зоолошката градина 26 јули 1963 година
читам,пишувате за некоја нова,средена со нови живитни и т.н. ЗОГ
а јас пак сакам да напишам нешто за истата таа ЗОГ од мое детско
време, она време пред катастрофалниот земјотрес во Скопје
кога мене ме носеле таму моите родители, а пак јас во друго време
од друга врата, тогаш како родител ги носев пак моите деца
да го видат големиот веќе стар слон исто така и нилскиот коњ
но сум ги носел и внуците пред десетина години, да видат
неколку кокошки а богами и едно -две магариња и говеда.
Сега вашите впечатоци ме охрабруваат да по толку долго време
еве наскоро пак да ја посетам нашава ЗОГ се разбира со чопорот.
Пред земјотресот мене ЗОГ ми беше многу убава поради фактот
што имаше многу животни, па да не кажам ама скоро сите. И беше
многу посетена.Влезот исто така ми се допаѓа (мислам на стариот)
кои и сега постои иако малку подзакриен и жалосно заборавен.
Јас тоа место би го уредил,или дури и би го отворил со мала ЗОГ
бесплатна, со само неколку детски мали нежни,слатки животинчиња
кои најмногу ги сакат децата: кутриња,мачиња,пилиња,рипчиња и сл.
Па тоа треба да се чува, да се обнови,па тоа сеќавање е историја.
Па така од негрижа пропадна старион прв парк кај езерцено.
За време на поплавата големи штети претрпе и скопската ЗОГ.
како и целиот град, атоа беше во 1962 година како предзнак за “63.
Но овде сега е збор за ЗОГ на утрото на 26 јули 1963 година.
Околу полноќ тогаш, беше петок,уште ноќ но убава мирна ноќ со
чисто небо без ниедно облаче, кога се слушнаа гласовите од
животните,многу животни почнаа да реват и тоа необично силно.
Можеби нивниот инстинкт ја почуствувал катастрофата. Први
почнале да завиваат динго и бернандинецот. Потоа им се
придружиле и сите други животни. Нилскиот коњ последен се јавил.
А глувците биле најрастрчани,излегле од своите дупки и избегале.
Напнато и немирно било и во сите кафези, животните место не ги
собирало веќе и никој од нив од полноќ не спиел и така до утрото
кога во 5 часот 17 минути и 15 секунди
одненадеш од земјината утроба се чу морничав татнеж кој траеше
десетина секунди и кој беше катастрофален за градот и за ЗОГ.
Наеднаш потоа втор, па трет удар .
........ќе продолжам текстов