Прво ќе напишам дека сум најубав, имам најубава коса и најубави очи и најубава насмевка, најголем бицепс и сум најпаметен, покрај тоа имам најбесна кола, најбесна кола за во град, нај озвучење, најака компјутерска конфигурација, највеќе хедшотови на кантер, ја имам свртено карбон за 5 часа, на стратегии сум најдобар на балканот, на фифа и нба ми нема маж. Најдобар сум на плејстејшн на кец, двојка а и на тројка најверојатно. Неам играно али мора да сум најдобар. И во пикадо, биљард и шах/табла. Него, зборував за најголем... имам најголема ќука со терени за тенис, кошарка и два минијатурни терени за голф од 10 хектари. Два базени, зоолошка, а покрај тоа во предворјето имам и аеродром на кој може да слетаат два авиони, ербас а380. Во собата, оваа една од дванаесте(оваа што ја користам во февруари)... имам најголем кревет, најголема туш кабина, најголем телевизор.плазма, на кој се собираме заедно со соседките и гледаме Очајни домаќинки. Иначе комшивки ми се Ева Лонгорија, Тери Хачер и цела постава од ОД, потоа Сара Џесика Паркер и цела постава од СиГ, впрочем сите се пишувани според вистинска приказна, приказната за моето соседство. Хјуи и зајачињата се преко пута, али јас они не идат кај мене, јас одам кај нив и играме бељот. Се уморив, после можи ако ми дозволи суетата ќе напишам збор-два за омразата.