Зошто газдите се стиснати?

Член од
17 декември 2019
Мислења
2.431
Поени од реакции
4.171
Ние што сме илјадници километри подалеку од Македонија сме ги виделе и другите газди, далеку дека ги бранам газдите во МКД, ама јас една недела пoработав кај еден каде што ми плаќаше 3 сати за работа која не можев да ја завршам за 4, кога му реков ова не може вака, ми вика "So what", SO What ? му го дадов еднаш во уста и си заминав.
Ti go ispusi?
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.399
Поени од реакции
9.023
не бе, малку иронично го кажав.
Ми даде работа ко бааги за три сати а да се убиеш не можеш да ја завршиш ни за 4. Ај си викам еден ден, два, може до мене е, немам рутина, помина цела недела, никако не оди, и еден ден одам на работа и тој шефот ми вика, треба да правиме муабет, јас го слушам и тој почна да сере некој работи што немаа врска, само колку да се каже нешто да најде мана, да покаже дека е над мене. Јас го слушам и еден момент му викам, заврши ? може јас да кажам нешто ? ми вика кажи, "Абе работава што ми е даваш не може да се заврши ни за 4 сати а ти мене ме плаќаш 3, и тој (на мое изнендаудавње) ми вика "Па Што", да не сакаш да си одиш ?, мене ми стемна и му викам "Не бе, ќе останам ама ако како бонус ми го испушиш куров". Овој вака малку збунет ( не очекување таква реакција) ме гледа и пред да каже нешто јас му викам Ај пријатно. Ми вика "чекај бе, каде, остани барем уште една недела, да најдам некој друг", му викам, "Кој те ебе, завршив јас со тебе, си нашол погрешен човек" , и си заминав ,сурат повеќе не му видов.

Ќе одам, малку надвор од тема.

Не е лесно и вакво понашање, јас за моите постапки понекогаш сум платил, висока цена, затоа и луѓето и се плашат до некаде со право, може да се извиси. Еднаш во една прилика, многу одамна работев во една компанија некој 8-9 месеци, никаква, гадна работа, згора на тоа, се знае кога почнуваш, не се знае кога звршуваш, им барав да ми дадат подобра позиција, а имаше позиции, или барем камион да возам, тие не бе, си земаа свои луѓе од надвор за подобри позиции, ти скапај внатре, кој те еба..... да скратам, еден ден ми пукна филмот, демолирав све пред мене што ми се најде и си заминав, си викам кој ве ебе, ќе најдам друга работа.
Арно ама, после ко за инает, никако работа, некој 3 месеци никој не ме вика ни на интервју а не па работа да ми даде, немав право на социјала 8 недели пошто сам ја напуштив работата, а дома жена и дете од една година, све што имав заштеда, отиде у курац, тонев со 100 на сат, среќа испадна едни познаници познаваа еден Македонец кој што беше во состојба да помогне, па преку нив ме запознаа и човеков од кал ме изваде, ме пикна на работа во компанијата каде што беше area manager, плус имаше и приватен бизнис каде што почнав да работам по некој сат екстра кај него, и така застанав на нозе, се извлеков од пепелта.
 
Последно уредено:
Член од
21 септември 2019
Мислења
15
Поени од реакции
4

znaci sepak tvojata odluka da dades otkaz bila od korist za nesto podobro...., da si rizikuval si se namacil ali sekogas se uspeva bidejki si se cenel sebe si zatoa si bil i sposoben da najdes podobro i poplateno odosto da te podjebava nekoj kompeksiran moron TI POSAKUVAM USTE MNOGU USPEH!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Супер пример даде. Нормално нема да му дадам 200 евра плус затоа што се мачел. Ама па сигуено нема да му речам, абе брат, ај остани уште некој саат и кујнава да ја досредиме дур си тука, за истите пари. И да му се заканувам дека нема да му ги платам ни тие 2000 евра првично договорени.

Е ова го прават во Македонија.

Нема врска, слушајќи вака приказни од странство, ќе испадне дека Македонија е најдобра земја за живеење, работна и бизнис клима, услови и слично, а вие свесно сте избрале да се мачите во друга земја.

Да се вратиме на темата.
Не знам како не разбирате дека има еден куп луѓе што не смеат да останат неколку месеци без работа. Вака изгледа лесно кога го читаш Лестер, ама во пракса не е така. Замисли си жена на 50+ години што работи во пекара на пример. И сеа ќе и го земат к15 и што може да направи? Да пријави не може, уствари може ама ќе биде џабе воглавно и ќе ја избркаат. Кај ќе оди на 50+? Кај некој сличен и ајде пак од почеток.

Немаат сите скилови за да работат на интернет и да лабават за 500+ евра. Лесно е вака за помладите што можат да чепнат на нет нешто или што ги боли кур дали работат или не. Пошто нели ако не работи може да замини Хрватска/Германија преку лето, може и воопшто да не работи и ајде тато/мама/баба ќе кешира и ќе се стегниме малце. Има луѓе што имаат кредити, а и да немаат врзуваат месец со месец. И така тоа едно 1923090 години и ни се всадило во главата дека треба да чутиш и трпиш.

Мене најмногу ме нервираат газди што трошат пари непотребно (продавање пуфки со скапи пијалоци, комари, швалерки) и на крајот одат и ги перцаат по 500-1000 денари на плата цела смена за тој да си ги покрие парите што ги искоцкал. Копитари.

Од друга страна има и работници канцери, што си мислат со самото свое постоење треба да земаат 50 000 плата, за истото нешто што заслужуваат 30.
Онака да си одат на работа и ''Ејјј зошто климава на 26, мене оптимално ми е на 24, попродуктивен сум''.
''Ејј зошто не даваат 50 000, поголема мотивација ќе имам и попродуктивен. Наместо да ми дадат повеќе и тој напред да оди, вака ќе си го ладам''
Кур мој попродуктивен, и 150 да ти дадат ќе си го ладиш ти. И зошто би ти дал газдава 50 кога може да најде друг за 30?
Истите тие да станат газди 28 ќе даваат.
И за двајцата, проблемот е што таквите газди се влечат на грбот на вакви луѓе кои се во тесно, немаат каде да пријават или се плашат поради многу други причини. Исто како што се провлекуваат силувачи, тие што малтретираат послаби, лопови, корумпирани гомна и тн.

Она што се обидувам да ви го објаснам е дека за некој да биде фатен, треба да има соработка и од жртвите во било каков тип на криминал. Ако тој што е оштетен се плаши да се пожали, нема како да се помогне.

Инаку, буквално на секој чекор има секакви луѓе. Ако правел булинг претходно, ќе прави и сега; ако бил скржав претходно, ќе биде и сега; ако се коцкал кога работел за плата, ќе се коцка уште повеќе кога ќе заработува повеќе како газда; ако се швалерисувал претходно, ќе го прави тоа уште повеќе сега кога ги има алатките за успех. Некогаш мора да има реакција како што ви пиша @пунтер. Генерално, промените бараат жртва и болен период, и нема гаранција дека ќе биде на подобро.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.296
Поени од реакции
11.596
@Lester Freamon

Да, ама ако сме сите сплотени како нација, а не сме. Ќе замини еден, ќе најдат друг работник место него а овај дома ќе остани. Лесно е вака на тастатура да пишуваме дека ако никој не оди на раб и се цени, газдата ќе ја покачи платата. Во пракса знаеш како е, така?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
@Lester Freamon

Да, ама ако сме сите сплотени како нација, а не сме. Ќе замини еден, ќе најдат друг работник место него а овај дома ќе остани. Лесно е вака на тастатура да пишуваме дека ако никој не оди на раб и се цени, газдата ќе ја покачи платата. Во пракса знаеш како е, така?
Знам како е де, затоа пишав дека не вреди да се обидуваш да оправиш возрасна особа. Ако не ми одговара, јас си барам чаре, ни на крај памет не би ми текнало да се надевам дека некогаш би имало слога и би заминале сите. Од вакви надежи го имам јадено од џандарите на Плетвар на протести за тутунот, џигер ме направија како детиште, а тие што навистина требаше да им се вратат си ја пикнаа опашката во газ и заминаа по дома. Од тогаш терам и правам како тоа што ќе намислам, а другите ако се ненормални може и да трпат до смрт.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.399
Поени од реакции
9.023
@Lester Freamon

Да, ама ако сме сите сплотени како нација, а не сме. Ќе замини еден, ќе најдат друг работник место него а овај дома ќе остани. Лесно е вака на тастатура да пишуваме дека ако никој не оди на раб и се цени, газдата ќе ја покачи платата. Во пракса знаеш како е, така?
Такво нешто нема никаде, за жал, посебно ако работиш со некој опрани околу тебе. Јас каде што го спомнувам случајот не само што не добивав подршка од тие умрените околу мене туку уште бев тужикан.
Јас генерално покрај други работи се бунев за должината на работниот ден, додека јас зборвев дека тие (менаџериве) треба да си бараат чаре како да се ограничи работниот ден на 8 сати, т.е да си отворат смена попладне неколку сати во стилот на part time, да не мораме ние од утринската смена да седиме до 6 или 8 сатот навечер, овие идиотиве околу мене гледаа на секој начин да работат преувремено колку што се може подолго.
Едно време доаѓа еден нов од Иран (се преставуваше како Персиец, доктор ветеринар по професија), господин човек, од авион се гледа дека друга сорта е за разлика овие другиве, али човекот немаше призната дозвола за работа па работеше и тој што ќе стигне. Немавме некоја комуникација, и еден ден доаѓа каде што седев за ручек и ме праша дали може да седне кај мене, викам, "слободно". Почнавме некоја конверзација кој си, што си и.т.н, и почна да ми кажува што зборвела таа една гнида што беше тим лидер, и јас му викам, не верувај и ништо, едно зборвит друго прајт, тој продолжува, "Знам, таа ми зборвеше да не зборвам со тебе, опасен си бил". Значи ако таа нему така му зборвела, кој знае што има јадено лајна кај поголемите.
 
Последно уредено:

Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
513
Поени од реакции
217
Нема индивидуален бенефит без колективен бенефит - Карл Маркс
Нема колективен бенефит без индивидуален бенефит - Бенџамин Френклин

Каj нас сеуште се практикува марксистичкиот поглед, работи, створи да профитира фирмата па ќе ти подобриме условите, ама така не оди, затоа цел свет гледа кон капитализмот и капиталното општесто и се стреми кон тие погледи бидеjќи за да успее една компаниjа да профитира треба да има задоволни работници кои ќе бидат мотивирани за работа. Значи за да успе компаниjата треба да има индивидуален бенефит каj вработените (добри услови за работа, солидна плата) за да се постигне колективен бенефит на ниво на компаниjата.
Нашиве гази наjголем дел го немаат разберено фундаментот на капиталистичкото општество и затоа прават вака, уште се длабоко заглавени во стариот социjалистички режим коj пропадна пред 30 и куср години и за жал (или за среќа) на сите социjaлистички газди судбината им е иста, пропаст.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.216
Доста интересни искуства на работници и газди, сума сумарум газдите секогаш ќе се слепи за парите отколку да го ценат трудот на работниците (во Македонија 95% од случаите), алчни. Но како што кажа еден член погоре, младите не се замараат ни 5% сега, ако не му угодиш, 1% не те еба, ќе си замине без око да му трепне, а и така треба.

Јас ќе ви кажам мое лично искуство, накратко (пократко неможев).

Почнав да работам на 16 години (израснав во посиромашно семејство, Прилеп) како келнер во еден ресторан. Вториот ден напуштив од работа бидеќи другите келнери имаа авторитет над мене и тие наплаќаа маси и собираа бакшиж а јас само служев (не сум до толку ментален иако ми е втор ден на работа), си заминав без ништо да кажам, никогаш не ме видоа повеќе.

Следна работа, исто келнер целосно време во Хотел и на свадби за викенди, овај пат се добро (2017-2018), но клиентелата можеше некогаш да биди идиотска, ама се навикнуваш и не ги перцепираш 3%. Некогаш ме оставаа да работам шанкер-келнер сам, така да мораше да некогаш да си наплатам на свој начин бидеќи доста е зафркнато кога ќе ти седнат 8 маси наеднаш а ти сам работиш две позиции, така да, да си крадев. Немаше да пишам 15 кафина тој ден, џепаралак гратис. После тоа работев и Охрид келнер на плажа (не препорачувам никогаш да си фатите работа со Охриѓани во угостителство, и башка тоа клиентелата може да бида доста токсик).

Сезоната помина, почнав да работам во производство во фабрика, тогаш веќе имав некое си работно искуство уште многу млад и сватив како функционира капиталистичкиот систем и ми беше јасно дека јас сум само роб за пари, лимон што се цеде за неговата работна снага за да може мојата директорка и другиот месец да го вози најновото Волво, гланц ново од фабрика. Не отпуштија 10 души по 3 месеци, јас бев млад 18-19 години, не ми претставуваше проблем бидеќи сам ќе напуштев, ама имав колега што ми кажуваше за неговите две мали деца што му зборувале пред да иде на работа:

Парафразирам "Не оди тато на работа, не оди, седи дома со нас, - Ама тато ако не оди на работа нема млеко да има да пиеш и да јадиш, - Добро тато, оди на работа ама врати се брзо" - Овој бивши колега беше исто така отпуштен. Фирмите немаат милост и жал за тебе, не треба ни ти да имаш за нив. Мило ми е на некој начин што израснав и јас сиромав, бидеќи ја знам маката како и некој други.

После тоа, сватив дека ако продолжам вака, нема да најдам подобро решение и беше залудно, не можев да се замислам да им служам на некој повеќе и да не се цени трудот мој, ставив вето дека ќе најдам подобро решение за да си ја подобрам состојбата - и се запрашав, што да правам со животот ? Во што би бил добар јас ? - и ми текна, цел живот сум пред компјутер, аналитички и логички размислувам доста добро - аха, можам да почнам да програмирам!

После година-ипол бубање, учење и посветеност, успеав да влезам на пракса во ИТ фирма за 6300 денари/месечно. Најголемата цел во животот ми беше да се пробијам во ИТ светот (факултет инжењерски 1 месец одев и престанав во Битола).

После тоа, сменав неколку фирми (ИТ кариера), и еве транспарентно и реално ќе ви кажам како идеше тоа, без да ги именувам но ќе додадам дали се домашни компании со седиште во МК или не:

1. Пракса 6 месеци (домашна компанија) - 6300ден/месечно
2. Пракса 3 месеци (домашна компанија- топ 5 во МК) - 6000-7000ден/месечно
3. ПРВА РАБОТА! (странска компанија) - 650-800 евра месечно
4. Втора работа - (странска компанија) - 850 евра/месечно
5. Трета работа - (странска компанија, моментално вработен) - 50000 € / годишно.

Ова го напишав само чисто транспарентно, дека за сите кои се мачат да знаат дека доколку пробуваат цело време, чукаат на многу врати, да бидите сигурни, дека некогаш ќе ви се отвори таа што сте ја барале!
 
Последно уредено:
Член од
9 јули 2024
Мислења
293
Поени од реакции
427
Зошто газдите се стиснати?

Јака мистерија, навистина. Секое живо суштество се труди на секое друго да му ја одземе материјата, времето, просторот. Тоа е природен поредок на нештата. Понекогаш се чини дека соработката е подобра од себичноста, но соработката функционира се до моментот додека ги задоволува себичните потреби на сите вклучени. Малку да се наруши балансот и повторно се враќа ситуацијата во Alle gegen alle.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.972
Поени од реакции
6.450

Биологијата вели поинаку. Природниот свет е свет на взаемен бенефит, далеку најголем дел од екосферата како флора така и фауна не само еволуирале туку и опстануваат поради взаемноста.
Ѕирни го линкот ако имаш некоја минута, интересно е зошто никогаш нема документарци за взаемноста туку само за натпреварот каде поголемите ги јадат помалите. Тоа е веројатно секси, лавови и хиени како бркаат газела, ова со соработка не е телевизично :) Дали 1/10 од сите интеракции во природата се натпревар.

Mutualism (biology) - Wikipedia
 
Имам читано за ова, но се работи за случаи каде што двете врсти кои соработуваат имаат различни цели, по дифолт не се компетитивни. Каква соработка ќе има помеѓу двајца луѓе кои посакуваат иста жена, иста работна позиција, иста пештера?
 
Секако дека имаат различни цели но соработуваат меѓусебно за да ги остварат. И кај луѓето е слично.
Натпревар ќе има само во примерот со работна позиција.
Нит природата ниту општеството се Хобсијански сите против сите насилен хаос.
 
Не мора да биде компетитивноста насилен хаос. Правните системи постојат заради тоа, да го спречат хаосот. Ако првото начело на светот било соработката, немало да постојат правни системи. Но правните системи не можат да те заштитат од се она што се смета за неморално, и чиј корен е директно компетитивноста, но правно дозволено. Како кодошење на работа на пример.
 
Компетитивноста постоела и ќе си постои, никој тоа не го негира, јас укажувам на фактот дека таа е 1/10 од интеракциите во биосферата.
Човекот опстанал на планетава (за разлика од останатите хоминиди) поради тоа што имал најразвиен сенс за соработка. Во времето на ловци-собирачи било скоро невозможно некој да живее осамен. И денес цивилизацијата се базира на соработка меѓу луѓето. Можеме да спориме за мотивите но фактот дека меѓусебната соработка е најбитна алка останува.

Правниот систем не постои поради компетитивноста, туку поради тоа што во популацијата има 4% социопати и 0,25% психопати, настрана нарцисистите и атеншн хорс. Зошто е тоа така и зошто таквата генетика сеуште постои никој не е сигурен :unsure:
Постои Oстрацизам (не знам како е по наше) кој е своевидно надополнување на правниот систем, пример кодошот да биде раскринкан пред сите дека е кодош, постапки кои таквото поведение го сечат во корен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom