Зошто атеистите немаат одговор на следниве прашања.

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Додека ние тука пљукаме и сереме, Чорбаџија веќе работи на обезбедување на последната рата за џипот.

Брм-брм... тааап, $1500 од спонзорот... или кој колку може, нели, Чорба?!
Православците имаа ценовник на услуги, Чорбаџијата има ценовник на души...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
За децата - школо. За тие поинаетливите, па, богами и стап! Под услов да се полнолетни, нели.
:pos: Добри ти е ова, ама сега некој фанатик ќе излезе со фактот дека стапот има два краја:pos:
--- надополнето: Sep 9, 2011 10:28 AM ---
Зошто не? Молитвата може да помогне во многу детали поврзани со правилниот избор на инкеција, лек, правилниот избор на болница, хирург, мудрост на лекарите и сл. Пред секоја операција христијаните се молат Бог да ги води рацета на хирурзите, бидејќи нема поголем хирург од Оној Кој ја создал човекот.

Еве ви еден тазе пример како молитвата може да биде во корелација со медицината:

Еден дечко (христијанин) лежеше во болница и примаше некои лекарства од кои тромбоцитите во крвта му беа намалени 10 пати под нормалата. Ако нормално тромбоцитите се над 150, кај него беа под 20.
Вечерта доби температура и ја извести дежурната сестра и таа дојде по навика со инекција Кетонал во раката. Дечкото немал навика да праша што ќе му стават, но овој пат прашал (за прв пат после цела години лечење) и сестрата му кажала дека тоа е обичен Кетонал. Случајно пред неколку дена докторката што го водеше болниот му кажа дека Кетоналот не смее да се става на човек што има ниски тромбоцити, заради можно внатрешно крварење, па дури и мозочен удар. Болниот се сети на овие зборови и ги кажа на сестрата, која пак му одговори дека тоа нема врска, за што тој мораше да го повика дежурниот доктор кој пак ја искара сестрата која можела со Кетоналот на место да го убие болниот.

Се разбира атеистите ќе речат дека се работи за чиста случајност. Ок, тоа е во согласност со нивната вера кои патем веруваат и во бескрајно поголеми случајности. Но христијаните кои се молеа за болниот веруваат дека тоа е одговор на молитва.
А некој од христијаните можел да прочепка за настанатата ситуација па д аму стане јасне дека кетонал не го бива и да отера с еу ПМ, ама да чека една година за да праша како го лечат, нели ти е малку ступидно ?????
Десетици родннини и пријатели да с емолат, а на никој д ан ему текне да се запраша дали е во ред лекувањето, и да побара друго мислење ???????

На волкот му е дебел вратот оти сам си ги праи работите.
Секој си пати од своја глава.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Зошто не? Молитвата може да помогне во многу детали поврзани со правилниот избор на инкеција, лек, правилниот избор на болница, хирург, мудрост на лекарите и сл. Пред секоја операција христијаните се молат Бог да ги води рацета на хирурзите, бидејќи нема поголем хирург од Оној Кој ја создал човекот.

Еве ви еден тазе пример како молитвата може да биде во корелација со медицината:

Еден дечко (христијанин) лежеше во болница и примаше некои лекарства од кои тромбоцитите во крвта му беа намалени 10 пати под нормалата. Ако нормално тромбоцитите се над 150, кај него беа под 20.
Вечерта доби температура и ја извести дежурната сестра и таа дојде по навика со инекција Кетонал во раката. Дечкото немал навика да праша што ќе му стават, но овој пат прашал (за прв пат после цела години лечење) и сестрата му кажала дека тоа е обичен Кетонал. Случајно пред неколку дена докторката што го водеше болниот му кажа дека Кетоналот не смее да се става на човек што има ниски тромбоцити, заради можно внатрешно крварење, па дури и мозочен удар. Болниот се сети на овие зборови и ги кажа на сестрата, која пак му одговори дека тоа нема врска, за што тој мораше да го повика дежурниот доктор кој пак ја искара сестрата која можела со Кетоналот на место да го убие болниот.

Се разбира атеистите ќе речат дека се работи за чиста случајност. Ок, тоа е во согласност со нивната вера кои патем веруваат и во бескрајно поголеми случајности. Но христијаните кои се молеа за болниот веруваат дека тоа е одговор на молитва.
Све е тоа ОК, само што тука нема никаква корелација. Се разбира, доколку ти е јасно што значи зборот корелација.

Мене овој пример ми значи следново:

Дечково со ниски тромбоцити имаш среќа што е рационално дете, па успеал да ја спои ситуацијата со претходно наученото (Кетонал на ниски тромбоцити - не).

Браво за дечкото (кој и да е, нели), срамота за сестрата... него каде е тука молитвата?!?!

Ти, Чорба, да не не си арен нешто одсабајлево?!!? Два-три поста и сите некако нон-сенсични?

Околу „христијаните кои се молеа за болниот“:

Цело село се молеше месец дена дедо ми да не умре. Си умре човекот. Господ е голем!

Ој си легни.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Oд кај тогаш, си сигурен дека на МОјсеј му се јавил Бог??
Може бил рогатиот.
Би те прашал, ама искрено одговори ми, дали постои таква можност?
Не постои таква можност, но не би образложувал тука, бидејќи на оваа тема наводно атеистите одговараат.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не постои таква можност, но не би образложувал тука, бидејќи на оваа тема наводно атеистите одговараат.
Ма слободно образложи. Јас го држам здивот.

Зошто не постои можност Луци да му се јавил на Мојсеј?!?
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Не постои таква можност, но не би образложувал тука, бидејќи на оваа тема наводно атеистите одговараат.
Ок, ако сакаш одговори на прашања до христијаните.
Баш ме интересира кој е цврстиот доказ .
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Браво за дечкото (кој и да е, нели), срамота за сестрата... него каде е тука молитвата?!?!
.
Дали ти кога би бил во болница цела година и секојдневно те боцкаат со некакви инекции, вакцини, секој втор ден инфузии, дали ти би прашувал за секој иљач посебно што е тоа, зошто служи, како делува, кои се контраиндикациите или би имал малку доверба во лекарите?
И која е веројатноста докторката што го води баш неколку дена пред тоа да му каже дека Кетоналот не оди со ниски тромбоцити? И зошто баш тоа му го кажала, кога тој примаше и многу други лекарства кои исто така не одат со некои други лекарства. Но баш тоа му го кажа и баш тогаш, 2-3 дена пред сестрава по грешка да се обиде да му стави Кетонал.

Во ред е да веруваш во случајности, впрочем ова не е ништо во споредба со случајноста за самонастанување на ДНК и животот во која што веруваат сите атеисти :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Бидејќи Бог е семоќен и сезнаен, во својата премудрост, недостапна за обичните смртници - го створил и атеизмот !
Атеизмот е од Бога даден.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Се разбира атеистите ќе речат дека се работи за чиста случајност. Ок, тоа е во согласност со нивната вера кои патем веруваат и во бескрајно поголеми случајности. Но христијаните кои се молеа за болниот веруваат дека тоа е одговор на молитва.
Случајноста и веројатноста ги ставаш во ист кош со верувањето на некои верници?
WTF?
Еве ти малку за веројатноста ( http://en.wikipedia.org/wiki/Probability_theory ), да не мешаш премногу работите, и да видиш дека молитвата нема врска со веројатноста. :)
И немој да ми кажеш тоа е теорија... Ќе видиш линкови каде се оваа „теорија“ има практична примена. Да не избрзаш, разгледај :)

И зарем не е точно ова: It is Pure Chance that rules the Universe; therefore, and only therefore, life is good! ?
Какви молитви какви фантазии... Што се мешате во волјата на смртта да земе кој сака кога сака и каде сака? :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Чорбаџија ако истиот тој дечко после излегувањето на болницата го прегази шлепер додека се качува во таксиот накај дома, дали е истото случајност или пак лукавиот смешал прсти тука?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ма слободно образложи. Јас го држам здивот.

Зошто не постои можност Луци да му се јавил на Мојсеј?!?
Се придружувам кон прашањето во болдот.

Се надевам на интилигентне одговор од Чорбаџија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Еј, еј, ај оставете го Чорбаџијата на мира. Не му е денот денес, ако продолжите вака ќе избега и никогаш повеќе нема да се врати. Потоа, што?

Мики1?

Мислете малку...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Се придружувам кон прашањето во болдот.

Се надевам на интилигентне одговор од Чорбаџија.
Одговорив онаму каде што е местото, на темата: Прашања за христијанството.
--- надополнето: Sep 9, 2011 10:57 AM ---
Јас само пишав како може верникот да оди на лекар и да се моли и објаснив со еден пример зошто тоа не се контрадикторни пракси, бидејќи DBACK пиша дека не може верникот да прима инекции и да се моли за излекување. Мајтапот и сарказмот ви ги оставам вам, а христијаните и понатаму ќе си се молат и ќе си одат на лекар. Секој со својата вера.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Одговорив онаму каде што е местото, на темата: Прашања за христијанството.
--- надополнето: Sep 9, 2011 10:57 AM ---
Јас само пишав како може верникот да оди на лекар и да се моли и објаснив со еден пример зошто тоа не се контрадикторни пракси, бидејќи DBACK пиша дека не може верникот да прима инекции и да се моли за излекување. Мајтапот и сарказмот ви ги оставам вам, а христијаните и понатаму ќе си се молат и ќе си одат на лекар. Секој со својата вера.
Не е проблемот во сарказмот и мајтапот.
Проблемот е во тоа дека не смее ниту еден верник да се потпре исклучиво на молитвата. Молитвата не е толку делотворна за да се потпре некој на неа.
Ако било така, сите ќе го правевме тоа и ќе го споззнаевме бог, нели?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom