дека едниот мора да биде доминантен во се. Затоа се делат обврски. И сите се среќни.

--- надополнето ---

.
рековме кој како ке си ја нареди.
и теоретски компромисот многу убаво звучи посебно кога ке се има слога. арно ама не секогаш е така. во идеални услови ете на пример да речеме дека жената незнае да готви или нејќе сеедно, а мажот појма нема а се нема пари за по кафани. чаре тогаш ... знае некој.и тоа обврските делење како си го замилсувате ке влечиме ждрепка.или на машки и женски.ама кој се тоа машки и женски.ајде ако на пример готвењето е машка особина тогаш тресењето теписи на пример е женска ??. или качувањето на каучот на 5 е женска можеби.ке ги викнете другарките и сите заедно ке го качите на 5 а мажот ке ви тури по една ракија да се освежите и салатче нормално.( само немојте од типот ке им платиме на некој , пошто ако беше така за се тогаш сигурно сте многу богати така да и за готвењето нема да биде проблем ке си имате куќна помошничка).примери има безброј. и на крај не за џабе судовите секаде детето го оставаат кај мајката, а не кај таткото( освем во многу ретки случаи).сигурно има причина за тоа, а сега што сакате да се правите поголеми верници и од папата тоа е друго.од една страна убаво ви е кога ве викаат понежен пол,кога сте поштедени од сите таканаречени машки работи ама кога ке дојде за женските е тогаш бунт за човекови права.е па и јас несакам многу работи што спаѓаат во машкиот домен ама што се мора се мора.а кога можам јас ке може и таа сакала нејкела.ако не се знај каде и то е то.и разводот е за луѓе.

да се разбериме слогата е супер, компромисот и тој добро звучи ама сепак треба да се има некоја граница и да се речи е сега доста е а за да драга ке добие одговор тогаш кога ке ме праша дали
сакам да ми донесе ладно пивце додека гледам фудбал во недела за да не пропуштам нешто пошто секако оди на кај кујната да зготви нешто а и да не пречи!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom