Зошто македонската музичка сцена е тапа?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
14.063
Поени од реакции
907
Според мене, стварно е тапа. Оние кои се демек ѕвезди, не се ни оддалеку вистински ѕвезди. Прават албум еднаш во две-три години. Едно време (пред 7-8 години) имаше хиперпродукција, тогаш се смеевме и викавме дека секој што има пари снима песна. Ама тогаш барем секој ден имаше нови песни, а многу од нив стануваа вистински хитчиња, си ги пеевме на заебанција, ама барем си ги пеевме.

Сега, реткост е да чуеш нова песна, нов пејач, а и старите кои се задржаа на сцената ретко прават нови синглови, а уште помалку снимаат албуми. Повеќе се пуваат по телевизии отколку што пејат.

М2 и нивните "ѕвезди" се изгубија. Ви текнува кога првпат започнаа М2 аудициите? Мислевме дека којзнае што ќе направат. Истуркаа проектот и толку.

Што е проблемот што практично немаме вистинска музичка сцена и музички настани? Нема сериозни пејачи, нема сериозни продуценти или уат д фак?
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Мистичен напиша:
Сега, реткост е да чуеш нова песна, нов пејач, а и старите кои се задржаа на сцената ретко прават нови синглови, а уште помалку снимаат албуми. Повеќе се пуваат по телевизии отколку што пејат.
Како бе ретко?Не слушам ретко нова музика,имаме доволно за нашава мала Македонија,ама тоа што го слушаме е малку полошо од срање...Се читам на кајгана пред една година дека ноне знаела да пее :pos:
Шала на страна,македонските пејачи кои вредат мислам дека повеќето ги знаат:Тоше,Каролина,Владо,а можда и Калиопи донегде...Но,сепак никогаш не ми било јасно зошто сите овие почнаа феноменално а сега пеат колку да се каже,ги слушам првите хитови на Тоше и се мислам кај го снема тој глас кој бликаше во баладите кои го направија него пејач,за Каролина искрено немам големи замерки, мило ми е што се труди да направи добра песна,иако нема некој феноменален глас,а за Владо што да кажам,првите хитови нема човек од Македонија кој не ги знае,а сега ми пее песни од пет збора кои и јас можам да ги испеам без да фалширам...да,мислам дека тоа се должи на пејачите и продуцентите кои компонираат/пеат без душа,компонираат/пеат колку да испеат,компонираат/беат нешто што не го доживеале,не го познаваат и не ги интересира...или поедноставно во нивниот памет единствено нешто што останало е парите кои следуваат од испеаната песна по која ќе лудуваат помалите генерации и ќе се трудат да ги копираат "феноменалните" движења од спотот на пејачката или "ебаните чувства" на пејачот кој едноставно го повишува и снижува гласот без некое значење...во песната сигурно влегува и текстот,и за пример каков текст беше на Елена-нинанајна?Што внесе таа во песната на евровизијата?Епа ете уште нешто,тие се трудат да зрачат со својот сексапил,и јас повеќе би ја памтел Елена по нејзиниот растресен газ отколку нејзиниот глас или песна....и мислам дека пејачите вниманието кое го обрнале на својот изглед песната може да ја направи да личи на нешто повеќе од "тралала"...Инаку од последното нешто што го видов на ТВ(макпланет) мислам дека Ареа сепак се држи колку-толку со нејзиниот стил на пеење и песните кои сепак ќе останат во сеќавање на многу од нас,Дани ми е онака(мислам дека се труди да направи нешто,иако Што до Тогаш и не ми беше некоја прекрасна песна),а и Брејк не се лоши :helou:

П.С. За пред 7-8 години нека кажат постариве членови,дека тогаш сум бил забаваче и едвај знаев да ја отсвирам скалата :)
 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
20
СпаЈдеР напиша:
Шала на страна,македонските пејачи кои вредат мислам дека повеќето ги знаат:Тоше,Каролина,Владо,а можда и Калиопи донегде...
Како бре Калиопи до негде???
Ти свесен си што збориш??? Можеби нема толку големи хитови како во бившите ју простори и пред некоја година на нашето музичко небо,ама мораш да признаеш дека ВРЕДИ! Има глас,и тоа квалитетен,тешко кој може да ги интерпретира нејзините песни...
Да,кога МакФест беше во ек,имаше поголем број хитови,иако не сме свесни,најголемите ѕвезди,најголемите хитови излегоа од таму.А ден-денес,јас лично мислам дека креативноста е падната на многу ниско ниво,мислам,ете кога веќе си ја спомнал Елена,па и Каролина,текстовите и на двете песни беа на иста тематика,зар толку беше од нашите големи композитори?Или ќе го имитираме светскиот меинстрим?Таму царува комерцијалата како што сите знаеме,песни кои после некој месец забораваш дека постоеле...али тоа ти е,кратко ем слатко на некој начин!повеќе кратко отколку слатко,музика за која што не вреди да си го трошиш времето според мене,а добра е само колку да ги искажеш своите атрибути или способноста за мешање,кршење,и тресење :drk:
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
NIppI напиша:
Како бре Калиопи до негде???
Ти свесен си што збориш??? Можеби нема толку големи хитови како во бившите ју простори и пред некоја година на нашето музичко небо,ама мораш да признаеш дека ВРЕДИ! Има глас,и тоа квалитетен,тешко кој може да ги интерпретира нејзините песни...
Eпа да не вредеше и немаше да ја спомнам :smir:
Има прекрасен глас,но никогаш не сум ја сватил зошто тоооооолку морала да се дере во некои од песните.
Инаку дека вреди,вреди....нејзиниот глас е најмоќниот од женската страна од македонската музичка естрада :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
14.063
Поени од реакции
907
И гласот на Калиопи ја праи сцената? Не заебавајте. Не збориме за тоа кој колку добар глас има. Немаме музичка сцена во вистинска смисла на зборот.
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Мистичен напиша:
И гласот на Калиопи ја праи сцената? Не заебавајте. Не збориме за тоа кој колку добар глас има. Немаме музичка сцена во вистинска смисла на зборот.
Не,не,се појаснив во вториот пост од темава што мислам околу музичката сцена,јас посочив што мислам кои музичари во последно време имаат некаков придонес на македонската сцена,во кој реков дека спаѓа Калиопи(до некаде)...како и да е,далеку од тоа дека придонесот на овие музичари е голем,т.е. композиторите и пејачите никогаш не дале се од себе,никогаш не испеале од душа,никогаш немале определен стил во кој сакат да постигнат нешто позначајно...го има се тоа во првиот пост.И мислам дека единствена причина поради кое постои оваа музичка сцена се парите,т.е. ние немаме никаква музичка сцена се додека повеќе се мисли на парите одколку труд да се направи песна која можеме гордо да ја наречеме песна :helou:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.666
Па се треба да започне со еден музички канал (Нешто слично на пинк, планета или така некако). Па би имало каде да се вртат хитовите освен на радио. Сите би ја гледале телевизијата ко можат бугарска или српска зошто да не Македонска? Па полека полека да се развива и да дојде до некој степен, па ако има добри песни и изведувачи, концерти ова она... Па нема да биде толку тапа, и ке можиме да речиме дека имаме некаква естрада. А ко шо тргнало сега... и песни и пејачи се ни презедоа соседите... нормално со пари!
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
61
Зошто е тапа?

Исти композитори, исти продукции, некреативни текстови и мелодии. Па му се смачува на човек да гледа/слуша се едно исто. Дури и спотовите наликуваат еден на друг.

Можам да набројам најмалку 10 спотови што се правени на сосема ист начин-пример, во Вртелешка. И некој треба да го гледа тоа?

Едноставно нема нешто што би ја привлекло публиката, нема интересни фаци (Ѓоко Таневски, ало!:pos:), а она што е добро не се рекламира доволно добро.

Кога последен пат во некоја од нашите дискотеки се пуштало македонска музика? Не е дека нема песни што вредат, ама во земја каде што предост се дава на секакви странски сцени не доаѓаат до израз.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
10.731
Поени од реакции
139
Немаме музичка индустрија. Колку и да е таа штетна за музиката, за да имаш сцена мора да ја имаш и неа.
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
20
Дури и спотовите наликуваат еден на друг.
Спотови бе? Ако има еден арен спот јас глава сечам! И да во право си, нема некои нови композитори се истото па истото!
Само пред Евровизија гужва леле дајте песни сега, и тие траат 2-3 мисеци хит и после пак монотоно!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
14.063
Поени од реакции
907
Скулгрл напиша:
Кога последен пат во некоја од нашите дискотеки се пуштало македонска музика? Не е дека нема песни што вредат, ама во земја каде што предост се дава на секакви странски сцени не доаѓаат до израз.
Последен пат, во мое време (на крајот од девеесеттите), ама ете Спајдер имал 5-6 години тогаш, па не се сеќава. Не дека тогаш имаше којзнае колку квалитетни изведувачи, ама имаше сцена бе, се случуваше македонска забавна музика општо. Имаше и такви кои пееја ради разонода, ама пак песните им беа хитчиња. И у диско, коа ќе пуштеа некоја песна од нив, сите ја пеевме на глас. На радио секој ден имаше буквално по десетина нови песни.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
198
пеачите тоа го прават за плата, значи за пари. кога само 3-4ца можат да се пофалат со добра плата и добар живот, што останува за другите? остајте што велат по концерти, заради вас јас пеам и слично, bullcrap! мислам дека е во тоа проблемот + што неможат да се истакнат повеќе од нашиве "ѕвезди", па и поради тоа прекинуваат. па и, објективно гледано, кој напраил подобра песна од тие на тоше, каролина, елена(да речеме, ако тие можат да се наречат "добри")? мартина направила? маријан стојановски? рашо? табу ќе направат? овие споменативе едвај албум дали извадиле, па концерт ќе прават. катастрофа!!! кај се безвезе пеачи, па уште покатастрофа песни. отров ни е сценава. концертот на каролина што беше пред неполн месец, беше целиот гратис. незнам ни едн човек што купил карта!
 
D

Delux

Гостин
Па како сакаме,не сме многуброен народ...ние и Кина сме две и двеста милијарди жители:icon_lol: доволно е и ова по го имаме...
Еве имаме добри музичари,Бени пред некое време направи концерт.Има по нешто кавлитетно да се слуша од македонската сцена!
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Мистичен напиша:
Последен пат, во мое време (на крајот од девеесеттите), ама ете Спајдер имал 5-6 години тогаш, па не се сеќава. Не дека тогаш имаше којзнае колку квалитетни изведувачи, ама имаше сцена бе, се случуваше македонска забавна музика општо. Имаше и такви кои пееја ради разонода, ама пак песните им беа хитчиња. И у диско, коа ќе пуштеа некоја песна од нив, сите ја пеевме на глас. На радио секој ден имаше буквално по десетина нови песни.

Е мистичен не се сеќавам,ама тоа не е причина да си немам стари македонски хитчиња сместени во еден фолдер кои ќе ги преслушувам 1-2 пати во денот....факт е дека веќе не се обрнува внимание дали на некој му се допаѓа песната,сега секој што ќе му донесат песна ја пее...ама и таа па како ја пее...па да внесеше некои емоции,да внесеше некој поучен текст...они пеат

Ми ја зеде душата
и сега си отиде
без тебе се е монотоно
врати ми се и ќе бидеме среќни засекогаш

пеат типични бајки-тралалјки,нон-сенс песни и слични срања...ама да ти кажам и американциве мислам дека ич не се подобри,кај нив спротивно од нас илјадници песни излегуваат неделно ,од нив 100 стануваат хитови, од кои 1 вреди да се слуша повеќе од една недела на некоја од плејлистиве на компјутерот....како што можам да приметам не само македонија,туку веќе и цел свет иде у пм гледајќи ја бијонсе како си го тресе газот,ја пее иреплејсабл,а никој не се замара дека текстот е толку себичен или дека она го пее тоа заради пари,мислам дека за да успееш треба да го внесеш својот живот во песните,да ги внесеш сите твои чувства што си ги осетил,сиот гнев,сета тага,или сиот бес...
Инаку еве некои песни и да видиме што се нема во нив...
-Животот не е измислена фраза,од секоја радост посилен е...мај ес...
-Пеј си ти нананијнанајна,запеј ми нананијнанајна-тралала,тралала си имам нова песничка
-Мојот свет се вика музика,нема вера ниту граница,мојот свет се осум ноти една душа балканска-наставничке,имам многу убава нова песна која ме опишува мене како личност која многу ја сака музиката и многу сака да им го лиже газот на балканските држави
-Една од макпланет девојче што ја видов-брукаааа,да не ја спомињам песната
-Абракадабрадарба,вила јас би ти била-еееее....да видите и штотуку полнолетни девојчиња како мешаат,па така ќе имат и што да гледате,и што да слушате,да гледате разголени женски и да слушате зрели девојки кои пеат песни за недораснати деца
-И летни дождови...и досадни балади...пее Ѓорѓи Крстески,тамам рима...па смени чоече,зар не можеш да испробал нешто ново?
-И капка пот...и дланка в'џеб,најдобрата крадачка на пари всвет...дали таа збори дека може да го земе на некоја обична девојка дечкото и да си поигра со него како сака?....

И ете го брилијантниот текст на нашите текстописци...а уште да се почне да се збори и за музиката...и на крај ќе се види дека на нас ни недостасува сосема се за да направиме добра музика :jaj:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
42
Музичка сцена, музички настани, сериозни пеачи...
Нема шанси. Кај нас се знае продукцијата на Димитров, на Масевски, уште неколку други колку да се рече и тоа е. Тие ја држат сцената веќе кој знае колку време и кај нив постојано се се врти во круг. Пола и повеќе се роднински поврзани па ај ќе ти направиме песна, ти само грижи се за изгледот...
Секоја чест на исклучоците Калиопи, Дани, Владо и Каролина. Ама не можат тие да ја направат музичката сцена. Потребни ни се композитори, текстописци, добри пеачи. Потребна ни е музика а не изглед. Па можеби кога би го сфатиле сево ова другите, можеби и нешто би се променило.:smir:
 
На врв Bottom