Добро, и за тебе решение е ако нема вработен, клуч, така? Ако нема келнер што ќе работи за 1000, наместо за 1500, клуч на кафаната е решение?Да се вадеше дневницата од 3кг салама, сите ќе имаа продавници
Ако е саламата 200, тешко дека тој ја набавува испод 130 (најчесто повеќе од ова), што значи на 1кг во најдобар случај ќе направи 70че бруто. На брутото има оперативни трошоци (плати, сметки, кирии, маркетинг и тн), плус данок.
Во фрижидерите сигурно има други сувомеснати производи/сирења, веќе исечени, па муштериите ќе си земаат од таму.
Инаку не сум видел колку им се платите сега во Србија, но во Македонија тешко да најде некој за во деликатесот без 45к бруто плата. Пресметај колку вработени ќе му требаат за да покрива 2 смени + викенди и ќе ти стане јасно колку сувомеснато треба да помине низ раце за да ги изваде само платите и трошоците.
Маркетите се индустрија каде има голем обрт, но мал процент на профит, просечно 5-6%, ретки случаеви да отиде над 10%, а голем дел од ланците се околу 2-3%.
Беше чист пример тоа со саламата, сакам да кажам дека во еден ден промет на маркет се вадат речиси СИТЕ плати на вработените. Ако е така КАМ немаше да има 60 локали, туку ќе имаше 1, каде што фамилијата ќе работеше, наместо да троши пари на скапи работници кои работат за прејака плата од 40.000 денари, каде што се касиери, магационери, комерцијалисти, обезбедување, чистачи и додај слободно уште една позиција по твој избор.
Секогаш оправдување на богатите газди, на сметка на сиромашниот народ.
"Brat abe znaes, nema vraboteni, site izbegaa Germanija/Hrvatska..." Немој само да ми кажеш дека не е испод 10.000 евра ЌАР од маркет секој месец, без разлика дали е КАМ, Веро, Тинекс, Кипер или Стокомак. Ама наместо да земе 9200 за тој месец, он решава да го затвори сувомеснатото.
Нека стават тогаш каси на кои купувачот сам ќе може да си ги куца продуктите. Така ќе избрка барем 10 вработени, и ќе има неверојатен приход од минимум 600.000 денари повеќе секој месец. За што? За да си купи уште еден џип кој нема да го вози.



) и ниту комуницирал со човек за да платам намирници. Еден обезбедување на 20 селф чекаутс функционира беспрекорно. Поисплатливо е да го претрпат трошокот oд крадење наместо FTE. Деновиве гледам ставиле камери на секоја каса за гужви и центарски места каде повеќе се краде. Проблемот е (само во муабетот, не дека е проблем) што Македонија уште функционира со кеш инаку ова ќе беше одамна присвоено и во функција бидејќи е поефтино за газдите. Во развиени земји ова се дебатира поради губење personal touch и customer support што би ги разликувало продавниците од сите други огромни корпорации па уште држат касиер/ки но знаеме дека кај нас тоа не е случајот. Ама да ја оставиш корпата со триесет ствари без дури да скенираш, и си надвор и платено во само три секунди е импресивно и идеално треба да е стандард, поготово за интровертни како мене.