Зоолошка градина - Скопје

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
јас вчера бев со внуците ,навистина е во мнооооооогу подобро издање -од она што беше ко трло, но овака требаше некој да се погрижи да изгледа пред 15 години, а не само да се кредало:mad:- сега требаше само да се вложува во купување нови животни.....
како и да е, некој сепак мислел (y)и баш е пријатно чувството да прошеташ мали дечиња низ неа , кога е средена,дрвца посадени, трева , цвеќиња, оградена, клупи, со ново осветлуваЊЕ, со лулашки....кафич,поставени тоалети, канти за отпад на секој чекор, за отпушоци, живеалиштата за жирафата и слонот се во изградба, едукативно катче , плус имаше и волонтери ....БРАВО

билетите се навистина џабе- 50 за возрасни, 30 за деца:) значи сеееекој може да си приушти влез во ЗОО
појдете нема да зажалите за изминати 2-3 часа таму:sneaky:
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.296
Поени од реакции
7.023
Јас бев и вчера и денес....И неможев да ги најдам змиите кај се :/
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.296
Поени од реакции
7.023
мислам дека уште им се гради живеалиштето.Туку кажи ми дали се гледаат малите тигарчиња веќе?
Да,цело време си играат,се борат...баш се интересни
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
мислам дека уште им се гради живеалиштето.Туку кажи ми дали се гледаат малите тигарчиња веќе?
Змиите се во карантин зошто е во изградба живеалиштето, а се гледаат тигарчињата и се преубави.:)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да :)

Денес бев по втор пат месецов за да ги фотографирам животинчињата :), најинтиресни ми се нилските коњчиња и чопорот мајмуни со црвени газови, поготово тоа најмалечкото што е колку еден палец, преслатко е, ми иде да го изгњавам :))))))
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Стигнаа ли слонот и жирафата?
-Инаку јас не сум бил во Зоолошката од 2005, сигурно има доста нови животни и посредено е. Како што гледам и којот имало (тогаш кога бев немаше којот, имаше фока е сега незнам дали ја има уште или беше само за тогаш и ја вратиле). Инаку колку е влезот во Зоолошката и работно време точно ако знае некој? :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Стигнаа ли слонот и жирафата?
-Инаку јас не сум бил во Зоолошката од 2005, сигурно има доста нови животни и посредено е. Како што гледам и којот имало (тогаш кога бев немаше којот, имаше фока е сега незнам дали ја има уште или беше само за тогаш и ја вратиле). Инаку колку е влезот во Зоолошката и работно време точно ако знае некој? :)

Влезот е 50 денари, за деца до 3 години не се плаќа.

Работното време е од 8 до 17 сега и од 8 до 20 летото. Со тоа што многу од животните веќе се внатре зошто е ладно.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Се роди лама во Зоолошката градина во Скопје​
Скопската Зоолошка градина соопшти дека првороденото животно во оваа година е лама.​
Ламата е родена пред два дена. Посетителите може да го видат младнечето кога сакаат, бидејќи и тоа и мајката се во одлична состојба.​
Полот на новороденчето сеуште не е познат, па затоа малата лама нема ни име :eek:

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1E45760B6B47C847B98D9CB1D47456A4
 
Член од
19 април 2012
Мислења
37
Поени од реакции
15
Не сакам ропски третман на животните, а зоолошките градини ги доживувам токму така. Кафез е кафез, ограда е ограда, без разлика какви се условите внатре, ние луѓето само си мислиме дека се добри, т.е. сами за себе си га прилагодуваме околината, а во очите на животните се гледа дека тие се несреќни. Последен пат бев во зоолошката градина во Битола 1992 година, и не планирам повеќе никогаш!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
зоолошката градина 26 јули 1963 година
читам,пишувате за некоја нова,средена со нови живитни и т.н. ЗОГ
а јас пак сакам да напишам нешто за истата таа ЗОГ од мое детско
време, она време пред катастрофалниот земјотрес во Скопје
кога мене ме носеле таму моите родители, а пак јас во друго време
од друга врата, тогаш како родител ги носев пак моите деца
да го видат големиот веќе стар слон исто така и нилскиот коњ
но сум ги носел и внуците пред десетина години, да видат
неколку кокошки а богами и едно -две магариња и говеда.
Сега вашите впечатоци ме охрабруваат да по толку долго време
еве наскоро пак да ја посетам нашава ЗОГ се разбира со чопорот.

Пред земјотресот мене ЗОГ ми беше многу убава поради фактот
што имаше многу животни, па да не кажам ама скоро сите. И беше
многу посетена.Влезот исто така ми се допаѓа (мислам на стариот)
кои и сега постои иако малку подзакриен и жалосно заборавен.
Јас тоа место би го уредил,или дури и би го отворил со мала ЗОГ
бесплатна, со само неколку детски мали нежни,слатки животинчиња
кои најмногу ги сакат децата: кутриња,мачиња,пилиња,рипчиња и сл.
Па тоа треба да се чува, да се обнови,па тоа сеќавање е историја.
Па така од негрижа пропадна старион прв парк кај езерцено.
За време на поплавата големи штети претрпе и скопската ЗОГ.
како и целиот град, атоа беше во 1962 година како предзнак за “63.

Но овде сега е збор за ЗОГ на утрото на 26 јули 1963 година.
Околу полноќ тогаш, беше петок,уште ноќ но убава мирна ноќ со
чисто небо без ниедно облаче, кога се слушнаа гласовите од
животните,многу животни почнаа да реват и тоа необично силно.
Можеби нивниот инстинкт ја почуствувал катастрофата. Први
почнале да завиваат динго и бернандинецот. Потоа им се
придружиле и сите други животни. Нилскиот коњ последен се јавил.
А глувците биле најрастрчани,излегле од своите дупки и избегале.
Напнато и немирно било и во сите кафези, животните место не ги
собирало веќе и никој од нив од полноќ не спиел и така до утрото
кога во 5 часот 17 минути и 15 секунди
одненадеш од земјината утроба се чу морничав татнеж кој траеше
десетина секунди и кој беше катастрофален за градот и за ЗОГ.
Наеднаш потоа втор, па трет удар .
........ќе продолжам текстов
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Што направија бе со жирафата и слонот? Од Нов Зеланд да не ги носат...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Што направија бе со жирафата и слонот? Од Нов Зеланд да не ги носат...
:pos:Младиот мажјак, жирафата по име Орка, :pos: децата ќе ја запознаат во понеделник во 11 часот кога во зоолошката ќе се одржи промотивен, забавен и едукативен настан.

Жирафата Орка нов жител на скопската Зоолошка градина донација од групација „Орка холдинг“,

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CA14FE0B661E224FAA312672512D5DED

На пролет треба да пристигнат Слонот и Жирафата.
со мало задоцнување;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom