Зошто атеистите немаат одговор на следниве прашања.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Дали ти кога би бил во болница цела година и секојдневно те боцкаат со некакви инекции, вакцини, секој втор ден инфузии, дали ти би прашувал за секој иљач посебно што е тоа, зошто служи, како делува, кои се контраиндикациите или би имал малку доверба во лекарите?
И која е веројатноста докторката што го води баш неколку дена пред тоа да му каже дека Кетоналот не оди со ниски тромбоцити? И зошто баш тоа му го кажала, кога тој примаше и многу други лекарства кои исто така не одат со некои други лекарства. Но баш тоа му го кажа и баш тогаш, 2-3 дена пред сестрава по грешка да се обиде да му стави Кетонал.

Во ред е да веруваш во случајности, впрочем ова не е ништо во споредба со случајноста за самонастанување на ДНК и животот во која што веруваат сите атеисти :)
Кога јас би бил во болница цела година, бла, бла... инфузии, ово-оно, и тоа како би прашувал што е ова што е она.

Историјата на медицината е најверојатно преполна со слични случаи кои завршиле со смрт од небрежност. Веројатноста е дека поголемиот дел од настраданите пациенти биле побожни, се молеле по цел ден да оздрават, па не оздравеле.

Твојот пример нема апсолутно ништо мистично во себе. Исто како што е сосем можно да не си рикнал од Кетоналот. Сосем е веројатно и таков Кетонал да си попил и претходно, а да си останал жив.

Како и да е, молитвите на некои верници немаат „корелација“ со кетоналот кај пациентите со ниски тромбоцити.

Пола САД за време на финалето во Супербоул се моли да победи едниот тим, а другата половина се моли да победи другиот тим. WTF?!?

За тоа време во Етиопија, Сомалија и Еритреа на ангро умираат деца од глад и болести.

Најверојатно никој не се моли за децава.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Бидејќи Бог е семоќен и сезнаен, во својата премудрост, недостапна за обичните смртници - го створил и атеизмот !
Атеизмот е од Бога даден.
па да, ко ќе видиш...чаре и за другиот крај од стапот
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Како и да е, молитвите на некои верници немаат „корелација“ со кетоналот кај пациентите со ниски тромбоцити.
Ех само кога би можел да го докажеш тоа. Не немаш доказ. Ти веруваш дека молитвите немаат корелација, јас верувам дека имаат.
Се разбира за христијаните молитвата може да има повеќе одговори: Да, Не, почекај. Атеистите гледаат на молитвата како повик до келнерот да им донесе нешто. Тоа е во старт погрешно разбирање за молитвата, без разлика колку вицеви и саркастични шеги ќе кажат потоа.
--- надополнето: Sep 9, 2011 11:26 AM ---
Одговор: НЕ
А што ако мора да ти направат некоја хируршка интервенција и за тоа е потребно општа анестезија (успивање)? Тука ќе мораш да имаш доверба во хирургот и останатите. Ти ќе спиеш во длабок сон, а тие ќе претураат во твоето тело. Тука си комплетно надвор до контрола и со вера предаден на компетентноста на хирургот, на неговата тековна психо-физичка спремност, моралност и сл.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Дали ти кога би бил во болница цела година и секојдневно те боцкаат со некакви инекции, вакцини, секој втор ден инфузии, дали ти би прашувал за секој иљач посебно што е тоа, зошто служи, како делува, кои се контраиндикациите
Одговор: ДА
Би имал малку доверба во лекарите?
Одговор: НЕ
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ех само кога би можел да го докажеш тоа. Не немаш доказ. Ти веруваш дека молитвите немаат корелација, јас верувам дека имаат.
Се разбира за христијаните молитвата може да има повеќе одговори: Да, Не, почекај. Атеистите гледаат на молитвата како повик до келнерот да им донесе нешто. Тоа е во старт погрешно разбирање за молитвата, без разлика колку вицеви и саркастични шеги ќе кажат потоа.
--- надополнето: Sep 9, 2011 11:26 AM ---

А што ако мора да ти направат некоја хируршка интервенција и за тоа е потребно општа анестезија (успивање)? Тука ќе мораш да имаш доверба во хирургот и останатите. Ти ќе спиеш во длабок сон, а тие ќе претураат во твоето тело. Тука си комплетно надвор до контрола и со вера предаден на компетентноста на хирургот, на неговата тековна психо-физичка спремност, моралност и сл.
Татко ми ќе се моли (неможам да му забранам), а јас не. Не се плашам од смртта, никој не е вечен. Само можам да им оставам аманет, ако умрам да ме кремираат. :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150

Би требало да проработи во Македонија крематориумот конечно. Не е мал бројот на луѓе што сакаат да се кремираат (и да не плаќаат за гроб)!
Да се плаќа за гроб... Аман што религии имаме... Ни почит спрема мртвите се нема....
Се е бизнис... Боговите одамна си заминаа од тука кога ги видоа парите на луѓето и нивната „духовност“:)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ех само кога би можел да го докажеш тоа. Не немаш доказ. Ти веруваш дека молитвите немаат корелација, јас верувам дека имаат.
Е тука си се заебал гадно. Јас не верувам. Јас проверувам, па потоа ЗНАМ.

Јас имам доказ. Тоа ти е кога се плеткаш со наука - требаше да си држиш во сферата на верата - таму ти е побезбедно, манипулаторче едно опако:

Prayers offered by strangers had no effect on the recovery of people who were undergoing heart surgery, a large and long-awaited study has found.

And patients who knew they were being prayed for had a higher rate of post-operative complications like abnormal heart rhythms, perhaps because of the expectations the prayers created, the researchers suggested.
ИЗВОР

Понатаму:

The study found no appreciable difference between the health of those who did not know they were being prayed for and those who received no prayers. Fifty-two per cent of patients in both groups suffered complications after surgery. But 59 per cent of those who knew they were prayed for went on to develop complications

Те молам, побарај ми уште докази што не постојат.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.167
Поени од реакции
12.150
Ех само кога би можел да го докажеш тоа. Не немаш доказ. Ти веруваш дека молитвите немаат корелација, јас верувам дека имаат.
Се разбира за христијаните молитвата може да има повеќе одговори: Да, Не, почекај. Атеистите гледаат на молитвата како повик до келнерот да им донесе нешто. Тоа е во старт погрешно разбирање за молитвата, без разлика колку вицеви и саркастични шеги ќе кажат потоа.
--- надополнето: Sep 9, 2011 11:26 AM ---

А што ако мора да ти направат некоја хируршка интервенција и за тоа е потребно општа анестезија (успивање)? Тука ќе мораш да имаш доверба во хирургот и останатите. Ти ќе спиеш во длабок сон, а тие ќе претураат во твоето тело. Тука си комплетно надвор до контрола и со вера предаден на компетентноста на хирургот, на неговата тековна психо-физичка спремност, моралност и сл.
Ти може да веруваш дека некој има нешто со жена ти, но тоа да не е ни блиску до реалноста, не пак да е точно.
Може да се молиш богот да ја казни твојата жена, нормално се да биде по НЕГОВА волја, и ете таа да умре случајно паѓајќи по скали. Доказ дека таа е грешна? Верувањето нема врска со реалноста Чорбаџи... не трескај зелени, има тука и постари читаат.
Некој спомена пари дека вадиш што си пастор... Се е тоа ок, но да не забегуваме, парите и не се толку битни, знаеш...

Не сите атеисти гледаат на молитвата како што ти велиш. Но ако кажеме дека молитвата е уште една мантра, која што нема врска со богови, ти ќе напишеш пост од 220 реда за да ми објасниш како тоа Луцифер, лукавиот, оној овој ги излажал народите :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Те молам, побарај ми уште докази што не постојат.
Прво докажи го тој што предходно ти го побарав. Тоа што други твои истомисленици пишале не го земам ни како аргумент, а камо ли како доказ. Без разлика колкава е твојата гордост и гордоста на тие што вршеле некакви анкети, ти/вие не можете да го ставите Бог во епрувета и да ги проверувате Неговите особини, можности да одговори вака или онака на молитвите.
Од друга страна јас можам да ти копи-пејстирам илјадници сведоштва од луѓе кои ја искусиле Божјата сила како одговор на нивните молитви. Секако атеистите ќе го сведат тоа на случајности, како што можат да бидат сведени и нивните анкети и „научни“ истражувања.

Патем не верувам дека ти истражуваш. Ти догматично си зацртал дека си атеист и само бараш поткрепи за својата вера. Јас немам никаков проблем со тоа. Верувај си во тоа што си веруваш и уживај во тоа!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Би требало да проработи во Македонија крематориумот конечно. Не е мал бројот на луѓе што сакаат да се кремираат (и да не плаќаат за гроб)!
Да се плаќа за гроб... Аман што религии имаме... Ни почит спрема мртвите се нема....
Се е бизнис... Боговите одамна си заминаа од тука кога ги видоа парите на луѓето и нивната „духовност“:)
Најбизарно е што плаќаш за свое гробно место, ама не за вечно, него за деценија-две. После ко ќе закопуваат некој друг коските што ти останале ги ставаат во крпа, па заедно со земјата и новиот мртовец ги закопуваат пак. Со тоа што ова закопување е далеку понеромантично од она првото. Тој физичкиот работник ги фрла како вреќа ѓубре.

Ебати копилињата среброљубиви.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Прво докажи го тој што предходно ти го побарав. Тоа што други твои истомисленици пишале не го земам ни како аргумент, а камо ли како доказ. Без разлика колкава е твојата гордост и гордоста на тие што вршеле некакви анкети, ти/вие не можете да го ставите Бог во епрувета и да ги проверувате Неговите особини, можности да одговори вака или онака на молитвите.
Од друга страна јас можам да ти копи-пејстирам илјадници сведоштва од луѓе кои ја искусиле Божјата сила како одговор на нивните молитви. Секако атеистите ќе го сведат тоа на случајности, како што можат да бидат сведени и нивните анкети и „научни“ истражувања.

Патем не верувам дека ти истражуваш. Ти догматично си зацртал дека си атеист и само бараш поткрепи за својата вера. Јас немам никаков проблем со тоа. Верувај си во тоа што си веруваш и уживај во тоа!
Мислам дека токму болдот многу други ќе ги натера да се посомневаат во чесноста на богот на кој се молат. Зашто дискриминација, кај некого ќе фати молитвата кај некого не???? Та нели сме сите чеда божји, кој повеќе, кој помалку грешен?
Немој да одговориш со Бог така сакал.
 
Јас не верувам. Ти си по тој спорт. Јас проверувам. Ти слепо чатиш глупости по форуми. Не само по овој.

Сведоштво е субјективна категорија. Колку што ти ќе најдеш сведоштва за Јахве, јас ќе најдам уште толку за Алах, Маниту и Кришна. Сведоштвата не вредат апсолутно ништо, ниту пак имаат некаква објективна тежина. Од сведоштва не може да се изведе објективен заклучок, ниту пак со нив може да се потврди некаква објективна вистина.

Од друга страна, постојат научно валидни истражувања кои се основата во развојот на секоја наука.

Истражувањата (не сведоштвата) покажуваат конечно дека молитвата е НЕЕФЕКТИВНА. Истражувале, мереле, обработиле податоци и податоците (објективни) кажуваат дека НЕМА АИР ОД МОЛИТВА.

Ти, во недостаток на валидни објективни податоци, можеш само да си веруваш. Ништо повеќе.

+ за крај, една порака од колегите твои амерички:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мислам дека токму болдот многу други ќе ги натера да се посомневаат во чесноста на богот на кој се молат. Зашто дискриминација, кај некого ќе фати молитвата кај некого не???? Та нели сме сите чеда божји, кој повеќе, кој помалку грешен?
Немој да одговориш со Бог така сакал.
Зависи и од начинот на кој се врши молитвата. Едно време поповите пред велигден изјавуваа по ТВ: купувајте свеќи од нашата православна црква, зошто тие се осветени.

Со свеќите на препродавачите по улица не се фаќало :)

Чорбаџи со ова нема врска тој не е по свеќите. Он има информации за 1000 луѓе кои се молеле и го добиле она за што се молеле. Така вика.

Видиш Чорбаџи, сите ние имаме некакви потреби и цели во животот. Кога ќе ги постигнеме, некои од нас тоа му го припишуваат на бог. Некои имаат порационални објаснувања.

Две раце кои работат Vs 1000 склопени во молитва? Што велиш?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јас не верувам. Ти си по тој спорт. Јас проверувам.
Ти само мислиш дека не веруваш, а всушност веруваш во многу (според мене) парадоксални убедувања на атеизмот, веруваш во неверојатности, веруваш во Дарвинизмот итн.

Истражувањата (не сведоштвата) покажуваат конечно дека молитвата е НЕЕФЕКТИВНА. Истражувале, мереле, обработиле податоци и податоците (објективни) кажуваат дека НЕМА АИР ОД МОЛИТВА.
Што мереле? Го мереле патот и траекторијата на молитвата? Го мереле начинот на кој што Бог ја процесирал молитвата? Мереле дали молителот навистина и правилно се моли?
И зошто сметаш дека Бог (ако постои) би се понижил до толку за да биде „мерен“ од луѓе?

„Лукаво и прељуботворно поколение бара знак, но нема да му биде даден знак, освен знакот на Јона пророкот.“ (Исус, ев. Матеј 16:4; Библијата)

Знакот на пророкот Јона е Христовото воскресение кое беше евидентен знак тогаш, а и денес за оние кои објективно истражуваат за тој настан.
--- надополнето: Sep 9, 2011 12:27 PM ---
Две раце кои работат Vs 1000 склопени во молитва? Што велиш?
Велам: Молитва, но и мотика!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Муабетов,...погреб во Македонија не е можен без црковно лице и без да платиш на црквата? Од гробното место парите одат кај некоја од христијанските цркви? А погреб со кремирање ќе не спаси од давачки за црквата? И ако лицето се кремира, нема да му се плаќа за местото или ќе се спаси од плаќање?
Ме збунувате со фактиве.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom