Зошто македонската музичка сцена е тапа?

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Македонија има квалитетни музичари- нели квантитетот раѓа квалитет, па за 2 000 000 народ имаме доволно квалитетни реномирани музичари
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
86
Поени од реакции
3
Кои гласовни можности ги има Тони Зен,Дејана Николовска,Џеј Џеј,Елена Петреска,Маја Вукичевиќ,Некст тајм,Влатко Морал....треба уште :toe:
Епа вака сеа:
1. Тони Зен не е пејач. Кажи ми како пеат балканскиве рапери ( Не ги именувам оти не ги знам ( Не ни сакам да ги знам ) ) , и со се подобри од него или џаканакот или слаткар или многу други македончиња.
2. Џеј Џеј, Елена Петреска, Маја Вукичевич. Не дека којзнае колку ги бива ама се трудат исто така ќе речам и тука, во што се подобри: Јована, Сека Алексич, Стоја, Јана и.т.н. Направиле неколку песни за сечење вени во као се препознаваат луѓето.
3. Влатко Морал. На типот таков му е стилот а и бојата на гласот. Него го бива рок или метал или панк. Ако не сте забележале и песните му се во некој рок стил.
4. Дејана Николовска и Next Time. Мислам дека Дејана и не е некоја лоша пејачка. Колку со ја имам слушнато не пее лошо, аи има убава боја на гласот. За нехт тајм поарно не зборујте. Дечките се закон и убаво пејат и имаат харизма и се.

И уште нешто. Прашањето зошто " немаме добра музикa " (во наводници ( не се согласувам со тоа )) поставете си го сами. Јас знам дека имаме дека низок стандард и дека можеби секој неможе да си дозволи оригинално цд, но додека постои пиратеријата и додека место да си купиме цд чекаме некој друг да го купи место нас нема да бидеме познати надвор од границите на оваа наша мала државичка.:uvo:
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Абее Џеј Џеј што ги штанца песните ко у фабрика НЕ го сметам ниту за пејач ниту за композитор, тие другите што ги спомна ко Маја Вукичевиќ, Елена Петреска и ја еве ке ја спомнам Александра Пилева, немам коментар за песните на што им личат! И да, ја се согласувам дека НЕМА квалитетна музика (барем комерцијалната) во Македонија, а зошто, стварно не знам...нема квалитетни луѓе ваљда или па на никој не му е гајле...
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Еве класичен Македонски синдром!!! Се шо е македонско не чини!!!

Не ни чини мајонезот од Витаминка,купуваме Томи или Хелманс,не ни чинат каблите за електроинсталација шо се произведуваат во Неготино,купуваме од "Контакт" Загреб,Не ни чинат автобусите од ФАС,купуваме од нензнам каде,Не ни чини млекото,купуваме алпско од планинините на Швајцарија,не ни чини гардеробата што се произведува кај нас,купуваме Италијанска,француска,Грчка,Англиска,а богами и Турска :uvo: И уште ред други примери.......

Е стварно македонскава сцена ни е тапа!!!! Ради тоа шо никој не слуша ПМГ Колектив,ради шо никој не слуша група Нон Стоп,ради шо никој не слуша Фолтин,ради шо никој не слуша Нокаут,ради шо никој не слуша МУЗИЧАРИ!!! Е за тоа ни е тапа :smir:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Е стварно македонскава сцена ни е тапа!!!! Ради тоа шо никој не слуша ПМГ Колектив,ради шо никој не слуша група Нон Стоп,ради шо никој не слуша Фолтин,ради шо никој не слуша Нокаут,ради шо никој не слуша МУЗИЧАРИ!!! Е за тоа ни е тапа :smir:


Фолтин се закон, има некој кој ја слуша македонскава музика али ретко кој ја цени скоро никој
на народов поарно му е да се изнафура на српски турбофолк отколку да послуша македонска квалитетна музика
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Фолтин се закон, има некој кој ја слуша македонскава музика али ретко кој ја цени скоро никој
на народов поарно му е да се изнафура на српски турбофолк отколку да послуша македонска квалитетна музика
Маката е шо народов не е запознаен што е квалитетна македонска музика,но тој што сака ќе научи,ќе дознае.Вистинските МУЗИЧАРИ не трошат време за снимање реклами за кисела вода или за правење интервјуа во Аједен Јексклузиф.Вистинските музичари работат во студио и работат на сцена/бина/стејџ (како милувате) :smir:
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Имаш право, ама никој не ги критикува квалитетните музичари, за жал тие се затскриени од крајно неквалитетните (да не ги набројувам), а тоа зошто никој не ги слуша тие што ги наброја (и многу други) е затоа што живееме во селска држава, сељаци сме, колку лошо и да звучи, така е! За еден пејач/ка/група нели, најважна е публиката. На која црна публика ќе им ги претставуваме добрите музичари кога најдобриот одговор кој можеш да го добиеш кога ќе ги прашаш зошто слушаат турбофолк е дека најбоље било за пиење!!:pishtoldz
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
епа тука е проблемот, дечкиве ќе слушнат за некоја добро изрекламирана песничка иако за никаде е и таа песна им е пола живот и очи ти вадат ако им кажиш дека нечини и те прават буадала ако им спомниш некој музичар или бенд кој е одличен али не е изрекламиран, али сепак како што викаш кој што сака ќе научи :)
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Имаш право, ама никој не ги критикува квалитетните музичари, за жал тие се затскриени од крајно неквалитетните (да не ги набројувам), а тоа зошто никој не ги слуша тие што ги наброја (и многу други) е затоа што живееме во селска држава, сељаци сме, колку лошо и да звучи, така е! За еден пејач/ка/група нели, најважна е публиката. На која црна публика ќе им ги претставуваме добрите музичари кога најдобриот одговор кој можеш да го добиеш кога ќе ги прашаш зошто слушаат турбофолк е дека најбоље било за пиење!!:pishtoldz
Нема потреба од критика за добрите.Доволно е да се спомнат и да се знае дека Македонија ИМА добра,т.е. ОДЛИЧНА музичка сцена.Тоа што е квалитетно излегува на виделина (данеречам излегува во странство на настапи) :smir:
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Воопшто и не е чудно зошто ни е музичката сцена тапа.

Дали некогаш самата држава застанала позади некое име и му овозможила финансиски средства за да издаде албум, и сними спот?
-Не
Дали некогаш државата застанала зад Охрид-Фест или Макфест и придонела да направи од нив сеназција немасто дебакл како и секоја година-Не
Дали е можно да имаш асална музичка сцена кога во текот на годината има само два фестивали, од кој на едниот(Охрид Фест) се пее на плејбек? -Не
Дали е можно да имаме добра музичка сцена, кога на таа сцена се појавуваат едните исти имиња-Не
Дали државата некогаш поддржала некој избор за млади таленти и го финансирала нивното образование и градењето на нивните кариери-Не
Дали е можно да имаш асална музичка сцена кога во државата царува пиратерија-Не
Дали е можно да се развива македонската музичка сцена кога од авторски права композиторите зимаат 100-200 евра-Не
Дали можеш да очекуваш квалитетни композиции од композиторите Џеј Џеј Јованов и Елвир, за кои професорите на музичка академија говорат дека биле најголемите дибеци?-Не
Дали е можно да имаш квалитетна и развиена музичка сцена кога на телевизите нема место за музички програми(не ги бројам тука Како беше текстот на Вукич и емисиите од тој калибар)и кога се говори само за политика и политика и политика-Не
Дали може да се има асална сцена доколку во текот на годината се организира само два-три концерти?Не
Дали може да има музичка сцена, без опери балети и мјузикли(на кои најголем дел од младината паѓа од смеење особено на опера и воопшто не ни постеува вакви настани)-Не
Каква музичка сцена е нашата со едвај три- четри продуцентски куќи?

Од што да живеат музичарите, композиторите текстописците?Од кај мотивот и стимулацијата?Од никаде.За што постои министерсво за култура?

Зошто Италија е позната по Сан Ремо?
Затоа што државата стои зад тој фестивал
Зошто во Хрватска има солидна музичка сцена?
Затоа што се доследни на своето, прават песни како што правеле и порано но спеак не бегаат од нивните национални песни(а кај нас а се стави кавал или гајда во песната се осудува на кич и пропаст), телевизиите им се полни со музички програми и музички емисии во живо.
Зошто во Бугарија имаат добра музичка сцена(тие си ја ценат и викаат дека им е добра)?
Затоа што тој што продава пиратерии јаде ќотек и е тепан ко говедо од самата полиција.

Не е ни чудно зошто пропага сцената.И тие што се квалитетни немаат можност да се покажат во најдобро светло.Се додека е вака ке биде тапа.
Само за едно потсетување музичарите спортистите и уметниците се најголемите амбасадори на една земја.Во странство никој нема да не памти по закон за полиција и дали сме во ЕУ, НАТО или пак имаме безвизен режим.Ако не памтат ќе не памтат по некој спорстки успех, и по некоја песна која ќе биде светски направена и промовирана.И по некоја одлична уметничка слика.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
затоа што пејачи и пејачки никнуваат како печурки по дожд...и потоа пропаѓаат и се топат како лански снег :)
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Затоа што никој не сака да слушне кои квалитети ги имаат нашите музичари?

Next Time-Soldier of Fortune( Deep purple)

Next Time- Secrets (One Republic cover)

Next Time - Caruso

Next Time feat Vlatko Lozanovski - Here I go again (Whitesnake)
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.037
Според мене моментално најквалитетен пеач во МК е Влатко Лозаноски....
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Кај ќе има сите се фалш ке му дадат на некој пари да ги направи фаци, има некои поради финансии неможат да се докажат пред сцената, се гледа дека во Македонија има таленти и тоа големи но има и фалшери ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom