Зошто газдите се стиснати?

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.290
Поени од реакции
3.938
Да се вадеше дневницата од 3кг салама, сите ќе имаа продавници ;)

Ако е саламата 200, тешко дека тој ја набавува испод 130 (најчесто повеќе од ова), што значи на 1кг во најдобар случај ќе направи 70че бруто. На брутото има оперативни трошоци (плати, сметки, кирии, маркетинг и тн), плус данок.

Во фрижидерите сигурно има други сувомеснати производи/сирења, веќе исечени, па муштериите ќе си земаат од таму.

Инаку не сум видел колку им се платите сега во Србија, но во Македонија тешко да најде некој за во деликатесот без 45к бруто плата. Пресметај колку вработени ќе му требаат за да покрива 2 смени + викенди и ќе ти стане јасно колку сувомеснато треба да помине низ раце за да ги изваде само платите и трошоците.

Маркетите се индустрија каде има голем обрт, но мал процент на профит, просечно 5-6%, ретки случаеви да отиде над 10%, а голем дел од ланците се околу 2-3%.
Добро, и за тебе решение е ако нема вработен, клуч, така? Ако нема келнер што ќе работи за 1000, наместо за 1500, клуч на кафаната е решение?

Беше чист пример тоа со саламата, сакам да кажам дека во еден ден промет на маркет се вадат речиси СИТЕ плати на вработените. Ако е така КАМ немаше да има 60 локали, туку ќе имаше 1, каде што фамилијата ќе работеше, наместо да троши пари на скапи работници кои работат за прејака плата од 40.000 денари, каде што се касиери, магационери, комерцијалисти, обезбедување, чистачи и додај слободно уште една позиција по твој избор.

Секогаш оправдување на богатите газди, на сметка на сиромашниот народ.

"Brat abe znaes, nema vraboteni, site izbegaa Germanija/Hrvatska..." Немој само да ми кажеш дека не е испод 10.000 евра ЌАР од маркет секој месец, без разлика дали е КАМ, Веро, Тинекс, Кипер или Стокомак. Ама наместо да земе 9200 за тој месец, он решава да го затвори сувомеснатото.

Нека стават тогаш каси на кои купувачот сам ќе може да си ги куца продуктите. Така ќе избрка барем 10 вработени, и ќе има неверојатен приход од минимум 600.000 денари повеќе секој месец. За што? За да си купи уште еден џип кој нема да го вози.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.669
Поени од реакции
23.275

ako nema kelner naskoro ke ima robot ili ke bide samoposluzuvanje so poniski ceni. ideme kon toa.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.754
Поени од реакции
1.502
Работев кратко во Зур типот вика ако ви е жешко отворете врати какви клими , дури до тој степен е што на каса се тргнати столчињата за касиерките да не седеле? Исклучени дури и светлата во фриждерите и стварно не разбирам како некој трпи и зошто вакви мизерни услови на работа? Абе ако не им се исплати нека има 1-2 маркети а не 30 маркети и да кукаат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom