Колку не си ме сфатила...
Ти кажав духовно, а не телесно, како да знаев дека ќе залеташ на тоа.
Споредбата за татко ти ја дадов во друга конотација. Вие дома татко ти не го третирате како животно, не му се дерете, не го терате во 300, туку комуницирате најнормално, се надевам. Комуникацијата во бракот ќе биде како твојата комуникација со сите нормални луѓе, само со разлика што нема да живееш со твоите или сама, туку ќе си живееш со сопругот (оној со кого си потпишала пред матичат, не е темава за невенчано живеење). Брак е заедница помеќу луѓе кои се сакаат, БРАКОТ НЕ Е ЗАТВОР.
Тебе за курвање не ти требаат години, ти треба само некој.
П.С. Ама се браните од мажење к`о на колење да ќе ве носи некој. Кога ќе најдеш некој со кого искрено се сакаш и со кого ќе сакаш да го поминеш животот нема да мислиш на ручеци и на глупи работи кои траат 1 саат ќе мислиш на иднина која ќе биде месеци и години.
П.П.С. БРАКОТ НЕ Е ПРАВЕЊЕ МАНЏИ И САЛАТИ ИЛИ ЗАБРАНА ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ СО ДРУГАРКИ, БРАКОТ Е ДЕЛЕЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ СО НЕКОЈ КОЈ ГО САКАТЕ. Во превод, бракот е исто она што го имаат вашите родители.
КОЈ ДЕЛ НЕ МЕ РАЗБИРАТЕ???
Јас многу добро те разбирам и те поздравувам. Само не ги напаѓај толку оние кои не мислат како тебе. Секоја чест што имаш мерак да готвиш, ама ете некој нема. Јас не сакам да готвам, па не значи дека се плашам од брак. Многу пати потенцирав дека себеси се гледам во брак, за некои 10тина години од сега. Значи нешто постара од тебе. Јас не сум во брак, но живеам во еден вид на предбрачна заедница, иако е глупаво да ја наречам така, зошто за 10 години можеби и нема да бидам со овој дечко што ми е сега. Сепак, ситуацијата и на двајцата ни наложува да се грижиме еден за друг. Јас само кажувам дека има огромна разлика меѓу добра мајка, добар татко, добра сопруга и добар сопруг. Ако се, да речеме двајца сопружници, на почетокот без деца, никој од никого не треба да очекува нешто што овој другиов не сака. Како на пример, дечкото мој што не очекува дека ќе добие ручек од мене. За нашите годишнини (една јас, една тој) тој мене ми готви ми прави вечери итн.. Ама затоа што тоа го сака. Иако јас повеќе би сакала на концерт да ме однесе. Сепак, тој така си ја искажува љубовта нели? Кога ми е мене ред, јас го носам на вечера. Нема потреба да глумам нешто што не сум. Можеби и тој сака јас да зготвам нешто, да направам некаква атмосфера. Но знае дека тоа не сум јас. Си имаме поделено обврски и добро функционираме. И се согласувам со тебе дека е многу поважно на каков пат ќе си ги истераш децата. Не е секој за родител. И јас и дечко ми, зошто сме долго заедно, се согласуваме околу тој дел, сепак, планираме заедно да останеме, и сум пресреќна што го имам, зошто колку и да сме различни, во поглед на домот и семејството, имаме многу слични сфаќања. Односно, свесен е дека ако во 4 заедно се враќаме од работа, тој да ми рече ,,жено, ај направи некакво јадење,, големи се шансите да му речам ,,уморна сум, ај ќе намачкаме нешто,,. Но ако во 4 се вратиме од работа, и моето дете дојде до мене и ми рече ,,мамо, гладен сум,, јас да умирам ќе му направам нешто за јадење, или ќе го замолам него, ако сум многу уморна.
Денес, тој работи, јас студирам. Во деновите кога тој работи, а јас сум дома, кога се враќа од работа има јадење (ако има месо, купено е јадењето, јас не готвам месо), а често се случува да добие и вегетеријанска вкусна храна. Исто така, му правам и кафе, му пуштам бојлер да се избања, а ако е зима, му ги греам и тренерките на парно за да бидат топли. Но тоа е кога јас сум слободна и сум дома. А ако сум и јас цел ден на факс, кога ќе дојдам, јадам прво што ми се фаќа, и се буфнувам во кревет зошто сум уморна, сум станала пред него, и често, се враќам не повеќе од 1 саат после него. Исто така, во деновите кога е тој дома, а јас на факс, кога се враќам имам спремено храна, пуштен бојлер, прошетано куче. Ама тоа се вика компромис. Него не му е тешко да се грижи за мене, ниту мене за него. Си имаме поделени обврски. Затоа, само кажувам, не е вистина дека една жена ако не знае да готви, не ја бива. Исто е, можеби знае да готви, ама не знае 1 кошула да испегла. Пак не ја бива? Или ако маж ми не знае да искоси трева, ајде да не се мажам со него? Тоа е глупаво. Сите сме ние различни, и како и да е, мораме да најдеме компромис. Ниту мене ќе ми падне круната ако избришам прашина, ниту него ќе му се скрши егото ако го направи истото. Малкумина мажи се такви, како мојов, и малку жени се искрени со мажите. Јас каква и да сум, тој секогаш знае што мислам. Не му глумам пожртвувана цел ден сум трчала за него, а вечер, кога ќе посака на крајот да ме гушне, да ми зборува, да имаме секс, да му речам ,,уморна сум, остај ме,,. Тоа не ни се случило. Затоа се надевам и дека ќе останам со него, зошто не би можела ниту да замислам подобар маж за мене, а ниту подобар татко за моите деца. Зошто, кога го чуваме внук му, обично јас му спремам кашички, ама тој му мења пелени, го бања итн. Ништо не е проблем. Ако можат двајцата да се разберат.
Проблем е кога тој очекува од неа да биде Џејмс Оливер, а таа уствари не сака. Таа сака тој да биде Хендимен, ама тој уствари не би.
Како што кажа, само себичноста, и на мажите, и на жените, е клучот за неуспех. Себичната жена уво ја боли ако седела цел ден дома, дали кога ќе дојде тој, има некаква храна, или вода да се истушира. Себичниот маж, уво не го боли дали таа цел ден работела, дошла дома, спремила јадење, го прошетала кучето... Важно му е да се наспие. За среќа, ниту јас, ниту мојов, не сме себични еден према друг.
--- надополнето ---
Кој е дете на среќно мажена двојка која се сака нека дигне два прста.
Или што имаат базична комуникација .
Ете јас. Моите не паметам кога се скарале. Или кога некој бил нешто посебно потресен зошто немало ручек. Пошто кај мене татко ми е готвач, мајка ми не паѓа во несвест ако не направил ручек. А пошто мајка ми е чистачката, татко ми не е длабоко повреден зошто место во сабота, во недела избришала прашина.
А и двајцата взаемно, не се притресени ако не можат баш зелената маица да ја носат, оти сум била на факс и не сум ја испеглала.
Фала богу, се надевам дека ќе бидам пола жена од мајка ми, а мојот сопруг, пола од тоа што е татко ми. Ептен среќни ќе бидеме.
--- надополнето ---
вие бракот го гледате како парламент или бојно поле ??
ако е како парламент за да функционира треба да има просто мнозинство пример од 61 пратеник. ако нема тогаш паѓа владата во случајот бракот.значи се се сведува на компромис но со една гоолема битна работа. сепак треба да има некој последен збор, и тоа е тоа. ако тоа го нема ке стане бојно поле, а на бојно поле има само еден генерал и тој кажува.ако има двајца ке се изгуби војната тоест бракот.значи пак компромис.и да не ме сватите погрешно не нагласив дека последниот збор треба да го има мажот но во поголем број случаи барем кај нас го има.сега зошто е тоа така и дали е исправно незнам но знам дека порано не така оддамна се знаеше кој е кој во кукјата и браковите траеја до смрт
И сега е така срцка
Мажот го има последниот збор .... ,, да драга!,, ...
И сега да не испаднам ептен феминистка, отворено си кажувам дека дури ми е жал за денешниве мажи. Нашите предходнички, ја оправиле работата, та газите како на јајца да не ни шушнете додека си го дуваме лакот. Да не се разбереме погрешно, јас си ги учам другариве да имаат поголемо его и повеќе свое јас. Сите мажи, што ги познавам, се постари од мене, и играат како што им свири девојката..
Па какви све глупости имаат простувано, абе муабет не ми се прави.
Се согласувам дека за се треба да има доминантен. Ама не значи дека едниот мора да биде доминантен во се. Затоа се делат обврски. И сите се среќни.
--- надополнето ---
И да дополнам, поточно да прашам за ваше стручно возрасно мислење.
Кога на мојот фраер на гости му доаѓаат другари, јас им правам кафе, им носам пиво, им правам пуканки итн.
Кога мене ми доаѓаат другарки, тој ни прави кафе, ни носи пиво, ни прави пуканки.
Истовремено, кога излегува тој јас не припаѓам во несвест каде е и до кога ќе се задржи. Ниту тој се потресува јас кога ќе излезам.
Дали навистина толку лошо сме си ги сфатиле улогите?
Чудно, другарите на мојов, повеќето оженети, со жени домаќинлук стотка, му завидуваат дека ,,сум се грижела за него и сум го разбирала,,. Е како сега, јас ваква недомаќинка, можам да се рамнам или надминам домаќинка некоја? Не ми е јасно. Ич.