Зошто модерната жена се плаши од брак?

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Си чул за семејства кај што мајката е „главна финансиска чешма“? Или слабо?
Има мажи што седат дома, гледаат фудбал и пијат пиво по 5 литри на ден.
Ти немаше да се пwашиш од тоа да не е муж ти ваков? Или, полошо, да не стане ваков?.
Мајка ми е главен финансиски извор дома, зошто е пообразована од татко ми и има подобро работно место.
Татко ми не пие цел ден пред ТВ, работи и заработува чесно.
Доаѓа порано од работа, и поради тоа, има повеќе време да се одмори, па готви за мајка ми и сестра ми, јас сум вегетеријанец.
Неговите обврски околу куќата се исти што и на мајка ми, со тоа што мајка ми никогаш не искосила трева и не го прошетала кучето, а тој никогаш не избришал прашина и никогаш ништо не испрал. Знае да пегла, но тоа е моја обврска, па ниту тој ниту мајка ми не пеглаат.
Пред неколку години, мајка ми зимаше поголема плата, па никој не чистеше, имавме чистачка. Единствено татко ми косеше трева, мајка ми переше, а јас редев тањири во машина и пеглав.
Ништо не е недостижно, се е компромис. И само многу многу труд вложување во таа институција наречена семејство.

--- надополнето ---

Но мечтаете вашите лудувања и пијанчења да ги завршите среќно со брак?
Да. Мечтаам откако ќе ми помине желбата да немам обврски ниту према маж, ниту према деца, да ми се здосади од таквиот живот. И не е се во тоа колку пиеш. Има тука нешто што се вика кариера. А сите добро знаеме, дека жена со деца, малце потешко добива добра работа. И ова многу добро го знам. Мислам дека е неправедно жените да се откажуваат од својот професионален успех или амбиции, за сметка на тоа на 25 да родат дете. Ако завршиле навремено факултет - 22, до 25 нема да успеат нешто многу. Ако е поамбициозна, тука доаѓа и специјализација/магистратура. Е, како по ѓаволите, во сето тоа истовремено ќе успее? Детето не е цвеќе па да му се радуваш, и заслужува повеќе од тоа да поминеш едвај половина час со него во денот. Јас сакам да имам маж и деца, тогаш кога ќе ослободам време за нив. Можеби има жени на кои поважно им е што поскоро мајки и сопруги да станат, и јас немам ништо против тоа, ако се така среќни.
Но јас не сум една од нив.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А кој си ти да кажеш дека оргиите се погрешни? Или коцката? Дали е тоа легално? ДА! Не осудувај, знам дека е тешко, тоа ни е во гените.
А ти мислиш дека е патолошки случај ако почекаш со бракот? Хм?

--- надополнето ---

Па, луѓето од мојата околина, не се чувствуваат така. Не сме сите родени или воспитани целиот живот да мечтаеме за деца и бракови. Малкумина такви познавам. И види, никој од нив не е несреќен, ниту депресивен.
Каде гледаш осудување !?
Само си прашав и одма со паранои...:)
Тоа што наведе некако ми се виде премалку за да се искуси све во живеачката...

Сид колел и дерел мачки пред да се ожени...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Каде гледаш осудување !?
Само си прашав и одма со паранои...:)
Тоа што наведе некако ми се виде премалку за да се искуси све во живеачката...
Јас мислам дека добро потенцирав :) Секој да го прави тоа што му е убаво, во законски рамки. Па дали ќе се омажи на 18, или никогаш, не е мој проблем. Јас имам хедонистички ставови за се во животот, и не гледам зошто треба мене и тебе иста работа исто задоволство или незадоволство да ни предизвикува.
Ако ти е тебе убаво оргии да правиш, не мора и мене да ми биде, нели? Ама ако ти е тебе убаво, супер! Ништо немам против!
И не можеме ние да проценуваме за кого кога е доволно ... секој си знае самиот за себе :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Мајка ми е главен финансиски извор дома, зошто е пообразована од татко ми и има подобро работно место.
Татко ми не пие цел ден пред ТВ, работи и заработува чесно.
Доаѓа порано од работа, и поради тоа, има повеќе време да се одмори, па готви за мајка ми и сестра ми, јас сум вегетеријанец.
Неговите обврски околу куќата се исти што и на мајка ми, со тоа што мајка ми никогаш не искосила трева и не го прошетала кучето, а тој никогаш не избришал прашина и никогаш ништо не испрал. Знае да пегла, но тоа е моја обврска, па ниту тој ниту мајка ми не пеглаат.
Пред неколку години, мајка ми зимаше поголема плата, па никој не чистеше, имавме чистачка. Единствено татко ми косеше трева, мајка ми переше, а јас редев тањири во машина и пеглав.
Ништо не е недостижно, се е компромис. И само многу многу труд вложување во таа институција наречена семејство.

--- надополнето ---

Да. Мечтаам откако ќе ми помине желбата да немам обврски ниту према маж, ниту према деца, да ми се здосади од таквиот живот. И не е се во тоа колку пиеш. Има тука нешто што се вика кариера. А сите добро знаеме, дека жена со деца, малце потешко добива добра работа. И ова многу добро го знам. Мислам дека е неправедно жените да се откажуваат од својот професионален успех или амбиции, за сметка на тоа на 25 да родат дете. Ако завршиле навремено факултет - 22, до 25 нема да успеат нешто многу. Ако е поамбициозна, тука доаѓа и специјализација/магистратура. Е, како по ѓаволите, во сето тоа истовремено ќе успее? Детето не е цвеќе па да му се радуваш, и заслужува повеќе од тоа да поминеш едвај половина час со него во денот. Јас сакам да имам маж и деца, тогаш кога ќе ослободам време за нив. Можеби има жени на кои поважно им е што поскоро мајки и сопруги да станат, и јас немам ништо против тоа, ако се така среќни.
Но јас не сум една од нив.
Фино. Но дали мислиш дека после 25тата година и за двата пола ќе има доволно избор за избирање на партнер како што има сега?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Јас мислам дека добро потенцирав :) Секој да го прави тоа што му е убаво, во законски рамки. Па дали ќе се омажи на 18, или никогаш, не е мој проблем. Јас имам хедонистички ставови за се во животот, и не гледам зошто треба мене и тебе иста работа исто задоволство или незадоволство да ни предизвикува.
Ако ти е тебе убаво оргии да правиш, не мора и мене да ми биде, нели? Ама ако ти е тебе убаво, супер! Ништо немам против!
И не можеме ние да проценуваме за кого кога е доволно ... секој си знае самиот за себе :)
Јас сакам да се реинкарнирам пред да стапам во брак :vozbud:...let the chips fall as they may...:)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Па, луѓето од мојата околина, не се чувствуваат така. Не сме сите родени или воспитани целиот живот да мечтаеме за деца и бракови. Малкумина такви познавам. И види, никој од нив не е несреќен, ниту депресивен.
Чекај бе девојче, знаеш ти што значат 20 години? Нормално дека никој за брак не помислува на таа возраст, па камоли да станува депресивен, зашто нема ни зошто, животот е пред него. И брат ми е на тие години, знам каков памет сум имала и јас на таа возраст, други се грижите тогаш, друго е кога човек станува позрел.
Во суштина, секој си го бара најдобриот пријател од спротивниот пол и сакале признале реалистите или не, без разлика што врските и бракот најчесто ги гледаат со одбојност зашто ја потценуваат човечката поврзаност и мислат дека такво нешто не постои, таа потрага мисловно секогаш не гони. Можеби секој човек е остров за себе или пак е бедем, ама и околу островот има вода да му се невиди, секој бара нешто за да опстои.

Нешто а про по дискусијава. Прво треба да дефинираме што е тоа модерна жена? Ајде да видиме. Според ова што го читам модерна жена е онаа која благе везе нема од кујна, дома не чисти, а има диплома. Горе доле тука лежи зајакот. Прва работа, секој знае да готви, посебно ми е смешно што од нешто толку основно и неопходно се прави толкава драма. Абе еден ручек раскол ќе направи. Што се случи со светов којзнае. Не ги сакам оние ултра мамини синови на кои секоја реченица им почнува со : Ама мајка ми... Пријателе мој, мајка ти каква што ја знаеш, вклучувајќи ја и мојата, научила се попатно. Загорела мал милион манџи пред да ја погоди, машината за перење почесто ја вклучувала нејзината мајка отколку таа самата зашто имало некој да се грижи за неа, а луѓето кога се свесни дека има некој што се грижи за нив се послободни во однесувањето. Ама па во суштина тоа и претставува мајчинството, грижа. Значи за да се трансформира една девојка во жена, домаќинка, Марта Стјуарт и Џејми Оливер заедно тоа мора да го учи. Не се секирај, и татко ти на почеток мака мачел со храната, ама тоа се вика заедништво. Нешто што денес ретко го има.

@Сексилишс, не те разбирам баш сосема со ова контрање со готвењево и троа феминистичкиов став. Еве јас сум женско, па не се осетив како да сум среде шовинистичка дискусија за да скокнам и да го бранам мојов пол.
Во суштина, непишаното правило е следно, на жената и е препуштена грижата за семејството преку нега и грижа, а мажот го носи најголемиот товар при создавањето на условите. Тебе ти пречи тоа што маживе инсистираат да се грижиме за домот, за нив и за децата. Па нели не е фер да се постави работата толку еднодимензионално, кога секоја жена очекува мажот да е столбот на семејството, а тоа подразбира многу пот и енергија. Нормално дека се е во заедништвото и во заедничката изградба на животот, и една жена не смее да си дозволи да не помогна во изградбата на тој дел, меѓутоа на крајот, а богами и на почетокот мажот (барем оној совесниот маж во вистинска смисла на зборот) е основата на таа изградба.
 
Контрање?
Се обидувам да разберам што е срамното во нечие незнаење или незаинтересираност за готвење.
Не се работи за феминизам.
Жената која што има желба за готвење, ја искажува многу порано пред да го запознае својот животен сопатник. Тоа значи дека таа не готви затоа што знае дека еден ден нејзиниот маж ќе го очекува тоа од неа. Готви затоа што сака, бидејќи ја исполнува тоа експериментирање во кујната. Исто е со мажите. Тој не работи само за да затвори гладни усти дома, работи затоа што е свесен како и жената дека парите денес се од егзистенцијално значење.
Значи ниеден маж не се вработил ден пред да стапи во брак, па да се мава во гради дека тој е маж во куќата и дека носи пари, ниту пак жената не се научила да готви ден пред да го стави својот потпис во матично затоа што општеството смета дека тоа е мерило за добра домаќинка.

Нема потреба за нечие инсистирање на грижа. Кога љубиш некого, грижата оди раче под раче со љубовта.
Штом инсистира некој на својот партнер да не го занемарува домот, односно грижата околу истиот, тогаш има проблем. Тој проблем е умореност или е згаснување на љубовта.

Оние непишани правила кои ги спомна ти, се непишани. Штом се непишани оставаат простор да се менуваат во зависност од желбите и потребите на двајцата партнери, односно во случајов маж и жена.
Постојат жени кои не знаат да готват, едноставно немаат желба да научат. Тоа не им дава простор на останатите да ги сметаат како помалку способни жени и мајки, затоа што љубовта не се искажува преку перењето и готвењето. Ако умееш тоа да го правиш и добро го правиш е бонус, ништо повеќе.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Контрање?
Се обидувам да разберам што е срамното во нечие незнаење или незаинтересираност за готвење.
Не се работи за феминизам.
Жената која што има желба за готвење, ја искажува многу порано пред да го запознае својот животен сопатник. Тоа значи дека таа не готви, затоа што знае дека еден ден нејзинот маж ќе го очекува тоа од неа. Готви затоа што сака. Исто е со мажите. Тој не работи за да затвори гладни усти дома, работи затоа што е свесен како и жената дека парите се од егзистенцијално значење.
Значи, ниеден маж не се вработил ден пред да стапи во брак, заради удирањето во гради дека тој е маж во куќа и ќе носи пари, ниту пак жената не се научила да готви, ден пред да го стави својот потпис во матично затоа што општеството смета дека тоа е вистинската домаќинка.

Нема потреба за нечие инсистирање на грижа. Кога љубиш некого, грижата оди раче под раче со љубовта.
Штом инсистира некого да не го занемаруваш домот, односно грижата околу истиот, тогаш има проблем. Тој проблем или е умореност или е згаснување на љубовта.

Оние непишани правила кои ги спомна ти, се непишани. Штом се непишани оставаат простор да се менуваат во зависност од желбите и потребите на двајцата партнери, односно во случајов маж и жена.
Постојат жени кои не знаат да готват, едноставно немаат желба да научат. Тоа не дава простор за останатите да ги сметаат како помалку способни жени и мајки, затоа што љубовта не се искажува преку перењето и готвењето. Ако умееш тоа да го правиш и добро го правиш е бонус, ништо повеќе.
Вака поставен постов е многу сличен на моето мислење.:wink:
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Фино. Но дали мислиш дека после 25тата година и за двата пола ќе има доволно избор за избирање на партнер како што има сега?

Па нели за брак требаше љубов и разбирање? Вака ова горе повеќе личи на бизнис - истражување на пазарот и потенцијални човечки ресурси. Од тој аспект, денес пазарот е презаситен од потенцијални партнери што ја поминале и ја заборавиле дваесетипетката, само што ретко кој од нив може да ја помине грубата селекција бидејќи повеќето останале „слободни“ поради финансиска и стамбена неподобност.
Иронијата на страна, да се вратам на темата: Модерната жена се плаши од брак затоа што вечниот маж се плаши од модерната жена, а таквата стартна позиција не ветува среќна иднина.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Mожда и е страшен бракот ...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Па нели за брак требаше љубов и разбирање? Вака ова горе повеќе личи на бизнис - истражување на пазарот и потенцијални човечки ресурси. Од тој аспект, денес пазарот е презаситен од потенцијални партнери што ја поминале и ја заборавиле дваесетипетката, само што ретко кој од нив може да ја помине грубата селекција бидејќи повеќето останале „слободни“ поради финансиска и стамбена неподобност.
Иронијата на страна, да се вратам на темата: Модерната жена се плаши од брак затоа што вечниот маж се плаши од модерната жена, а таквата стартна позиција не ветува среќна иднина.
Се разбираш од економија? :)

Грубо кажано бракот е институција, а институцијата не може да опстои без бизнис, но твоето разбирање би требало да проработи тука.
Истражувањата се вршат со цел да се добие резултат или ако милуваш да се добие партнер според потребите за кои се врши истото истражување. Многумина ја заборавиле дваесетипетката, бркајќи ја својата кариера и кога ќе се освестат за истото сфаќаат дека исто толку ако не и повеќе, не заборавиле дека попратно требало да се најде и партнер односно да се истражува и на приватното поле.

Ако финансиите се оние кои не дозволуваат брак ако имаш партнер кој е достоен за истото, тогаш е иронично тоа што не сакаш да здружиш сили со партнерот па да продлабочиш џеб.
 
T

theTinule

Гостин
Контрање?
Се обидувам да разберам што е срамното во нечие незнаење или незаинтересираност за готвење.
Не се работи за феминизам.
Жената која што има желба за готвење, ја искажува многу порано пред да го запознае својот животен сопатник. Тоа значи дека таа не готви затоа што знае дека еден ден нејзиниот маж ќе го очекува тоа од неа. Готви затоа што сака, бидејќи ја исполнува тоа експериментирање во кујната. Исто е со мажите. Тој не работи само за да затвори гладни усти дома, работи затоа што е свесен како и жената дека парите денес се од егзистенцијално значење.
Значи ниеден маж не се вработил ден пред да стапи во брак, па да се мава во гради дека тој е маж во куќата и дека носи пари, ниту пак жената не се научила да готви ден пред да го стави својот потпис во матично затоа што општеството смета дека тоа е мерило за добра домаќинка.

Нема потреба за нечие инсистирање на грижа. Кога љубиш некого, грижата оди раче под раче со љубовта.
Штом инсистира некој на својот партнер да не го занемарува домот, односно грижата околу истиот, тогаш има проблем. Тој проблем е умореност или е згаснување на љубовта.

Оние непишани правила кои ги спомна ти, се непишани. Штом се непишани оставаат простор да се менуваат во зависност од желбите и потребите на двајцата партнери, односно во случајов маж и жена.
Постојат жени кои не знаат да готват, едноставно немаат желба да научат. Тоа не им дава простор на останатите да ги сметаат како помалку способни жени и мајки, затоа што љубовта не се искажува преку перењето и готвењето. Ако умееш тоа да го правиш и добро го правиш е бонус, ништо повеќе.
Yeah, голем бонус.
Ко што кажа и сама: Неопходна е грижата за љубените. Ќе се грижиш за оние што ги љубиш.
Во случајов, ручекот дома е грижа за домашните.
Тие жени што не знаат еден ручек да им напраат на децата дома нека идат нека се убијат. Сра-мо-та е.
Љубовта не се изјавува преку готвењето и перењето? Извини, ти како намераваш утре ден да им изјавиш љубов на твоите деца?
„Те сакам сине, ама не ми доаѓај дома да ми јадеш, не знам ништо да ти напраам за ручек.“ Не е малку срамота? Малку повеќе?

Мајка ми е главен финансиски извор дома, зошто е пообразована од татко ми и има подобро работно место.
Татко ми не пие цел ден пред ТВ, работи и заработува чесно.
Доаѓа порано од работа, и поради тоа, има повеќе време да се одмори, па готви за мајка ми и сестра ми, јас сум вегетеријанец.
Неговите обврски околу куќата се исти што и на мајка ми, со тоа што мајка ми никогаш не искосила трева и не го прошетала кучето, а тој никогаш не избришал прашина и никогаш ништо не испрал. Знае да пегла, но тоа е моја обврска, па ниту тој ниту мајка ми не пеглаат.
Пред неколку години, мајка ми зимаше поголема плата, па никој не чистеше, имавме чистачка. Единствено татко ми косеше трева, мајка ми переше, а јас редев тањири во машина и пеглав.
Ништо не е недостижно, се е компромис. И само многу многу труд вложување во таа институција наречена семејство.
Ми ја утна поентата.
Поентата ми беше следнава:
Темава се вика „Зошто модерната жена се плаши од брак?“.
Тоа шо требаше да го прочиташ измеѓу редови е следново:
Се плашат од погоренаведената појава маж кој седи дома, наводно бара работа и гледа фудбал (нормално, става ливчиња во кладилница).
Не готви. Не пере алишта. Не чисти. Што е најтрагично прави се што е обратно од ова.

Иди кажи ми дека мажите ко татко ти се почести од овие.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Оф, Секси... , се разбирам од многу работи по малку, доволно да разберам дека некој иако има 20 години мисли се разбира од многу работи по многу. Насетувам дека ти си модерна жена која не се плаши од брак, но не тврдам, бидејќи не можам да го составам твојот профил со тие коцкички што ги имам овде. А и нема потреба, нели? Сепак, ти посакувам твоето знаење и мудрост да ти донесат среќа :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Yeah, голем бонус.
Ко што кажа и сама: Неопходна е грижата за љубените. Ќе се грижиш за оние што ги љубиш.
Во случајов, ручекот дома е грижа за домашните.
Тие жени што не знаат еден ручек да им напраат на децата дома нека идат нека се убијат. Сра-мо-та е.
Љубовта не се изјавува преку готвењето и перењето? Извини, ти како намераваш утре ден да им изјавиш љубов на твоите деца?
„Те сакам сине, ама не ми доаѓај дома да ми јадеш, не знам ништо да ти напраам за ручек.“ Не е малку срамота? Малку повеќе?
И-ч Н-е Е :)
Мал милион на примери може да посочат нечија грижа и љубов.

Можеби не знае да готви, но затоа знае да седне со своето дете и да му покаже како да множи и дели, да му помогне во проект, да му помогне со домашната задача, место после вечерата да му рече мрш во соба на учење и да си легне со мислата дека софрата била полна и е совршена замена за нејзиното незнање како навистина се покажува грижа.
Постојат жени кои прекрасно готват и чија куќа е постојано чиста, но поради напорното и динамично секојдневие исполнето со обврски немаат време да седнат со нивните деца и да поразговараат за нивните проблеми. Затоа постои огромен јаз во нивната комуникација.

Едноставно е, денот има 24 часа. Ако жената работи 8 часа, другите 4 часа пере чисти и средува по дома, дали е себично другите 4 часа да си посвети себе си внимание? Но тие 4 часа, бидејќи другите 8 служат за спиење, ги завзема детето.
Затоа не се чудете што жени од 40 години изгледаат на 60. Не затоа што не сакаат да си посветат себе си внимание, затоа што немаат време за истото.

--- надополнето ---

Оф, Секси... , се разбирам од многу работи по малку, доволно да разберам дека некој иако има 20 години мисли се разбира од многу работи по многу. Насетувам дека ти си модерна жена која не се плаши од брак, но не тврдам, бидејќи не можам да го составам твојот профил со тие коцкички што ги имам овде. А и нема потреба, нели? Сепак, ти посакувам твоето знаење и мудрост да ти донесат среќа :)
Се разбирам онолку колку што моите години ми го дозволуваат тоа, односно според она што ми го донел животот до сега.
Ако нештото не го исцрпиш до крај, до онаму каде што си способен да исцрпиш како можеш да донесеш заклучок и според истиот да функционираш? :)
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
@RocknRola @Сексилишс

Мажите и жените се два света тотално различни а сепак исти. Милион прашања, круг без крај сме, подобро би кажал вечна тема, тема на сите времиња без апсолутен одговор.
Мажот и жената се дизајнирани на совршен начин, да си одговараат потполно еден со друг. Ова може ќе ви биде смешно ама кога би зеле еден маж и една жена и и би ги споредиле само слеп човек не би го забележал тоа дека сите вдлабнатини и испакнатини на телото кај мажот и жената взаемно совршено се надополнуваат :) :). Па имам едно прашање до двете страни. Кога веќе совршено се надополнуваме и сме создадени да живееме заедно во една заедница, зошто две совршени суштества се понашаат вака денес? Зошто се натпреваруваме кој е поспособен и помоќен или се докажуваме кој без кого може и како може и etc..???? Од страв дека ќе бидеме повредени или од егоизам?

Ок јас сфакам дека секој има страв да биде повреден и можеби тоа води кон донесување на погрешни одлуки кои го повредуваат спротивниот пол, а егоизмот што мислам и дека е проблемот кај сите денес е излишен да се коментира. Да бидеш роб на сопствениот егоизам е најлоша варијанта, затоа што таквата особа без разлика дали е жена или маж никогаш нема да биде “слободна“ секогаш ќе робува на стандардите и принципите кои самата си ги наметнува. Таа особа според мене никогаш нема га ги разбере основните значена да бидеш маж или жена.

Ако еве пример модерна жена во денешно време е да си самостојна и да бидеш успешна и самохрана мајка без никаква поддршка и потреба од маж, еден ден ти се враќа детето дома и ти вика мамо мамо денес Иван татко му го донесе у школо, каде е мојот татко, и ти секако ќе му ја кажеш вистината и ќе му одговориш мило твојот татко беше шифра и живееше во боца, дали заради сопствените идеали би дозволиле детето да живее без грижата од таткото која според мене е неопходна во денешно време? Еве и пример за мажите, успешен со кариера, колку жени сакаш, патувања и бла бла, и еден ден си стар и збрчкан и сам и нема веќе жени и нема веќе патувања и луд живот и сфакаш дури тогаш дека си празен и неисполнет и дека воопшто не си живеел за никој и дека воопшто не си ја ни исполнил твојата основна улога да створиш потомство кое ќе те секава по тоа како добар татко си бил? И дали е тоа она што навистина го сакаме сите како мажи и жени? Јас лично така никогаш не би бил среќен, сакам да имам кариера и сакам да бида успешен заради мое лично задоволство, ама никогаш не би го ставил тоа пред семејството, несакам да бидам некој и нешто по секоја цена. Ја спомнавте љубовта така? Што со неа демек така лесно се губи? Или после одреден период во брак си викаш пу пу не се важи јас сакам да и можам да бидам сам јас сакам и можам да бидам некој повеќе, и тој некој повеке ќе бидеш ти кој е на работа по 16 саати задоволен од својата кариера која те влече и те влече и после 16 саати доагјаш дома и си викаш, ма кој го е*е готвењето и пеглањето легнувам да спијам уте ме чека напорен ден, а за партнер и секс ма кој после таква работа ќе мисли на љубов, солидна работа ке заврши некој вибратор за жените или добар порнич за мажите и така срекно ќе си живее секој за себе..

Секое тенџерче си има свое капаче, така?

Kajgana Shop

На врв Bottom