Зошто да затворат? Ако губат битка, тоа не значи дека ја изгубиле војната. Затоа се прилагодуваат. Спореди како изгледаа маркетите пред 20 години и како изгледаат сега. За 20 години од сега, ќе им бидат потребни само 10% од вработените во однос на денес.
За скоро време (дури и во сиромашни земји, не повеќе од три децении, овде кај мене очекувам во наредните 10 години, бидејќи многу притискаат да нема кеш) ќе дојде целосна дигитализација. Потребно е само време да се сменат генерациите со малку подигитално писмени луѓе и да се усовршат системите.
Ќе можеш да влезеш само ако имаш средства во дигитален паричник, а на излезот ќе ти се пресмета што си купил и ќе се наплати автоматски.
Сечење и слични процеси ќе ги врши робот во самата фабрика. Обезбедувањето ќе биде дигитален систем со computer vision и AI, директно поврзан со полицијата за штета и слики/видео. Ако те банираат во еден маркет, вратата нема ни да ти се отвори во следниот.
Инаку, никој не те спречува да станеш новиот КАМ. Ете, почни со "Тобако" или како и да ги викаат трафиките и терај напред. За тоа не ти треба многу кеш, и заемите лесно ќе ти ги дадат.
Само излезете од југословенскиот менталитет на чекање државата да ви ги реши проблемите и кукање наоколу. Ако гледаш можност – искористи ја.